ДОНЕСЕНИ 6 РЕШЕНИЈА И 2 ЗАКЛУЧОКА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 198-та седница одржана на 11 јануари 2018 година, донесе 6 решенија и 2 заклучока.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Управниот суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 11 јануари 2018 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е

1.Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Управниот суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Барам да ми се достави примерок – копија од доставениот од моја страна предлог за заштита поради незаконско дејствие врз кој предлог Управниот суд на Р.М. го донесе решението под УСПИ.бр.16/2016г. Од 05-10-2017г.“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Управниот суд, да постапи по Барањето на В.У. од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Управниот суд, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-3 од 09.01.2018 година, изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Управниот суд, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-3 на 09.01.2018 година, В.У. од Скопје на 29.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Управниот суд, со кое побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Барам да ми се достави примерок – копија од доставениот од моја страна предлог за заштита поради незаконско дејствие врз кој предлог Управниот суд на Р.М. го донесе решението под УСПИ.бр.16/2016г. Од 05-10-2017г.“.
Управниот суд, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Управниот суд не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставил бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донел управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.К. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 11 јануари 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од Г.К. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали родителот има законска обврска да плаќа обезбедување во основно училиште во Аеродром и доколку има на каква санкција подлежи истиот“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Министерството за образование и наука да постапи по Барањето на барателот Г.К. од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Министерството за образование и наука, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-1 од 02.01.2018 година, изјавена од Г.К. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.К. од Скопје, на 06.10.2017 година, по е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука, со кое побарала по е-маил да и се достави електронски запис од следната информација:
„Дали родителот има законска обврска да плаќа обезбедување во основно училиште во Аеродром и доколку има на каква санкција подлежи истиот“.
Министерството за образование и наука, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за образование и наука не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, и не донело управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.К. од Скопје, поднесена против Државниот просветен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 11 јануари 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од Г.К. од Скопје, поднесена против Државниот просветен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали родителот има законска обврска да плаќа обезбедување во основно училиште во Аеродром и доколку има на каква санкција подлежи истиот“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Државниот просветен инспекторат да постапи по Барањето на барателот Г.К. од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Државниот просветен инспекторат, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-758 од 29.12.2017 година, изјавена од Г.К. од Скопје, поднесена против Државниот просветен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.К. од Скопје, на 06.10.2017 година, по е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот просветен инспекторат, со кое побарала по е-маил да и се достави електронски запис од следната информација:
„Дали родителот има законска обврска да плаќа обезбедување во основно училиште во Аеродром и доколку има на каква санкција подлежи истиот“.
Државниот просветен инспекторат, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државниот просветен инспекторат не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставил бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, и не донел управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Секретаријатот за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јануари 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Секретаријатот за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на услуги за перење на службените возила број 08/2017 да не информирате колку економски оператори учествувале во постапката и да ни ги доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ, или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
. Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
. Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. Извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Секретаријатот за европски прашања на барателот да му го достави Извештајот од спроведена постапка во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-720 на 20.12.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Секретаријатот за европски прашања, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Секретаријатот за европски прашања на барателот да му го достави Извештајот од спроведена постапка во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје на 22.11.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1152/1 до Секретаријатот за европски прашања, со кое побарало, пo пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на услуги за перење на службените возила број 08/2017 да не информирате колку економски оператори учествувале во постапката и да ни ги доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ, или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
. Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
. Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. Извештај од спроведената е-аукција“.
Постапувајќи по Барањето, Секретаријатот за европски прашања, како што е наведено во Жалбата, на 20.12.2017 година до барателот доставил Одговор бр.17-1173/2 од 18.12.2017 година, заведен во Здружението под бр.0302-1152/2.
Незадоволно од добиениот Одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата, Здружението ЦГК наведува дека со наведениот допис Секретаријатот за европски прашања не одговорил по барањето, односно физички не ги доставило бараните документи и тоа Извештајот за спроведена постапка за доделување на договор за јавна набавка.
