ДОНЕСЕНИ 10 РЕШЕНИЈА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 205-та седница одржана на 22 март 2018 година, донесе 10  решенија.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Т.А. од Скопје, поднесена против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 22 март 2018 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Т.А. од Скопје, поднесена против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку наменски средства се доделени на Хокеј федерацијата на Република Македонија за периодот 2011-2015 година за работа на федерацијата по основ стручна работа на име А.Т. во својство на тренер.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенцијата за млади и спорт на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-120 на 02.03.2018 година, изјавена од Т.А. од Скопје, поднесена против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Агенцијата за млади и спорт на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Т.А. од Скопје на 29.12.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за млади и спорт, со кое побарал да му се достави информацијата:
„Колку наменски средства се доделени на Хокеј федерацијата на Република Македонија за периодот 2011-2015 година за работа на федерацијата по основ стручна работа на име А.Т. во својство на тренер.“
Постапувајќи по Барањето, Агенцијата за млади и спорт до барателот доставила Известување бр.08-583/1 од 26.02.2018 година. Во Известувањето Агенцијата за млади и спорт наведува: “…Агенцијата за млади и спорт во изминатиот период има согласно законот, подзаконските акти и распишаните конкурси за распределба на средства доделувано средства на Хокерската федерација за нејзини програми со кои аплицирала на конкурсите објавени во тој период.
Согласно законот, правилниците и објавените конкурси Агенцијата за млади и спорт не доделува директно средства на стручни лица-тренери во клубовите. А, за периодот кој го наведувате во барањето од 2010-2016 година, Ве информираме дека средствата се доделувани наменски за програми на Хокерската федерација на Македонија, која и единствено може да конкурира за програмски активности од хокеарскиот спорт.
Затоа, ве упатуваме, како член на хокеарски клуб за договорите кои се предмет на Ваши лични комуникации и потреби, а се склучени помеѓу договорните страни, да ги побарате во Хокеарската федерација на Македонија.”
Незадоволен од наведеното Известување, Т.А. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-120 од 02.03.2018 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за млади и спорт и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 14.03.2018 година, Агенцијата за млади и спорт до Комисијата достави допис бр.08-583/4 од 12.03.2018 година, заведено во Комисијата под бр.08-120. Во дописот, Агенцијата за млади и спорт останува на наводите од Известувањето адресирано до Т.А. и во прилог ги достави списите во врска со предметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за млади и спорт не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот.
Неспорно е дека Хокејарската федерација на Македонија била корисник на средства од Буџетот на Република Македонија доделени од Агенцијата за млади и спорт, за остварување на хокерските активности преку аплицирање на конкурс. Во Образецот-А1 Апликацијата за конкурс за доделување средства од Буџетот на Република Македонија од Програм за распределба на средства од игри на среќа и забавните игри за финансирање на националните спортски федерации и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот во Република Македонија, кој е објавен на веб страницата на Агенцијата за млади и спорт, во точка 3 и 4, подносителот на апликацијата пополнува податоци и за тренерот кој го предлага, за финансирање на неговата стручна работа и износот на потребните средства. Оттука произлегува дека Агенцијата за млади и спорт располага со бараната информација, износ на средства доделени на Хокејарската федерацијата на Република Македонија за стручна работа на тренерот Т.А., за бараниот период, и наместо да го упатува барателот да ја бара информацијата од Хокејарската федерација на Македонија, должна е да му ја достави на барателот бараната информација, на начин и во форма наведени во барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.В., поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 22 март 2018 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од  В.В., поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Со кој број во општина Сопиште е заведено Барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект што се наоѓа на КП 2419/6, поднесено од страна на лицето Д.Б. и на кој датум истото е поднесено.“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Сопиште, да постапи по Барањето на барателот В.В., согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Општина Сопиште, е должна да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-134 од 20.03.2018 година, изјавена од В.В., поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.В., на ден 08.02.2018 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општината Сопиште, со кое побарала по е-маил да и се достави фотокопија од информацијата:
„Со кој број во општина Сопиште е заведено Барањето за утврдување на правен статус на бесправен објект што се наоѓа на КП 2419/6, поднесено од страна на лицето Д.Б. и на кој датум истото е поднесено.“
Општината Сопиште, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општината Сопиште не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Г. од Скопје, поднесена против Уставен суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 22 март 2018 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од  Н.Г. од Скопје, поднесена против Уставен суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Информација за одложувањето на 8та точка на дневен ред на 2-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 31.01.2018 год:
Предлог за одлучување по предметот У.бр.95/2017 со нацрт-одлука.
