Експертот за владеење на правото на Европската Комисија г-дин Рајнхард Прибе, на 20 јули 2017 година, заедно со група експерти од ЕУ, имаше работна посета во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Заедно со г-динот Прибе и неговите соработници, имаше претставници од Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија и од Одделот надлежен за Република Македонија во Европската Комисија во Брисел.

На работната средба, делегацијата беше запознаена за работата на Комисијата, нејзините надлежности како и предизвиците за понатамошно унапредување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер д-р Ѓорги Сламков ги запозна експертите за досегашното работење на Комисијата, законските належности и бенифитите што ги нуди оваа право.