Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (во натамошниот текст Комисија) е основана со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07-1849/1 од 28 април 2006 година. („Службен весник на РМ“ бр. 57/2006).

Адреса: бул.„Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ – 14 кат)
1000 Скопје, Република Македонија

Тел/факс: + 389 2 3118 038; + 389 2 3114-695

Интернет страница:

www.komspi.mk

електронска пошта: komspi@komspi.mk

Службени лица за посредување со информации и за давање правна помош на иматели и на баратели на информации од јавен карактер во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер се:

Јорданка Стојкова – тел/факс 3118-038 и 070 337-491;
Цвета Трајковска   – тел/факс 3118-038 и 071 232-857
Цветан Станоески – тел/факс 3118-038 и 071 229-301

Лице за комуникација со граѓани, кои што имаат  некаков вид и степен на попреченост:
Александра Атанасовска-Ѓорѓијеска телефон за контакт: (02) 3118-038 и 070 270-216

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР:

 

Претседател на Комисијата:

  • Ѓорги Сламков – тел.  02 3118-038

Заменик претседател на Комисијата:

  • Блерим Исени – тел.  02 3118-038

Членови на Комисијата:

  • Валентина Фидановска – тел. 3118-038

Надлежност:

– Комисијата одлучува по жалби против решението и заклучокот со кој имателот на информацијата го одбил барањето за пристап до информации на барателите на информации;

– се грижи за спроведување на одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер;

– подготвува и објавува листа на иматели на информации;

– дава мислења по предлози на закони со кои се уредува слободен пристап до информации;

– презема активности на планот на едукацијата на имателите на информации за овозможување на барателите слободен пристап до информациите со кои тие располагаат;

– соработува со имателите на информации во однос на остварувањето на правото на пристап до информации;

– дава предлози за потребните средства за работа на Комисијата при изготвувањето на Буџетот на Република Македонија;

– донесува Деловник за својата работа;

– подготвува Годишен извештај за својата работа и го доставува до Собранието на Република Македонија;

– извршува работи на меѓународна соработка поврзани со извршувањето на меѓународните обврски на Република Македонија, учество во спроведувањето на проекти на меѓународните организации и соработува со органите на другите земји и институции од областа на слободниот пристап до информации од јавен карактер;

– донесува  акти со кои го уредува начинот на работа и организацијата на Комисијата и

– врши други работи утврдени со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и со друг закон.

Прописи:

Политика за квалитет

Програми за работа

Организациона структура

Листа на иматели на информации

Годишни извештаи:

Обрасци:

Акциски план за отворено владино партнерство:

Акциски план за отворено владино партнерство 2014-2016

Акциски план за отворено владино партнерство 2016-2018

Брошури

Седници на Комисијата

Ви помагаме

Активности