Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, донесе Упатство за начинот на спроведување на Законот за слободен пристап до информции од јавен карактер. Упатството е објавено во („Службен весник на РСМ“ бр. 60/2020), а е поставено и на веб страната на Агенцијата www.komspi.mk во линкот Листа  на информации од јавен карактер, како и  во линкот Прописи.

Цел на ова Упатство е согласно Законот, на физичките и правните лица (баратели на информации) да им се овозможи побрзо и поефикасно да го остварат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и да се обезбеди јавност и отвореност во работењето на имателите на информации, кои се должни да овозможат информирање на јавноста.