ДОНЕСЕНИ 11 РЕШЕНИЈА И 9 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 189-та седница одржана на 07 ноември 2017 година, донесе 11 решенија и 9 заклучоци.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-912 од 13.11.2015 година, бр.08-913 од 13.11.2015 година и бр.08-914 од 13.11.2015 година, изјавени од Ш.Г.-О. и Д.С. од Скопје, поднесени преку застапници З.Д. и Д.Ј., адвокати од Адвокатско друштво Давидовиќ и Јанковиќ од Скопје, против Судскиот совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), а во врска со Пресудата на Управниот суд У-5.бр.180/2016 од 15.09.2017 година, на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-912 од 13.11.2015 година, бр.08-913 од 13.11.2015 година и бр.08-914 од 13.11.2015 година, изјавени од Ш.Г.-О. и Д.С. од Скопје, поднесени преку застапници З.Д. и Д.Ј., адвокати од Адвокатско друштво Давидовиќ и Јанковиќ од Скопје, против Судскиот совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Како бранители на обвинетите Ве молиме да ни доставите информација за работењето на обвинетите во периодот од 2010 година до 2014 година, со оглед на тоа дека овие податоци ќе бидат потребни за водењето на судската постапка. Бидејќи Судскиот совет е надлежен за оцена на работењето на судиите, со ова барање Ве молиме да ни ги доставите следните информации:

-податоци од персоналното досие на обвинетите, за оцена на нивната работа, унапредувањата, дисциплинските постапки кои евентуално се воделе против нив, другите судски и професионални активности;

-информација дали обвинетите ги решавале предметите кои биле доделени во нивна надлежност според ориентационата норма;

-податоците и информациите што ги давале обвинетите, а ги потврдувал Претседателот на судот-месечни и годишни извештаи, за бројот, видот, сложеноста на решените предмети, за потврдените, укинатите и преиначените одлуки со податоци за повредата на процесните правила, доцнењето во пишувањето на одлуките, за причините за одолжување на постапката на одделни предмети;

-податоци дали против обвинетите се поднесени претставки од странки за нивното работење, кои се оценети како основани од страна на Судскиот совет;

-податоците и информациите за судиското работење на обвинетите од работните судски посети на Врховниот суд и апелациските судови;

-податоци и информации за однесувањето на обвинетите, со кои се подига угледот и достоинството на обвинетите и за однесувања кои го нарушуваат угледот и достоинственоста;

-податоците за учество на семинари и други форми на стручно усовршување, за објавени трудови во стручни списанија, работа во својство на ментор, едукатор…;” СЕ УВАЖУВААТ и СЕ ЗАДОЛЖУВА Судскиот совет на Република Македонија на барателите да им ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

Решението бр.03-1719/4 од 03.11.2015 година и Заклучокот бр.03-1719/2 од 03.11.2015 година на Судскиот совет на Република Македонија СЕ ПОНИШТУВААТ.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), а во врска со Пресудата на Управниот суд У-5 бр.180 /2016 од 15.09.2017 година, заведена во Комисијата под број 08-912 на 05.10.2017 година, повторно ги разгледа Жалбите бр.08-912 од 13.11.2015 година, бр.08-913 од 13.11.2015 година и бр.08-914 од 13.11.2015 година, изјавени од Ш.Г.-О. и Д.С. од Скопје, поднесени преку застапници З.Д. и Д.Ј., адвокати од Адвокатско друштво Давидовиќ и Јанковиќ од Скопје, против Судскиот совет на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот ГИ УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Судскиот совет на Република Македонија на барателите да им ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

Решението бр.03-1719/4 од 03.11.2015 година и Заклучокот бр.03-1719/2 од 03.11.2015 година на Судскиот совет на Република Македонија ГИ ПОНИШТИ.

По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го утврди следното:

Ш.Г.-О. и Д.С. од Скопје, преку застапници З.Д. и Д.Ј., адвокати од Адвокатско друштво Давидовиќ и Јанковиќ од Скопје, на 05.10.2015 година поднеле Барање за пристап до информации од јавен карактер до Судскиот совет на Република Македонија, заведено во Судскиот совет под бр.03-1719/1 и побарале да им се достават следните информации:

„Како бранители на обвинетите Ве молиме да ни доставите информација за работењето на обвинетите во периодот од 2010 година до 2014 година, со оглед на тоа дека овие податоци ќе бидат потребни за водењето на судската постапка. Бидејќи Судскиот совет е надлежен за оцена на работењето на судиите, со ова барање Ве молиме да ни ги доставите следните информации:

-податоци од персоналното досие на обвинетите, за оцена на нивната работа, унапредувањата, дисциплинските постапки кои евентуално се воделе против нив, другите судски и професионални активности;

-информација дали обвинетите ги решавале предметите кои биле доделени во нивна надлежност според ориентационата норма;

-податоците и информациите што ги давале обвинетите, а ги потврдувал Претседателот на судот-месечни и годишни извештаи, за бројот, видот, сложеноста на решените предмети, за потврдените, укинатите и преиначените одлуки со податоци за повредата на процесните правила, доцнењето во пишувањето на одлуките, за причините за одолжување на постапката на одделни предмети;

-податоци дали против обвинетите се поднесени претставки од странки за нивното работење, кои се оценети како основани од страна на Судскиот совет;

-податоците и информациите за судиското работење на обвинетите од работните судски посети на Врховниот суд и апелациските судови;

-податоци и информации за однесувањето на обвинетите, со кои се подига угледот и достоинството на обвинетите и за однесувања кои го нарушуваат угледот и достоинственоста;

-податоците за учество на семинари и други форми на стручно усовршување, за објавени трудови во стручни списанија, работа во својство на ментор, едукатор…;”.

Постапувајќи по Барањето, Судскиот совет на Република Македонија до застапниците на барателите на информации доставил Известување бр.03-1719/3 од 03.11.2015 година, со кое на барателите им одговара на дел од Барањето, а во дел од истото ги известува дека донел Решение бр.03-1719/4 од 03.11.2015 година со кое го одбива пристапот, со образложение дека станува збор за исклучок од слободниот пристап до информации (заштитени лични податоци), како и Заклучок бр.03-1719/2 од 03.11.2015 година, со кој ја прекинува постапката по дел од Барањето, со образложение дека не располага со бараната информација.

