ДОНЕСЕНИ 7 РЕШЕНИЈА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 204-та седница одржана на 13 март 2018 година, донесе 7 решенија.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.М. од Кочани, поднесена против Министерство за внатрешни работи, СВР Штип – Полициска станица Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 март 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.М. од Кочани, поднесена против Министерство за внатрешни работи, СВР Штип – Полициска станица Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1.Увид/достава на билтен од 28.12.2017 на дневните настани во врска со извршените полициски работи и извршениот увид на улица Карпошово Востание околу 16 часот по моја пријава на настан,
2.Увид/достава на службените белешки изготвени од страна на полициските службеници во прилог на пријавениот настан од 28.12.2017 година и извршениот увид на улица Карпошово Востание околу 16 часот,
3.Увид/достава на службените белешки, доколку ги има, од повикани надлежни органи, кои се должни да дадат стручен извештај/мислење во ситуации на сомнителни супстанции на јавна површина (во случајот ветеринарен инспектор) и
4.Увид/достава на изготвената службена белешка за повикувањето и извршениот информативен разговор на ден 04.01.2018 година, во 10 часот, кој што полицискиот службеник е должен да го изготви согласно член 44, став 6 од Законот за полиција“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-113 на 15.02.2018 година, изјавена од А.М. од Кочани, поднесена против Министерство за внатрешни работи, СВР Штип – Полициска станица Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.М. од Кочани на 05.01.2018 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за внатрешни работи, СВР Штип – Полициска станица Кочани. Со Барањето побарал да му се достави фотокопија или електронски запис од следните информации:
„1.Увид/достава на билтен од 28.12.2017 на дневните настани во врска со извршените полициски работи и извршениот увид на улица Карпошово Востание околу 16 часот по моја пријава на настан,
2.Увид/достава на службените белешки изготвени од страна на полициските службеници во прилог на пријавениот настан од 28.12.2017 година и извршениот увид на улица Карпошово Востание околу 16 часот,
3.Увид/достава на службените белешки, доколку ги има, од повикани надлежни органи, кои се должни да дадат стручен извештај/мислење во ситуации на сомнителни супстанции на јавна површина (во случајот ветеринарен инспектор) и
4.Увид/достава на изготвената службена белешка за повикувањето и извршениот информативен разговор на ден 04.01.2018 година, во 10 часот, кој што полицискиот службеник е должен да го изготви согласно член 44, став 6 од Законот за полиција“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Министерство за внатрешни работи, СВР Штип – Полициска станица Кочани до А.М. од Кочани доставила Одговор бр.35.3.6-108 од 16.01.2018 година.
Незадоволен од наведениот одговор, А.М.од Кочани поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-113 од 16.02.2018 година, ја препрати Жалбата до Министерство за внатрешни работи, СВР Штип – Полициска станица Кочани и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 02.03.2018 година, Министерство за внатрешни работи, СВР Штип – Полициска станица Кочани до Комисијата достави Известување бр.35.5.3-108/4 од 23.02.2018, заведен во Комисијата под бр.08-113. Во Известувањето е наведено дека „Согласно чл.6 т.5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ве информираме дека имаме исклучок од слободен пристап до информации затоа што во врска со најавениот настан од 28.12.2017 година од лицето А.М. од Кочани, НККР Кочани има поведено постапка пред ОЈО Кочани. Од страна на ПС Кочани и НККР Кочани по примената пријава се превземени сите потребни и законски дејствија, изготвена е целокупната потребна службена документација и истата е доставена до ОЈО Кочани“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Министерство за внатрешни работи, СВР Штип – Полициска станица Кочани не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Имено, Министерство за внатрешни работи, СВР Штип – Полициска станица Кочани не дозволува пристап до бараната информација поради тоа што, како што наведува во Известувањето доставено до Комисијата, станува збор за исклучок од слободниот пристап до информации, односно за информација која „согласно член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, се однесува на „информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката“.
Комисијата укажува на Министерство за внатрешни работи, СВР Штип – Полициска станица Кочани дека во конкретниов случај била должна да постапи согласно членот 20 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер кој гласи: “Ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение“.