Ве молам за информација од кого се добиени дополнителните дописи и дали затоа постои законска можност.“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Уставниот суд на Република Македонија, да постапи по Барањето на барателот Н.Г. од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Уставниот суд на Република Македонија, е должно да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-127 од 14.03.2018 година, изјавена од Н.Г. од Скопје, поднесена против Уставен суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.Г. од Скопје, на ден 07.02.2018 година, по е-маил, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Уставниот суд на Република Македонија, со кое побарала по е-маил да и се достави електронски запис од следната информација:
„Информација за одложувањето на 8та точка на дневен ред на 2-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 31.01.2018 год:
Предлог за одлучување по предметот У.бр.95/2017 со нацрт-одлука.
Ве молам за информација од кого се добиени дополнителните дописи и дали затоа постои законска можност.“.
На 06.03.2018 година и на 08.03.2018 година, Н.Г. од Скопје, до Уставниот суд на Република Македонија доставила е-маил со кое побарала да се постапи по однос на Барањето.
Уставниот суд на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Уставниот суд на Република Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донел управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од О2 Коалиција, граѓанска иницијатива, поднесена  против Друштвото за производство на топлинска енергија – Производство на топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје – БЕГ по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) а согласно член 109 став 2 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) на седницата одржана на 22 март 2018 година, го донесе следното
                                                 Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од О2 Коалиција, граѓанска иницијатива, поднесена  против Друштвото за производство на топлинска енергија – Производство на топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје – БЕГ, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-132 на 20.03.2018 година,  изјавена од О2 Коалиција, граѓанска иницијатива, поднесена  против Друштвото за производство на топлинска енергија – Производство на топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје – БЕГ, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го утврди следното.
Согласно член 3 став 1 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „иматели на информации“ се органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица кои вршат јавни овластувања, утврдени со закон.“
Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/2010), јавниот интерес беше избришан, односно според наведените измени на Законот „иматели на информации“ се органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје, и општините во градот Скопје установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица што вршат јавни овластувања утврдени со закон“.
Друштвото за производство на топлинска енергија  производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ – Скопје не е имател на информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и од тие причини и постапката по Жалбата не може да се спроведе по наведениот Закон.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место на жалба.
       ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од д-р А.Г. од Скопје, поднесена против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 март 2018 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
            Жалбата изјавена од д-р А.Г. од Скопје, поднесена против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-126 од 13.03.2018 година, изјавена од д-р А.Г. од Скопје, поднесена против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и  ЈА ОТФРЛИ како предвремена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-126 на 13.03.2018 година, д-р А.Г. од Скопје, на 27.02.2018 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за одбрана, заведено во Министерството под бр.15-1385 на 28.02.2018 година, со кое побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Записник од извршен вонреден инспекциски надзор во Воената академија од страна на инспектори во одбраната при Министерството за одбрана на РМ акт број 11-1/1 од 06.02.2018 година“.
Министерството за одбрана, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Барањето за пристап до информации од јавен карактер од д-р А.Г. од Скопје во Министерството за одбрана е примено на 28.02.2018 година, а Жалбата до Комисијата е поднесена на 13.03.2018 година.
Согласно член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата е должен веднаш да одговори на барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на Барањето.
Во конкретниот случај, Жалбата по Барањето е поднесена пред истекот на законскиот рок за постапување по Барањето, односно Жалбата е предвремена.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 22 март 2018 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Доставете ми ја веб локацијата (страницата – адресата, точниот линк), на Државниот пазарен инспекторат каде што ги објавува инспекциските акти (Одлуките – Решенија и Заклучоци) согласно член 44 од Законот за инспекциски надзор.
Доколку Државниот пазарен инспекторат, ги нема објавено инспекциските акти на веб локацијата на Државниот пазарен инспекторат, по точка 1 од ова Барање, тогаш доставете ми ја следната информација:
2. Дали и кога Државниот пазарен инспекторат ќе ги објави инспекциските акти (Одлуките – Решенија и Заклучоци), што Државниот пазарен инспекторат ги донесува, на веб локацијата на Државниот пазарен инпекторат, согласно членот 44 од Законот за инспекциски надзор?“, по точка 1 од Барањето СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган, а по точка 2 од Барањето СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-123 на 06.03.2018 година, изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Државен пазарен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, по точка 1 од Барањето ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган, а по точка 2 од Барањето ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-123 на 06.03.2017 година, Д.Ј. од Скопје на 29.01.2018 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државен пазарен инспекторат, заведено во Државниот пазарен инспекторат под бр.02-243/1, со кое побарал по пошта да му се достави следната информација:
„1. Доставете ми ја веб локацијата (страницата – адресата, точниот линк), на Државниот пазарен инспекторат каде што ги објавува инспекциските акти (Одлуките – Решенија и Заклучоци) согласно член 44 од Законот за инспекциски надзор.
