ДОНЕСЕНИ 10 РЕШЕНИЈА И 1 ЗАКЛУЧОК

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 195-та седница одржана на 21 декември 2017 година, донесе 10 решенија и 1 заклучок.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од И.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 декември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од И.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на  Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје бр.03-3267/2 од 28.11.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Решение одлука за ставање помошник на директорот“,  СЕ ОДБИВА.

СЕ ПОТВРДУВА Заклучокот на  Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје бр.03-3267/2 од 28.11.2017 година.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-704 на 07.12.2017 година, изјавена од И.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на  Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје бр.03-3267/2 од 28.11.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ја ОДБИ како неоснована.

Заклучокот на  Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје бр.03-3267/2 од 28.11.2017 година ГО ПОТВРДИ.

По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

На 30.08.2017 година И.Ј. од Скопје поднела Барање  за пристап до информации од јавен карактер до Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје со кое побарала да и се достави следната информација:

„Решение одлука за ставање помошник на директорот“.

Постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер, Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје до барателот по е-маил доставила Известување.

Незадоволна од добиеното Известување, И.Ј. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-576 од 25.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 29.09.2017 година, Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-2655/1 од 28.09.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-576. Во Одговорот е наведено: „…Врз основа на член 16 став 1 алинеа 1 од Статутот на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, член 30 и 31 од Деловодникот за работа на Управен одбор, согласно Статутот член 39 став 1, Управниот одбор на Домот на седницата одржана на 24.09.2008 год., донесе Одлука за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места. Во Одлуката, во Листата на систематизирани работни места и бројот на нивни извршители се брише точката 2 – „помошник на директорот“. Во новиот Правилник за систематизација на работните места во ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ –  Скопје, не е предвидено работното место – „помошник на директорот“.

Во прилог на Одговорот на жалба, Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје достави фотокопии од: Известувањето бр.03-2624/1 од 26.06.2017 година од Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје насловено до И.Ј. и Одлука за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје бр. 02-3535/8 од 24.09.2008 година.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер,  на 01 ноември 2017 година, донесе Решение со кое Жалбата на И.Ј. од Скопје ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.

Пред да го донесе наведеното Решение, Комисијата утврди дека Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и и укажа на следното:

Во конкретниот случај, како што се тврди во Одговорот на жалба од Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, доколку во Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје не е предвидено работното место – „помошник на директорот“, односно не располага со бараната информација, должна е да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.

Постапувајќи по укажувањето на Комисијата, Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје донела Заклучок бр.03-3267/2 од 28.11.2017 година, со кој ја прекинала постапката по Барањето од И.Ј. од Скопје, повикувајќи се на член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Незадоволна од добиенио Заклучок, И.Ј. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата, меѓу другото, наведува: „Сметам дека Зд. Дом Скопје свесно не го почитува Законот за слободен пристап и не го доставува до мене бараниот документ со кој располага, а кој јас лично го имам видено во Април 2013г. Одговорно тврдам дека Зд. Дом Скопје има создадено таква информација, односно документ, кој постоеше во Архивата на Зд. Дом Скопје до Април 2017г. Поради тоа ја повикувам Комисијата, согласно своите надлежности, да изврши увид во Архивата на Зд. Дом Скопје, да се увери дека документот постоел, или постои…“.

Комисијата, со допис бр.08-704 од 11.12.2017 година, ја препрати Жалбата до Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 18.12.2017 година, Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.03-3480/2 од 15.12.2017 година, заведено во Комисијата под бр. 08-704. Во Произнесувањето по жалба е наведено дека „ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, Жалбата ја смета за неоснована од причина што претходно веќе со Заклучок ја прекина постапката…“.

