Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во соработка со Националниот демократски институт и ВИДИ ВАКА, а со финансиска поддршка од УСАИД, изготви едукативно видео наменето за барателите на информации. Со едукативното видео е опфатена целата законска процедура за имплементирање на уставно загарантираното право на пристап до информациите од јавен карактер. Едукативното можете да го погледнете на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=itFkXeonK5s