ЕЛЕАНОР СТУЈАРТ ЗАПОЗНАЕНА СО РАБОТАТА И НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА КОМИСИЈАТА

Во рамки на посетата на Република Македонија, која ќе се одвива во периодот од 25 до 28 ноември, г-ѓа Елеанор Стујарт, Шеф на транспарентност во Фореин Офисот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, денеска оствари работна средба во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

20141119_100714

ОПШТИНА ШТИП ОТВОРЕНА ЗА СТУДЕНТИТЕ И СРЕДНОШКОЛЦИТЕ

Општина Штип, една од поголемите универзитетски центри во Република Македонија, покрај својата редовна востановена пракса за отвореност на институцијата за граѓаните, денеска своите врати широко им ги отвори на студентите и на средношколците од факултетите и средните училишта.

eurokoleg

СТУДЕНТИ ОД ЕУРО КОЛЕЏ – КУМАНОВО ИНФОРМИРАНИ ЗА ПРАВОТО ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Заменик претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (КЗСПИЈК), Блерим Исени, членот Валентина Фидановска и раководителот на одделение во Секретаријатот, Цвета Трајковска, денеска остварија работна посета на Приватната Високообразовна Установа за Бизнис Студии Еуро Колеџ – Куманово.Притоа, пред студенти од сите студиски години од оваа високообразовна институција,…

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА СЛОБOДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ НА ЕУРО КОЛЕЏ-КУМАНОВО

Утре, со почеток во 12.00 часот на Приватната Високообразовна Установа за Бизнис Студии Еуро Колеџ – Куманово, претставници на Комисијата и на нејзиниот Секретаријат ќе го презентираат Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

10694256_1015280

ОБУКА СО ЦЕЛ ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ И ПОУСПЕШНО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ИНФОРМАЦИИТЕ

Во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, денеска се одржа обука на тема: „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.

СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ОД ДРЖАВНИ ИНСПЕКТОРАТИ И ОД ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ, НА ОБУКА ВО КОМИСИЈАТА

На 30 октомври (четврток), со почеток во 09.00 часот, во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (зграда на Македонската радиотелевизија,  14 кат), ќе се одржи обука на на тема: „Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.

IMG_0306

СЛОБОДНИОТ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ПРЕЗЕНТИРАН НА „НОТАРСКИТЕ ДЕНОВИ“ ВО ОХРИД

На „Нотарските денови“, организирани од Нотарската Комора на Република Македонија, одржани во Охрид на 18 и 19 октомври 2014 година, покрај новините во  Законот за финансиска дисциплина, Законот за спречување на перење пари и Законот за катастарот на недвижности, значајно место им беше посветено и на обврските на нотарите кои произлегуваат од Законот за слободен…

vsn1

ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ПРЕТСТАВЕН ПРЕД ИДНИТЕ НОВИНАРИ

Членот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Валентина Фидановска и стручното лице во Секретаријатот на Комисијата, Цвета Трајковска, денеска во просториите на Високата школа за медиуми и за односи со јавноста реализираа предавање на тема “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“.

20140930_160131

ЕДУКАЦИЈАТА, МЕНУВАЊЕТО НА СВЕСТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ИНФОРМАЦИИТЕ

На 29 и 30 септември во Скопје се одржа дводневна Регионална конференција на тема  „Имплементација и спроведување на законската регулатива за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Овој настан преставуваше практичен придонес во одбележувањето на 28 септември – Меѓународниот ден на слободниот пристап до информациите од јавен карактер „Имам право да знам“.

ДВОДНЕВНА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СЛОБОДНИОТ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ВО СКОПЈЕ

На 29 и 30 септември (понеделник и вторник), со почеток во 09.00 часот, во хотелот  Holiday Inn во Скопје, ќе се одржи дводневна Регионална конференција на тема  „Имплементација и спроведување на законската регулатива за слободен пристап до информации од јавен карактер“.