ДОНЕСЕНИ 20 РЕШЕНИЈА И 9 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 190-та седница одржана на 15 ноември 2017 година, донесе 20 решенија и 9 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Василево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Василево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Ве молиме за постапката за јавна набавка на Изградба на повеќенаменско игралиште во с. Доброшинци број 05/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Василево да постапи по Барањето на барателот Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Општина Василево, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-682 од 08.11.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Василево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, на 05.07.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-934/1 до Општина Василево, со кое побарало по е-маил и по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Изградба на повеќенаменско игралиште во с. Доброшинци број 05/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“.
Општина Василево, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Василево не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈПКД „Брегалница“ Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈПКД „Брегалница“ Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Ве молиме за постапката за јавна набавка на водоводни материјали број 0507-16/15/2016 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА ЈПКД „Брегалница“ Делчево да постапи по Барањето на барателот Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, ЈПКД „Брегалница“ Делчево, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-679 од 08.11.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈПКД „Брегалница“ Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, на 05.07.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-939/1 до ЈПКД „Брегалница“ Делчево, со кое побарало по е-маил и по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на водоводни материјали број 0507-16/15/2016 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“.
ЈПКД „Брегалница“ Делчево, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈПКД „Брегалница“ Делчево не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донело управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Теарце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Теарце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Ве молиме за постапката за јавна набавка на Бетонски префабрикувани плочки број 3-2/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Теарце да постапи по Барањето на барателот Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Општина Теарце, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-685 од 09.11.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Теарце, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, на 26.09.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1049/1 до Општина Теарце, со кое побарало по е-маил и по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Бетонски префабрикувани плочки број 3-2/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“.
Општина Теарце, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Теарце не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Желино, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е

1. Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник Сабина Факиќ, вработена во ЦГК, против Општина Желино, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Ве молиме за постапката за јавна набавка на Изградба на локален патен правец Желино 1 (од основно училиште „Луиѓ Гуракуќи“ до раскрсница на горен дел од село кај место викано „кај Матранчите“-Крак 2) број 09/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Желино да постапи по Барањето на барателот Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Општина Желино, е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-688 од 09.11.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Желино, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, на 26.09.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1039/1 до Општина Желино, со кое побарало по е-маил и по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Изградба на локален патен правец Желино 1 (од основно училиште „Луиѓ Гуракуќи“ до раскрсница на горен дел од село кај место викано „кај Матранчите“-Крак 2) број 09/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“.
Општина Желино, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Желино не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Славица Филиповска од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од С.Ф. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Договори за ангажирање на домашни консултанти во периодот од 2006 година до јуни 2017 година, со име и презиме, период на ангажман и висина на исплатени средства“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за надворешни работи на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-642 на 02.10.2017 година, изјавена од С.Ф. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за надворешни работи на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, С.Ф. од Скопје, на 04.08.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за надворешни работи, со кое побарала да и се достави по е-маил електронски запис од следната информација:
„Договори за ангажирање на домашни консултанти во периодот од 2006 година до јуни 2017 година, со име и презиме, период на ангажман и висина на исплатени средства“.
Министерството за надворешни работи, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-642 од 04.10.2017 година ја препрати Жалбата Министерството за надворешни работи и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 26.10.2017 година, Министерството за надворешни работи до Комисијата достави Одговор по жалба поднесена од С.Ф. бр.04-28546/2 од 17.10.2017 година. Во Одговорот, Министерството наведува дека: „…МНР во законски предвидениот рок постапи согласно барањето, правилно применувајќи ги Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за заштита на лични податоци и во таа насока ги достави сите договори и анекси на договорите склучени со странски консултанти во наведениот период. Договорите и анексите беа дадени во оригинална форма со тоа што беа покриени само личните податоци, име презиме и трансакциски сметки на консултантите, согласно ЗЗЛП. Сите останати елементи на договорите, вклучително и сумите, односно износите на кои се склучени договорите можеа јасно да се утврдат од доставените документи“. Во прилог Министерството за надворешни работи до Комисијата не достави доказ дека барателот ги примил бараните информации.
На 03.11.2017 година, службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, преку телефон контактираше со барателот кој го извести дека сеуште не го добил Одговорот на барањето за пристап до информации од јавен карактер од имателот на информацијата (Министерството за надворешни работи).
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за надворешни работи не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата му укажува на Министерството дека имињата и презимињата на консултантите не се заштитени лични податоци и доколку договорите не се класифицирани, истите треба да бидат достапни за јавноста.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Граѓанската организација за право, политики, едукација и медиуми – ГОППЕМ – Скопје, поднесена преку полномошник Адвокат З.Г. од Скопје, против Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Граѓанската организација за право, политики, едукација и медиуми – ГОППЕМ – Скопје, поднесена преку полномошник Адвокат З.Г. од Скопје, против Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија А.бр.03-733/2 од 04.09.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија А.бр.03-733/2 од 04.09.2017 година, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-573 од 20.09.2017 година, изјавена од Граѓанската организација за право, политики, едукација и медиуми – ГОППЕМ – Скопје, поднесена преку полномошник Адвокат З.Г. од Скопје, против Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија А.бр.03-733/2 од 04.09.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија А.бр.03-733/2 од 04.09.2017 година е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Граѓанската организација за право, политики, едукација и медиуми – ГОППЕМ – Скопје, на ден 29.08.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основното јавно обвинителство – Скопје, со кое побароло по пошта да му се достави следната информација:
“За колку кривични пријави поднесени до ОЈО-Скопје во 2013, 2014, 2015 и 2016 година не е одлучено во рок од три месеци и за колку од тие пријави надлежниот јавен обвинител писмено ги известил подносителот на кривичната пријава и повисокиот јавен обвинител според член 275, ст.1 од Законот за кривична постапка („Службен весник на Република Макединија“ бр.150/2010, 100/2012 и 142/2016)?“.
Постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер на 11.09.2017 година, Јавното обвинителство на Република Македонија, преку Основното јавно обвинителство Скопје, до барателот доставило Заклучок А.бр.03-733/2 од 04.09.2017 година со кој се прекинува постапката по барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Незадоволно од донесениот Заклучок на Јавното обвинителство на Република Македонија А.бр.03-733/2 од 04.09.2017 година, Граѓанската организација за право, политики, едукација и медиуми – ГОППЕМ – Скопје, преку полномошник Адвокат З.Г. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-573 од 21.09.2017 година ја препрати Жалбата до Основно јавно обвинителство-Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 02.10.2017 година, Јавното обвинителство на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба заведен под А.бр. 03-733/6 од 29.09.2017 година, во Комисијата заведен под бр.08-573. Во Одговорот на жалба е наведено: „…Јавното обвинителство на Република Македонија, постапувајќи по барањата и согласно известувањето од Вишото јавно обвинителство Скопје А.бр.0302-150 и Основното јавно обвинителство Скопје А.бр.579/17/1, констатираше дека бараните информации не се информации со кои Вишото јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство-Скопје располагаат и ги создале, во смисла на чл.3 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, односно информации кои во бараната форма веќе постојат, од причина што во Вишото јавно обвинителство Скопје и во Основното јавно обвинителство Скопје, не се прават ваков вид статистички анализи“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата се доставени фотокопии од списите во врска со предметот и Заклучокот на Основното јавно обвинителство на Република Македонија А.бр.03-733/2 од 04.09.2017 година со кој се прекинува постапката по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавното обвинителство на Република Македонија постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело Заклучок со кој постапката по Барањето за пристап до информации се прекинува. Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија е правилен и врз закон заснован.
Со оглед на наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Граѓанската организација за право, политики, едукација и медиуми – ГОППЕМ – Скопје, поднесена преку полномошник Адвокат З.Г. од Скопје, против Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Граѓанската организација за право, политики, едукација и медиуми – ГОППЕМ – Скопје, поднесена преку полномошник Адвокат З.Г. од Скопје, против Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија А.бр.03-733/2 од 06.09.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија А.бр.03-733/2 од 06.09.2017 година, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-574 од 20.09.2017 година, изјавена од Граѓанската организација за право, политики, едукација и медиуми – ГОППЕМ – Скопје, поднесена преку полномошник Адвокат З.Г. од Скопје, против Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија, А.бр.03-733/2 од 06.09.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија, А.бр.03-733/2 од 06.09.2017 година е правилен и врз закон заснован.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Граѓанската организација за право, политики, едукација и медиуми – ГОППЕМ – Скопје, на ден 29.08.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Вишото јавно обвинителство – Скопје, со кое побароло по пошта да му се достави следната информација:
“За колку кривични пријави поднесени во 2013, 2014, 2015 и 2016 година надлежните основно јавни обвинители на подрачјето на Вишото јавно обвинителство-Скопје писмено ги известиле подносителите на кривичните пријави и Вишото јавно обвинителство-Скопје за неодлучувањето по соодветната кривична пријава во рок од 3 месеци, односно за причините за неодлучувањето по соодветната кривична пријава во тој рок, според член 275, ст.1 и 2 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Макединија“ бр.150/2010, 100/2012 и 142/2016)?“.
Постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер на 18.09.2017 година, Јавното обвинителство на Република Македонија, преку Вишото јавно обвинителство Скопје, до барателот доставило Заклучок А.бр.03-733/2 од 06.09.2017 година со кој се прекинува постапката по барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Незадоволно од донесениот Заклучок А.бр.03-733/2 од 06.09.2017 година на Јавното обвинителство на Република Македонија, Граѓанската организација за право, политики, едукација и медиуми – ГОППЕМ – Скопје, преку полномошник Адвокат З.Г. од Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-574 од 21.09.2017 година ја препрати Жалбата до Вишото јавно обвинителство-Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 02.10.2017 година Јавното обвинителство на Република Македонија, до Комисијата достави Одговор на жалба, заведен под А.бр.03-733/6 од 29.09.2017 година, во Комисијата заведен под бр.08-574. Во Одговорот на жалба е наведено: „…Јавното обвинителство на Република Македонија, постапувајќи по барањата и согласно известувањето од Вишото јавно обвинителство Скопје А.бр.0302-150 и Основното јавно обвинителство Скопје А.бр.579/17/1, констатираше дека бараните информации не се информации со кои Вишото јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство-Скопје располагаат и ги создале, во смисла на чл.3 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, односно информации кои во бараната форма веќе постојат, од причина што во Вишото јавно обвинителство Скопје и во Основното јавно обвинителство Скопје, не се прават ваков вид статистички анализи“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата се доставени фотокопии од списите во врска со предметот и Заклучокот на Вишото јавно обвинителство – Скопје А.бр.03-733/2 од 06.09.2017 година со кој се прекинува постапката по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавното обвинителство на Република Македонија, постапило согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело Заклучок со кој постапката по Барањето за пристап до информации се прекинува. Заклучокот на Јавното обвинителство на Република Македонија е правилен и врз закон заснован.
Со оглед на наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Доставете ми копија од формално-правниот акт со која Комисијата за заразни болести прогласила ограничена епидемија, како и записникот од седницата на која била донесена истата одлука, како и другите документи за свикување на итната седница, на која била прогласена ограничена епидемија како и друга пропратна документација која била релевантна за донесување на истата одлука од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, односно комплетната документација за точката која била на дневен ред, со која била прогласена ограничена епидемија.
2. Доставете ми копија од деловникот за работа на Комисијата за заразани болести при Министерството за здравство, заедно со сите измени и дополнувања-доколку постојат такви, како е соодветниот архивски број под кој е заведен истиот во Министерството за здравство, како и бројот и годината на Службениот весник на РМ.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-674 на 30.10.2017 година, изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Д.Ј. од Скопје, на 26.09.2017 година, по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, со кое побарал по е-маил да му се достават следните информации:
„Министерството за здравство, на својата фејсбук страница, која може да се најде на следниот линк,
https://www.facebook.com/zdravstvomk/videos/1581178048606045/ објавена на 23 септември 2017 година во 13 и 32 часот, помеѓу другото има напишано “Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство информира дека е прогласена ограничена епидемија на морбили на територијата на општина Гази Баба.” Во таа смисла моето Барање до Министерството за здравство гласи:
1. Доставете ми копија од формално-правниот акт со која Комисијата за заразни болести прогласила ограничена епидемија, како и записникот од седницата на која била донесена истата одлука, како и другите документи за свикување на итната седница, на која била прогласена ограничена епидемија како и друга пропратна документација која била релевантна за донесување на истата одлука од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, односно комплетната документација за точката која била на дневен ред, со која била прогласена ограничена епидемија.