Доколку Државниот пазарен инспекторат, ги нема објавено инспекциските акти на веб локацијата на Државниот пазарен инспекторат, по точка 1 од ова Барање, тогаш доставете ми ја следната информација:
2. Дали и кога Државниот пазарен инспекторат ќе ги објави инспекциските акти (Одлуките – Решенија и Заклучоци), што Државниот пазарен инспекторат ги донесува, на веб локацијата на Државниот пазарен инпекторат, согласно членот 44 од Законот за инспекциски надзор?“.
Постапувајќи по Барањето, Државниот пазарен инспекторат до барателот доставил Одговор на барање Бр.02-243/4 од 23.02.2018 година. Во Одговорот е наведено: „…Веб локацијата на Државниот пазарен инспекторат е: dpi.info@dpi.gov.mk. Државен пазарен инспекторат нема обврска да ги објавува сите управни акти согласно член 44 од Законот за инспекциски надзор, бидејќи истиот се повикува на член 40 од истиот закон кој е укинат и повеќе не е во правен промет. На веб страната на ДПИ согласно член 10 став 1 точка 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл весник на РМ бр. 13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) можат да се објавуваат одлуки, акти и мерки со кои се влијае на животот и работата на граѓаните. Такви мерки по однос на безбедност на производите ќе се објавуваат на веб страната на Инспекторатот во најскоро време“.
Незадоволен од наведениот одговор, Д.Ј. од Скопје, преку Државниот пазарен инспекторат, поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата е наведено: „…бидејќи законодавецот во членот 44 од Законот за инспекциски надзор, после изменувањата и дополнувањата на Законот за инспекциски надзор (Сл. Весник на РМ бр.53/16), не се повикал на член 42 според кој Државниот пазарен инспекторат, донесува Решение, односно дека согласно член 47 и член 60 од Законот за инспекциски надзор според кој носи Заклучок, и само поради тоа, Државниот пазарен инспекторат не ги објавува Управните акти на својата веб страница, сметам дека ваквото строго формалистичко толкување, од страна на Државниот пазарен инспекторат не смее да се прифати. Духот на членот 44 од Законот за инспекциски надзор и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, очигледно е во корелација со намерата на законодавецот за потребата на транспарентност на инспекциските органи, а се со цел јавноста да има достапност до Управните акти кои ги донесуваат инспекциските органи, преку веб локацијата (страната) на соодветните инспекторати, во конкретниот случај Државниот пазарен инспекторат…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државниот пазарен инспекторат не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниот случај, Комисијата му укажува на Државниот пазарен инспекторат  дека по однос на точка 1 од Барањето: „Доставете ми ја веб локацијата (страницата – адресата, точниот линк), на Државниот пазарен инспекторат каде што ги објавува инспекциските акти (Одлуките – Решенија и Заклучоци) согласно член 44 од Законот за инспекциски надзор“, требало до барателот да достави линк од веб страницата на Државниот пазарен инспекторат, а не е-маилот на Државниот пазарен инспекторат. Доколку пак, Државниот пазарен инспекторат не располага со бараната информација наведена во точка 1 од Барањето, должен е да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.
Во однос на точка 2 од Барањето: „Дали и кога Државниот пазарен инспекторат ќе ги објави инспекциските акти (Одлуките – Решенија и Заклучоци), што Државниот пазарен инспекторат ги донесува, на веб локацијата на Државниот пазарен инпекторат, согласно членот 44 од Законот за инспекциски надзор?“, Комисијата укажува дека имателот одговорил по однос на точка 2 од Барањето, односно во Одговорот е наведено дека: „…На веб страната на ДПИ согласно член 10 став 1 точка 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл весник на РМ бр. 13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) можат да се објавуваат одлуки, акти и мерки со кои се влијае на животот и работата на граѓаните. Такви мерки по однос на безбедност на производите ќе се објавуваат на веб страната на Инспекторатот во најскоро време“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
       ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Основниот суд Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 22 март 2018 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Основниот суд Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
• „Колку вкупно пресуди се донесени врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“, бр.50/2010 од 13.04.2010 година) во период од 01.01.2011-01.11.2017 година;
• Колку правосилни пресуди се донесени врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“, бр.50/2010 од 13.04.2010 година) во период од 01.01.2011-01.11.2017 година.
