ДОНЕСЕНИ 3 РЕШЕНИЈА И 1 ЗАКЛУЧОК
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на 194-та седница одржана на 13 декември 2017 година, донесе 3 решенија и 1 заклучок.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Д. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 13 декември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.Д. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Со оглед на тоа што се пишуваат мандатни казни и кога има доплата само ДДВ (800 денари) Ве молам за информација дали ДДВ-то е увозна давачка, бидејќи според казнените одредби прекршок е само доколку постоел ризик од избегнување на увозни давачки, а тоа би предизвикало некаква корист царинска погодност, корист која не му припаѓа на прекршителот.
Царина наплаќа ДДВ (односно е давачка што се плаќа при увоз) според пропис кој ја регулира таа давачка (односно според Законот за ДДВ) и истите давачки во рок од неколку дена ги уплаќа на сметка на УЈП. Знаеме и дека кога има повеќе платено давачки, а треба да се вратат доколку се уважи барање Царина враќа давачки што се уплатени по основ на царина, прелевман, акциза, но повеќе уплатеното ДДВ увозниците треба да си го пребиваат со УЈП по основ на решение од Царина.
Оттука, ако ДДВ-то е увозна давачка, како што е досега толкувањето на Царинскиот орган и поради што се пишуваат мандатни казни, зошто истиот и не враќа давачки по основ на ДДВ. Ако е царински прекршок – увозни давачки што се платени помалку по основ на ДДВ, по истиот основ давачките што се платени повеќе треба и да ги враќа на увозниците, а не да носи решенија по кои вели дека е надлежен даночниот орган“, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена под бр.08-699 на 01.12.2017 година, изјавена од С.Д. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.Д. од Скопје на 27.10.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија, со кое побарала по пошта, или преку е-маил, да и се достави фотокопија од следната информација:
„Со оглед на тоа што се пишуваат мандатни казни и кога има доплата само ДДВ (800 денари) Ве молам за информација дали ДДВ-то е увозна давачка, бидејќи според казнените одредби прекршок е само доколку постоел ризик од избегнување на увозни давачки, а тоа би предизвикало некаква корист царинска погодност, корист која не му припаѓа на прекршителот.
Царина наплаќа ДДВ (односно е давачка што се плаќа при увоз) според пропис кој ја регулира таа давачка (односно според Законот за ДДВ) и истите давачки во рок од неколку дена ги уплаќа на сметка на УЈП. Знаеме и дека кога има повеќе платено давачки, а треба да се вратат доколку се уважи барање Царина враќа давачки што се уплатени по основ на царина, прелевман, акциза, но повеќе уплатеното ДДВ увозниците треба да си го пребиваат со УЈП по основ на решение од Царина.
Оттука, ако ДДВ-то е увозна давачка, како што е досега толкувањето на Царинскиот орган и поради што се пишуваат мандатни казни, зошто истиот и не враќа давачки по основ на ДДВ. Ако е царински прекршок – увозни давачки што се платени помалку по основ на ДДВ, по истиот основ давачките што се платени повеќе треба и да ги враќа на увозниците, а не да носи решенија по кои вели дека е надлежен даночниот орган“.
Постапувајќи по Барањето, Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија до барателот доставило Одговор бр.02-070392/17-0002 од 23.11.2017 година. Во Одговорот е наведено дека „…Царинската управа наплатата на ДДВ ја врши согласно со Закон за данокот на додадена вредност и Законот за Царинска управа. Односно, во член 4 од Царинскиот закон е дадена дефиниција што се увозни давачки, во член 9 е надлежноста за наплата на увозни давачки и други даноци и давачки при увоз, додека пак враќањето на увозни давачки е регулирано со членовите од 249 до 256 од царинскиот закон. Во продолжение се линковите од законите…“.
Незадоволна од наведениот одговор, С.Д. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-699 од 01.12.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 11.12.2017 година, Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.02-082749/17-0002 од 07.12.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-699. Во Произнесувањето по жалба е наведено дека „…останува во целост на фактите изнесени во оспорениот Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер број 02-070392/17-0002 од 23.11.2017 година“…Со цел полесен пристап до информациите, на барателот му беа посочени и линкови од наведените закони…“.
