Во рамките на воспоставената соработка на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со Мисијата на ОБСЕ во Скопје (проектната апликација “Тригодишна соработка и активности за Комисијата“), денеска во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се одржа работилница на тема: “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер – досегашни искуства од примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.

На работилницата учествуваа 12 новоназначени службени лица за посредување со информации од јавен карактер од образовни институции, јавни установи и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања.

Поздравно обраќање до присутните имаше Маја Лазарова, национален програмски офицер при  Мисијата на ОБСЕ во Скопје, додека стручниот дел од работилницата го реализираа  Катерина Димовска Трајковска и и Инџи Хоџа, од Секретаријатот на Комисијата.

Целта на оваа работилница беше подигнувањето на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и на обврските кои за нив произлегуваат од него, со посебен осврт на начинот на остварување на правото на пристап до информациите од јавен карактер. Притоа, поподробно беа образложени постапката по барања за информациии од јавен карактер, жалбената и прекршочна постапка, како и законската обврска на имателите за подготовка на нивните годишни извештаи.