Во прилог на Произнесувањето по жалба до Комисијата се доставени фотокопии од списите по предметот, меѓу кои и допис од Министерството за здравство бр.10-1501/1 од 30.01.2008 година, заведен во Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје под бр.04-499/1, со кој Министерството за здравство известува дека „…веднаш по влегувањето во сила на Статутот, потребно е да подготвите и донесете општ акт за организација и систематизација на работните места, во кој не треба да бидат утврдени работни места за помошници на директорот на установата“. Исто така, во прилог е доставена и фотокопија од Одлуката за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, донесена на 24.09.2008 година, во чиј член 2 стои дека „Во Листата на систематизирани места и бројот на нивните извршители во РЕ-Служба за заеднички работи, се вршат изменување и дополнување и тоа – на страна 109 во буквата А-Управа, точката 2- Пом. директор за економско-финансиски работи, се брише и се заменува со нова точка 2 која гласи: – Финансов раководител на Домот……1; – Точката 3- Пом. директор за правни работи…..1 и Точката 4- Пом. директор за организациони и стручно-медицински работи……1, се бришат“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот,  Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела правилен и врз закон заснован Заклучок, со кој ја прекинува постапката по Барањето од И.Ј. од Скопје, бидејќи не располага со бараната информација.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 декември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Битола: СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, СОУ „Таки Даскало“ – Битола, СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола, СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола и ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Битола на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-701 на 01.12.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., против Општина Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Битола на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, на 09.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-107/2 до Општина Битола, со кое побарал преку е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Битола: СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, СОУ „Таки Даскало“ – Битола, СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола, СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола и ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола“.

Постапувајќи по Барањето, Општина Битола до барателот доставила одговор насловен „Известување“ бр.41-290/4 од 22.11.2017 година. Во прилог е доставено Известување бр.41-290/2 од 13.11.2017 година од Сектор за правно-нормативни, административни и општи работи на Општина Битола, до Одделение за јавни дејности, во кое е наведено: „…Општина Битола не е создавач на информацијата која ја барате. Советот, како орган на единицата на локалната самоуправа, располага само со актите кои ги усвојува на седница, а тоа се Решенија за давање согласност на завршните сметки. Во прилог, истите Ви ги доставуваме за календарските години – 2013, 2014, 2015 и 2016. За добивање на најточен и релевантен податок, Ве упатуваме како погоре – до средните училишта“.

Незадоволен од наведениот одговор, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-701 од 04.12.2017 година ја препрати Жалбата до Општина Битола и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Општина Битола не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Битола не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило во целост бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Согласно член 89-а точка 4 од Законот за средно образование „Училишниот одбор на општинското средно училиште предлага завршна сметка до основачот, а согласно член 10 од истиот закон „Средно општинско училиште може да основа општината“.

Согласно член 36 став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа, „Советот на општината ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината“.

Видно од цитираните членови од Законот за средно образование и Законот за локална самоуправа, Општина Битола располага со бараната информација односно „Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Битола: СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола, СОУ „Таки Даскало“ – Битола, СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола, СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола и ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола“.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.М. од Кочани, поднесена  против КЈП „Водовод“ – Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 21 декември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

  1. Жалбата изјавена од А.М. од Кочани, поднесена против КЈП

„Водовод“ – Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „…увид/достава на евиденција на извршените услуги од страна на А.Д. Ветеринарна амбуланта „Тодор Велков“ – Куманово, кои што произлегуваат од договорот со КЈП Водовод од 23.12.2016 година (број на договор 11-489)“, СЕ УВАЖУВА.

  1. СЕ НАЛОЖУВА КЈП „Водовод“ – Кочани да постапи по Барањето на барателот А.М. од Кочани, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  2. Имателот на информации, КЈП „Водовод“ – Кочани, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-707 од 15.12.2017 година, изјавена од А.М. од Кочани, поднесена  против КЈП „Водовод“ – Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-707 на 15.12.2017 година, А.М. од Кочани на 22.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до КЈП „Водовод“ – Кочани, заведено во Претпријатието под бр.03-17, со кое ја побарал следната информација:

„…увид/достава на евиденција на извршените услуги од страна на А.Д. Ветеринарна амбуланта „Тодор Велков“ – Куманово, кои што произлегуваат од договорот со КЈП Водовод од 23.12.2016 година (број на договор 11-489)“.

