Кинотека на Република Севрна Македонија како институција од општ интерес за Република Северна Македонија, ги врши следните надлежности:
– прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебено уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење;
– создава фонд на филмови и филмски материјали од домашното филмско творештво и филмско производство;
-создава фонд на значајни филмски остварувања од други национални кинематографии од земјата и странство;
– прибирање и чување на пропаганден материјал (каталози, програми, афиши итн.).
– располага со специјализирана библиотека за разни публикации (книги, периодика, списанија и сл.) од областа на филмската историја, теорија и естетика, исечоци (пресс клипинг) од дневниот и периодичниот печат;
– организира разни ретроспективни манифестации и изложби – како во државата, така и во странство.
– публикување и печатење на разни книги, каталози, брошури од областа на историјата и теоријата на филмот.

Подетални информации можете да добиете на телефоните: 02 3071-813, 02 3071-814 и 02 3071-815