Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Ве поканува на прес конференција, со која ќе биде одбележан 28 Септември-Меѓународниот ден за слободен пристап до информации, кој традиционално се одвива по мотото „Имам право да знам “,  а го симболизира глобалното движење во светски рамки за промоција на правото на пристап до информациите.

Прес конференцијата ќе се одржи на 28 септември (понеделник) 2020 година, со почеток во 10.00 часот, во сала 3 во Клубот на пратениците во Скопје, со доследна примена на здравствените протоколи за заштита од Ковид-19, односно со носење на заштитна маска и одржување на физичка дистанца.

Со претставниците на медиумите ќе бидат споделени информации за функционирањето и предизвиците со кои се соочуваше Агенцијата во досегашното деветмесечно рабење, како и за имлементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во праксата.

Пред присутните ќе биде промовиран и Видео спот наменет за Барателите на информации, кој Агенцијата го подготви во соработка и со поддршка на  Националниот демократски институт и УСАИД.