Владата на Република Македонија, како носител на извршната власт е орган на Република Македонија кој работите од својата надлежност ги врши самостојно, во рамките на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори, а врз основа на принципите на транспарентност, ефикасност и заштита на човековите слободи и права.
– Владата ја утврдува економската и развојната политика на државата, утврдува мерки за нејзино спроведување и му предлага мерки на Собранието за остварување на политиката што се од негова надлежност;
– утврдува програма за активности во областа на одбраната и безбедноста и го обезбедува нивното спроведување;
– презема мерки за остварување на слободата на пазарот и претприемништвото, како и мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот;
– го поттикнува економскиот напредок и остварувањето на порамномерен просторен и регионален развој и побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја;
– утврдува стратегија за привлекување на странски инвестиции;
– одлучува за располагањето и користењето на државниот капитал во согласност со закон;
– го поттикнува и помага научниот и технолошкиот развој;
– утврдува стратегија и презема мерки за вклучување во европските и евроатлантските интеграции и други меѓународни структури;
– ги следи и анализира состојбите за остварување и унапредување на човековите права и граѓанските слободи;
– го поттикнува развојот на институциите на цивилното општество;
– презема мерки за создавање услови за остварување на правата на граѓаните на образование, здравствена заштита, социјално осигурување и развојот на човечките ресурси;
– презема мерки за создавање услови за социјална заштита и социјална сигурност на граѓаните;
– му дава мислење на Собранието за прашања кои се во нејзина надлежност;
– го информира Претседателот на Република Македонија и може да побара од него да биде информирана за определени прашања кои произлегуваат од нивните надлежности во вршењето на извршната власт;
– утврдува насоки и ставови за извршување на законите и другите прописи;
– врши надзор врз работата на министерствата и другите органи на државната управа и управните организации;
– има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, закон или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата;
– на органите на единиците на локалната самоуправа и на Градот Скопје Владата може да им дава стручна и друга помош од значење за остварување и извршување на нивните задачи;
– има право да укине или поништи пропис или друг акт на Советот или на друг орган на единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје од доверената надлежност;
– Со Уредба, со законска сила Владата уредува прашања од надлежност на Собранието во случај на воена или вонредна состојба ако не постои можност за свикување на Собранието;
– со заклучок зазема ставови по прашањата што ги претресувала на седница;
– утврдува мислења по предлозите на закони и други прописи и по материјали што до Собранието ги поднеле други овластени предлагачи;
– ги определува задачите на министерствата и органите на државната управа;
– го обезбедува извршувањето на одлуките на Уставниот суд на Република Македонија во случаите кога надлежните органи за извршување на овие одлуки не ја извршиле одлуката на Судот;
– врши и други работи утврдени со Уставот и законите.

Подетални информации можете да добиете на телефоните:
(02) 3118-022 и (02) 3116-785 лок.310