Во Известувањето бр.03-1719/3 од 03.11.2015 година Судскиот совет на Република Македонија, покрај другото, наведува:  „Што се однесува до барањата наведени под алинеите 3,5 и 7 од нивната содржина произлегува дека истите се однесуваат на податоци и информации со кои располагаат Основниот суд Скопје 1 Скопје, Врховниот суд на РМ, Апелациониот суд Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители. Во контекст на наведеното, а согласно со чл.18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Ве известуваме дека Вашите барања во овој дел се препратени до надлежните институции како иматели на информациите…За делот од Барањето содржано во алинеа 4 со кое барате податоци дали против судиите Д.С. и Ш.Г.-О. до Судскиот совет на РМ се поднесени претставки од странки за нивното работење, Ве известуваме дека бројот на поднесените претставки е од ирелевантен карактер и не се од влијание за натамошното водење на судската постапка“.

Во Решението на Судскиот совет на Република Македонија бр.03-1719/4 од 03.11.2015 година е наведено дека Барањето…со кое подносителот бара податоци за периодот 2010-2014 година поврзани со работењето, унапредувањето, оценувањето на лицата Д.С. и Ш.Г.-О., судии на Основниот суд Скопје 1 Скопје, обвинети пред Основниот суд Скопје 1 Скопје во кривична постапка за кривично дело Несовесно работење во службата од член.353-в ст.1 од КЗ, се одбива во делот со кој се бараат податоци од персоналното досие на судиите за оцена на нивната работа…по разгледување на резултатите од спроведениот тест на штетност…Судскиот совет на Република Македонија смета дека, доколку бараните информации бидат доставени ќе се наштети на личниот интегритет на судиите чии податоци се бараат и ќе се наруши нивното право на приватност…по спроведувањето на тестот на штетност во смисла на член 3 став 1 алинеја 6 в.в. со член 6 став 1 точка 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и резултатот од истиот, Судскиот совет на Република Македонија одлучи како во диспозитивот на ова Решение, односно го одби Барањето во делот кој се однесува на доставување податоци од персоналното досие на судиите Д.С. и Ш.Г.-О. за оцена на нивната работа“.

Во Заклучокот бр.03-1719/2 од 03.11.2015 година се наведува дека „се прекинува постапката…во делот каде барателот бара податоци и информации за однесувањето на обвинетите, со кои се подига угледот и достоинството на обвинетите и за однесувања кои го подигаат угледот и достоинственоста…Судскиот совет на Република Македонија…смета дека бараната информација…е информација со која не располага…Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер предвидува пристап до информации кои постојат и не наметнува обврска за имателот на информации да создава нова информација, притоа имајќи ги во предвид надлежностите на Судскиот совет на Република Македонија не произлегува обврска за подготвување на бараната информација“.

Незадоволни од добиените одговори од Судскиот совет на Република Македонија, Ш.Г.-О. и Д.С. од Скопје, преку застапници З.Д. и Д.Ј., адвокати од Адвокатско друштво Давидовиќ и Јанковиќ од Скопје, поднесоа Жалби до Комисијата, заведени под бр.08-912 од 13.11.2015 година, бр.08-913 од 13.11.2015 година и бр.08-914 од 13.11.2015 година.

Во Жалбата бр.08-912 од 13.11.2015 година, поднесена против Известувањето од Судскиот совет на Република Македонија, е наведено дека „на едно барање не е одговорено ниту во Заклучокот, ниту во Решението, туку во самото Известување Судскиот совет на РМ навел дека информациите кои ги бараат Д.С. и Ш.Г.-О. „се од ирелевантен карактер и не се од влијание за натамошно водење на судската постапка“…одбивањето на Барањето целосно е неосновано, но овој пат тоа е и противзаконско…имателот на информацијата не е оној кој треба да цени дали целта за која се бара информацијата ќе биде остварена, или дали за таа цел бараната информација е релевантна, или не. Тоа не е предвидено на ниту едно место во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Уште повеќе, во овој случај Судскиот совет на РМ на овој начин се става во улога на Претседател на судечкиот совет…“.

Во Жалбата  бр.08-913 од 13.11.2015 година, која е поднесена против Решението на Судскиот совет на Република Македонија, е наведено : „Би сакале да Ве прашаме, како може да е повреда на заштита на личните податоци откривање на информација од јавен карактер на самиот субјект на информацијата?…како може да предизвика штета на субјектот на личните податоци откривање на информација на самиот субјект и тоа имајќи предвид дека Барањето е поднесено токму заради заштита на нивните права и интереси…би сакале да знаеме како е спроведен тој тест на штетност и како се утврдиле последиците кои можат да настанат доколку позитивно се одговори на барањето…за какви последици станува збор…не е образложено во Решението“.

Во Жалбата бр.08-914 од 13.11.2015 година, поднесена против Заклучокот на Судскиот совет на Република Македонија, е наведено: „…во делот барање податоци и информации за однесувањето на обвинетите со кои се подига угледот и достоинството на истите и за однесувањата кои го подигаат угледот и достоинството…во образложението на Заклучокот стои дека Судскиот совет на РМ…не ја поседува, односно не располага со бараната информација и нема обврска истата да ја создава…е апсолутно неосновано од причина што еден од условите за избор на судија чл.45. ст.1 алинеја 8…е да ужива углед, да поседува интегритет за вршење на судиската функција и да поседува социјални способности…Судскиот совет на РМ не може, а да не ја поседува бараната информација бидејќи Судскиот совет согласно чл.41 ст.1 е единствен во чија надлежност спаѓа изборот на судии, па е и единствен која ја поседува бараната информација…“.

Комисијата, со дописи бр.08-912, 08-913 и 08-914 од 18.11.2015 година, ги препрати Жалбите до Судскиот совет на Република Македонија и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истите и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметите.

Судскиот совет на Република Македонија на 10.12.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалби и списи бр.03-1719/15 од 03.12.2015 година. Во Одговорот на жалбите, Судскиот совет наведува дека смета дека наводите истакнати во Жалбите се неосновани и дека правилно постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата се доставени фотокопии од Барање за слободен пристап до информации бр.03-1719/1 од 05.10.2015 година, од Известување бр.03-1719/3 од 03.11.2015 година, од Решение за делумно одбивање на пристапот до бараните информации бр.03-1719/4 од 03.11.2015 година и од Заклучок бр.03-1719/2 од 03.11.2015 година со кој ја прекинува постапката по дел од Барањето, со образложение дека не располага со бараната информација.

По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер заклучи дека Жалбите бр.08-912 од 13.11.2015 година, бр.08-913 од 13.11.2015 година и бр.08-914 од 13.11.2015 година, изјавени од Ш.Г.-О. и Д.С. од Скопје, преку застапници З.Д. и Д.Ј., адвокати од Адвокатско друштво Давидовиќ и Јанковиќ од Скопје, поднесени против Судскиот совет на Република Македонија се изјавени од ист жалител, по исто Барање, поднесени против одговори со иста содржина на Судскиот совет на Република Македонија. Поради наведеното, а раководејќи се од начелото на ефикасност, економичност и итност на водењето на управната постапка, согласно на тогаш важечкиот член 130 од Законот за општата управна постапка, Комисијата донесе Заклучок за спојување на Жалбите во една постапка под бр. 08-912 и со Решение бр.08-912 од 28.12.2015 година ги одби како неосновани.

