Денеска во просториите на Комисијата за зашита на правото за слбоден пристап до информациите од јавен карактер се одржа работна  средба на членовите Комисијата со челните луѓе на Здружението на новинари на Македонија.  Претседателот на Комисијата д-р ѓорги Сламков, заменик претседателот Блерим Исени и членот на Комисијата Валентина Фидановска, притоа остварија контруктивен едночасовен разговор со актуелниот претседател на ЗНМ Насер Селмани, извршниот директор на новинарското здружение Драган Секуловски, како и со Дениз Сулејман.

Официјализирајќи ја желбата и подготвеноста за воспоставување на взаемна потесна соработка, претставниците на двете институции најавија потпишување на Меморандум за соработка,  кој треба да  придонесе за поголема отчетност и транспарентност на институциите, што е во согласност на заложбите на Владата, но и  да овозможи побрз и поефикасен пристап на медиумите и граѓаните до информациите од јавен карактер.

„Преку поблиска соработка новинарите ќе дознаат повеќе за Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а кај граѓаните и кај институциите ќе се подигне свеста за важноста од отвореноста на институциите“,  рече Селмани.

Претседателот на Комисијата Ѓорги Сламков “нагласи дека се преземаат активности за реализација на иницијативата за носење на измени и дополнувања на Законот,  со што се очекува да се овозможи подобро и поефикасно функционирање на Комисијата, а истовремено и да се отвори можност за поголема  и поинтензивна соработка со повеќе општествени чинители“.

Со Меморандумот за соработка, меѓу другото,  се очекува да се реализираат  обуки за новинарите за ефикасно користење на законската можност за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и јавни кампањи кои ќе придонесат институциите да станат потранспарентни.