Ве молиме да ни доставите фотокопии од сите пресуди (правосилни и оние кои што не се правосилни) донесени врз основа на горенаведениот закон за дискриминација за периодот кој што е назначен погоре“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Основниот суд Прилеп на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-118 на 28.02.2018 година, изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Основниот суд Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Основниот суд Прилеп на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.А. од Скопје на 27.01.2018 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основен суд Прилеп, со кое побарал по пошта или по е-маил да му се достави следната информација:
• „Колку вкупно пресуди се донесени врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“, бр.50/2010 од 13.04.2010 година) во период од 01.01.2011-01.11.2017 година;
• Колку правосилни пресуди се донесени врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“, бр.50/2010 од 13.04.2010 година) во период од 01.01.2011-01.11.2017 година.
Ве молиме да ни доставите фотокопии од сите пресуди (правосилни и оние кои што не се правосилни) донесени врз основа на горенаведениот закон за дискриминација за периодот кој што е назначен погоре“.
Постапувајќи по Барањето, на 05.02.2018 година, Основниот суд Прилеп до барателот доставил Известување Су.бр.26/2018-2. Во Известувањето е наведено: „Согласно Вашето барање Ве известуваме дека за предметниот временски период во Основен суд Прилеп се донесени 9 (девет) пресуди од кои (три) правосилни, врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Издавањето на фотокопие на пресуда подлежи на такса согласно Таксената тарифа која е составен дел на Законот за судски такси“.
Незадоволен од наведеното Известување, М.А. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-118 од 02.03.2018 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Прилеп и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 09.03.2018 година, Основниот суд Прилеп до Комисијата достави Известување Су.бр.26/2018-2 од 05.03.2018 година, заведено во Комисијата под бр.08-118. Во Известувањето е наведено: „…Од страна на Основен суд Прилеп одговорено е во целост на барањето на информацијата на ден 05.02.2018 година со известување дека врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација за предметниот временски период во Основен суд Прилеп се донесени 9 (девет) пресуди од кои 3 (три) правосилни. И во писмениот допис и во дополнителниот писмен допис преку е-маил на ден 19.02.2018 година, лицето М.А. е известено дека доставувањето на правосилни и неправосилни судски пресуди за кои постапката е во тек, во никој случај не може да се подведе под информација од јавен карактер. Согласно чл.6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, секоја пресуда содржи лични податоци на сите учесници во постапката и чие откривање би значело повреда на заштитата на лични податоци…Подносителот на барањето беше известен и имаше можност како и секој граѓанин кој не е странка во конкретна постапка, да го образложи правниот интерес и доколку таков постои да му се овозможи препишуваат или копираат списите по претходно платена судска такса, но истиот до денес не го стори тоа…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основниот суд Прилеп не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Судот како имател на информации од јавен карактер, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „е должен да ја информира јавноста за информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на имателот на информации“. Целта на Законот е да обезбеди јавност и отвореност во работењето на имателите на информации и да им овозможи на физичките и правните лица да го остварат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер загарантирано со Уставот на Република Македонија, а операционализирано во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Исто така, согласно член 99 став 3 од Законот за судовите, „судовите се должни донесените одлуки во рок од два дена од денот на изготвувањето и потпишувањето да ги објават на веб страницата на судот, на начин утврден со закон“. Од ова произлегува дека секоја одлука на судот треба да биде јавно достапна за граѓаните, во случајот за барателот на информацијата од јавен карактер, а бидејќи истиот побарал фотокопија од пресудите по пошта или по е-маил, истите треба да му бидат дадени без дополнителни трошоци, односно анонимизирани и скенирани доставени по е-маил.
