Дваесет и три новоназначени службени лица за посредување со информации од јавен карактер од повеќе државни институции, (агенции, комисии, управи), од судската власт и од здрвствени институции, присуствуваа на обуката на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер и практична примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, која се одржа денеска во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап информациите од јавен карактер.
Обуката ја реализираше Цветан Станоески, стручно лице од Секретаријатот на Комисијата. Целта на оваа работилница беше подигнувањето на јавната свест и степенот на запознаеност на имателите на информации со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и на обврските кои за нив произлегуваат од него, со посебен осврт на начинот на остварување на правото на пристап до информациите од јавен карактер.
Присутните беа запознати со историјатот, развојот на правото на слободен пристап до информации и со законската легислатива во Република Македонија, споредбено анализирана во европски и светски рамки. Притоа, поподробно беа образложени постапката по барања за информациии од јавен карактер, жалбената и прекршочна постапка, како и законската обврска на имателите за подготовка на нивните годишни извештаи.