Против наведеното Решение, Ш.Г.-О. и Д.С. од Скопје, преку застапници З.Д. и Д.Ј., адвокати од Адвокатско друштво Давидовиќ и Јанковиќ од Скопје, на 18.01.2016 година поднеле Тужба до Управниот суд, заведена во Управниот суд под бр. У-5.бр.108/16.

Управниот суд, со Пресуда У-5 бр.180/2016 од 15.09.2017 година  ја уважи Тужбата, оспореното Решение на Комисијата бр.08-912 од 28.12.2015 го поништи и предметот го врати на повторно постапување пред Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Во наведената Пресуда, Управниот суд на тужениот орган му укажува дека „…за Судот останува нејасно дали поднесеното Барање е поднесено во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, или истото претставува Барање за добивање податоци кои се од личен карактер и кои се однесуваат непосредно за самите тужители, со оглед дека од содржината на поднесеното Барање не произлегува дека се работи за Барање за пристап до информации од јавен карактер…тужениот орган во повторната постапка со сигурност да утврди дали во конкретниот случај првостепениот орган правилно прифатил дека станува збор за Барање поднесено согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно дали истото ги содржи сите елементи согласно Законот, или пак Барањето се однесува за обезбедување на лични податоци за самите баратели…„“.

По повторното разгледување на Жалбите и другите списи во врска со предметот, како и согласно укажувањата во наведената пресуда на Управниот суд, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека во конкретниот случај Барањето поднесено на 05.10.2015 година од Ш.Г.-О. и Д.С. од Скопје, преку застапници З.Д. и Д.Ј., адвокати од Адвокатско друштво Давидовиќ и Јанковиќ од Скопје, до Судскиот совет на Република Македонија, заведено во Судскиот совет под бр.03-1719/1, претставува Барање за пристап до информации од јавен карактер. Ова од причини што Барањето ги содржи сите елементи наведени во член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно од предметот на Барањето произлегува дека се работи за Барање за пристап до информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со кое барателите од имателот на информации побарале да им обезбеди податоци кои се однесуваатна самите нив.

Според член  16 став 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „ако според предметот на барањето произлегува дека се работи за барање за пристап до информации согласно со овој Закон, имателот на информацијата задолжително го разгледува барањето во согласност со овој Закон“.

Во конкретниот случај, Комисијата констатира дека првостепениот орган правилно постапил по Барањето од Ш.Г.-О. и Д.С. од Скопје, како по Барање за пристап до информации од јавен карактер и постапката ја продолжил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Со оглед дека бараните информации од страна на барателите Ш.Г.-О. и Д.С. од Скопје се информации кои произлегуваат од надлежностите на имателот на информации, наведени во член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а се однесуваат  лично на барателите на информациите, односно претставуваат информации од јавен карактер, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер ги поништи оспореното Решение бр.03-1719/4 од 03.11.2015 година и оспорениот Заклучок бр.03-1719/2 од 03.11.2015 година на Судскиот совет на Република Македонија.

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Пресудата на Управниот суд повторно ги разгледа Жалбите и другите списи во врска со предметот и донесе Решение како во диспозитивот.

При повторното постапување и одлучување по Жалбата, Комисијата ги имаше во предвид укажувањата и напатствијата на Управниот суд наведени во Образложението на Пресудата.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, а во врска со Пресудата на Вишиот управен суд, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 7 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “Во врска со Вашето известување под Бр.10-6808/37987 од 28.07.2015 г. барам:

Да ми се дозволи да извршам увид во предметот оформен по мое поднесено барање за еднократно отпишување на долгови за кое Вие ме известувате дека не ги исполнувам условите.

Воедно да ми се даде и копии од сите списи во предметот. За итност во постапката однапред Ви благодарам.” СЕ УВАЖУВА И СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за труд и социјална политика на барателот да му овозможи да изврши увид во бараниот предмет и да му се достават бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со Пресудата на Вишиот управен суд УЖ-3.бр.302/2017 година од 05.10.2017 година, заведена во Комисијата под бр.08-861 на  26.10.2017 година, повторно ја разгледа Жалбата бр.08-861 од 17.09.2015 година, изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Министерство за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Министерството за труд и социјална политика на барателот да му овозможи да изврши увид во бараниот предмет и да му се достават бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, В.У. од Скопје, на 07.08.2015 година поднел Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика, заведено во Министерството за труд и социјална политика под бр.14-7343/1. Со Барањето побарал да му се овозможи увид и фотокопија по извршен увид од следната информација:

„Во врска со Вашето известување под Бр.10-6808/37987 од 28.07.2015 г. барам:

Да ми се дозволи да извршам увид во предметот оформен по мое поднесено барање за еднократно отпишување на долгови за кое Вие ме известувате дека не ги исполнувам условите.

Воедно да ми се даде и копии од сите списи во предметот. За итност во постапката однапред Ви благодарам.“

Министерството за труд и социјална политика, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што В.У. на 09.09.2015 година поднел Ургенција до Министерството заведена под бр.10-6808/37987.

Министерството за труд и социјална политика не одговорило ниту по Барањето за пристап до информации од јавен карактер ниту по Ургенцијата, по што В.У. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-861 од 24.09.2015 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од 3 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за труд и социјална политика, на 11.11.2015 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.14-7343/6 од 05.11.2015 година, а во Комисијата заведен под бр.08-861. Во Одговорот е наведено дека: „Во врска со жалбата поднесена од В.У., Министерството за труд и социјална политика Ве известува дека на В.У. му е доставен следниот одговор. Согласно со Законот за еднократно отпишување на долговите на граѓаните, правото на еднократен отпис може да го оствари должник кој заклучно со 31.12.2013 година имал статус на корисник на социјална парична помош (СПП) или постојана парична помош (ППП) или невработено лице евидентирано во Агенцијата за вработување на Република Македонија како невработено лице кое активно бара работа подолго од 12 месеци. По добивањето на податоци од страна на Центарот за социјални работи и од Агенцијата за вработување на Република Македонија, Комисијата утврди дека не сте ниту корисник на СПП или ППП ниту пак активно барате работа подолго од 12 месеци. Од причина што не исполнувате ниту еден од наведените услови Комисијата изготви известување дека не ги исполнувате условите за еднократен отпис на долг.“

Во прилог на наведениот Одговор, Министерството за труд и социјална политика до Комисијата го достави Одговорот на барање бр.14-7343/3 од 16.09.2015 година испратен по пошта. Бидејќи барателот не го нашле, писмото било вратено до Министерството за труд и социјална политика и истото барателот го примил лично на рака на 21.09.2015 година.

