ДОНЕСЕНИ 4 РЕШЕНИЈА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 202-та седница одржана на 15 февруари 2018 година, донесе 4 решенија.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Комисијата за одлучување по барањата за денационализација за општините Центар, Гази Баба и Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 февруари 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

  1. Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Комисијата за одлучување по барањата за денационализација за општините Центар, Гази Баба и Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Кога почнала, како се одвивала, како завршила и врз основа на кои факти и докази била спроведена постапката за денационализација на земјиште меѓу улиците Мексичка и Хелсинки во населбата Тафталиџе, на катастарските парцели 2903/2 и 2903/3 во КО Карпош, кое порано било државно земјиште со намена јавно паркиралиште и парковско зеленило, меѓутоа подоцна било денационализирано и на него бил изграден објект за индивидуално домување од страна на компанија ДЕА-КОМ?“, СЕ УВАЖУВА.

  1. СЕ НАЛОЖУВА Министерството за финансии да постапи по Барањето на барателот В.С. од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  2. Имателот на информации, Министерството за финансии е должно да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-106 од 06.02.2018 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Комисијата за одлучување по барањата за денационализација за општините Центар, Гази Баба и Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган, Министерството за финансии да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје, на 30.10.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии, заведено во Министерството под бр.03-6851/1 на 01.11.2017 година, со кое ја побарал следната информација:

„Кога почнала, како се одвивала, како завршила и врз основа на кои факти и докази била спроведена постапката за денационализација на земјиште меѓу улиците Мексичка и Хелсинки во населбата Тафталиџе, на катастарските парцели 2903/2 и 2903/3 во КО Карпош, кое порано било државно земјиште со намена јавно паркиралиште и парковско зеленило, меѓутоа подоцна било денационализирано и на него бил изграден објект за индивидуално домување од страна на компанија ДЕА-КОМ?“.

На 06.11.2017 година, како што е наведено во Жалбата, Министерството за финансии го известило барателот В.С. од Скопје дека неговото Барање за пристап до информации е препратено во надлежност на Комисијата за одлучување по барањата за денационализација за општините Центар, Гази Баба и Карпош.

Комисијата за одлучување по барањата за денационализација за општините Центар, Гази Баба и Карпош по препратеното Барање не постапила, односно не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донело управен акт согласно горенаведениот Закон. Наместо да постапи согласно горенаведениот Закон, Министерството за финансии Барањето за пристап до информации од В.С. од Скопје го препратило до Комисијата за одлучување по барањата за денационализација за општините Центар, Гази Баба и Карпош, која не е имател на информации, односно не е посебно правно лице со јавни овластувања, согласно член 3 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, туку е формиранa согласно член 12  од Законот за денационализација.

Согласно член 12 од Законот за денационализација (пречистен текст, „Службен весник на Република Македонија“ бр.20/98, 31/2000 и 42/03) „По барање за денационализација одлучува министерот за финансии: Министерот за финансии може да формира една или повеќе комисии за одлучување по барањата за денационализација (орган за денационализација)“. Согласно член 62 од истиот Закон „За поднесените барања за денационализација за донесените решенија и нивното извршување Министерството за финансии води посебна евиденција“.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Управниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 февруари 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1.Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Управниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Барам да ми доставите информација-доказ дека сте постапиле по мојот предлог истакнат во барањето поднесено согласно чл.53 од ЗУС во овој Суд на ден 13-11-2107 г. и како што сум информиран заведено под УИ.бр.60/2017г. Предлогот се однесува за примена на член 272 од ЗПП во постапката по предметот под УИ.бр.60/2017г.

Воедно да ми се достави и доказ дека Управниот суд на Р.М. поднел барање до надлежниот орган за доставување на известување за причините поради кои не го донел управниот акт-а тоа согласно став два од чл.53 од ЗУС.“, СЕ УВАЖУВА.

  1. СЕ НАЛОЖУВА Управниот суд на Република Македонија да постапи по Барањето на барателот В.У. од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  2. Имателот на информации, Управниот суд на Република Македонија, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-108 од 12.02.2018 година, изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Управниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-108 на 12.02.2018 година, В.У. од Скопје на 09.01.2018 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управниот суд на Република Македонија, заверено со архивски печат на Управниот суд на 09.01.2017 година, со кое ја побарал следната информација:

„Барам да ми доставите информација-доказ дека сте постапиле по мојот предлог истакнат во барањето поднесено согласно чл.53 од ЗУС во овој Суд на ден 13-11-2107 г. и како што сум информиран заведено под УИ.бр.60/2017г. Предлогот се однесува за примена на член 272 од ЗПП во постапката по предметот под УИ.бр.60/2017г.

