Претставнци на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, денеска одржаа работен состанок со членовите на Комисијата за зашита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

На средбата која имаше консултативен карактер и е една од низата зацртани средби со претставници на независните државни органи, беше извршена широка размена на мислења во функција на стандардизирање на унифициран и структуриран образец на Годишен извештај. Притоа  беше оценето, дека во  Нацрт формата на Годишниот извештај, која пред нешто повеќе од еден месец беше дистрибуирана до независните собраниски органи, се содржани најголемиот дел од елементите и деталите кои беа составен дел и на досегашните извештаи на Комисијата.

Едногласна беше оценката дека во иднина поголемо внимание треба да се посвети на канализирањето на деловите со препораките и заклучоците на институциите.

Валидизирањето на Темплејтот на Годишниот извештај се очкува кон средината на овој месец.