ДОНЕСЕНИ 4 РЕШЕНИЈА

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 191-та седница одржана на 21 ноември 2017 година, донесе 4 решенија.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.П. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од А.П. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молам да ми испратите фотокопии од изводи службени кредитни картички на вработените во вашето Министерство за периодот од 2011 до 2017“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-673 на 27.10.2017 година, изјавена од А.П. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, А.П. од Скопје, на 22.08.2017 година, поднела усно Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, со кое ја побарала следната информација:

„Ве молам да ми испратите фотокопии од изводи службени кредитни картички на вработените во вашето Министерство за периодот од 2011 до 2017“.

Министерството за здравство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-673 од 30.10.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за здравство не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Фактурите и останатите документи со кои се книжени промените на контото репрезентација од 2011 до 2016 година.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барателот да му ги достави во целост бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-677 на 02.11.2017 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барателот да му ги достави во целост бараните информации, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. од Кочани, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заведено под бр.02-6571/1 на 04.09.2017 година, со кое побарал да му се достават информациите:

„Фактурите и останатите документи со кои се книжени промените на контото репрезентација од 2011 до 2016 година.“

Постапувајќи по Барањето, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до барателот доставило Одговор на барање заведен под бр.02-6571/6 од 17.10.2017 година. Во Одговорот на барање, Министерството наведува дека:”…според произнесувањето на Секторот за финансиски прашања Одделение за сметководство и плаќања бр.05-6571/5 од 16.10.2017 година, по однос на предметното барање, Ве известува дека поради обемноста на бараните податоци не сме во техничка и финансиска можност да ви доставиме копии од фактурите. Одделението за сметководство и плаќања кое е во состав на Секторот за финансиски прашања се произнесе дека располага со податоците од 2014 година наваму, па од тие причини во прилог Ви се доставува Промет на аналитички конта без партнери за сметка 426210 (Расходи за репрезентација) за следните години: 2014, 2015, 2016 и 2017 година.”

Незадоволен од добиениот Одговор, Г.Л. од Кочани поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-677 од 03.11.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило во целост бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Во врска со наводите на Министерството во Одговорот на барање, дека поради обемноста на бараните податоци не е во техничка и финансиска можност да ги достави истите, Комисијата укажува на следното. Наведеното образложение не го оправдува не доставувањето на бараните информации, од причина што таквите околности, недостаток на технички и финансиски можности, не се предвидени во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер како основа за непосредување со бараните информации.

Во член 29 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, е предвидена можност за плаќање на надоместок за покривање на трошоци за добивање на бараната информација, а во согласност со Одлуката за утврдување на надоместок за материјалните трошоци за дадената информација од имателите на информации на Владата  на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/06). Доколку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нема финанскиска можност да ги достави бараните информации било должно да постапи согласно наведената законска одредба и Одлука, и да побара од Г.Л. однапред да го плати надоместокот за покривање на трошоците за добивање на информациите.

Исто така, Комисијата укажува дека постапката по Барање за пристап до информации од јавен карактер е уредена со член 20 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој гласи: “ (1) Ако имателот на информации позитивно одговори на барањето, за тоа ќе изготви записник. (2) Ако имателот на информацијата барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение. (3) Во случаите од ставот (2) на овој член, решението треба да содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено. (4) Ако имателот на информацијата во рокот утврден во членот 21 на овој закон не му овозможи на барателот пристап до информацијата и ако не донесе и не му достави на барателот решение од ставот (2) на овој член, се смета дека барањето е одбиено по што може да се поднесе жалба.”

Врз основа на наведеното, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, наместо да го известува барателот дека не е во техничка или финансиска можност да ги достави во целост бараните информации, бил должен да постапи согласно горенаведените одредби од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од адвокат М.М. од Кавадарци, поднесена против Водостопанство на Република Македонија АД Скопје – Подружница „Тиквеш“ Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 21 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

  1. Жалбата изјавена од адвокат М.М. од Кавадарци, поднесена против Водостопанство на Република Македонија АД Скопје – Подружница „Тиквеш“ Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали на ден 20.07.2016 г. со архивски број 09-726 е заведен писмен поднесок кај насловот од лицето И.Ш. од с.Ваташа“, СЕ УВАЖУВА.

  1. СЕ НАЛОЖУВА Водостопанство на Република Македонија АД Скопје – Подружница „Тиквеш“ Кавадарци да постапи по Барањето на барателот адвокат М.М. од Кавадарци, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  2. Имателот на информации, Водостопанство на Република Македонија АД Скопје – Подружница „Тиквеш“ Кавадарци е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-691 од 17.11.2017 година, изјавена од адвокат М.М. од Кавадарци, поднесена против Водостопанство на Република Македонија АД Скопје – Подружница „Тиквеш“ Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, адвокат М.М. од Кавадарци, на ден 12.10.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.1302-735/2 до Водостопанство на Република Македонија АД Скопје – Подружница „Тиквеш“ Кавадарци, со кое побарал по пошта да му се достави препис од следната информација:

„Дали на ден 20.07.2016 г. со архивски број 09-726 е заведен писмен поднесок кај насловот од лицето И.Ш. од с.Ваташа“.

Водостопанство на Република Македонија АД Скопје – Подружница „Тиквеш“ Кавадарци, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Водостопанство на Република Македонија АД Скопје – Подружница „Тиквеш“ Кавадарци не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП „Стрежево“ Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП „Стрежево“ Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Возила број 26/2017 да ни ги доставите:

  • Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ, или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,
  • Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка,
  • Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката и
  • Извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈП „Стрежево“ Битола на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-675 на 31.10.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈП „Стрежево“ Битола, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ЈП „Стрежево“ Битола на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје на 26.09.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1069/1 до ЈП „Стрежево“ Битола, со кое побарало, пo пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:

„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Возила број 26/2017 да ни ги доставите:

  • Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ, или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,
  • Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка,
  • Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката и
  • Извештај од спроведената е-аукција“.

Постапувајќи по Барањето, ЈП „Стрежево“ Битола, како што е наведено во Жалбата, на 26.10.2017 година до барателот доставило Одговор на барање заведен под бр.03-141/10, примен во Здружението на 30.10.2017 година, заведен под бр.0302-1069/2.

Незадоволно од добиениот Одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-675 од 03.11.2017 година ја препрати Жалбата до ЈП „Стрежево“ Битола и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 15.11.2017 година, ЈП „Стрежево“ Битола до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-141/12 од 14.11.2017 година. Во Одговорот, ЈП „Стрежево“ Битола наведува: „…Службеното лице одговорно за посредување со информации од јавен карактер изготви одговор на барањето со број 03-141/10 од 26.10.2017 година. Во одговорот е детално одговорено на бараните информации, но не се испратени фотокопии од бараните документи. Согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер член 10 став 1 алинеја 5: имателот на информации е должен да ја информира јавноста за сите повици во постапката за јавните набавки и тендерската документација утврдени со Закон. Законот за јавни набавки член 142 став 8: економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка. Имајќи ги во предвид двата закони и после направената консултација со Бирото за јавни набавки, констатиравме дека документацијата од спроведените постапки за јавни набавки не е достапна за јавноста. Исклучиво право на увид имаат лицата кои ќе достават барање за увид до одговорното лице…“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈП „Стрежево“ Битола не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.

Во исто време, Комисијата констатира дека бараните информации претставуваат информации од јавен карактер, наведени во член 10 став 1 алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кои имателот на информација е должен да ги посредува до барателот на информации на начин и во форма наведени во Барањето.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.