Барателот не поднесе Жалба до Комисијата во врска со добиениот одговор.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата  на 18.11.2015 година донесе Решение бр.08-861 со кое Жалбата на В.У. ја одби како неоснована и утврди дека Министерството за труд и социјална политика постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со тоа што на Барателот му ја доставило бараната информација.

Против наведеното Решение на Комисијата, В.У. од Скопје на 21.12.2015 година поднесе Тужба до Управниот суд заведена под У-5.бр.1783/2015.

Управниот суд на Република Македонија на 02.02.2016 година ја достави Тужбата заведена под У-5.бр.1783/2015, а во Комисијата под бр.08-861, со барање во рок од 10 дена да се произнесе по истата.

Комисијата на 10.02.2016 година до Управниот суд достави Одговор на Тужба заведен под бр.08-861.

Управниот суд, со Пресуда У-5 бр.1783/2015 од 29.09.2016 година ја одби Тужбата како неоснована.

В.У. од Скопје на 09.12.2016 година поднесе Жалба до Вишиот управен суд заведена под У5 1783/15, а во Комисијата под бр.08-861 на 17.03.2017 година, против Пресудата на Управниот суд У-5.бр.1783/2015 од 29.09.2016 година.

На 23.03.2017 година, Комисијата достави Произнесување по Жалба изјавена против Пресуда на Управниот суд У-5.бр.1783/2015 од 29.09.2016 година, заведено под бр.08-861, преку Управниот суд до Вишиот управен суд. Вишиот управен суд на 05.10.2017 година донесе Пресуда УЖ-3.бр.302/2017 со кое Жалбата на тужителот В.У. од Скопје се уважува, Пресудата на Управниот суд У-5.бр.1783/2015 од 29.09.2016 година, се преиначува и се одлучува. Тужбата на тужителот В.У. од Скопје се уважува. Оспореното Решение на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер број 08-861 од 18.11.2015 година се поништува.

Во наведената Пресуда, Вишиот управен суд покрај другото наведува: “Жалбата е основана…Вишиот управен суд најде дека пресудата на Управниот суд е незаконита…Во конкретниот случај Вишиот управен суд утврди дека Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер не постапила согласно своите надлежности и неправилно утврдила дека Министерството за труд и социјална политика постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со тоа што на Барателот В.У. од Скопје му ја доставило бараната информација.

Вишиот управен суд одлучувајќи по жалбата ги прифати жалбените наводи на тужителот кои се однесуваат на погрешно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право, а со пресудата на Управниот суд е повреден законот на штета на тужителот.

При повторното одлучување тужениот орган Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, треба да постапи по укажувањата на овој суд и да ја има во предвид одредбата од член 20 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и одредбата од член 246 став 1 од Законот за општата управна постапка која се однесува за постапување на органот имател на бараната информација, да побара првостепениот орган да му ги образложи причините за тоа зошто не постапил по барањето и да му определи рок не подолг од 30 дена за донесување решение, а потоа да донесе правилна и на закон заснована одлука.”

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Пресудата на Вишиот управен суд, повторно ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и донесе Решение како во диспозитивот.

При повторното постапување и одлучување по Жалбата, Комисијата ги имаше во предвид укажувањата и напатствијата на Вишиот управен суд наведени во Образложението на Пресудата.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за Жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.З., адвокат од Скопје, поднесена против Основен суд Скопје 1 Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.З., адвокат од Скопје, поднесена против Известувањето на Основен суд Скопје 1 Скопје ПЈИ.бр.19/17-I од 02.10.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Под точките 2.“Критериуми за избор на бранител од листата на адвокати по службена должност, врз основа на кои Претседателот на Судот врши назначување“, 3. “Бројот на предметот во кој бил ангажиран адвокат по службена должност; име и презиме на Претседателот на Советот и име и презиме на бранителот кој бил назначен. Податоците ни се потребни за предметите во кое се ангажирани адвокати по службена должност за период од 01.01.2016-30.06.2017 година“ и 4.“Решенија за исплата на адвокатски трошоци по адвокат, за период од 01.01.2016-30.06.2017 година“, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е   

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-423 на 12.10.2017 година, изјавена од П.З., адвокат од Скопје, поднесена против Известувањето на Основен суд Скопје 1 Скопје ПЈИ.бр.19/17-I од 02.10.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и ЈА ОДБИ како неоснована.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го утврди следното.

Како што се наведува во Жалбата, П.З., адвокат од Скопје, на 11.07.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основен суд Скопје 1 Скопје, со кое побарало да и се достават следните информации:

„ – Листа на адвокати по службена должност со која располага Вашиот Суд

– Критериуми за избор на бранител од листата на адвокати по службена должност, врз основа на кои Претседателот на Судот врши назначување

– Бројот на предметот во кој бил ангажиран адвокат по службена должност; име и презиме на Претседателот на Советот и име и презиме на бранителот кој бил назначен. Податоците ни се потребни за предметите во кое се ангажирани адвокати по службена должност за период од 01.01.2016-30.06.2017 година.

– Решенија за исплата на адвокатски трошоци по адвокат, за период од 01.01.2016-30.06.2017 година“.

Основен суд Скопје 1 Скопје на 04.08.2017 година, до барателот доставил Известување ПЈИ.бр.19/17 од 03.08.2017 година. Во Известувањето е наведено: “…Судот постапувајќи по барањето, донесе одлука да Ви овозможи пристап до бараната информација, при што во прилог на овој допис Ви доставуваме листа на адвокати по службена должност со која располага овој суд, како и листа на адвокати кои биле поставени како бранители по службена должност за период од  01.01.2016-30.06.2017 година. По однос на Вашето барање, со кое барате да Ви биде доставена информација за бројот на предметот во кој биле ангажирани адвокатите како бранители по службена должност, името и презимето на претседателот на советот кој постапувал по предметот, како и достава на решенија за исплата на адвокатските трошоци по адвокат за период од 01.01.2016-30.06.2017 година, Ве известуваме дека не сме во можност да постапиме по вака поставеното Ваше барање, од причина што истото не претставува информација од јавен карактер“.

Незадоволна од наведеното Известување, П.З., адвокат од Скопје до Комисијата достави Жалба.

Комисијата, со допис бр.08-423 од 17.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Основен суд Скопје 1 Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 29.08.2017 година Основниот суд Скопје 1 Скопје до Комисијата достави Допис „Достава на списи“ Пји.бр.19/17 од 29.08.2017 година. Во прилог ги достави во фотокопија сите списи во врска со предметот, на понатамошно постапување на Комисијата, без да се произнесе по Жалбата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер на 13.09.2017 година донесе Решение со кое Жалбата за точка 1 од Барањето се одбива, а за точките под бр.2, 3 и 4 од Барањето ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред Основниот суд Скопје 1 Скопје.