На 13.12.2017 година, Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија до Комисијата, преку е-маил, достави дополнување на Произнесувањето по жалба бр.08-699, во кое прецизира дека „Во член 15 од ЗДДВ е предвидено што се смета за увоз на добра, во член 16, 17 регулира што влегува во даночна основа, во член 21 е регулирано даночна основа за увоз на добра, член 27, 27-а, 27-б, 27-в се регулира даночни ослободувања, во член 28 се наведени даночни стапки, 29 – општа и 30 – повластена стапка и член 31 – настанување на даночен долг. Во член 4 (Царински закон) е дадена дефиниција на увозни давачки, во член 9 надлежност за наплата на други увозни давачки и даноци“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниот случај, на барателот му е одговорено на неговото Барање за пристап до информации од јавен карактер од 27.10.2017 година.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Д. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 13 декември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.Д. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Со оглед на тоа што се пишуваат мандатни казни и кога има доплата само ДДВ (800 денари) Ве молам за информација дали ДДВ-то е увозна давачка согласно чл.4 точка 14 од Царинскиот Закон, бидејќи според казнените одредби на Царинскиот Закон, прекршок е само ако се избегнати увозни давачки или се платени во помал износ кој не треба да биде повеќе од 10 еур или 600 денари“, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена под бр.08-698 на 30.11.2017 година, изјавена од С.Д. од Скопје, поднесена против Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.Д. од Скопје на 13.11.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија, со кое побарала преку е-маил да и се достави фотокопија или електронски запис од следната информација:
„Со оглед на тоа што се пишуваат мандатни казни и кога има доплата само ДДВ (800 денари) Ве молам за информација дали ДДВ-то е увозна давачка согласно чл.4 точка 14 од Царинскиот Закон, бидејќи според казнените одредби на Царинскиот Закон, прекршок е само ако се избегнати увозни давачки или се платени во помал износ кој не треба да биде повеќе од 10 еур или 600 денари“.
Постапувајќи по Барањето, Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија до барателот доставила Одговор по Барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.02-075804/17-0002 од 23.11.2017 година. Во Одговорот е наведено дека „…Царинската управа наплатата на ДДВ ја врши согласно со Закон за данокот на додадена вредност и Законот за Царинска управа. Односно, во член 4 од Царинскиот закон е дел од увозни давачки и други даноци и давачки при увоз. Во продолжение се линкови до Законите…“.
Незадоволна од наведениот одговор, С.Д. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-698 од 01.12.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 11.12.2017 година, Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.02-082750/17-0002 од 07.12.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-698. Во Произнесувањето по жалба е наведено дека „…останува во целост како во Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер број 02-075804/17-0002 од 24.11.2017 година“…Со цел полесен пристап до информациите, на барателот му беа посочени и линкови од наведените закони…“.
На 13.12.2017 година, Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија до Комисијата, преку е-маил, достави дополнување на Произнесувањето по жалба бр.08-698, во кое прецизира дека „Во член 15 од ЗДДВ е предвидено што се смета за увоз на добра, во член 16, 17 регулира што влегува во даночна основа, во член 21 е регулирано даночна основа за увоз на добра, член 27, 27-а, 27-б, 27-в се регулира даночни ослободувања, во член 28 се наведени даночни стапки, 29 – општа и 30 – повластена стапка и член 31 – настанување на даночен долг. Во член 4 (Царински закон) е дадена дефиниција на увозни давачки, во член 9 надлежност за наплата на други увозни давачки и даноци“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерство за финансии-Царинска управа на Република Македонија постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниот случај, на барателот му е одговорено „…дали ДДВ-то е увозна давачка…“ согласно чл.4 од Царинскиот закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 декември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Завршните сметки за 2013,2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Куманово: СОУ ГИМНАЗИЈА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – КУМАНОВО, СОУ ГИМНАЗИЈА „САМИ ФРАШЕРИ“ – КУМАНОВО, ОСТУ „НАЦЕ БУЃОНИ“ – КУМАНОВО, ССОУ „КИРО БУРНАЗ“ – КУМАНОВО и СОУ „ПЕРО НАКОВ“ – КУМАНОВО“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Куманово на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-693 на 21.11.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Куманово на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, на 09.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-120/2 до Општина Куманово, со кое побарал преку е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„Завршните сметки за 2013,2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Куманово: СОУ ГИМНАЗИЈА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – КУМАНОВО, СОУ ГИМНАЗИЈА „САМИ ФРАШЕРИ“ – КУМАНОВО, ОСТУ „НАЦЕ БУЃОНИ“ – КУМАНОВО, ССОУ „КИРО БУРНАЗ“ – КУМАНОВО и СОУ „ПЕРО НАКОВ“ – КУМАНОВО“.
