Работна група на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (КЗПСПИЈК), во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, изготви Нацрт – Стратешки план на Комисијата за период од 2018 до 2020 година. На три посебни работилници одржани со финансиска поддршка на  Мисијата на ОБСЕ во Скопје  со асистенција на двајца експерти, беа зацртани и утврдени базичните елементи на Документот, според кој ќе се раководи и функционира Комисијата во наредниот тригодишен период.