2. Доставете ми копија од деловникот за работа на Комисијата за заразани болести при Министерството за здравство, заедно со сите измени и дополнувања-доколку постојат такви, како е соодветниот архивски број под кој е заведен истиот во Министерството за здравство, како и бројот и годината на Службениот весник на РМ.“
Министерството за здравство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-674 од 30.10.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон.“
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Ве молиме за постапката за јавна набавка на Компјутерска опрема за потребите на ЕЛС-Општина Прилеп број 8/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција.“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Прилеп да постапи по Барањето на барателот Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Општина Прилеп е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-680 од 08.11.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, на ден 05.07.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-920/1 до Општината Прилеп, со кое побарало по е-маил и по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Компјутерска опрема за потребите на ЕЛС-Општина Прилеп број 8/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција.“
Општината Прилеп, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општината Прилеп не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Брвеница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Брвеница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Ве молиме за постапката за јавна набавка на канцелариски материјал за потребите на општина Брвеница за 2017 година број 02/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција.“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Брвеница да постапи по Барањето на барателот Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Општина Брвеница е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-683 од 08.11.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Брвеница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, на ден 05.07.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-919/1 до Општина Брвеница, со кое побарало по е-маил и по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на канцелариски материјал за потребите на општина Брвеница за 2017 година број 02/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција.“
Општината Брвеница, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општината Брвеница не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Брвеница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Брвеница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Ве молиме за постапката за јавна набавка на Изградба на улица со бекатонски плочки во с.Челопек-Втора фаза-Општина Брвеница број 05/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција.“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Брвеница да постапи по Барањето на барателот Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Општина Брвеница е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-689 од 09.11.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Брвеница, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, на ден 26.09.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1044/1 до Општината Брвеница, со кое побарало по е-маил и по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Изградба на улица со бекатонски плочки во с.Челопек-Втора фаза-Општина Брвеница број 05/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција.“
Општината Брвеница, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општината Брвеница не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.П. од с. Ума, Гевгелија, поднесена против Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.П. од с. Ума, Гевгелија, поднесена против Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-640 од 02.10.2017 година, изјавена од А.П. од с. Ума, Гевгелија, поднесена против Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како предвремена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-640 на 02.10.2017 година, А.П. од с. Ума, Гевгелија, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, заведено во Советот под бр.03-244/17 на 15.09.2017 година, со кое побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Постапката која се водеше по која ми се одби иницијативата со која барав да се открие грешка на судија“.
Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-640 од 06.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 17.10.2017 година, Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија до Комисијата достави Одговор на Жалба. Во Одговорот е наведено дека: „…Советот по приемот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер на 15.09.2017 година констатира дека жалителот за прв пат се обраќа до Советот за утврдување на факти и го заведе под 03-244/17, затоа што за барањата за пристап до информации од јавен карактер се води посебна евиденција, во посебен уписник. По приемот на ова барање, во законски предвидениот рок Советот на ден 12.10.2017 година достави одговор до жалителот“. Во прилог го достави Одговорот на барање насловен до барателот А.П. од с. Ума, Гевгелија, заведен во Советот под бр.03-244/17-2 на 12.10.2017 година и сите списи во врска со предметот.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Барањето за пристап до информации од јавен карактер од А.П. од с. Ума, Гевгелија во Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија е примено на 15.09.2017 година, а Жалбата до Комисијата е поднесена на 02.10.2017 година.
Согласно член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата е должен веднаш да одговори на барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на Барањето.
Во конкретниот случај, Жалбата по Барањето е поднесена пред истекот на законскиот рок за постапување по Барањето, односно Жалбата е предвремена.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку постапки Град Скопје спровел за реконструкција и обнова на фасади на објекти во надлежност на Градот во периодот од 2009 до денес – 2017 година и за колку објекти станува збор? Колку средства општината потрошила за реконструкција и обнова на фасади во посочениот период, секоја година одделно? И, кои компании ги вршеле работите, односно која компанија колку фасади реконструирала, кога и колку средства инкасирала за секој објект посебно?“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Град Скопје на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-660 на 09.10.2017 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Град Скопје на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје на 01.09.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Град Скопје, со кое побарал да му се достави следната информација:
„Колку постапки Град Скопје спровел за реконструкција и обнова на фасади на објекти во надлежност на Градот во периодот од 2009 до денес – 2017 година и за колку објекти станува збор? Колку средства општината потрошила за реконструкција и обнова на фасади во посочениот период, секоја година одделно? И, кои компании ги вршеле работите, односно која компанија колку фасади реконструирала, кога и колку средства инкасирала за секој објект посебно?“.
На 06.09.2017 година, како што се наведува во Жалбата, Градот Скопје по пошта до барателот доставил Одговор на барање бр.21-6747/1 „во кој се содржи информација колку пари општината потрошила за изработка на конкурсни идејни решенија, основни проекти и изведба на фасади, но не и информација за лицата и компаниите што ги изработиле идејните решенија и основните проекти и што ги извршиле реконструкциите и обновите на фасадите“.