Постапувајќи по Барањето, КЈП „Водовод“ – Кочани до барателот доставило Одговор бр.03-17/1 од 23.11.2017 година.

Сметајќи дека информација што ја добил во Одговорот од КЈП „Водовод“ – Кочани не е информацијата што ја навел во неговото Барање од 22.11.2017 година, А.М. од Кочани постапил согласно член 24 став 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и, на 24.11.2017 година, до КЈП „Водовод“ – Кочани поднел повторно Барање за пристап до информации.

КЈП „Водовод“ – Кочани не постапило по повторното Барање во законски предвидениот рок од 10 дена, по што А.М. од Кочани благовремено достави Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека КЈП „Водовод“ – Кочани не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донело управен акт согласно горенаведениот Закон.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Ј. од село Ботун, поднесена против Општина Дебрца, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 21 декември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

  1. Жалбата изјавена од С.Ј. од село Ботун, поднесена против Општина Дебрца, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „… со што се бави Здружението на граѓани од с.Велмеј „Мави вест“ и колку парични средства му се префрлени од страна на Општина Дебрца и во колку наврати“, СЕ УВАЖУВА.
  2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Дебрца да постапи по Барањето на барателот С.Ј. од село Ботун, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  3. Имателот на информации, Општина Дебрца, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-721 од 20.12.2017 година, изјавена од С.Ј. од село Ботун, поднесена против Општина Дебрца, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-721 на 20.12.2017 година, С.Ј. од село Ботун на 03.10.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Дебрца, со кое ја побарал следната информација:

„… со што се бави Здружението на граѓани од с.Велмеј „Мави вест“ и колку парични средства му се префрлени од страна на Општина Дебрца и во колку наврати“.

Општина Дебрца, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Дебрца не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 21 декември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

  1. Жалбата изјавена од од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација

Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Струмица: СOУ „Јане Сандански“ – Струмица, СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица и СОУ „Никола Карев“ – Струмица“, СЕ УВАЖУВА.

  1. СЕ НАЛОЖУВА Општина Струмица да постапи по Барањето на барателот ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  2. Имателот на информации, Општина Струмица, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-717 од 20.12.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-717 на 20.12.2017 година, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје на 09.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-90/2 до Општина Струмица, со кое побарал преку е-маил да му биде доставен електронски запис од следната информација:

„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Струмица: СOУ „Јане Сандански“ – Струмица, СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица и СОУ „Никола Карев“ – Струмица“.

Општина Струмица, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Струмица не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена  против Фондот за здравствено осигурување на Македонија-Подрачна служба Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 21 декември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

1.Жалбата изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена  против Фондот за здравствено осигурување на Македонија-Подрачна служба Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

“Колку постапки  пред надлежните органи: извршители, нотари, судови се поведени од страна на насловот за наплата на придонес за здравствено осигурување за 2004 г, 2005 г,2006 г. и 2007 г. против правни лица од подрачјето на Локалната самоуправа Општина Кавадарци, кои не го платиле овој придонес“, СЕ УВАЖУВА.

  1. СЕ НАЛОЖУВА Фондот за здравствено осигурување на Македонија-Подрачна служба Кавадарци да постапи по Барањето на барателот М.М. од Кавадарци, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  2. Имателот на информации, Фондот за здравствено осигурување на Македонија-Подрачна служба Кавадарци, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-706 од 13.12.2017 година, изјавена од М.М. од Кавадарци, поднесена  против Фондот за здравствено осигурување на Македонија-Подрачна служба Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-706 на 13.12.2017 година, М.М. од Кавадарци на 06.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за здравствено осигурување на Македонија-Подрачна служба Кавадарци, заведено во Подрачната служба под бр.18.1375.1, со кое ја побарал следната информација:

“Колку постапки  пред надлежните органи: извршители, нотари, судови се поведени од страна на насловот за наплата на придонес за здравствено осигурување за 2004 г, 2005 г, 2006 б г. и 2007 г. против правни лица од подрачјето на Локалната самоуправа Општина Кавадарци, кои не го платиле овој придонес.“

Фондот за здравствено осигурување на Македонија-Подрачна служба Кавадарци, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Фондот за здравствено осигурување на Македонија-Подрачна служба Кавадарци, не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донело управен акт согласно горенаведениот Закон.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 21 декември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

  1. Жалбата изјавена од од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Прилеп: СОУ ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ – ПРИЛЕП, СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП, СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ – ПРИЛЕП, СОЕПТУ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ“ – ПРИЛЕП и СОУ „РИСТЕ РИСТЕСКИ – РИЧКО“ – ПРИЛЕП“, СЕ УВАЖУВА.

  1. СЕ НАЛОЖУВА Општина Прилеп да постапи по Барањето на барателот ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  2. Имателот на информации, Општина Прилеп е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-714 од 20.12.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-714 на 20.12.2017 година, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје на 09.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-114/2 до Општина Прилеп, со кое побарал преку е-маил да му биде доставен електронски запис од следната информација:

„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Прилеп: СОУ ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ – ПРИЛЕП, СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ – ПРИЛЕП, СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ – ПРИЛЕП, СОЕПТУ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ“ – ПРИЛЕП и СОУ „РИСТЕ РИСТЕСКИ – РИЧКО“ – ПРИЛЕП“.

Општина Прилеп, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Прилеп не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Врапчиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 21 декември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

  1. Жалбата изјавена од од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Врапчиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Врапчиште: СОУ „НЕГОТИНО“ – ВРАПЧИШТЕ“, СЕ УВАЖУВА.

  1. СЕ НАЛОЖУВА Општина Врапчиште да постапи по Барањето на барателот ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  2. Имателот на информации, Општина Врапчиште е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-716 од 20.12.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Врапчиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-716 на 20.12.2017 година, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје на 09.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-96/2 до Општина Врапчиште, со кое побарал преку е-маил да му биде доставен електронски запис од следната информација:

„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Врапчиште: СОУ „НЕГОТИНО“ – ВРАПЧИШТЕ“.

Општина Врапчиште, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Врапчиште не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 21 декември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

  1. Жалбата изјавена од од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Кратово: СОУ „МИТКО ПЕНЏУКЛИСКИ“ – КРАТОВО“, СЕ УВАЖУВА.

  1. СЕ НАЛОЖУВА Општина Кратово да постапи по Барањето на барателот ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  2. Имателот на информации, Општина Кратово, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-712 од 20.12.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-712 на 20.12.2017 година, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје на 09.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-123/2 до Општина Кратово, со кое побарал преку е-маил да му биде доставен електронски запис од следната информација:

„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Кратово: СОУ „МИТКО ПЕНЏУКЛИСКИ“ – КРАТОВО“.

Општина Кратово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Кратово не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Дирекцијата за заштита на личните податоци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 21 декември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

  1. Жалбата изјавена од од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Дирекцијата за заштита на личните податоци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Копија од одлуката, Решението, кое е заведено во архивата на Дирекцијата за заштита на личните податоци под број уп1 бр.10-37 од 21.03.2017 година, заедно со записникот, повратницата, и останата документација од истиот предмет“, СЕ УВАЖУВА.

  1. СЕ НАЛОЖУВА Дирекцијата за заштита на личните податоци да постапи по Барањето на барателот Д.Ј. од Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  2. Имателот на информации, Дирекцијата за заштита на личните податоци е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-718 од 20.12.2017 година, изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Дирекцијата за заштита на личните податоци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-718 на 20.12.2017 година, Д.Ј. од Скопје на 03.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Дирекцијата за заштита на личните податоци, примено во Дирекцијата на 09.11.2017 година, со кое побарал по пошта да му биде доставена следната информација:

„Копија од одлуката, Решението, кое е заведено во архивата на Дирекцијата за заштита на личните податоци под број уп1 бр.10-37 од 21.03.2017 година, заедно со записникот, повратницата, и останата документација од истиот предмет“.