Комисијата, со допис бр.08-720 од 20.12.2017 година ја препрати Жалбата до Секретаријатот за европски прашања и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 29.12.2017 година, Секретаријатот за европски прашања до Комисијата достави Произнесување бр.17-1173/4 од 26.12.2017 година, во кое е наведено: „…Барателот како основ на жалбата наведува недоставување на „извештај за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка“. Таков извештај Законот за јавни набавки не познава и Секретаријатот за европски прашања таков извештај не поседува. Согласно законот постои само „извештај од спроведена постапка“, но истиот не бил предмет на барањето…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Секретаријатот за европски прашања не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставил бараните информации во целост до барателот, односно не го доставил „Извештајот од спроведена постапка бр.03-857/14 од 03.10.2017 година“, кој е наведен во образложението на Одлуката за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка на Секретаријатот за европски прашања.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Н. од Скопје, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јануари 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.Н. од Скопје, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку ревизии примени во текот на 2016 година Врховниот суд на РМ ги решил во рамките на определениот рок со Законот за парнична постапка“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-710 на 15.12.2017 година, изјавена од В.Н. од Скопје, поднесена против Врховниот суд на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-710 на 15.12.2017 година, В.Н. од Скопје на 31.10.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Врховниот суд на Република Македонија, со кое побарал по пошта да му се достави следната информација:
„Колку ревизии примени во текот на 2016 година Врховниот суд на РМ ги решил во рамките на определениот рок со Законот за парнична постапка“.
Постапувајќи по Барањето, Врховниот суд на Република Македонија до барателот доставил Одговор на барање СПИ.бр.36/2017 од 28.11.2017 година. Во Одговорот е наведено: „…Во текот на 2016 година во Врховниот суд на Република Македонија се примени 1040 предмети по ревизија, а до крајот на годината се решени 708 предмети. Компјутерскиот систем во судот не може да генерира конкретни податоци за законски рокови. Врховниот суд на Република Македонија како највисок суд во Републиката одлучува по ревизија како вонредно правно средство и од тие причини во Законот за парнична постапка не постојат конкретни процесни рокови“.
Незадоволен од наведениот одговор, В.Н. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата е наведено: „…Наведената причина дека компјутерскиот систем во судот не можел да генерира конкретни податоци за законски рокови е неоснована бидејќи лесно може да се провери колку од решените предмети 708 во текот на 2016 година, а колку во 2017 година се решени од ревизиите примени во текот на 2016 година…“.
Комисијата, со допис бр.08-710 од 18.12.2017 година, ја препрати Жалбата до Врховниот суд на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 03.01.2018 година, Врховниот суд на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба СПИ.бр.42/2017 од 29.12.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-710. Во Одговорот е наведено: „…Наводите во жалбата се целосно неосновани. Ова од причина што, Врховниот суд на Република Македонија е суд кој постапува во трет степен по вонредни правни лекови како што е правото на ревизија. Во Законот за парнична постапка во членот 373 став 2 е предвидено дека, Врховниот суд во Република Македонија треба да одлучи по ревизијата во рок не подолг од 8-осум месеци… Самиот факт што за предвидениот рок од 8-осум месеци не е прецизирано дали се смета од денот кога предметот е примен во Врховниот суд на Република Македонија или кога предметот е даден на работа кај судијата согласно методологијата на работа на Врховниот суд, ваквиот рок не е ставен ниту како индикатор во компјутерскиот систем по кој би се продуцирале извештаи брз основа на ваквиот податок. Од тие причини, со оглед да во судот не се продуцираат извештаи по овој параметар за така определен рок во однос на барањето на странката не сме во можност да доставиме релевантен податок“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Врховниот суд на Република Македонија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниот случај, доколку Врховниот суд на Република Македонија не располага со бараната информација, должен е да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јануари 2018 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на услуги за привремено вработување од Агенцијата за привремени вработувања за потребите на Министерството за правда број 27/2017 да ни доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,
. Записник од јавно отворање,
. извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка,
. одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. извештај од спроведената е-аукција.“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-719 на 20.12.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје на 22.11.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1128/1 до Министерството за правда, со кое побарало, пo пошта и преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на услуги за привремено вработување од Агенцијата за привремени вработувања за потребите на Министерството за правда број 27/2017 да ни доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,
. Записник од јавно отворање,
. извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка,
. одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. извештај од спроведената е-аукција.“
Постапувајќи по Барањето, Министерството за правда, како што е наведено во Жалбата, на 20.12.2017 година до барателот доставило Известување бр.19-4236/2 од 14.12.2017 година , заведенo во Здружението под бр.0302-1128/2. Во Известувањето е наведено дека „…не е побарана согласност од Советот за јавни набавки…кога станува збор за услуга не се бара согласност од Советот за јавни набавки за техничка спецификација. Во прилог на ова Известување Ви ги доставуваме и фотокопиите на бараните документи: – Записник од јавно отворање; – Извештај за спроведената постапка за доделување договор за јавна набавка; – Одлука за избор на најповолен понудувач и – Извештај од е-аукција“.