Незадоволен од добиениот Одговор, В.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-660 од 12.10.2017 година ја препрати Жалбата до Град Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 25.10.2017 година, Град Скопје до Комисијата достави Одговор по жалба бр.21-6747/3 од 24.10.2017 година. Во Одговорот, Град Скопје наведува дека: „…Наводите во жалбата се неосновани, од причини што Град Скопје достави Одговор – по Барање за пристап до информации од јавен карактер, кој е доставен по е-маил до В.С. “. Во прилог Град Скопје го достави Одговорот проследен до барателот, во кој наведува: „…По однос на жалбата на странката за дополнување на одговорот со информации за лицата и компаниите што ги изработиле идејните решенија и основните проекти и што ги извршиле реконструкциите и обновите на фасадите, укажуваме дека тие информации со години наназад се објавуваат на веб страната на бирото за јавни набавки и како такви се во корелација со член 21 став 2 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Град Скопје не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата му укажува на Град Скопје дека доколку се повикува на член 21 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој “Имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако информацијата веќе постои во однапред пропипшана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информација ја образложува причината за ваквиот начин на доставување.”, требало да образложи зошто смета дека ваквиот начин на доставување на бараната информација е поповолен за барателот. Во спротивно, должен е информацијата да ја достави во бараната форма.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.П. од с. Ума, Гевгелија, поднесена против Основното јавно обвинителство Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006,86/2008, 6/2010 и 42/2014), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.П. од с. Ума, Гевгелија, поднесена против Основното јавно обвинителство Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Увид на предметот К-168-16 од 26.08.16.г. со сите списи од предметот“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Основното јавно обвинителство Гевгелија во рок од три дена од денот на добивање на Решението да го препрати Барањето до имателот кој располага со бараните информации и за тоа да го извести барателот.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010 и 42/2014), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-656 на 09.10.2017 година, изјавена од А.П. од с. Ума, Гевгелија, поднесена против Основното јавно обвинителство Гевгелија, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Основното јавно обвинителство Гевгелија во рок од три дена од денот на добивање на Решението да го препрати Барањето до имателот кој располага со бараните информации и за тоа да го извести барателот.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.П. од с. Ума, Гевгелија на 26.09.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основно јавно обвинителство – Гевгелија, со кое побарал со присуство на судечкиот судија м-р Б.М.Ц. да изврши увид на следната информација:
„Увид на предметот К-168-16 од 26.08.16.г. со сите списи од предметот“.
На 04.10.2017 година Основното јавно обвинителство Гевгелија, како што е наведено во Жалбата, до барателот доставило допис „Достава на информација“ А.бр. 112/17 од 27.09.2017 година.
Незадоволен од наведениот допис, А.П. од с. Ума, Гевгелија поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-656 од 12.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство Гевгелија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Основното јавно обвинителство Гевгелија на 24.10.2017 година до Комисијата достави Известување в.в. поднесена жалба од А.П. од с. Ума А.бр.112/17-1 од 19.10.2017 година. Во Известувањето е наведено дека: „…на ден 20.09.2016 година од страна на Основен суд Гевгелија до ОЈО Гевгелија е доставена на надлежно постапување предметот К.бр.168/16 насловен како тужба поднесена од страна на лицето А.П. од с. Ума против А.У. од с. Прдејци за кривично дело Измама од чл.247 од КЗ од причина што се работи за кривично дело за кое се гони по службена должност а не по приватна тужба Постапувајќи по предметот по извршениот увид во материјалните докази доставени во прилог на истата ОЈО Гевгелија донесе Решение КО бр.238/16 од 29.09.2016 година со кое се отфрла кривичната пријава поднесена од страна на А.П. од с. Ума, Општина Гевгелија против А.У. од с. Прдејци за кривичното дело Измама од чл.247 ст.1 од КЗ бидејќи настапила застареност на кривично гонење. Од страна на А.П. против Решението КО бр.238/16 од 29.09.2016 година, на ден 17.01.2016 година е поднесена жалба по која од страна на Вишото јавно обвинителство Скопје е донесено Решение V КОЖ/1 бр.376/2016 од 24.11.2016 година со која жалбата се одбива а се потврдува Решението КО бр.238/16 од 29.09.2016 година на ОЈО Гевгелија…Од причина што јавнообвинителниот предмет КО.бр.238/16 со сите списи во предметот на 03.03.2017 година е доставен до Јавното обвинителство на Република Македонија на разгледување и одлучување по жалба, истиот не сме во можност да Ви го доставиме, а во прилог Ви ги доставуваме сите списи од јавнообвинителскиот предмет А.бр.112/17“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основното јавно обвинителство Гевгелија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се наведува „Ако имателот на информации што го примил Барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот“.
Основното јавно обвинителство Гевгелија било должно во рок од три дена од приемот на Барањето да го препрати до институцијата која во тој момент располагала со бараните информации и за тоа да го извести барателот на информација.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следниве документи и информации:
1. Годишниот план за јавни набавки и сите негови измени и дополнувања за 2016 година
2. Дали во вашата институција има определено лице или организациски облик во чии рамки се вршат работите од областа на јавните набавки?
3. Дали лицето коешто ги врши јавните набавки има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки?
4. Дали членовите на Комисијата за јавни набавки се менуваат за секоја набавка, или се истите за сите набавки?
5. Дали за секоја набавка се изработува образложение на спроведувањето на потребата од набавката?
6. Дали имате методологија/упатство и сл. документ врз основа на кој се пресметува проценетата вредност на набавките (Ако имате, ве молиме доставете копија од документот)?
7. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализација на планот (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
8. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
9. Колкав е износот на реализираните договори за јавни набавки склучени во 2016 година (вкупна вредност на реализирани договори)?
10. Колкава е вредноста на доспеани, а неплатени обврски по договори за јавни набавки склучени во 2016 год. (состојба 30 јуни 2017 год.)?“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за внатрешни работи на барателот да му ги достави бараните информации по точка 9 и точка 10 од Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-672 на 27.10.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку Г.ф., претседател на ЦГК, против Министерството за внатрешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за внатрешни работи на барателот да му ги достави бараните информации по точка 9 и точка 10 од Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје на 06.09.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1006/1 до Министерството за внатрешни работи, со кое побарал, пo пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
„Ве молиме да ни ги доставите следниве документи и информации:
1. Годишниот план за јавни набавки и сите негови измени и дополнувања за 2016 година
2. Дали во вашата институција има определено лице или организациски облик во чии рамки се вршат работите од областа на јавните набавки?
3. Дали лицето коешто ги врши јавните набавки има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки?
4. Дали членовите на Комисијата за јавни набавки се менуваат за секоја набавка, или се истите за сите набавки?
5. Дали за секоја набавка се изработува образложение на спроведувањето на потребата од набавката?
6. Дали имате методологија/упатство и сл. документ врз основа на кој се пресметува проценетата вредност на набавките (Ако имате, ве молиме доставете копија од документот)?
7. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализација на планот (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
8. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
9. Колкав е износот на реализираните договори за јавни набавки склучени во 2016 година (вкупна вредност на реализирани договори)?
10. Колкава е вредноста на доспеани, а неплатени обврски по договори за јавни набавки склучени во 2016 год. (состојба 30 јуни 2017 год.)?“.
Министерството за внатрешни работи, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-672 од 30.10.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за внатрешни работи и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 03.11.2017 година, Министерството за внатрешни работи до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.16.1.2-1870/1 од 01.11.2017 година. Во Произнесувањето, Министерството наведува дека: „…Бидејќи до рокот наведен во нашиот пропратен акт не беше запазен, на 27.09.2017 година доставивме Ургенција до Одделот за општи и заеднички работи со регистарски број 16.1.2-1581/2. По доставување на Ургенцијата, на 30.09.2017 година од страна на Одделот за општи и заеднички работи добивме делумен одговор на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер…на 18.10.2017 година добивме одговор од Одделот за општи и заеднички работи на преостанатите прашања (под реден број 9 и 10), како и Мислење од 27.10.2017 година, а примено во Одделот за односи со јавност и стратешки прашања на 30.10.2017 година дека информациите содржани во Одговорите нема да предизвикаат штетни последици по економските и комерцијалните интереси на Министерството. По добивање на сите одговори и Мислењето на 31.10.2017 година со акт со регистарски број 16.1.2-1851/1 доставивме одговор до барателот на маил адресата center@ccc.org.mk“.
На 06.11.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје до Комисијата достави допис „Дополнение на Жалба“ бр.0306-1096/1, во кој наведува: „…На ден 31.10.2017 година од имателот на информацијата – Министерство за внатрешни работи, ул. „Димче Мирчев“ бр.9, 1000 Скопје, Македонија до барателот Центар за граѓански комуникации на маил е доставен одговор на бараната информација заведена под бр.16.1.2-1851/1 од 31.10.2017 година. Со овој одговор имателот на информацијата не одговорил по барањето на барателот. Имено, имателот на информацијата не ги доставил бараните документи во целост, односно не дал информации за прашањето под број 9 и 10…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за внатрешни работи не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации по точка 9 и 10 од Барањето до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Во исто време, Комисијата констатира дека бараните информации претставуваат информации од јавен карактер, наведени во член 10 став 1 алинеја 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кои имателот на информација е должен да ги посредува до барателот на информации на начин и во форма наведени во Барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Сарај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Сарај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Ве молиме за постапката за јавна набавка на Асфалтирање на улици и поставување на рабници за потребите на Општина Сарај број 8/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Сарај да постапи по Барањето на барателот Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Општина Сарај е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-678 од 08.11.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.ф., вработена во ЦГК, против Општина Сарај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, на ден 26.09.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1035/1 до Општината Сарај, со кое побарало по е-маил или по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
• „Ве молиме за постапката за јавна набавка на Асфалтирање на улици и поставување на рабници за потребите на Општина Сарај број 8/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“.
Општината Сарај, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општината Сарај не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.ф., вработена во ЦГК, против Општина Зелениково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Зелениково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на работи за крпење на ударни дупки и асфалтирање на улици на територијата на Општина Зелениково број 1/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Зелениково да постапи по Барањето на барателот Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Општина Зелениково е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-681 од 08.11.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Зелениково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, на ден 05.07.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-926/1 до Општината Зелениково, со кое побарало по е-маил или по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на работи за крпење на ударни дупки и асфалтирање на улици на територијата на Општина Зелениково број 1/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“.
Општината Зелениково, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општината Зелениково не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Липково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.ф., вработена во ЦГК, против Општина Липково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Изградба на фекална канализација во с.Отља, Општина Липково број 10-348/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Липково да постапи по Барањето на барателот Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Општина Липково е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-687 од 09.11.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Липково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, на ден 26.09.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1045/1 до Општината Липково, со кое побарало по е-маил или по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Изградба на фекална канализација во с.Отља, Општина Липково број 10-348/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“.
Општината Липково, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општината Липково не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следниве документи и информации:
1. Годишниот план за јавни набавки и сите негови измени и дополнувања за 2016 година
2. Дали во вашата институција има определено лице или организациски облик во чии рамки се вршат работите од областа на јавните набавки?
3. Дали лицето коешто ги врши јавните набавки има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки?
4. Дали членовите на Комисијата за јавни набавки се менуваат за секоја набавка, или се истите за сите набавки?
5. Дали за секоја набавка се изработува образложение на спроведувањето на потребата од набавката?
6. Дали имате методологија/упатство и сл. документ врз основа на кој се пресметува проценетата вредност на набавките (Ако имате, ве молиме доставете копија од документот)?
7. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализација на планот (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
8. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
9. Колкав е износот на реализираните договори за јавни набавки склучени во 2016 година (вкупна вредност на реализирани договори)?
10. Колкава е вредноста на доспеани, а неплатени обврски по договори за јавни набавки склучени во 2016 год. (состојба 30 јуни 2017 год.)?“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-668 на 27.10.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје на 06.09.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1013/1 до Министерството за здравство, со кое побарал, пo пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
„Ве молиме да ни ги доставите следниве документи и информации:
1. Годишниот план за јавни набавки и сите негови измени и дополнувања за 2016 година
2. Дали во вашата институција има определено лице или организациски облик во чии рамки се вршат работите од областа на јавните набавки?
3. Дали лицето коешто ги врши јавните набавки има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки?
4. Дали членовите на Комисијата за јавни набавки се менуваат за секоја набавка, или се истите за сите набавки?
5. Дали за секоја набавка се изработува образложение на спроведувањето на потребата од набавката?
6. Дали имате методологија/упатство и сл. документ врз основа на кој се пресметува проценетата вредност на набавките (Ако имате, ве молиме доставете копија од документот)?
7. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализација на планот (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
8. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
9. Колкав е износот на реализираните договори за јавни набавки склучени во 2016 година (вкупна вредност на реализирани договори)?
10. Колкава е вредноста на доспеани, а неплатени обврски по договори за јавни набавки склучени во 2016 год. (состојба 30 јуни 2017 год.)?“.