Дирекцијата за заштита на личните податоци, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Дирекцијата за заштита на личните податоци не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Н. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука-Биро за развој на образованието, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 декември 2017 година, го донесе следниот

 

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

                                                                                                    

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од В.Н. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука-Биро за развој на образованието, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Барам, Бирото да ми достави примерок од план и програма, изработени согласно Законот за средно образование, за работа во училишна библиотека, со кои се определува соодветноста на профилот за стручен соработник – библиотекар“, поради тоа што на барателот му е одговорено на Барањето.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-690 на 10.11.2017 година, изјавена од В.Н. од Скопје, поднесена против Министерството за образование и наука-Биро за развој на образованието, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, В.Н. од Скопје поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за образование и наука – Биро за развој на образованието, заведено во Бирото на 31.10.2017 година, со кое побарал по пошта да му се достави фотокопија од следните информации:

„Барам, Бирото да ми достави примерок од план и програма, изработени согласно Законот за средно образование, за работа во училишна библиотека, со кои се определува соодветноста на профилот за стручен соработник – библиотекар“.

Постапувајќи по Барањето, Министерството за образование и наука – Биро за развој на образованието, до барателот доставило Одговор на барање за слободен пристап до информации заведен под бр.03-1801/2 од 03.11.2017 година. Во Одговорот е наведено: „…Ве информираме дека работата на стручните соработници во основните и средните училишта, освен што е регулирана со Законите за основно и средно образование, потесно е регулирана со Нормативи. Нормативот за стручните соработници за средното образование, во рамките на кој е опфатен и стручниот соработник библиотекар, утврден е од страна на Министерот за образование со број 12-7610/1 од 06.04.2015 година и истиот може да се најде и на интернет страницата на Бирото за развој на образованието www.bro.gov.mk во рамките на линкот Документи“. Во прилог до барателот доставена е фотокопија од наведениот норматив.

Незадоволен од добиениот Одговор, В.Н. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-690 од 14.11.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за образование и наука – Биро за развој на образованието и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 21.11.2017 година, Министерство за образование и наука – Биро за развој на образованието до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.03-1801/7 од 20.11.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-690. Во Произнесувањето е наведено: „…Имателот – Бирото за развој на образованието не располага ниту создал таква информација наведена во барањето на барателот В.Н. од Скопје…Имено, во однос на бараната информација, а која се однесува на документ со кој се регулира соодветноста на профилот за стручен соработник – библиотекар, Бирото за развој на образованието посочува дека соодветноста на профилот не се определува со план и програма и никогаш не се определувала на таков начин. Профилот за стручните соработници и за наставниците во средното, но и во основното образование, секогаш се определувал со нормативи за стручни соработници и за наставниот кадар…“.

Во прилог на Произнесувањето по жалба, Министерството за образование и наука – Биро за развој на образованието достави Заклучок бр.03-1801/4 од 20.11.2017 година со кој ја прекинува постапката по Барањето на барателот В.Н. од Скопје, со образложение дека: „Бирото за развој на образованието не располага ниту создал таква информација наведена во барањето на барателот В.Н. од Скопје“.

На 05.12.2017 година, преку е-маил Министерството за образование и наука – Биро за развој на образованието до Комисијата достави скенирана повратница со потпис на примачот на 29.11.2017 година.

На 15.12.2017 година, В.Н. во Комисијата достави Изјава со која ја извести Комисијата дека „постапката по поднесената жалба од 10.11.2017 бр.08-690 на одговорот бр.03-1801/2 од 3.11.2017 од Министерството за образование и наука – Биро за развој на образованието може да биде запрена“.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за образование и наука – Биро за развој на образованието постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.