На 02.10.2017 година, Основниот суд Скопје 1 Скопје доставил до П.З., адвокат од Скопје Известување ПЈИ.бр.19/17-I. Во Известувањето, Основниот суд Скопје 1 Скопје наведува: ”Постапувајќи по задолжението на Комисијата, судот при повторното постапување по барањето утврди дека во конкретниов случај се работи за барање на информации за кои што Акмис системот во кој што работи овој суд не може да ги даде бараните податоци. Основниот суд Скопје 1 Скопје како имател на информацијата располага со бараната информација од јавен карактер, меѓутоа не во бараната форма и за создавање на истата е потребен подолг временски период и ангажирање на повеќе човечки ресурси кои овој суд во моментов ги нема. Од тие причини, Ве известуваме дека за да ги добиете бараните информации во секое време можете да дојдете во судот и да извршите увид во обемната класерска документација.”

Незадоволна од наведеното Известување, П.З., адвокат од Скопје до Комисијата достави Жалба. Во Жалбата П.З., адвокат од Скопје, покрај другото наведува:” Доколку на судот му е потребно дополнително време за да ја создаде оваа јавна информација во побаруваната форма, можел во известувањето да го наведе тој рок а не да одбие достава на информација од јавен карактер, како со наведеното известување.”

Комисијата, со допис бр.08-423 од 13.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Основен суд Скопје 1 Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 20.10.2017 година Основниот суд Скопје 1 Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба Пји.бр.19/17 од 19.10.2017 година. Во Одговорот, Судот наведува дека “…располага со бараната информација  од јавен карактер, меѓутоа не во бараната форма и за создавање на истата е потребен подолг временски период и ангажирање на повеќе човечки ресурси кои овој суд во моментов ги нема. Истовремено со истото известување Барателот на информацијата од јавен карактер е известен дека во секое време може да дојде во просториите на судот и да изврши увид во обемната класерска документација.” Во прилог Основниот суд Скопје 1 Скопје до Комисијата ги достави во фотокопија сите списи во врска со предметот.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основниот суд Скопје 1 Скопје постапил согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Жалбените наводи дека Основниот суд Скопје 1 Скопје одбил достава на бараната информација, се неосновани. Напротив, Основниот суд Скопје 1 Скопје на јасен и прецизен начин појаснил од кои причини не е во можност да ги даде бараните податоци и со оглед на обемноста на материјалот, го повикал барателот во секое време да дојде во просториите на судот и да направи увид во обемната класерска документација.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Ф. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.Ф. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Договори за ангажирање на странски консултанти во периодот од 2006 година до јуни 2017 година, со име и презиме, период на ангажман и висина на исплатени средства“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за надворешни работи на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-643 на 02.10.2017 година, изјавена од С.Ф. од Скопје, поднесена против Министерството за надворешни работи, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за надворешни работи на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, С.Ф. од Скопје, на 04.08.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за надворешни работи, со кое побарала да и се достави електронски запис по е-маил од следната информација:

„Договори за ангажирање на странски консултанти во периодот од 2006 година до јуни 2017 година, со име и презиме, период на ангажман и висина на исплатени средства“.

Министерството за надворешни работи, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-643 од 04.10.2017 година ја препрати Жалбата Министерството за надворешни работи и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 26.10.2017 година, Министерството за надворешни работи до Комисијата достави Одговор по жалба поднесена од С.Ф. бр.04-28549/2 од 17.10.2017 година. Во Одговорот, Министерството наведува дека: „…МНР во законски предвидениот рок постапи согласно барањето, правилно применувајќи ги Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за заштита на лични податоци и во таа насока ги достави сите договори и анекси на договорите склучени со странски консултанти во наведениот период. Договорите и анексите беа дадени во оригинална форма со тоа што беа покриени само личните податоци, име презиме и трансакциски сметки на консултантите, согласно ЗЗЛП. Сите останати елементи на договорите, вклучително и сумите, односно износите на кои се склучени договорите можеа јасно да се утврдат од доставените документи“. Во прилог Министерството за надворешни работи до Комисијата не достави доказ дека барателот ги примил бараните информации.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за надворешни работи не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.

Комисијата му укажува на Министерството дека имињата и презимињата на консултантите не се заштитени лични податоци и доколку договорите не се класифицирани, истите треба да бидат достапни за јавноста.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, преку полномошник д-р М.Д., против Општина Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, преку полномошник д-р М.Д., против Општина Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Вредноста на буџетот на општината (основен) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.

  1. Вредноста на буџетот на општината (консолидиран) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  2. Вредноста на остварен буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  3. Вредноста на реализиран буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  4. Број на вработени во општината согласно со Законот за работни односи за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  5. Број на ангажирани лица со договор за привремено вработување во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  6. Број на ангажирани лица со договор за дело во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  7. Вкупна вредност на јавните набавки за сите видови на постапки за склучување на договори за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки на општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  8. Број на склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  9. Називи на субјекти со кои се склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  10. Висина на финансиски средства планирани во буџетот на општината за невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
  11. Висина на финансиски средства доделени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
  12. Висина на финансиски средства исплатени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
  13. Број на издадени Б интегрирани еколошки дозволи за индустриски капацитет во општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Илинден на барателот да му ја достави бараната информација по точка 5 и точка 8 од Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-650 на 05.10.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, преку полномошник д-р М.Д., против Општина Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Илинден на барателот да му ја достави бараната информација по точка 5 и точка 8 од Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, на 11.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Илинден, заведено кај барателот под бр.03-41/2, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следната информација:

„1. Вредноста на буџетот на општината (основен) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.

  1. Вредноста на буџетот на општината (консолидиран) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  2. Вредноста на остварен буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  3. Вредноста на реализиран буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  4. Број на вработени во општината согласно со Законот за работни односи за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  5. Број на ангажирани лица со договор за привремено вработување во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  6. Број на ангажирани лица со договор за дело во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  7. Вкупна вредност на јавните набавки за сите видови на постапки за склучување на договори за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки на општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  8. Број на склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  9. Називи на субјекти со кои се склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  10. Висина на финансиски средства планирани во буџетот на општината за невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
  11. Висина на финансиски средства доделени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
  12. Висина на финансиски средства исплатени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
  13. Број на издадени Б интегрирани еколошки дозволи за индустриски капацитет во општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година“.