Министерството за здравство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-668 од 30.10.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за здравство не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Карбинци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 111 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија“ бр.145/2015), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
1. Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Карбинци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ за потребите на Општина Карбинци, ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци, ЈОУДГ „Кокичиња“ – Карбинци и ЈП „Плачковица“ – Карбинци за период од 1 (една) година број 21-654/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“, СЕ УВАЖУВА.
2. СЕ НАЛОЖУВА Општина Карбинци да постапи по Барањето на барателот Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
3. Имателот на информации, Општина Карбинци е должен да постапи по ова Решение во рок од 7 дена по приемот на истото.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-684 од 09.11.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Карбинци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ И МУ НАЛОЖИ на првостепениот орган да постапи по Барањето на барателот, согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имајќи го во предвид член 20 од Законот, во рок од 7 дена од денот на приемот на Решението.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации-ЦГК Скопје, на ден 26.09.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1066/1 до Општината Карбинци, со кое побарало по е-маил или по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ за потребите на Општина Карбинци, ООУ „Страшо Пинџур“ – Карбинци, ЈОУДГ „Кокичиња“ – Карбинци и ЈП „Плачковица“ – Карбинци за период од 1 (една) година број 21-654/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“.
Општината Карбинци, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општината Карбинци не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, и не донела управен акт согласно горенаведениот Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата и по Дополнувањето на Жалба изјавени од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесени преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈПКД “Маврово“-Маврови Анови, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата и по Дополнувањето на Жалба изјавени од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесени преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈПКД “Маврово“-Маврови Анови, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка Вршење на градежни работи (зафати, оградување и санација на извори) бр.06/2017 да ни ги доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ, или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,
. Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка,
.Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката и
. Извештај од спроведената е-аукција“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-654 на 06.10.2017 година и Дополнувањето на Жалба бр.08-654 од 24.10.2017 година, изјавени од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесени против ЈПКД “Маврово“-Маврови Анови, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-654 на 06.10.2017 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 26.09.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1047/1 до ЈПКД “Маврово“-Маврови Анови, со кое побарал, преку пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка Вршење на градежни работи (зафати, оградување и санација на извори) бр.06/2017 да ни ги доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ, или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,
. Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка,
.Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката и
. Извештај од спроведената е-аукција“.
Постапувајќи по Барањето, ЈПКД “Маврово“-Маврови Анови, како што е наведено во Жалбата, на 05.10.2017 година до барателот доставило Известување бр.0302-727/2 од 02.10.2017 година.
Незадоволен од добиеното Известување, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-654 од 06.10.2017 година, ја препрати Жалбата до ЈПКД “Маврово“-Маврови Анови и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 24.10.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, до Комисијата достави Дополнување на Жалба бр.0306-1082/1 од 20.10.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-654. Во Дополнувањето на Жалба е наведено дека истото е поднесено против „втор одговор“ од ЈПКД “Маврово“-Маврови Анови бр.0302-739/2 од 09.10.2017 година, од причина што „…и со овој одговор имателот на информацијата не одговорил по Барањето…“.
Комисијата, со допис бр.08-654 од 24.10.2017 година, го препрати Дополнувањето на Жалбата до ЈПКД “Маврово“-Маврови Анови и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.11.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека го добиле одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од имателот на информацијата ЈПКД “Маврово“-Маврови Анови и поради тоа ја повлекуваат Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈПКД “Маврово“-Маврови Анови постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку застапник Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку застапник Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следниве документи и информации:
1. Годишниот план за јавни набавки и сите негови измени и дополнувања за 2016 година
2. Дали во вашата институција има определено лице или организациски облик во чии рамки се вршат работите од областа на јавните набавки?
3. Дали лицето коешто ги врши јавните набавки има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки?
4. Дали членовите на Комисијата за јавни набавки се менуваат за секоја набавка, или се истите за сите набавки?
5. Дали за секоја набавка се изработува образложение на спроведувањето на потребата од набавката?
6. Дали имате методологија/упатство и сл. документ врз основа на кој се пресметува проценетата вредност на набавките (ако имате, ве молиме доставете копија од документот)?
7. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализација на планот (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
8. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
9. Колкав е износот на реализираните договори за јавни набавки склучени во 2016 година (вкупна вредност на реализирани договори)?
10. Колкава е вредноста на доспеани, а неплатени обврски по договори за јавни набавки склучени во 2016 год. (состојба 30 јуни 2017 год.)?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-670 на 27.10.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку застапник Г.Ф., претседател на ЦГК, против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, на 06.09.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1003/1 до Министерството за транспорт и врски, со кое побарало, пo пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
„Ве молиме да ни ги доставите следниве документи и информации:
1. Годишниот план за јавни набавки и сите негови измени и дополнувања за 2016 година
2. Дали во вашата институција има определено лице или организациски облик во чии рамки се вршат работите од областа на јавните набавки?
3. Дали лицето коешто ги врши јавните набавки има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки?
4. Дали членовите на Комисијата за јавни набавки се менуваат за секоја набавка, или се истите за сите набавки?
5. Дали за секоја набавка се изработува образложение на спроведувањето на потребата од набавката?
6. Дали имате методологија/упатство и сл. документ врз основа на кој се пресметува проценетата вредност на набавките (ако имате, ве молиме доставете копија од документот)?
7. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализација на планот (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
8. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
9. Колкав е износот на реализираните договори за јавни набавки склучени во 2016 година (вкупна вредност на реализирани договори)?
10. Колкава е вредноста на доспеани, а неплатени обврски по договори за јавни набавки склучени во 2016 год. (состојба 30 јуни 2017 год.)?“.
Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-670 од 30.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.11.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека го добиле одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од имателот на информацијата Министерството за транспорт и врски и поради тоа ја повлекуваат Жалбата.
