Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во соработка со  Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ, а во согласност со мерката „Зголемување на свесноста на граѓаните за нивните права за пристап до информации од јавен карактер и зголемено користење на правото од страна на граѓаните“ од процесот за Отворено Владино Партнерство 2018-2020  година, одржа две средби за промовирање на правото на пристап до информации од јавен карактер со жителите на општината Шуто Оризари. Средбите беа реализирани во соработка со организациите ИРИЗ и Романо Чачипе.

На средбите од страна на претставниците од Комисијата и Здружението ЕСЕ, граѓаните беа запознаени со нивното уставно и законски загарантирано право на слободен пристап до информациите од јавен карактер, преку примери од секојдневните потреби на граѓаните и како да дојдат до бараните информации преку законската постапка која е утврдена со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Средбите со граѓаните, согласно мерката од Акцискиот план за Отворено владино партнерство,  ќе бидат организирани и во  Свети Николе, Виница, с.Црник и Делчево.