Постапувајќи по Барањето, Општина Илинден до барателот доставила допис насловен „Достава на бараната информација од јавен карактер“ бр.08-1114/3 од 18.07.2017 година и допис насловен „Достава на бараната информација од јавен карактер“ бр.08-1114/4 од 25.07.2017 година.

Незадоволен од наведените дописи поради, како што се наведува во Жалбата, недоставен одговор по точка 8 од Барањето како и по точка 5 од Барањето за 2014, 2015 и 2016 година, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-650 од 06.10.2017 година ја препрати Жалбата до Општина Илинден и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Општина Илинден не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Илинден не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило во целост бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали Министерството за економија има подготвено детален план за спроведување, следење и евалуација на Законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба (изгласан на 15.03.2016) по неговото донесување во Собранието на Република Македонија? Доставете ни фотокопија од деталниот план за спроведување на овој закон, како и фотокопија од сите извештаи/известувања за сите активности досега спроведени за спроведување, следење и евалуација на законот“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-578 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија,  со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„Дали Министерството за економија има подготвено детален план за спроведување, следење и евалуација на Законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба (изгласан на 15.03.2016) по неговото донесување во Собранието на Република Македонија? Доставете ни фотокопија од деталниот план за спроведување на овој закон, како и фотокопија од сите извештаи/известувања за сите активности досега спроведени за спроведување, следење и евалуација на законот“.

Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-578 од 28.09.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за економија не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали Министерството за економија има подготвено детален план за спроведување, следење и евалуација на Законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи (изгласан на 15.03.2016) по неговото донесување во Собранието на Република Македонија? Доставете ни фотокопија од деталниот план за спроведување на овој закон, како и фотокопија од сите извештаи/известувања за сите активности досега спроведени за спроведување, следење и евалуација на законот“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-579 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија,  со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„Дали Министерството за економија има подготвено детален план за спроведување, следење и евалуација на Законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи (изгласан на 15.03.2016) по неговото донесување во Собранието на Република Македонија? Доставете ни фотокопија од деталниот план за спроведување на овој закон, како и фотокопија од сите извештаи/известувања за сите активности досега спроведени за спроведување, следење и евалуација на законот“.

Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-579 од 27.09.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за економија не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали Министерството за економија го објавило Законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема (изгласан на 22.06.2016) на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)? Доставете ни фотокопија од сите коментари доставени по тој закон согласно извештајот за проценка на влијание на регулатива подготвен за овој закон“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-584 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија,  со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„Дали Министерството за економија го објавило Законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема (изгласан на 22.06.2016) на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)? Доставете ни фотокопија од сите коментари доставени по тој закон согласно извештајот за проценка на влијание на регулатива подготвен за овој закон“.

Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-584 од 27.09.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за економија не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали Министерството за економија на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) го објавил Извештајот за проценка на влијанието на регулативата со прегледот на добиените мислења во кој се наведени причините поради кои забелешките и предлозите не се прифатени за Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, гласан во Собрание на 12.02.2016? Доставете ни информација каде е извршена оваа објава“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-593 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија,  со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„Дали Министерството за економија на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) го објавил Извештајот за проценка на влијанието на регулативата со прегледот на добиените мислења во кој се наведени причините поради кои забелешките и предлозите не се прифатени за Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, гласан во Собрание на 12.02.2016? Доставете ни информација каде е извршена оваа објава“.

Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-593 од 27.09.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за економија не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали Министерството за економија има подготвено детален план за спроведување, следење и евалуација на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (изгласан на 12.02.2016) по неговото донесување во Собранието на Република Македонија? Доставете ни фотокопија од деталниот план за спроведување на овој закон, како и фотокопија од сите извештаи/известувања за сите активности досега спроведени за спроведување, следење и евалуација на законот“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-594 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија,  со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„Дали Министерството за економија има подготвено детален план за спроведување, следење и евалуација на Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (изгласан на 12.02.2016) по неговото донесување во Собранието на Република Македонија? Доставете ни фотокопија од деталниот план за спроведување на овој закон, како и фотокопија од сите извештаи/известувања за сите активности досега спроведени за спроведување, следење и евалуација на законот“.

Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-594 од 27.09.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за економија не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали Министерството за економија има подготвено извештај за проценка на влијание на регулатива за Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва гласано во Собрание на 12.02.2016? Доставете ни фотокопија од извештајот за проценката на влијание на регулативата на овој закон“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-595 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии” Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж. од Скопје, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија,  со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„Дали Министерството за економија има подготвено извештај за проценка на влијание на регулатива за Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва гласано во Собрание на 12.02.2016? Доставете ни фотокопија од извештајот за проценката на влијание на регулативата на овој закон“.

Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-595 од 27.09.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за економија не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Согласно член 44 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на службеното лице за посредување со информации кај имателот на информацијата доколку во предвидениот рок неосновано не ја посредува информацијата согласно со членот 21 од овој закон“.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Коалицијата на здруженија на граѓани “Сите за правично судење”-Скопје, поднесена преку извршниот директор Н.П., против Основниот суд Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 7 ноември 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К   

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Коалицијата на здруженија на граѓани “Сите за правично судење”-Скопје, поднесена преку извршниот директор Н.П., против Основниот суд Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Список на предмети со референтен број и кривично дело кое се става на товар, а кои се водат по новиот Закон за кривичната постапка.“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-664 на 20.10.2017 година, изјавена од Коалицијата на здруженија на граѓани “Сите за правично судење”-Скопје, поднесена преку извршниот директор Н.П., против Основниот суд Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Коалицијата на здруженија на граѓани “Сите за правично судење”-Скопје на 20.09.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Штип, со кое побарала по е-маил да и се достави електронски запис од информацијата:

„Список на предмети со референтен број и кривично дело кое се става на товар, а кои се водат по новиот Закон за кривичната постапка.“

Постапувајќи по Барањето, Основниот суд Штип на 17.10.2017 година до барателот доставил Известување СУ.бр.609/17 од 09.10.2017 година, со кое ја известува Коалицијата на здруженија на граѓани дека:”…не сме во можност да Ви ги дадеме бараните информации бидејќи тие не спаѓаат во информации од јавен карактер. Доколку Ви се потребни евентуално податоци како вкупна бројка по година, во тој случај такви информации би можеле да ви дадеме.”

Незадоволна од добиеното Известување, Коалицијата на здруженија на граѓани “Сите за правично судење”-Скопје, преку извршниот директор Н.П., поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-664 од 24.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Штип и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 01.11.2017 година, Основниот суд Штип до Комисијата достави Одговор на жалба Су.бр.714/17 од 31.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-664. Во Одговорот на жалба, Основниот суд Штип наведува: „…Во врска со изјавената жалба Ве известуваме дека до подносителот ги доставивме бараните податоци на ден 31.10.2017 год. по пат на е-маил.“ и во прилог ја достави електронската порака за достава на бараните информации.