На 10.11.2017 година, Министерството за транспорт и врски до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.02-10103/2 од 06.11.2017 година, заведено во Комисијата под бр. 08-670. Во Произнесувањето по жалба е наведено дека „…министерството одговори на Барањето на барателот и ја достави информацијата со допис – Одговор на барање бр. 02-8515/2 од 20.10.2017 година“.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за транспорт и врски постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ресторан „Фурна“ ДООЕЛ, со седиште на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов 53 во Скопје, до вас има поднесено Барање за издавање на одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема. Тоа Барање е поднесено пред околу 1 месец и е заведено под број 13-7/596. Доколку е веќе издадено Одобрението, ве молам да ми доставите фотокопија од него и од документите бр. 4, 5, 6, 7 и 8 што биле приложени со Барањето. Доколку Одобрението сеуште не е издадено, ве молам да ми доставите фотокопија само од документите бр. 4, 5, 6, 7 и 8 што биле приложени со Барањето“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-676 на 01.11.2017 година, изјавена од П.Б.од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, П.Б.од Скопје, на 25.09.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Град Скопје, заведено во Град Скопје под бр.13-7110/1, со кое ја побарал следната информација:
„Ресторан „Фурна“ ДООЕЛ, со седиште на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов 53 во Скопје, до вас има поднесено Барање за издавање на одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема. Тоа Барање е поднесено пред околу 1 месец и е заведено под број 13-7/596. Доколку е веќе издадено Одобрението, ве молам да ми доставите фотокопија од него и од документите бр. 4, 5, 6, 7 и 8 што биле приложени со Барањето. Доколку Одобрението сеуште не е издадено, ве молам да ми доставите фотокопија само од документите бр. 4, 5, 6, 7 и 8 што биле приложени со Барањето“.
Град Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-676 од 02.11.2017 година, ја препрати Жалбата до Град Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 09.11.2017 година, Град Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба бр.21-7110/3 од 08.11.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-676. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…Град Скопје достави Одговор по Барање за пристап до информации од јавен карактер, кој е доставен до П.Б. “. Во прилог на Одговорот на Жалба е доставена фотокопија од Одговор на барање бр.21-7110/3 од 07.11.2017 година, насловен до П.Б. од Скопје. Исто така, во прилог е доставена и фотокопија од сите списи кои се дадени како одговор до барателот на информациите.
На 14.11.2017 година, преку е-маил, П.Б. од Скопје ја извести Комисијата дека на 13.11.2017 година „ја добив бараната информација и…овој предмет може да се затвори“.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Град Скопје постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следниве документи и информации:
1. Годишниот план за јавни набавки и сите негови измени и дополнувања за 2016 година,
2. Дали во вашата институција има определено лице или организациски облик во чии рамки се вршат работите од областа на јавните набавки?
3. Дали лицето коешто ги врши јавните набавки има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки?
4. Дали членовите на Комисијата за јавни набавки се менуваат за секоја набавка или се истите за сите набавки?
5. Дали за секоја набавка се изработува образложение на спроведувањето на потребата од набавката?
6. Дали имате методологија/упатство и сл.документ врз основа на кој се пресметува проценетата вредност на набавките? (Ако имате, ве молиме доставете копија од документот)?
7. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализација на планот (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
8. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
9. Колкав е износот на реализираните договори за јавни набавки склучени во 2016 година (вкупна вредност на реализирани договори)?
10. Колкава е вредноста на доспеани, а неплатени обврски по договори за јавни набавки склучени во 2016 год. (состојба 30.јуни 2017 год.)?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-671 на 27.10.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку Г.Ф., претседател на ЦГК, против Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, на 06.09.2017 година поднелo Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1017/1 до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, со кое побарало по пошта и по е-маил фотокопија од следните информации:
„Ве молиме да ни ги доставите следниве документи и информации:
1. Годишниот план за јавни набавки и сите негови измени и дополнувања за 2016 година,
2. Дали во вашата институција има определено лице или организациски облик во чии рамки се вршат работите од областа на јавните набавки?
3. Дали лицето коешто ги врши јавните набавки има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки?
4. Дали членовите на Комисијата за јавни набавки се менуваат за секоја набавка или се истите за сите набавки?
5. Дали за секоја набавка се изработува образложение на спроведувањето на потребата од набавката?
6. Дали имате методологија/упатство и сл.документ врз основа на кој се пресметува проценетата вредност на набавките? (Ако имате, ве молиме доставете копија од документот)?
7. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализација на планот (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
8. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
9. Колкав е износот на реализираните договори за јавни набавки склучени во 2016 година (вкупна вредност на реализирани договори)?
10. Колкава е вредноста на доспеани, а неплатени обврски по договори за јавни набавки склучени во 2016 год. (состојба 30.јуни 2017 год.)?“
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-671 од 30.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 08.11.2017 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.49-5808/4 од 03.11.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-671. Во Одговорот на жалба, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија наведува: „Генералниот секретаријат постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно одговори на предметното барање и овозможи пристап до бараната информација, за што како потврда во прилог ви ги доставуваме Одговорот до барателот бр.49-5808/3 од 03.11.2017 година и Записник за позитивен одговор бр.49-5808/2 од 03.11.2017 година.“
На 08.11.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека го добиле одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од имателот на информацијата Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и ја повлекуваат Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на храна и пијалоци за потребите на Општина Чаир број 05-546/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција.“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-686 на 09.11.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Чаир, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, на 26.09.2017 година поднелo Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1048/1 до Општината Чаир, со кое побарало по пошта и по е-маил да му се достави фотокопија од следните информации:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на храна и пијалоци за потребите на Општина Чаир број 05-546/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција.“
Општината Чаир, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 10.11.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека го добиле одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од имателот на информацијата Општината Чаир и ја повлекуваат Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општината Чаир постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Колку прекувремени работни саати се исплатени за вработените во периодот од јануари 2016 година до 30 јуни 2017 година, список на лицата кои добиле исплата за прекувремени саати, и износост кој им е исплатен. Дали се водела електронска евиденција за исплата на прекувремени саати, како се водела евиденцијата, и копија од официјалниот документ со кој е водена евиденцијата за прекувремени работни саати“,поради тоа што барателот ги добил бараните информации.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-663 на 20.10.2017 година, изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.С. од Скопје, на 26.07.2017 година по е маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија, со кое побарала да и се достави по е-маил електронски запис од следната информација:
“Колку прекувремени работни саати се исплатени за вработените во периодот од јануари 2016 година до 30 јуни 2017 година, список на лицата кои добиле исплата за прекувремени саати, и износост кој им е исплатен. Дали се водела електронска евиденција за исплата на прекувремени саати, како се водела евиденцијата, и копија од официјалниот документ со кој е водена евиденцијата за прекувремени работни саати“.
