Министерството за информатичко општество и администрација на 15.01.2018 година во просториите на хотелот „Александар Палас“  во Скопје,  организираше јавна расправа за Стратегијата за реформа во јавната администрација 2018-2022 и Акцискиот план.

На јавната расправа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се осврна на процесот на подготовка на двата документа и резултатите што ќе бидат постигнати. Координаторите на работните групи се задржаа на затекнатата состојба, мерките и активностите предвидени за надминување на предизвиците, како и на  и очекуваните резултати.

Меѓу присутните на настанот беше и претставник од Комисијата,  членот  г-ѓа Валентина Фидановска , како дел од работната група на овој проект, во делот Одговорност, отчетност и транспарентност на институциите.

 

На расправата, меѓу другото, беше претставена  и  координацијата на процесот на   спроведувањето на Стратегијата за РЈА 2018-2020. За координација  ќе се формира Совет за реформа на јавната администрација, со кој ќе претседава претседателот на Владата на Република Македонија, составен од министри од институциите носитители или учесници во спроведувањето на активностите од Стратегијата. Како што беше кажано, главната улога на советот на РЈА е на политичко ниво да обезбеди координација   во процесот на  реформи на јавната администарција, взаемна поврзаност и усогласеност на стратешките документи од областа на реформата најавната аминистарција, кохерентно планирање на реформата на јавната администрација, буџетот и процесот на евро-интеграцијана Република Македонија, како и следење на спроведувањето на активностите на Стратегијата предвидени со Акцискиот план од истиот.

Согласно Акцискиот план на Стратегијата ,Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер како составен дел од  е предвидена во Мерката 3, во делот за ,,Зајакната транспарентност на институциите и подобрување на комуникацијата помеѓу институциите и граѓаните и бизнис заедницата,“ , за кои се предвидени неколку активности , кои Комисијата во текот на спроведувањето на овој проект е планирано да ги спроведе.