Денеска во просториите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, согласно проектната апликација “Тригодишна соработка и активности за Комисијата“ и воспоставената соработка на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Мисијата на ОБСЕ, беше потпишан Договор за донација.

Договорот го потпиша претседателот на Комисијата, Блерим Исени. Донацијата е во вредност повеќе од 20.000 евра и се состои од техничка опрема која ќе придонесе за подобро и поефикасно работење на Комисијата и нејзиниот Секретаријат.