Членови на работните групи од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на личните податоци одржаа уште една заедничка работилница на тема ,,Промоција на двете права –Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и правото на заштита на личните подадоци“. Работилницата е дел од проектот Поддршка на пристапот до правото на заштита на личните податоци“, што се финансира од ИПА ТАИБ 2012 програмата, а се одржа на 13 јули 2017 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци.
На обуката учествуваа 17 службени лица за постапување по барањата за пристап до информации од јавен карактер и офицери за заштита на личните податоци од министерства и инспекторати, како и од Царинската управа на Република Македонија.
Со свои презентации настапија Цветан Станоески од Кoмисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, претставниците од ДЗЛП, Мануела Станоевска Стоилковска и м-р Марјана Планојевиќ, Јернеј Ровшек, клучен експерт од правната област на Проектот и поранешен Заменик народен правобранител на Словенија одговорен за заштита на личните податоци и Десислава Тошкова, Тим Лидер на Проектот.