Во хотелот „Оаза“ во Штип, во рамките на воспоставената соработка на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со Мисијата на ОБСЕ во Скопје (проектната апликација “Тригодишна соработка и активности за Комисијата“), на 25 октомври 2017 година, се одржа третата предвидена регионална работилница на тема: “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер – досегашни искуства од примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. На работилницата учествуваа 24 службени лица кои не посетувале обука, а директно учествуваат во спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обврските кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поздравно обраќање пред присутните имаше претседателот на Комисијата, д-р Ѓорги Сламков, а од името на Мисијата ОБСЕ во Скопје, успешна работа на учесниците на работилницата им посака Jeffrey Goldstein, заменик Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Работниот дел од овој едукативен настан го реализираше Генералниот секретар на Секретаријатот на Комисијата, Цвета Трајковска.