Доколку подносител на писмено барање за пристап до информација од јавен карактер смета дека имателот постапил спротивно на Законот, може да поднесе Жалба до Агенцијата. Барателот има право да поднесе Жалба против решение со кое имателот  го одбил или отфрлил барањето; ако имателот на информацијата не постапи во рок од 20 односно 30 дена во случаи кога рокот му е продолжен, или ако при повтореното барање, не му овозможил на барателот пристап до информацијата и ако не донел и не му доставил на барателот решение  (молчење на администрација). Жалбата се поднесува директно до Агенцијата ,но може да биде поднесена и преку имателот на информацијата.