РЕАЛИЗИРАНА ЗАЕДНИЧКА РАБОТИЛНИЦА НА КОМИСИЈАТА И ДЗЛП

,,Промоција на двете права –Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и правото на заштита на личните податоци“ беше темата на   работилницата предвидена со Проектот “Поддршка на пристапот до правото на заштита на личните податоци“, што се финансира од ИПА ТАИБ 2012 програмата, а се одржа на  18 мај 2017 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

IMG_6265

Работилницата ја реализираа членови на работните групи од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на личните податоци во рамките на планираните заеднички активности.
На работилницата учествуваа 16  службени лица за постапување по барањата за пристап до информации од јавен карактер и офицери за заштита на личните податоци од неколку министерства и други државни институции.
Работилницата ја отвори Заменик директорот на проектот Кристијан Ѓорѓиевски, по чие што обраќање следеше презентацијата на г-ѓа Десислава Тошкова, тим Лидер на проектот од Република Бугарија, која се осврна на бугарските, но и на европските практики во реализацијата на  двете законски загарантирани права
Со свои презентации настапија Цветан Станоески од Кoмисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер , чие што излагање предизвика нагласен интерес и прашања кај присутните на работилницата и претставниците од ДЗЛП, Мануела Станоевска Стоилковска  и м-р Марјана Планојевиќ.