ДОНЕСЕНИ 8 РЕШЕНИЈА И 1 ЗАКЛУЧОК
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 201-та седница одржана на 07 февруари 2018 година, донесе 8 решенија и 1 заклучок.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Централен регистар на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 07 февруари  2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Централен регистар на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Ве молиме за постапката за јавна набавка на Системи за складирање на податоци и репликација за потребите на Централниот регистар на Република Македонија број 7/2017 да не информирате дали е спроведен технички дијалог и да ни доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Централен регистар на Република Македонија да постапи по Барањето на барателот Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Централен регистар на Република Македонија е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-74 од 01.02.2018 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Централен регистар на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, на ден 22.11.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1125/1 до Централен регистар на Република Македонија, со кое побарало по е-маил и по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Системи за складирање на податоци и репликација за потребите на Централниот регистар на Република Македонија број 7/2017 да не информирате дали е спроведен технички дијалог и да ни доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“
Централен регистар на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Централен регистар на Република Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставил бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, ниту донел управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради горе наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 07 февруари  2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Во врска со огласот за вработување на двајца извршители – авиомеханичари, објавен на 03.11.2017 година, достапен на следниот линк https://goo.gl/xVijQ5 ве молиме да ни ги доставите:
1. Листата на сите кандидати пријавени на огласот,
2. Пријавите на сите кандидати пријавени на огласот и доказите дека ги исполнуваат условите наведени во него, за секој кандидат поединечно,
3.Ранг листата на пријавените кандидати,
4. Записниците од извршените интервјуа со кандидатите,
5. Актот со кој се врши избор на кандидати по огласот“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија да постапи по Барањето на барателот Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија е должна да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-105 од 05.02.2018 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, на ден 20.12.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-263 до Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, со кое побарало по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„Во врска со огласот за вработување на двајца извршители – авиомеханичари, објавен на 03.11.2017 година, достапен на следниот линк https://goo.gl/xVijQ5 ве молиме да ни ги доставите:
1. Листата на сите кандидати пријавени на огласот,
2. Пријавите на сите кандидати пријавени на огласот и доказите дека ги исполнуваат условите наведени во него, за секој кандидат поединечно,
3.Ранг листата на пријавените кандидати,
4. Записниците од извршените интервјуа со кандидатите,
5. Актот со кој се врши избор на кандидати по огласот“.
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, ниту донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради горе наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Агенцијата за филм на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 07 февруари  2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Агенцијата за филм на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „1. Листа со наслови на сите филмови што се внесени во евиденцијата на дистрибуирани филмови во Република Македонија и името на дистрибутерот за секој филм поединечно, за периодот јануари 2011 – декември 2017 година;
2. Листа со наслови на филмови што се внесени во евиденцијата на филмови што се прикажани во кината во Република Македонија со временски период за прикажување, број на проекции и број на продадени билети за секој филм поединечно, за периодот јануари 2011 – декември 2017 година“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Агенцијата за филм на Република Македонија да постапи по Барањето на барателот Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Агенцијата за филм на Република Македонија е должна да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-104 од 05.02.2018 година, изјавена од Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, застапувано од д-р С.Т., претседател на Здружението, поднесена против Агенцијата за филм на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението Транспаренси Интернешнл – Македонија, на ден 29.12.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-277 до Агенцијата за филм на Република Македонија, со кое побарало по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„1. Листа со наслови на сите филмови што се внесени во евиденцијата на дистрибуирани филмови во Република Македонија и името на дистрибутерот за секој филм поединечно, за периодот јануари 2011 – декември 2017 година;
2. Листа со наслови на филмови што се внесени во евиденцијата на филмови што се прикажани во кината во Република Македонија со временски период за прикажување, број на проекции и број на продадени билети за секој филм поединечно, за периодот јануари 2011 – декември 2017 година“.
Агенцијата за филм на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за филм на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, ниту донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради горенаведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Државниот пазарен инспекторат – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 07 февруари 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Д,Ј. од Скопје, поднесена против Државниот пазарен инспекторат – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Доставете ми  го името на Законот и членот (одредбата) од истиот закон, како и бројот и годината на службениот весник, каде што истиот закон е излезен, според кој Државниот пазарен инспекторат – Скопје, при писмени обраќања од страна на физички и правни лица за вршење на инспекциски надзор, постапувајќи по истата ја врши согласно Законот за постапување по претставки и предлози, иако членот 2 од Законот за постапување по претставки и предлози ја исклучува можноста при писмени обраќања за вршење инспекциски надзор, истата постапка да биде согласно Законот за постапување по претставки и предлози.
