Претседателот на  Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите  од јавен карактер, д-р  Ѓорги Сламков, заменик претседателот Блерим Исени и членот Валентина Фидановска, преку инструментот TAIEX на Европската Комисија, на  16 и 17 октомври 2017 година, престојуваа во студиска посета на Советот за транспарентност и добро владеење  од  Мадрид, Шпанија.


Претставниците на Комисијата остварија средба со  г-ѓа Есперанза Замбрано Гомез,  заменик Директор за постапување по барања.  Притоа  беа  разменети   искуства од спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, од страна на двете сродни институции. На средбата беа разгледани и конкретни примери од праксата, како и решенија и заклучоци донесени од страна на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите  од јавен карактер , односно од Советот за транспарентност и добро владеење  на Шпанија.
Посетата е реализирана по неодамнешното потпишување на Меморандумот за соработка меѓу двете институции, кои освен воспоставената соработка, се очекува да  реализираат и други заеднички активности.