На својата 27 седница, Владата на Република Македонија, усвои Упатство за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации, како и Упатство за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес ствари во државна сопственост за време на изборен процес.

Со овие Упатства се утврдуваат насоките за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните органи на функционерите кои раководат со државните органи, како и на вработените во државните органи за време на спроведување на парламентарни, претседателски и локални избори од денот на нивното распишување и во текот на избирачкиот процес, како и насоките за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државна управа и управни организации во врска со користењето на движните и недвижните ствари во државна сопственост за време на изборниот процес.