Во рамките на воспоставената соработка на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со Мисијата на ОБСЕ во Скопје (проектната апликација “Тригодишна соработка и активности за Комисијата“), на 20 септември 2017 година, во хотел Милениум Палас во Охрид, се одржа работилница на тема: “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер – досегашни искуства од примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. На работилнцата учествуваа 17 службени лица кои не посетувале обука, а директно учествуваат во спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обврските кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поздравно обраќање пред присутните имаше членот на Комисијата Валентина Фидановска, која  меѓу другото рече дека во текот на 11 годишното работење, Комисијата целосно ги вложува своите капацитети и ресурси во насока на промоција на Законот и во подигањето на јавната свест и едукација на службените лица кои директно работат на неговата имплементација.


Од името на  Мисијата на ОБСЕ во Скопје, успешна работа на учесниците на Работилницата им посака Маја Лазарова Крстевска, додека работниот дел од овој едукативен настан го реализираше Генералниот секретар на Секретаријатот на Комисијата, Цвета Трајковска.