Незадоволно од добиеното Известување, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата, Здружението ЦГК наведува дека, со наведениот допис Министерството за правда не одговорило по Барањето, односно физички не ги доставило бараните документи.
Комисијата, со допис бр.08-719 од 20.12.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за правда не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, против Општина Дебар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 11 јануари 2018 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, против Општина Дебар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Дебар: Центар за средно насочено образование „Здравко Чочковски“ – Дебар.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-711 на 20.12.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, против Општина Дебар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје на 09.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-104/2 до Општина Дебар, со кое побарал преку е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Дебар: Центар за средно насочено образование „Здравко Чочковски“ – Дебар.“
Постапувајќи по Барањето, Општина Дебар до барателот доставила Одговор бр.08-779/2 од 06.12.2017 година.
Незадоволен од наведениот одговор, поради како што наведува во Жалбата “…наместо да се достават завршните сметки, доставен е поединечен износ кој не е јасно на што се однесува.”, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-711 од 20.12.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Дебар и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општината Дебар на 02.01.2018 година достави до Комисијата, Одговор на жалба со бр.08-779/4 од 27.12.2017 година, а во Комисијата заведено под бр.08-711. Со наведениот допис, Општината Дебар ја извести Комисијата дека информациите наведени во Барањето ги доставиле до ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација на 27.12.2017 година.
На 03.01.2018 година, преку е-маил ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје, ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Дебар постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, против Општина Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 11 јануари 2018 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, против Општина Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Струга: СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга и СОУ „Нико Нестор“ – Струга.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-715 на 20.12.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, против Општина Струга, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје на 09.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-109/2 до Општина Струга. Со Барањето заведено во Општината под бр.03-3801/1 од 13.11.2017 година, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје побарал по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Струга: СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга и СОУ „Нико Нестор“ – Струга.“
Постапувајќи по Барањето, Општина Струга на 14.11.2017 година со допис бр.03-3801/2 го препратила Барањето до имателите на информациите, СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга и СОУ „Нико Нестор“ – Струга.
СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, со допис бр.03-376/2 од 28.11.2017 година ги доставило бараните информации до ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје.
Незадоволен од наведениот одговор, поради како што се наведува во Жалбата “…делумен одговор на Барањето…не е добиена завршна сметка за второто училиште основано од Општина Струга и тоа СОУ „Нико Нестор“ – Струга.”, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-715 од 20.12.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Струга и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општината Струга на 22.12.2017 година достави до Комисијата, е-маил со кој ја извести дека со допис бр.03-3801/2 го препратила Барањето до имателите на информациите, СОУ Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга и СОУ „Нико Нестор“ – Струга и по остварената комуникација со имателите на информации “…бараните податоци ќе бидат препратени кај барателот на информацијата.”
На 03.01.2018 година, преку е-маил ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје, ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Струга постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.