“Јавното претпријатие „Национална радиодифузија-Скопје” (НРД) ги врши следните надлежности:
– развој, проектирање, изградба, одржување и употреба на основната радиодифузна мрежа на територијата на Република Македонија;
– обезбедување пренос, емитување и дистрибуција на радио и телевизиски програми и други содржини наменети за општ прием во слободен простор и по кабловска радио и телевизиска мрежа;
– обезбедување на телетекст, пренос на податоци преку радио и други услуги преку основната радиодифузна мрежа;
– обезбедување, емитување на посебни програми за информирање, зачувување на културните и историските традиции и за одржување и унапредување на врските со иселениците и другите граѓани од Република Македонија кои живеат во соседните земји, Европа и други континенти;
– обезбедување на радио и телевизиски врски со радиодифузните системи на други земји во светот во согласност со меѓународните договори што ги склучила, односно им пристапила Република Македонија;
– контрола и мерење на квалитетот и покриеноста на територијата на Република Македонија со радио и телевизиски сигнали емитувани од Македонската Радио Телевизија, како и контрола и мерење на пречки од други Радиодифузни станици;
– економично користење на техничките и човечки капацитети;
– ремонт и сервисирање на уреди и опрема;
– одржување на земски сателитски станици за сопствени и други потреби;
– истражувачки работи од областа на радиодифузната дејност;
– развој и инвестициони работи од областа на радиодифузната дејност
– и други работи во врска со основната дејност.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3162-634 и 02 3226-167