Во рамките на воспоставената соработка на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со Мисијата на ОБСЕ во Скопје (проектната апликација “Тригодишна соработка и активности за Комисијата“), денеска  во хотел  Епинал во Битола,  се одржа регионална работилница на тема: “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер – досегашни искуства од примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. На работилницата учествуваа триесетина новоназначени службени лица за посредување со информации од јавен карактер од државни институции и судската власт, од образовни и здравствени институции, како и од јавни претпријатија и установи  од Прилеп и Битола.


Поздравно обраќање до присутните имаше Маја Лазарова, национален програмски офицер при  Мисијата на ОБСЕ во Скопје, додека стручниот дел од работилницата го реализираше Цветан Станоески, од Секретаријатот на Комисијата. Целта на оваа работилница беше подигнувањето на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и на обврските кои за нив произлегуваат од него, со посебен осврт на начинот на остварување на правото на пристап до информациите од јавен карактер. Притоа, поподробно беа образложени постапката по барања за информациии од јавен карактер, жалбената и прекршочна постапка, како и законската обврска на имателите за подготовка на нивните годишни извештаи.