На 03.11.2017 година, Коалиција на здруженија на граѓани “Сите за правично судење”-Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека “…Судот ги исполни своите законски обврски и ги достави бараните инфомации…”.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Основниот суд Штип постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015) на седницата одржана на 7 ноември 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молиме да ни ги доставите следниве документи и информации:

  1. Годишниот план за јавни набавки и сите негови измени и дополнувања за 2016 година,
  2. Дали во вашата институција има определено лице или организациски облик во чии рамки се вршат работите од областа на јавните набавки?
  3. Дали лицето коешто ги врши јавните набавки има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки?
  4. Дали членовите на Комисијата за јавни набавки се менуваат за секоја набавка или се истите за сите набавки?
  5. Дали за секоја набавка се изработува образложение на спроведувањето на потребата од набавката?
  6. Дали имате методологија/упатство и сл.документ врз основа на кој се пресметува проценетата вредност на набавките? (Ако имате, ве молиме доставете копија од документот)?
  7. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализација на планот (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
  8. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
  9. Колкав е износот на реализираните договори за јавни набавки склучени во 2016 година (вкупна вредност на реализирани договори)?
  10. Колкава е вредноста на доспеани, а неплатени обврски по договори за јавни набавки склучени во 2016 год. (состојба 30.јуни 2017 год.)?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-667 на 26.10.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, на 06.09.2017 година поднелo Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1007/1 до Министерството за економија, со кое побарало по пошта и по е-маил фотокопија од следните информации:

„Ве молиме да ни ги доставите следниве документи и информации:

  1. Годишниот план за јавни набавки и сите негови измени и дополнувања за 2016 година,
  2. Дали во вашата институција има определено лице или организациски облик во чии рамки се вршат работите од областа на јавните набавки?
  3. Дали лицето коешто ги врши јавните набавки има соодветна потврда за положен испит за лице за јавни набавки?
  4. Дали членовите на Комисијата за јавни набавки се менуваат за секоја набавка или се истите за сите набавки?
  5. Дали за секоја набавка се изработува образложение на спроведувањето на потребата од набавката?
  6. Дали имате методологија/упатство и сл.документ врз основа на кој се пресметува проценетата вредност на набавките? (Ако имате, ве молиме доставете копија од документот)?
  7. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализација на планот (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
  8. Дали во институцијата е воспоставен систем за следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки (ако е воспоставен, ве молиме да ни доставите копија од документот во кој се уредува системот)?
  9. Колкав е износот на реализираните договори за јавни набавки склучени во 2016 година (вкупна вредност на реализирани договори)?
  10. Колкава е вредноста на доспеани, а неплатени обврски по договори за јавни набавки склучени во 2016 год. (состојба 30.јуни 2017 год.)?“

Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

На 06.11.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека го добиле одговорот на Барањето за пристап до информации од јавен карактер од имателот на информацијата Министерство за економија и ја повлекуваат Жалбата.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за економија постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Колку постапки Општина Карпош спровела за реконструкција и обнова на фасади на објекти во надлежност на Општината во периодот од 2009 до денес – 2017 година и за колку објекти станува збор? Колку средства општината потрошила за реконструкција и обнова на фасади во посочениот период, секоја година одделно? И, кои компании ги вршеле работите, односно која компанија колку фасади реконструирала, кога и колку средства инкасирала за секој објект посебно?“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-659 на 09.10.2017 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје на 23.08.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Карпош, со кое ја побарал следната информација:

„Колку постапки Општина Карпош спровела за реконструкција и обнова на фасади на објекти во надлежност на Општината во периодот од 2009 до денес – 2017 година и за колку објекти станува збор? Колку средства општината потрошила за реконструкција и обнова на фасади во посочениот период, секоја година одделно? И, кои компании ги вршеле работите, односно која компанија колку фасади реконструирала, кога и колку средства инкасирала за секој објект посебно?“.

Општина Карпош, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-659 од 12.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Карпош и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 27.10.2017 година Општина Карпош до Комисијата достави Известување бр.12-7814/2 од 25.10.2017 година, во Комисијата заведен под бр.08-659. Во прилог го достави Одговорот испратен до барателот.

На 06.11.2017 година В.С. од Скопје, преку е-маил ја извести Комисијата дека “ го добил одговорот на барањето и од истиот е задоволен“.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Карпош постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Демир Капија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Демир Капија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молиме за постапката за јавна набавка на прехрамбени производи за потребите на Општина Демир Капија број 09/2017 да не информирате колку економски оператори учествувале во постапката и да ни ги доставите:

. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ, или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,

. Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка,

.Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

. Извештај од спроведената е-аукција“,поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-655 на 09.10.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Демир Капија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-655 на 09.10.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, на 26.09.2017 година поднелo Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-1041/1 до Општина Демир Капија, со кое ги побарало,  следните информации:

„Ве молиме за постапката за јавна набавка на прехрамбени производи за потребите на Општина Демир Капија број 09/2017 да не информирате колку економски оператори учествувале во постапката и да ни ги доставите:

. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ, или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки,

. Извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка,

.Одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

. Извештај од спроведената е-аукција“.

На 06.10.2017 година, Општина Демир Капија до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје доставила Одговор на барање заведена под бр.03-665/2 од 04.10.2017 година.

Незадоволно од добиениот Одговор, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации – ЦГК Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-655 од 13.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Демир Капија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 25.10.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека “ја повлекуваат жалбата поради тоа што го добиле одговорот на Барањето од имателот на информацијата Општина Демир Капија“.

На 27.10.2017 година Општина Демир Капија до  Комисијата достави Одговор на жалба заведен под Арх.бр.03-665/4 од 20.10.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-655. Во прилог го достави Одговорот испратен до барателот.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Демир Капија постапила по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Вредноста на буџетот на општината (основен) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.

  1. Вредноста на буџетот на општината (консолидиран) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  2. Вредноста на остварен буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  3. Вредноста на реализиран буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  4. Број на вработени во општината согласно со Законот за работни односи за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  5. Број на ангажирани лица со договор за привремено вработување во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  6. Број на ангажирани лица со договор за дело во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  7. Вкупна вредност на јавните набавки за сите видови на постапки за склучување на договори за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки на општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  8. Број на склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  9. Називи на субјекти со кои се склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  10. Висина на финансиски средства планирани во буџетот на општината за невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
  11. Висина на финансиски средства доделени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
  12. Висина на финансиски средства исплатени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
  13. Број на издадени Б интегрирани еколошки дозволи за индустриски капацитет во општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година“., поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-653 на 05.10.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Сопиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, на 11.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Сопиште, заведено кај барателот под бр.03-43/1, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следната информација:

„1. Вредноста на буџетот на општината (основен) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.