Во врска со наведеното, Комисијата укажува на следното:
Доколку Министерство за внатрешни работи, СВР Штип – Полициска станица Кочани смета дека бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап до информации согласно член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер должна е да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација. Пред да го одбие пристапот согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Министерство за внатрешни работи, СВР Штип – Полициска станица Кочани е должна да го спроведе Тестот на штетност, како задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата, согласно член 6 став 3 од истиот Закон. Спроведениот Тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
При повторното постапување по предметот, Министерство за внатрешни работи, СВР Штип – Полициска станица Кочани е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од проф.д-р С.Ј. и проф.д-р А.С. од Скопје, поднесена против Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 13 март 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од проф.д-р С.Ј. и проф.д-р А.С. од Скопје, поднесена против Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Записник од вонредна седница на Научен совет на Земјоделски институт- Скопје одржана на 09.04.2013“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт Скопје, да постапи по Барањето на барателите проф.д-р С.Ј. и проф.д-р А.С. од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт- Скопје е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-115 од 28.02.2018 година, изјавена од проф.д-р С.Ј. и проф.д-р А.С. од Скопје, поднесена против Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателите, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, проф.д-р С.Ј. и проф.д-р А.С. од Скопје, на ден 25.01.2018 година, поднеле Барање за пристап до информации од јавен карактер до Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, Земјоделски институт- Скопје, со кое ја побарале следната информација:
“Записник од вонредна седница на Научен совет на Земјоделски институт- Скопје одржана на 09.04.2013“,
Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт- Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт- Скопје не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донел управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Основен суд Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 13 март 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Основен суд Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„- Колку вкупно пресуди се донесени врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/2010 од 13.04.2010 година) во период од 01.01.2011 – 01.11.2017 година;
– Колку правосилни пресуди се донесени врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/2010 од 13.04.2010 година) во период од 01.01.2011 – 01.11.2017 година.“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Основниот суд Охрид, да постапи по Барањето на барателот од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Основниот суд Охрид е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-116 од 28.02.2018 година, изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Основен суд Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.А. од Скопје, на ден 27.01.2018 година, по електронски пат, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Охрид, со кое побарал да му се достават следните информации:
„- Колку вкупно пресуди се донесени врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/2010 од 13.04.2010 година) во период од 01.01.2011 – 01.11.2017 година;
– Колку правосилни пресуди се донесени врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/2010 од 13.04.2010 година) во период од 01.01.2011 – 01.11.2017 година.“
Основниот суд Охрид, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основниот суд Охрид не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донел управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Основен суд Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 13 март 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Основен суд Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„- Колку вкупно пресуди се донесени врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/2010 од 13.04.2010 година) во период од 01.01.2011 – 01.11.2017 година;
– Колку правосилни пресуди се донесени врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/2010 од 13.04.2010 година) во период од 01.01.2011 – 01.11.2017 година.“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Основниот суд Тетово, да постапи по Барањето на барателот М.А. од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Основен суд Тетово, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-117 од 28.02.2018 година, изјавена од М.А. од Скопје, поднесена против Основен суд Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.А. од Скопје, на ден 27.01.2018 година по електронски пат поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Тетово, со кое побарал да му се достават следните информации:
„- Колку вкупно пресуди се донесени врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/2010 од 13.04.2010 година) во период од 01.01.2011 – 01.11.2017 година;
– Колку правосилни пресуди се донесени врз основа на Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/2010 од 13.04.2010 година) во период од 01.01.2011 – 01.11.2017 година.“
Основниот суд Тетово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основниот суд Тетово не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донел управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена проф.д-р А.С. од Скопје, поднесена против Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 13 март 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од проф.д-р А.С. од Скопје, поднесена против Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“ – Барам копија од Записникот од одржана седница на Научен совет на ден 31.01.2017 уредно потпишана, печатена и архивирана,
– Копија од аудио снимката односно снимена седница на НС одржана на 31.01.2017 год“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт-Скопје, да постапи по Барањето на барателот проф.д-р А.С. од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт- Скопје е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-119 од 01.03.2018 година, изјавена од проф.д-р А.С. од Скопје, поднесена против Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, проф.д-р А.С. од Скопје, на ден 26.01.2018 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт- Скопје, со кое ја побарала следната информација:
“ – Барам копија од Записникот од одржана седница на Научен совет на ден 31.01.2017 уредно потпишана, печатена и архивирана,
– Копија од аудио снимката односно снимена седница на НС одржана на 31.01.2017 год“.
Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт- Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“- Скопје, Земјоделски институт- Скопје не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донел управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 13 март 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од Н.С.од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку пари се исплатени за членување во комисии во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за внатрешни вработени и за надворешни соработници, од јануари 2016 година до 30 јуни 2017 година и табела со имиња и презимиња на сите внатрешни вработени и надворешни соработници, кои добиле пари, како и износите кои им се исплатени“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, да постапи по Барањето на барателот Н.С. од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е должно да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-121 од 02.03.2018 година, изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.С. од Скопје, на ден 26.07.2017 година, по електронски пат, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кое побарала преку е-маил да и биде доставен електронски запис од следната информација:
„Колку пари се исплатени за членување во комисии во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за внатрешни вработени и за надворешни соработници, од јануари 2016 година до 30 јуни 2017 година и табела со имиња и презимиња на сите внатрешни вработени и надворешни соработници, кои добиле пари, како и износите кои им се исплатени“.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донело управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.Т.Г. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 13 март 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од Б.Т.Г. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Кои фирми во Република Македонија во последните три години се имаат реорганизирано во предстечајна постапка според член 215-а од Законот за стечај, и кои фирми во Република Македонија, во последните три години се имаат реструктурирано надвор од судска постапка, според Законот за вонсудско спогодување.“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Министерството за економија, да постапи по Барањето на барателот Б.Т.Г. од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Министерството за економија, е должно да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-124 од 09.03.2018 година, изјавена од Б.Т.Г. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.Т.Г. од Скопје, на ден 23.01.2018 година, по препорачена пратка, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија, со кое побарала по е-маил да и се достави електронски запис од следната информација:
„Кои фирми во Република Македонија во последните три години се имаат реорганизирано во предстечајна постапка според член 215-а од Законот за стечај, и кои фирми во Република Македонија, во последните три години се имаат реструктурирано надвор од судска постапка, според Законот за вонсудско спогодување.“
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донело управен акт согласно горенаведениот Закон.