2. Доставете ми го членот (одредбата) од Законот за постапување по претставки и предлози, според кој Државниот пазарен инспекторат – Скопје, при писмено обраќање за вршење на инспекциски надзор до Државниот пазарен инспекторат, постапувањето по истата е согласно Законот за постапување по претставки и предлози”, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот пазарен инспекторат – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Државниот пазарен инспекторат – Скопје под бр.02-32/5 на 22.01.2018 година, а во Комисијата под бр.08-103 на 05.02.2018 година, изјавена од Д,Ј. од Скопје, поднесена преку Државниот пазарен инспекторат – Скопје, против Одговорот на Државниот пазарен инспекторат – Скопје бр.02-32/3 од 15.01.2018 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Државниот пазарен инспекторат – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Д.Ј. од Скопје, на 05.01.2018 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот пазарен инспекторат – Скопје, со кое побарал да му ја достават следната информација:
„1. Доставете ми  го името на Законот и членот (одредбата) од истиот закон, како и бројот и годината на службениот весник, каде што истиот закон е излезен, според кој Државниот пазарен инспекторат – Скопје, при писмени обраќања од страна на физички и правни лица за вршење на инспекциски надзор, постапувајќи по истата ја врши согласно Законот за постапување по претставки и предлози, иако членот 2 од Законот за постапување по претставки и предлози ја исклучува можноста при писмени обраќања за вршење инспекциски надзор, истата постапка да биде согласно Законот за постапување по претставки и предлози.
2. Доставете ми го членот (одредбата) од Законот за постапување по претставки и предлози, според кој Државниот пазарен инспекторат – Скопје, при писмено обраќање за вршење на инспекциски надзор до Државниот пазарен инспекторат, постапувањето по истата е согласно Законот за постапување по претставки и предлози”.
На 18.01.2018 година, Државниот пазарен инспекторат – Скопје, до барателот доставил Одговор на барање бр.02-32/3 од 15.01.2018 година, во кој наведува дека „Во врска со Вашето барање за информации од јавен карактер заведено во Државен пазарен инспекторат под бр.02-32/1 од 05.01.2018 год  а во врска со претставката бр.09-36-1307/2678, Ви доставуваме одговор од Државен пазарен инспекторат кој постапил по горенаведената претставка“. Во прилог е доставен Одговор на барање со истиот број и датум, насловен до Државен пазарен инспекторат – С.И. – Овластенo лице за посредување за информации од јавен карактер, во кој е наведено дека „Лицето Д.Ј. од Скопје… поднесе до ДПИ-Скопје иницијатива за поведување на инспекциска постапка под бр.09-98/1 од 02.02.2017 како и Пријава и иницијатива за поведување на инспекциска постапка УПП 09-1307/1 од 11.12.2017 година. Државниот пазарен инспекторат постапи по напреднаведените предмети и во законски рок одговори по истите односно на 18.02.2017 и на 19.12.2017 година во согласност со чл.9 од Законот за постапување по претставки и предлози“.
Незадоволен од добиениот Одговор, Д.Ј. од Скопје, преку Државниот пазарен инспекторат – Скопје на 05.02.2018 година поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, заведена под бр.08-103.
Државниот пазарен инспекторат – Скопје ја препрати Жалбата до Комисијата.
Во прилог на Жалбата, Државниот пазарен инспекторат – Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба, но без број и датум, потпишан од В.Д. Директор и од Одговорен за посредување, со печат на Државниот пазарен инспекторат – Скопје. Во Одговорот на жалба е наведено дека на Д.Ј. од Скопје му е одговорено на неговите поднесоци до Државниот пазарен инспекторат – Скопје и дека на неговото Барање за пристап до информации од јавен карактер од 05.01.2018 година му е одговорено на 15.01.2018 година со Одговор на барање бр.02-32/3 од 15.01.2018 година, кое е доставено во прилог на Одговорот на жалба.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државниот пазарен инспекторат – Скопје не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниот случај, од списите по предметот, Комисијата утврди дека Државниот пазарен инспекторат – Скопје не одговорил по Барањето за пристап до информации од Д.Ј. од Скопје, цитирано во диспозитивот на ова Решение, туку само ги повторил неговите одговори до истото физичко лице, кои претходно до Државниот пазарен инспекторат – Скопје биле поднесени по други основи и врз основа на друг закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Националната установа „Историски музеј“ Крушево, поднесена против ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 07 февруари  2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од Националната установа „Историски музеј“ Крушево, поднесена против ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „…во писмена форма да не известите со достава во прилог на фотокопие дали во периодот од 12/10/2017 до 15/10/2017 во вашата установа е извршен било каков преглед или е задржано на болничко лекување лицето Е.И.Г. од Прилеп“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп да постапи по Барањето на барателот Националната установа „Историски музеј“ Крушево, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп е должна да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-72 од 31.01.2018 година, изјавена од Националната установа „Историски музеј“ Крушево, поднесена против ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Националната установа „Историски музеј“ Крушево, на ден 07.11.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп, со кое побарала по пошта да и биде доставена фотокопија од следната информација:
„„…во писмена форма да не известите со достава во прилог на фотокопие дали во периодот од 12/10/2017 до 15/10/2017 во вашата установа е извршен било каков преглед или е задржано на болничко лекување лицето Е.И.Г. од Прилеп“.
ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ниту донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради горе наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена  против Клириншка куќа „Клириншки банкарски системи“ АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а согласно член 109 точка 2 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015)  на седницата одржана на 07 февруари 2018 година, го донесе следното

 Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена  против Клириншка куќа „Клириншки банкарски системи“ АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

 О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-76 на 02.02.2018 година,  изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена  против Клириншка куќа „Клириншки банкарски системи“ АД Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Согласно член 3 став 1 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „иматели на информации се органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица кои вршат јавни овластувања, утврдени со закон“.
Клириншка куќа „Клириншки банкарски системи“ АД Скопје е основана од страна на банките од Република Македонија како Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје(КИБС) како акционерско друштво, на кое не му се пренесени јавни овластувања согласно закон.
Од тоа произлегува дека Клириншка куќа „Клириншки банкарски системи“ АД Скопје не е имател на информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место на жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од проф. д-р Г.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ од Скопје, против Решение на Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 07 февруари 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од проф. д-р Г.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ од Скопје, против Решението на Министерството за здравство бр.22-7580/2 од 11.12.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Записници од одржани редовни седници на Националната Комисија за дијабетес (два пати месечно) во периодот од октомври 2014 до октомври 2017 година“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Министерството за здравство бр.22-7580/2 од 11.12.2017 година се поништува.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-756 на 28.12.2017 година, изјавена од проф. д-р Г.П. од Скопје, поднесена преку полномошник Адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ од Скопје, против Решението на Министерството за здравство бр.22-7580/2 од 11.12.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Министерството за здравство бр.22-7580/2 од 11.12.2017 година го поништи.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-756 на 28.12.2017 година, проф. д-р Г.П. од Скопје, преку Адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ од Скопје, на 28.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, заведено во Министерството под бр.22-7580/1, со кое побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Записници од одржани редовни седници на Националната Комисија за дијабетес (два пати месечно) во периодот од октомври 2014 до октомври 2017 година“.
Постапувајќи по Барањето, Министерството за здравство го одбило пристапот до бараната информација со Решение бр.22-7580/2 од 11.12.2017 година. Во Решението е наведено дека „Министерството за здравство го разгледа Барањето и одлучи да го одбие согласно член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.., бидејќи согласно член 248-б од Законот за здравствена заштита…информациите изнесени на состаноците на Националната Комисија за дијабетес се деловна тајна…при одлучувањето, а по спроведениот тест на штетност, утврди дека давањето на информацијата што претставува деловна тајна утврдена со закон ќе предизвика штетни последици на Министерството за здравство…“.
Незадоволен од добиеното Решение, проф. д-р Г.П. од Скопје, преку Адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-756 од 29.12.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 11.01.2018 година, Министерството за здравство до Комисијата достави Одговор на жалба бр.22-114/2 од 11.01.2018 година, заведен во Комисијата под бр.08-756. Во Одговорот на жалба Министерството за здравство останува на наводите во оспореното Решение.
Комисијата до Министерството за здравство достави Барање бр.08-756 од 25.01.2018 година, со кое на Министерството му укажа дека наводите на Министерството за здравство во оспореното Решение дека „…информациите изнесени на состаноците на Националната Комисија за дијабетес се деловна тајна” не се поткрепени со докази преку кои би се утврдила нивната вистинитост и, во интерес на правилно одлучување по предметот, Комисијата има потреба од увид во наведените списи, поради што бара, во рок од 3 дена од добивањето на Барањето, Министерството за здравство да и достави фотокопија од насловната страна на бараните Записници, на која е означен степенот на класификација и временскиот период за кој е класифициран.
Министерството за здравство не одговори на Барањето на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на Барањето од Комисијата и не достави доказ за класифицираност на бараните информации.
Комисијата му укажува на Министерството за здравство дека по Барање за пристап до информации од јавен карактер се постапува согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), како lex specialis во областа на пристапот до информации од јавен карактер.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 07 февруари  2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Ве молиме за постапката за јавна набавка на  Природен гас за корисниците на топлинска енергија и технолошка пареа во клинички центар “Мајка Тереза“, Скопје број 9/2017 да не информирате дали е спроведен технички дијалог и да ни доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Министерството за здравство да постапи по Барањето на барателот Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Министерството за здравство е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-73 од 01.02.2018 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, на ден 22.11.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1134/1 до Министерството за здравство, со кое побарало по е-маил и по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на  Природен гас за корисниците на топлинска енергија и технолошка пареа во клинички центар “Мајка Тереза“, Скопје број 9/2017 да не информирате дали е спроведен технички дијалог и да ни доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“
Министерството за здравство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, ниту донел управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради горе наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) на седницата одржана на 7 февруари 2018 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Изведување на пристапни рампи за лица со посебни потреби за потребите на Министерството за труд и социјална политика број 25/2017 да ни доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-75 на 01.02.2018 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје на 18.12.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1180/1 до Министерството за труд и социјална политика, со кое побарало, пo пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
„ Ве молиме за постапката за јавна набавка на Изведување на пристапни рампи за лица со посебни потреби за потребите на Министерството за труд и социјална политика број 25/2017 да ни доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“.
Министерството за труд и социјална политика, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 07.02.2018 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, преку е-маил, ја извести Комисијата дека добило одговор на Барањето и ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за труд и социјална политика постапило по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.