  1. Вредноста на буџетот на општината (консолидиран) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  2. Вредноста на остварен буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  3. Вредноста на реализиран буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  4. Број на вработени во општината согласно со Законот за работни односи за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  5. Број на ангажирани лица со договор за привремено вработување во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  6. Број на ангажирани лица со договор за дело во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
  7. Вкупна вредност на јавните набавки за сите видови на постапки за склучување на договори за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки на општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  8. Број на склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  9. Називи на субјекти со кои се склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
  10. Висина на финансиски средства планирани во буџетот на општината за невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
  11. Висина на финансиски средства доделени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
  12. Висина на финансиски средства исплатени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
  13. Број на издадени Б интегрирани еколошки дозволи за индустриски капацитет во општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година“.

Постапувајќи по Барањето, Општина Сопиште до барателот доставила Одговор.

Незадоволен од Одговорот поради, како што се наведува во Жалбата, недоставен одговор по точките 1,2,3,4,5,6,7,8,11,12,13 и 14 од Барањето, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-653 од 06.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Сопиште и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 27.10.2017 година, Општина Сопиште до Комисијата достави Известување бр.08-2460/4 од 19.10.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-653. Во Известувањето е наведено: „…Ве известуваме дека на барањето на Институтот за стратешки истражувања ИСИЕ е позитивно одговорено“.

На 01.11.2017 година, преку е-маил ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Сопиште постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К   

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали Министерството за економија има подготвено извештај за проценка на влијание на регулатива за Закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност, гласано во Собрание на 22.02.2016 година? Доставете ни фотокопија од извештајот за проценката на влијание на регулативата на овој закон“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-581 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија,  со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„Дали Министерството за економија има подготвено извештај за проценка на влијание на регулатива за Закон за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност, гласано во Собрание на 22.02.2016 година? Доставете ни фотокопија од извештајот за проценката на влијание на регулативата на овој закон“.

Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-581 од 27.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 18.10.2017 година, Министерството за економија до Комисијата достави Одговор на  барање бр.13-3718/2 од 04.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-581. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.

Во интерес на економичност и ефикасност на постапката, службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, на 20.10.2017 година и на 27.10.2017 година во телефонски разговор го извести барателот за наведениот одговор кој беше доставен до Комисијата. На 30.10.2017 година, претставник од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје го подигна Одговорот во просториите на Комисијата.

На 01.11.2017 година, преку е-маил, Здружението „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, ја извести Комисијата дека ја повлекуваат Жалбата.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за економија постапило по Барањето, но со задоцнување и барателот ги добил бараните информации со посредство на Комисијата. Комисијата му укажува на Министерството за економија дека во иднина е должно, бараните информации да ги доставува до барателот на информации, а до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да достави произнесување по жалба и списите во врска со предметот. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К   

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали Министерството за економија има подготвено детален план за спроведување, следење и евалуација на Законот за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност (изгласан на 22.02.2016) по неговото донесување во Собранието на Република Македонија? Доставете ни фотокопија од деталниот план за спроведување на овој закон, како и фотокопија од сите извештаи/известувања за сите активности досега спроведени за спроведување, следење и евалуација на законот“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-585 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија,  со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„Дали Министерството за економија има подготвено детален план за спроведување, следење и евалуација на Законот за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност (изгласан на 22.02.2016) по неговото донесување во Собранието на Република Македонија? Доставете ни фотокопија од деталниот план за спроведување на овој закон, како и фотокопија од сите извештаи/известувања за сите активности досега спроведени за спроведување, следење и евалуација на законот“.

Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-585 од 27.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 18.10.2017 година, Министерството за економија до Комисијата достави Одговор на  барање бр.13-3739/2 од 04.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-585. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.

Во интерес на економичност и ефикасност на постапката, службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, на 20.10.2017 година и на 27.10.2017 година во телефонски разговор го извести барателот за наведениот одговор кој беше доставен до Комисијата. На 30.10.2017 година, претставник од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје го подигна Одговорот во просториите на Комисијата.

На 01.11.2017 година, преку е-маил, Здружението „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, ја извести Комисијата дека ја повлекуваат Жалбата.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за економија постапило по Барањето, но со задоцнување и барателот ги добил бараните информации со посредство на Комисијата. Комисијата му укажува на Министерството за економија дека во иднина е должно, бараните информации да ги доставува до барателот на информации, а до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да достави произнесување по жалба и списите во врска со предметот. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали Министерството за економија го објавило Законот за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност (изгласан на 22.06.2016) на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)? Доставете ни фотокопија од сите коментари доставени по тој закон согласно извештајот за проценка на влијание на ругулатива подготвен за овој закон“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-586 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија,  со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„Дали Министерството за економија го објавило Законот за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност (изгласан на 22.06.2016) на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)? Доставете ни фотокопија од сите коментари доставени по тој закон согласно извештајот за проценка на влијание на ругулатива подготвен за овој закон“.

Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-586 од 27.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 18.10.2017 година, Министерството за економија до Комисијата достави Одговор на  барање бр.13-3825/2 од 04.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-586. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.

Во интерес на економичност и ефикасност на постапката, службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, на 20.10.2017 година и на 27.10.2017 година во телефонски разговор го извести барателот за наведениот одговор кој беше доставен до Комисијата. На 30.10.2017 година, претставник од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје го подигна Одговорот во просториите на Комисијата.

На 01.11.2017 година, преку е-маил, Здружението „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, ја извести Комисијата дека ја повлекуваат Жалбата.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за економија постапило по Барањето, но со задоцнување и барателот ги добил бараните информации со посредство на Комисијата. Комисијата му укажува на Министерството за економија дека во иднина е должно, бараните информации да ги доставува до барателот на информации, а до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да достави произнесување по жалба и списите во врска со предметот. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 07 ноември 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К   

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Дали Министерството за економија на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) го објавил Извештајот за проценка на влијанието на регулативата со прегледот на добиените мислења во кој се наведени причините поради кои забелешките и предлозите не се прифатени за Законот за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност, гласан во Собрание на 22.02.2016? Доставете ни информација каде е извршена оваа објава“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-590 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија,  со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:

„Дали Министерството за економија на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) го објавил Извештајот за проценка на влијанието на регулативата со прегледот на добиените мислења во кој се наведени причините поради кои забелешките и предлозите не се прифатени за Законот за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност, гласан во Собрание на 22.02.2016? Доставете ни информација каде е извршена оваа објава“.

Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-590 од 27.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 18.10.2017 година, Министерството за економија до Комисијата достави Одговор на  барање бр.13-3672/2 од 04.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-590. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.