Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во соработка со  Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените-ЕСЕ, а во согласност со мерката „Зголемување на свесноста на граѓаните за нивните права за пристап до информации од јавен карактер и зголемено користење на правото од страна на граѓаните“ од процесот за Отворено Владино Партнерство 2018-2020  година, на 9 април 2019 година, ја одржаа деветата средба за промовирање на правото на пристап до информации од јавен карактер со жителите на општина Битола. Средбата беше реализирана во соработка со организацијата Младински културен центар од Битола.

На средбата од страна на претставниците од Комисијата и Здружението ЕСЕ, граѓаните беа запознаени со нивното уставно и законски загарантирано право на слободен пристап до информациите од јавен карактер, преку примери од секојдневните потреби на граѓаните и како да дојдат до бараните информации преку законската постапка која е утврдена со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.