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-663 од 24.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Министесрвото за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.11.2017 година, Министерството за економија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.04-5146/2 од 31.10.2017 година, во Комисијата заведен под бр.08-663.
На 14.11.2017 година, Н.С. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека го добила одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од имателот на информацијата Министерството за економија.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за економија постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следниве документи и информации:
11. Годишниот план за јавни набавки и сите негови измени и дополнувања за 2016 година.
12. Дали во вашата институција има определено лице или организациски облик во чии рамки се вршат работите од областа на јавните набавки?
13. Дали лицето коешто ги врши јавните набавки има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки?
14. Дали членовите на Комисијата за јавни набавки се менуваат за секоја набавка или се истите за сите набавки?
15. Дали за секоја набавка се изработува образложение на спроведувањето на потребата од набавката?
16. Дали имате методологија/упатство и сл.документ врз основа на кој се пресметува проценетата вредност на набавките? (Ако имате, ве молиме доставете копија од документот)?
17. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализација на планот (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
18. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
19. Колкав е износот на реализираните договори за јавни набавки склучени во 2016 година (вкупна вредност на реализирани договори)?
20. Колкава е вредноста на доспеани, а неплатени обврски по договори за јавни набавки склучени во 2016 год. (состојба 30 јуни 2017 год.)?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-669 на 27.10.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, на 06.09.2017 година поднелo Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1002/1 до Министерството за одбрана, со кое побарало по пошта и по е-маил фотокопија од следните информации:
„Ве молиме да ни ги доставите следниве документи и информации:
11. Годишниот план за јавни набавки и сите негови измени и дополнувања за 2016 година.
12. Дали во вашата институција има определено лице или организациски облик во чии рамки се вршат работите од областа на јавните набавки?
13. Дали лицето коешто ги врши јавните набавки има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки?
14. Дали членовите на Комисијата за јавни набавки се менуваат за секоја набавка или се истите за сите набавки?
15. Дали за секоја набавка се изработува образложение на спроведувањето на потребата од набавката?
16. Дали имате методологија/упатство и сл.документ врз основа на кој се пресметува проценетата вредност на набавките? (Ако имате, ве молиме доставете копија од документот)?
17. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализација на планот (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
18. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
19. Колкав е износот на реализираните договори за јавни набавки склучени во 2016 година (вкупна вредност на реализирани договори)?
20. Колкава е вредноста на доспеани, а неплатени обврски по договори за јавни набавки склучени во 2016 год. (состојба 30 јуни 2017 год.)?“
Министерството за одбрана, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-669 од 30.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за одбрана и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 08.11.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека го добиле одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од имателот на информацијата Министерство за одбрана и ја повлекуваат Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за одбрана постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Арачиново, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Арачиново, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на водни пупми компресори и бушење на 4 бунари за с.Арачиново број 02/2017 да ни ги доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ, или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,
. Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка,
.Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. Извештај од спроведената е-аукција“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-666 на 25.10.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Општина Арачиново, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, на 26.09.2017 година поднелo Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1057/1 до Општина Арачиново, со кое побарало по пошта и по е-маил фотокопија од следните информации:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на водни пупми компресори и бушење на 4 бунари за с.Арачиново број 02/2017 да ни ги доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ, или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,
. Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка,
.Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. Извештај од спроведената е-аукција“.
Постапувајќи по Барањето, Општина Арачиново, како што е наведено во Жалбата, на 18.10.2017 година до барателот доставила Одговор на барање заведена под бр.08-254 од 10.10.2017 година, а во Здружението заведен под бр.0302-1057/2.
Незадоволно од добиениот Одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-666 од 26.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Арачиново и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.11.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека го добиле одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од имателот на информацијата Општина Арачиново и ја повлекуваат Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Арачиново постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Р.К. од Куманово, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 17 став 3 од наведениот Закон, на седницата одржана на 15 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
Постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер заведено во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.08-31 на 25.09.2017 година, поднесено од Р.К. од Куманово кое гласи: “Дали жалбата од чл.111 на Закон за општа управна постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр.124/15…) ја допуштате кон акт на Министерството за труд и социјална политика коешто по 31 јули 2017 година остана да си молчи во намените од Закон за слободен пристап до бараните информации.“, СЕ ЗАПИРА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Р.К. од Куманово, до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер поднесе Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведено под бр.08-31 на 25.09.2017 година, со кое бара по пошта да и се овозможи увид во следната информација:
“Дали жалбата од чл.111 на Закон за општа управна постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр.124/15…) ја допуштате кон акт на Министерството за труд и социјална политика коешто по 31 јули 2017 година остана да си молчи во намените од Закон за слободен пристап до бараните информации.“
По разгледувањето на Барањето, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека истото е непотполно и нејасно, поради што Комисијата не може да постапува по истото.
Поради тоа, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 17 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, достави Известување бр.08-31 од 05.10.2017 година до Радмила Крстевска. Со Известувањето, Комисијата побара од Р.К. да го дополни Барањето, односно да го прецизира и појасни во рок од 3 дена од приемот на Известувањето, за да може Комисијата да постапува по истото. Исто така, со Известувањето Комисијата ја предупреди Р.К. за последицата доколку не постапи по укажувањето во дадениот рок, односно дека Комисијата ќе постапи согласно член 17 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и со Заклучок ќе констатира дека Барањето е повлечено.
Од списите во предметот, Комисијата утврди дека Известувањето е доставено до Р.К. по пат на препорачана поштенска пратка. Видно од повратницата, доставата е уредна, приемот на Известувањето е потврдено со потпис на Е.К., но не е наведен датумот на прием на истото.
Поради наведеното, а согласно член 17 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комисијата констатира дека Барањето е повлечено и донесе Заклучок како во диспозитивот, односно ја запре постапката по Барањето.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во рок од 15 дена од денот на неговото доставување.