Воедно да ми се достави и доказ дека Управниот суд на Р.М. поднел барање до надлежниот орган за доставување на известување за причините поради кои не го донел управниот акт-а тоа согласно став два од чл.53 од ЗУС.“

Управниот суд на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Управниот суд на Република Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донел управен акт согласно горенаведениот Закон.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

*********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од К.С. од Струмица, поднесена против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 февруари  2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

  1. Жалбата изјавена од К.С. од Струмица, поднесена против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Членови на Комисија при Општина Струмица за учество во постапка за одобрување на урбанистички план“ , СЕ УВАЖУВА.
  2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Струмица да постапи по Барањето на барателот К.С. од Струмица, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  3. Имателот на информации, Општина Струмица е должна да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-107 од 08.02.2018 година, изјавена од К.С. од Струмица, поднесена против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, К.С. од Струмица, на ден 25.05.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Струмица, заведено во Општината под бр.32-3115/1 од 25.05.2017 година, со кое побарал по пошта фотокопија од Решението на следната информација:

„Членови на Комисија при Општина Струмица за учество во постапка за одобрување на урбанистички план“

Општина Струмица, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Струмица не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.

Поради горенаведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.С. од Тетово, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 15 февруари 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.С. од Тетово, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали лицето Ј.Л. е вработен како советник на министерот Н.Д. и дали јавноста може да има увид во ЦВ-то на ова лице“ и Дополнителното барање“Затоа би Ве замолил да ми го доставите ЦВ-то на овој вработен? Дополнително би ве замолил да ми доставите кои се потребните квалификации за работното место: Посебен советник на Министерот за односи со јавноста, и како Ј.Л. ги исполнува овие квалификации “,СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за надворешни работи на барателот да му ја достави бараната информација наведена во Дополнителното барање, со бришење на личните податоци во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена под бр.08-52 на 23.01.2018 година, изјавена од А.С. од Тетово, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за надворешни работи на барателот да му ја достави бараната информација наведена во Дополнителното Барање,  со бришење на личните податоци во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

А.С. од Тетово, на 15.12.2017 година по електронска пошта поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за надворешни работи,  со кое ја побарал следната информација:

„Дали лицето Ј.Л. е вработен како советник на министерот Н.Д. и дали јавноста може да има увид во ЦВ-то на ова лице“.

Постапувајќи по Барањето, Министерството за надворешни работи до барателот доставило Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.04-699/1 од 09.01.2018 година. Во Одговорот е наведено: „…Министерството за надворешни работи на Република Македонија, информира дека во МНР е вработен Ј.Л., како посебен советник на Министерот за односи со јавност. Поради заштита на лични податоци, согласно Законот за заштита на лични податоци, ЦВ-то на Л. не сме во можност да ви го доставиме“.

Незадоволен од наведениот одговор, А.С. од Тетово на 10.01.2018 годинапо електронска пошта поднел Дополнително барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за надворешни работи,  со кое ја побарал следната информација:

“Затоа би Ве замолил да ми го доставите ЦВ-то на овој вработен? Дополнително би ве замолил да ми доставите кои се потребните квалификации за работното место: Посебен советник на Министерот за односи со јавноста, и како Ј.Л. ги исполнува овие квалификации“.

Министерството за надворешни работи, не му одговорило на Дополнителното барање, по што е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-52 од 23.01.2018 година, ја препрати Жалбата до Министерството за надворешни работии побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 31.01.2018 година, Министерство за надворешни работи до Комисијата достави Одговор на жалба бр.04-2730/2 од 29.01.2018 година, заведен во Комисијата под бр.08-52.

Во Одговорот на жалба е наведено: “…Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во законски предвидениот рок даде одговор на барањето, односно извести дека: “во МНР е вработен Ј.Л., како посебен советник на Министерот за односи со јавност“. Поради заштита на лични податоци, согласно Законот за заштита на лични податоци, ЦВ-то на Л. не беше доставено. Потенцираме дека субјектот на лични податоци не е јавна личност или функционер, односно е вработен во Министерството за надворешни работи на определено време, како посебен советник на Министерот за односи со јавност“.Во однос на Дополнителното барање, Министерството за надворешни работи целосно не се произнесе.

На 14.02.2018 година А.С. од Тетово, по електронска пошта го извести службеното лице кое постапува по предметот дека на 13.02.2018 година добил Дополнителен одговор од Министерството за надворешни работи но од истиот не е задоволен.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за надворешни работи не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не одговорило во целост на Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во однос на одговорот на Министерството за надворешни работи дека се работи за субјект кој не е јавна личност или функционер, односно е вработен во Министерството на определено време како посебен советник на министерот за односи со јавност Комисијата укажува на следното:

Во однос на бараните информации не треба да се прави разлика дали истите се бараат за функционер или вработен во Министерството на определено или неопределено време. Функционерите и административните службеници за да бидат вработени на определено работно место треба да исполнуваат услови предвидени во Закон. Информациите кои се однесуваат на предвидените услови се информации од јавен карактер.

Образложението на Одговорот на Министерството за надворешни работи дека ЦВ-то на Ј.Л. не може да му се достави на барателот поради заштита на личните податоци не може да биде основ за одбивање на пристапот до бараната информација.

ЦВ-то на било кој административен службеник согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактерпретставува информација од јавен карактер и може да го бара секое физичко и правно лице. Доколку ЦВ-то содржи информацииод член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер истите може да се избришат.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.