СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ОД РАЗЛИЧНИ ДЕЈНОСТИ И СФЕРИ НА ОБУКА ВО КОМИСИЈАТА

Дваесет и три службени лица за посредување со информации од јавен карактер од државни институции, јавни претпријатија и установи, единици на локалната самоуправа, судската власт, како и од здрвствени институции, проследија обука на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. img_Обуката се одржа во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап информациите од јавен карактер, а согласно предвидениот план за обуки за месец декември, а беше наменета за новоназначени службени лица, но и за лица кои посредуваат со информациите од јавен карактер, а имале потреба од доедукација.

Обуката ја реализираа стручни лица од Секретаријатот на Комисијата, а акцентот беше ставен на подигнувањето на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврските кои за нив произлегуваат од него, како и на начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во првиот дел од едукатинивната средба, посетителите се запознаа со историјатот, развојот на правото на слободен пристап до информации и законската легислатива, а во продолжение подетално беа образложени и постапката по барање информација од јавен карактер, жалбената и прекршочна постапка, како и правилната подготовка на Годишниот извештај, како законска обврска на имателите.

На обуката беа анализирани и специфични примери од праксата, при што службените лица се произнесуваа за тоа како би постапиле во дадените ситуации.