ВИ ПОМАГАМЕ

Во линкот „ВИ ПОМАГАМЕ“ се поместени исклучиво податоци за надлежностите, дејностите, активностите, обврските и за мисијата на досега евидентираните иматели на информации од јавен карактер.

Со активирањето на овој линк и содржините во него, Комисијата има за цел да им помогне на заинтересираните граѓани – баратели, според нивните потреби да го направат вистинскиот избор на имателот при поднесувањето на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.Пооделни иматели како што се на пример: основните и средните училишта, факултетите, здравствените домови, клиниките, основните и апелационите судови и други, а кои имаат речиси идентични надлежности и обврски ги претставивме групно, без да се задржуваме на секој субјект поединечно. До основните контакт податоци за имателите на информации од споменатите групи, граѓаните-баратели ќе можат да дојдат посетувајќи го линкот “ИМАТЕЛИ  НА ИНФОРМАЦИИ“.

Комисијата постојано ќе го надополнува и aжурира линкот “ВИ ПОМАГАМЕ“ со нови и корисни информации, зависно од промените и новообезбедените податоци за дејноста на имателите на информации од јавен карактер…

Државни институции

Судска власт

Општини во Република Македонија

Јавни претпријатија и установи во Република Македонија

Здравствени установи во Република Македонија

Правни и физички лица кои вршат јавни овластувања

Образовни институции во Република Македонија