Членови на работните групи од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на личните податоци одржаа уште една заедничка работилница на тема  ,,Промоција на двете права –Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и правото на заштита на личните подадоци“. Работилницата е дел од проектот Поддршка на пристапот до правото на заштита на личните податоци“, што се финансира од ИПА ТАИБ 2012 програмата, а се одржа на 6 јуни 2017 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

На обуката учествуваа 13  службени лица за постапување по барањата за пристап до информации од јавен карактер и офицери за заштита на личните податоци од Министерството за транспорт и врски, Управата за заштита на културното наследство, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Советот за јавни набавки, Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, Врховниот суд, АД за пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем МЕПСО, како и од ЕВН Македонија АД.

Со свои презентации настапија Цветан Станоески од Кoмисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер  и претставниците од ДЗЛП, Мануела Станоевска Стоилковска  и м-р Марјана Планојевиќ.