Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска ќе го одбележи 28 септември, Меѓународниот ден за универзален пристап до информации, кој традиционално се одвива под мотото „Имам право да знам“.

За таа цел во хотелот Холидеј Инн во Скопје, во рамките на проектната апликација “Тригодишна соработка и активности за Комисијата“ со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе се одржи работилница на тема: “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер – досегашни искуства од примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Целта на работилницата е подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на службените лица кои не посетувале обука, а директно учествуваат во спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обврските кои произлегуваат од него, како и начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.