ДОНЕСЕНИ 1 РЕШЕНИЕ И 1 ЗАКЛУЧОК

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 193-та седница одржана на 05 декември 2017 година, донесе 1 решение и 1 заклучок.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Т. од с.Фурка – Дојран, поднесена  против Адвокатската комора на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 05 декември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од П.Т. од с.Фурка – Дојран, поднесена против Адвокатската комора на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Листа на сите акти на Адвокатската комора на РМ;

2.Актот во кој е регулирано полагањето на адвокатскиот испит;

3.Вкупен број на адвокати кои се впишани во именикот на адвокати за 2014, 2015, 2016 и 2017 година (до моментот на примањето на ова Барање) за секоја година поединечно;

  1. Вкупен број на адвокати кои се избришани во именикот на адвокати за 2014, 2015, 2016 и 2017 година (до моментот на примањето на ова Барање) за секоја година поединечно;
  2. Вкупен број на адвокати запишани во именикот на адвокати во моментот на примањето на ова Барање;
  3. Вкупен број на адвокати приправници кои се впишани во именикот на адвокатски приправници за 2014, 2015, 2016 и 2017 година (до моментот на примањето на ова Барање) за секоја година поединечно;
  4. Вкупен број на адвокатски приправници запишани во именикот на адвокатски приправници во моментот на примањето на ова Барање;
  5. Вкупен број на стручни соработници кои се впишани во именикот на стручни соработници за 2014, 2015, 2016 и 2017 година (до моментот на примањето на ова Барање) за секоја година поединечно;
  6. Вкупен број на стручни соработници запишани во именикот на стручни соработници во моментот на примањето на ова Барање;

10.Вкупен број на решенија/одлуки со кои е утврдена одговорност за повреда на адвокатската должност и угледот на адвокатурата за 2014, 2015, 2016 и 2017 година (до моментот на примањето на ова Барање) за секоја година поединечно и за секој основ поединечно;

  1. Вкупен број на решенија/одлуки за привремена забрана за вршење на адвокатска дејност за 2014, 2015, 2016 и 2017 година (до моментот на примањето на ова Барање) за секоја година поединечно и за секој основ поединечно“, СЕ УВАЖУВА.
    2.
    СЕ НАЛОЖУВА Адвокатската комора на Република Македонија да постапи по Барањето на барателот П.T. од с.Фурка, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
    3. Имателот на информации, Адвокатската комора на Република Македонија, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-697 од 29.11.2017 година, изјавена од П.Т. од с.Фурка – Дојран, поднесена против Адвокатската комора на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, П.Т. од с.Фурка – Дојран на 24.10.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Адвокатската комора на Република Македонија, со кое побарал по е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„1. Листа на сите акти на Адвокатската комора на РМ;

2.Актот во кој е регулирано полагањето на адвокатскиот испит;

3.Вкупен број на адвокати кои се впишани во именикот на адвокати за 2014, 2015, 2016 и 2017 година (до моментот на примањето на ова Барање) за секоја година поединечно;

  1. Вкупен број на адвокати кои се избришани во именикот на адвокати за 2014, 2015, 2016 и 2017 година (до моментот на примањето на ова Барање) за секоја година поединечно;
  2. Вкупен број на адвокати запишани во именикот на адвокати во моментот на примањето на ова Барање;
  3. Вкупен број на адвокати приправници кои се впишани во именикот на адвокатски приправници за 2014, 2015, 2016 и 2017 година (до моментот на примањето на ова Барање) за секоја година поединечно;
  4. Вкупен број на адвокатски приправници запишани во именикот на адвокатски приправници во моментот на примањето на ова Барање;
  5. Вкупен број на стручни соработници кои се впишани во именикот на стручни соработници за 2014, 2015, 2016 и 2017 година (до моментот на примањето на ова Барање) за секоја година поединечно;
  6. Вкупен број на стручни соработници запишани во именикот на стручни соработници во моментот на примањето на ова Барање;

10.Вкупен број на решенија/одлуки со кои е утврдена одговорност за повреда на адвокатската должност и угледот на адвокатурата за 2014, 2015, 2016 и 2017 година (до моментот на примањето на ова Барање) за секоја година поединечно и за секој основ поединечно;

  1. Вкупен број на решенија/одлуки за привремена забрана за вршење на адвокатска дејност за 2014, 2015, 2016 и 2017 година (до моментот на примањето на ова Барање) за секоја година поединечно и за секој основ поединечно“.

Адвокатската комора на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Адвокатската комора на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, против Општина Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 05 декември 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К   

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, против Општина Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Кочани: СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-694 на 21.11.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, против Општина Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје на 10.11.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-124/2 до Општина Кочани, заведено во Општината под бр.32-1983/1, со кое побарал преку е-маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„Завршните сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 година на следните општински средни училишта во Општина Кочани: СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани“.

Постапувајќи по Барањето, Општина Кочани до барателот доставила одговор насловен „Достава на информација“ бр.32-1983/2 од 13.11.2017 година.

Незадоволен од наведениот одговор, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот, поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-694 од 22.11.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Кочани и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 29.11.2017 година, Општина Кочани до Комисијата достави Известување бр.32-1983/4 од 27.11.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-694. Во Известувањето е наведено: „…Ве известуваме дека бараната информација е доставена во форма и на начин на кој е побарана…Поради интерни недоразбирања првично и беше доставено Известување бр.32-1983/2 од 13.11.2017 година…им беше укажано бараната информација да ја достават до СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани…“.

На 30.11.2017 година, преку е-маил ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Кочани постапила по Барањето. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.