Во врска со делот од Известувањето Су. бр.26/2018-2 од 05.03.2018 година, заведено во Комисијата под бр.08-118, каде судот наведува: „…доставувањето на правосилни и неправосилни судски пресуди за кои постапката е во тек, во никој случај не може да се подведе под информација од јавен карактер. Согласно чл.6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, секоја пресуда содржи лични податоци на сите учесници во постапката и чие откривање би значело повреда на заштитата на лични податоци“, Комисијата укажува дека пресудите, правосилни и неправосилни, кои се изрекуваат во име на граѓаните треба да бидат достапни до граѓаните, како што тоа го прават останатите судови во Република Македонија, со бришење на личните податоци и истите анонимизирани се доставуваат до барателот на информации од јавен карактер.
Во однос на наводите во Одговорот до Комисијата, во кој се наведува: „Подносителот на барањето беше известен и имаше можност како и секој граѓанин кој не е странка во конкретна постапка, да го образложи правниот интерес и доколку таков постои да му се овозможи препишуваат или копираат списите по претходно платена судска такса, но истиот до денес не го стори тоа“, Комисијата укажува дека согласно член 16 став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Барателот не е должен да го образложи Барањето, односно не е должен да го образложи правниот интерес.
Во однос на побараните трошоци, Комисијата укажува дека барателот на информацијата од јавен карактер побарал фотокопија од пресудите по пошта или по е-маил, и истите треба да му бидат дадени без дополнителни трошоци, односно анонимизирани и скенирани доставени по е-маил, согласно член 2 став 3 од Одлуката за утврдување на надомест за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации, барателот на информацијата за добиената информација во вид на електронски запис на информацијата на УСБ во сопственост на барателот или на неговата е-маил адреса, не плаќа надоместок.
Според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер нема апсолутен исклучок од слободниот пристап до информации. Некои од пресудите може да бидат исклучок од слободниот пристап, меѓутоа тогаш треба да се примени член 6 став 3 од наведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од О2 Коалиција, граѓанска иницијатива, поднесена против Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 22 март 2018 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од  О2 Коалиција, граѓанска иницијатива, поднесена против Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за достава на следните документи доставени до вас од страна на Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ – Скопје: договори за обезбедени количини на гориво, мазут и природен гас, во периодот од 2013 година заклучно со 2017 година.
Како на пример:
– Договор за јавна набавка на мазут М1ХС бр.03-1031 од 26.09.2013 година со Окта АД Скопје,
– Договор за набавка на природен гас бр.03-1010 од 17.09.2013 со СИНТЕЗ ГРИН ЕНЕРЏИ КИПАР ЛИМИТЕД,
– Анекс бр.4 кон Договорот за пристап и пренос на природен гас бр.03-1057 од 30.09.2013 година со ГА-МА АД Скопје“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, да постапи по Барањето на барателот О2 Коалиција, граѓанска иницијатива, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, е должна да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-131 од 20.03.2018 година, изјавена од О2 Коалиција, граѓанска иницијатива, поднесена против Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, О2 Коалиција, граѓанска иницијатива, на ден 03.02.2018 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, со кое побарала по е-маил да и се достави електронски запис од следната информација:
„Ве молиме за достава на следните документи доставени до вас од страна на Друштвото за производство на топлинска енергија ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ – Скопје: договори за обезбедени количини на гориво, мазут и природен гас, во периодот од 2013 година заклучно со 2017 година.
Како на пример:
– Договор за јавна набавка на мазут М1ХС бр.03-1031 од 26.09.2013 година со Окта АД Скопје,
– Договор за набавка на природен гас бр.03-1010 од 17.09.2013 со СИНТЕЗ ГРИН ЕНЕРЏИ КИПАР ЛИМИТЕД,
– Анекс бр.4 кон Договорот за пристап и пренос на природен гас бр.03-1057 од 30.09.2013 година со ГА-МА АД Скопје“.
Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесена преку полномошник Христијан Јанкулоски, извршен директор во Здружението, против Министерството за финансии Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 22 март 2018 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од  Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесена преку полномошник Х.Ј., извршен директор во Здружението, поднесена против Министерството за финансии Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„ 1. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-2117, приходно конто 714222 (акциза за тутунски добра), за 2016 година?
2. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-2117, приходно конто 714222 (акциза за цигари), за 2016 година?
3. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-5717, приходно конто 714223 (акциза при увоз на тутунски добра – преработки од тутун), за 2016 година?
4. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-2330, приходно конто 714224 (акциза на етил алкохол/чист алкохол, меѓупроизводи, други пенливи пијалаци и непенливи пијалаци), за 2016 година?
5. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-2367, приходно конто 714227 (акциза при увоз на етил алкохол/чист алкохол, меѓупроизводи, други пенливи пијалаци и непенливи пијалаци), за 2016 година?
6. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-21233, приходно конто 714230 (акциза на пиво) за 2016 година?
7. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-5738, приходно конто 714231 (акциза при увоз пиво) за 2016 година?
8. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-4613, приходно конто 715330 (акциза по единечна мерка за тутунски производи) за 2016 година?
9. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-4629, приходно конто 715331 (акциза по вредност за тутунски производи) за 2016 година?
10. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-6665, приходно конто 718124 (надомест за заштита на животна средина при производство или увоз на тутунски производи) за 2016 година?
11. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-6901, приходно конто 718137 (надомест што го плаќаат приватните лица кои што произведуваат или увезуваат тутунски производи за финансирање на примарното тутунско производство, за дополнително финансирање на примарното земјоделско производство и за промоција на извозот) за 2016 година?
12. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-6889, приходно конто 718139 (надомест за добивање на лиценца за продажба на алкохолни пијалаци) за 2016 година? “, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Министерството за финансии Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, да постапи по Барањето на барателот Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Министерството за финансии Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, е должна да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-129 од 20.03.2018 година, изјавена од Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, поднесена преку полномошник Х.Ј., извршен директор во Здружението, поднесена против Министерството за финансии Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, на ден 01.11.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, заведено во Здружението под бр.03-687 од 31.10.2017 година, со кое ги побарало следните информации:
„ 1. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-2117, приходно конто 714222 (акциза за тутунски добра), за 2016 година?
2. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-2117, приходно конто 714222 (акциза за цигари), за 2016 година?
3. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-5717, приходно конто 714223 (акциза при увоз на тутунски добра – преработки од тутун), за 2016 година?
4. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-2330, приходно конто 714224 (акциза на етил алкохол/чист алкохол, меѓупроизводи, други пенливи пијалаци и непенливи пијалаци), за 2016 година?
5. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-2367, приходно конто 714227 (акциза при увоз на етил алкохол/чист алкохол, меѓупроизводи, други пенливи пијалаци и непенливи пијалаци), за 2016 година?
6. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-21233, приходно конто 714230 (акциза на пиво) за 2016 година?
7. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-5738, приходно конто 714231 (акциза при увоз пиво) за 2016 година?
8. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-4613, приходно конто 715330 (акциза по единечна мерка за тутунски производи) за 2016 година?
9. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-4629, приходно конто 715331 (акциза по вредност за тутунски производи) за 2016 година?
10. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-6665, приходно конто 718124 (надомест за заштита на животна средина при производство или увоз на тутунски производи) за 2016 година?
11. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-6901, приходно конто 718137 (надомест што го плаќаат приватните лица кои што произведуваат или увезуваат тутунски производи за финансирање на примарното тутунско производство, за дополнително финансирање на примарното земјоделско производство и за промоција на извозот) за 2016 година?
12. Колкав износ на средства се уплатени на сметка 840-6889, приходно конто 718139 (надомест за добивање на лиценца за продажба на алкохолни пијалаци) за 2016 година? “.
Министерството за финансии Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок.
На 23.02.2018 година Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје до Министерството за финансии Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје поднело Ургенција, заведено во Здружението под бр.03-87/1 од 22.02.2018 година,  со кое побарало да се постапи по однос на Барањето.
Министерството за финансии Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, како што е наведено во Жалбата, не постапила ниту по Ургенцијата на барателот, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии Управа за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.В. од Скопје, поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 22 март 2018 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од  В.В. од Скопје, поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Копии од сметки за јавни услуги што се доставени од страна на лицето Д.Б., во барањето УП1 бр.23-5387 за утврдување на правен статус на бесправен Деловен објект означен на КП 2419/1 КО Сопиште, како и копија од записникот за извршен увид на УП1 бр. 23-5387“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Сопиште, да постапи по Барањето на В.В. од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Општина Сопиште, е должна да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-133 од 20.03.2018 година, изјавена од В.В. од Скопје, поднесена против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.В. од Скопје, на ден 08.02.2018 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Сопиште, со кое побарала по е-маил да и се достави фотокопија од следната информација:
„Копии од сметки за јавни услуги што се доставени од страна на лицето Д.Б., во барањето УП1 бр.23-5387 за утврдување на правен статус на бесправен Деловен објект означен на КП 2419/1 КО Сопиште, како и копија од записникот за извршен увид на УП1 бр. 23-5387“.
Општина Сопиште, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Сопиште не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.