Постапувајќи по Барањето, Општина Куманово до барателот доставила Одговор на барање бр.30-7622/2 од 14.11.2017 година. Во Одговорот е наведено: „…Ве известуваме завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година да ги барате директно од средните училишта СОУ ГИМНАЗИЈА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – КУМАНОВО, СОУ ГИМНАЗИЈА „САМИ ФРАШЕРИ“ – КУМАНОВО, ОСТУ „НАЦЕ БУЃОНИ“ – КУМАНОВО, ССОУ „КИРО БУРНАЗ“ – КУМАНОВО и СОУ „ПЕРО НАКОВ“ – КУМАНОВО“.
Незадоволен од наведениот одговор, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-693 од 22.11.2017 година ја препрати Жалбата до Општина Куманово и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Куманово не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Куманово не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило во целост бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Согласно член 89-а точка 4 од Законот за средно образование „Училишниот одбор на општинското средно училиште предлага завршна сметка до основачот, а согласно член 10 од истиот закон „Средно општинско училиште може да основа општината“.
Согласно член 36 став 1 точка 9 од Законот за локална самоуправа, „Советот на општината ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината“.
Видно од цитираните членови од Законот за средно образование и Законот за локална самоуправа, Општина Куманово располага со бараната информација односно „Завршните сметки за 2013,2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Куманово: СОУ ГИМНАЗИЈА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – КУМАНОВО, СОУ ГИМНАЗИЈА „САМИ ФРАШЕРИ“ – КУМАНОВО, ОСТУ „НАЦЕ БУЃОНИ“ – КУМАНОВО, ССОУ „КИРО БУРНАЗ“ – КУМАНОВО и СОУ „ПЕРО НАКОВ“ – КУМАНОВО“.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 13 декември 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Тетово: СОУ гимназија “Кирил Пејчиновиќ”-Тетово, СОМУ “Никола Штејн”-Тетово, СОЕУ “8 Септември”-Тетово, СОСУ “Моша Пијаде”-Тетово и СОТУ “Гоце Стојчески”-Тетово.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-700 на 01.12.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје на 09.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-92/2 до Општина Тетово, заведено во Општината под бр.03-10330/1 на 10.11.2017 година, со кое побарал преку е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Тетово: СОУ гимназија “Кирил Пејчиновиќ”-Тетово, СОМУ “Никола Штејн”-Тетово, СОЕУ “8 Септември”-Тетово, СОСУ “Моша Пијаде”-Тетово и СОТУ “Гоце Стојчески”-Тетово.“
Постапувајќи по Барањето, Општина Тетово до барателот доставила Одговор бр.03-10330/4 од 23.11.2017 година.
Незадоволен од наведениот одговор, поради како што наведува во Жалбата “…делумен одговор на Барањето.”, односно недоставувањето на завршните сметки, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје, преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-700 од 04.12.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Тетово и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 07.12.2017 година, преку е-маил ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација-Скопје, ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата, поради тоа што Општината Тетово ги доставила бараните дополнителни податоци.
Општината Тетово на 11.12.2017 година достави до Комисијата, Известување со бр.03-10330/6 од 07.12.2017 година, а во Комисијата заведено под бр.08-700. Со наведениот допис, Општината Тетово ја извести Комисијата дека доставила одговор на барањето до Институтот, по пошта и по е-маил.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Тетово постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.