Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во соработка со  Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ, а во согласност со мерката „Зголемување на свесноста на граѓаните за нивните права за пристап до информации од јавен карактер и зголемено користење на правото од страна на граѓаните“ од процесот за Отворено Владино Партнерство 2018-2020  година, одржа средба за промовирање на правото на пристап до информации од јавен карактер со жителите на општина Тетово. Средбата беше реализирана во соработка со Женски Форум од Тетово.

На средбата од страна на претставниците од Комисијата и Здружението ЕСЕ, граѓаните беа запознаени со нивното уставно и законски загарантирано право на слободен пристап до информациите од јавен карактер, преку примери од секојдневните потреби на граѓаните и како да дојдат до бараните информации преку законската постапка која е утврдена со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Следните средби со граѓаните, согласно мерката од Акцискиот план за Отворено владино партнерство, а во рамки на заложбата за унапредување на правото за пристап до информации од јавен карактер, ќе се одржат во Струмица и Битола.