Од први јануари 2019 година отпочна рокот за  доставување од страна на имателите на информации од јавен карактер на Годишен извештај за спроведувањето на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2018 година. Согласно надлежностите кои произлегуваат од ЗСПИЈК (член 37), имателите на информации од јавен карактер имаат законска обврска да подготват Годишен извештај и истиот да го достават до Комисијата до 31 јануари 2019 година.

ОБРАЗЕЦОТ НА ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ Е ПОСТАВЕН ВО ЛИНКОТ-ДОКУМЕНТИ НА ВЕБ СТРАНАТА НА КОМИСИЈАТА (www.komspi.mk)  И ИСТИОТ МОЖЕ ДА СЕ ОТПЕЧАТИ.
Годишните извештаи може да се доставуваат до Комисијата по пошта (на адреса: бул. „Гоце Делчев“ бр. 18) или на креираниот e-mail за оваа намена godisniizvestai@komspi.mk (во скенирана форма), но само во една од понудените варијанти.

Овие извештаи ќе бидат составен дел на Годишниот извештај за спроведување на ЗСПИЈК, кој Комисијата го изготвува и доставува до Собранието на Република Македонија.