ДОНЕСЕНИ 12 РЕШЕНИЈА И 10 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 188-та седница одржана на 01 ноември 2017 година, донесе 12 решенија и 10 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Ј. од с.Ботун-Охрид, поднесена против Основен суд Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од С.Ј. од с. Ботун-Охрид Скопје, поднесена против Основен суд Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„…да ми се достават пресудите по предметот ПРК-О-213/13“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Основен суд Охрид на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето, по претходно прекривање на личните податоци.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-473 на 14.09.2017 година, изјавена од С.Ј. од с. Ботун- Охрид, поднесена против Известувањето од Основен суд Охрид СУ.Бр.102/2017-3 од 01.08.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ГО ЗАДОЛЖИ Основен суд Охрид на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето, по претходно прекривање на личните податоци.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го утврди следното:
С.Ј. од с.Ботун-Охрид на 10.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Охрид, со кое ја побарал следната информација :
„…да ми се достават пресудите по предметот ПРК-О-213/13“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Основниот суд Охрид до барателот доставил Известување СУ. Бр.102/2017-3 од 01.08.2017 година, со кое барателот на информацијата се известува дека „Пред Основниот суд Охрид, по Барање за поведување на прекршочна постапка, поднесено од Државен управен инспекторат УП-1-бр.21-8 од 06.04.2012 год. против физичко лице со иницијали Љ.С. формиран е предмет Прк-О-351/15. Со Решение Прк-О-351/15 од 19.09.2016 год. на Основен суд Охрид на обвинетиот му е изречена прекршочна санкција“.
Незадоволен од добиеното известување, С.Ј. од с. Ботун- Охрид поднесе Жалба до Комисијата, во која го наведува следното: „…со информацијата за прекршочната санкција сум запознаен. Ги барам пресудите на Основниот и Апелациониот суд“.
Комисијата, со допис бр.08-473 од 14.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Основен суд Охрид и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 22.09.2017 година, Основен суд Охрид до Комисијата достави Известување СУ. бр.03-102/17-4 од 19.09.2017 година, заведено во Комисијата под бр. 08-473. Во прилог на Известувањето Основен суд Охрид достави списи по друг предмет бр. 08-402, по кој Комисијата има претходно постапувано и по кој има донесено конечно Решение на 23.08.2017 година.
Оспореното Известување СУ. Бр.102/2017-3 од 01.08.2017 година, на повторно барање од Комисијата, Oсновен суд Охрид го достави на 13.10.2017 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основен суд Охрид не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот не му овозможил пристап до бараните информации.
Во конкретниот случај, Комисијата утврди дека информациите наведени во Барањето за пристап до информации од јавен карактер од С.Ј. од с. Ботун- Охрид „…да ми се достават пресудите по предметот ПРК-О-213/13“ претставуваат информации од јавен карактер, и дека Основниот суд Охрид е должен да му ги достави на барателот анонимизирани.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ми доставите фотокопии од изводи од службени дебитни картици на министерот, заменик министерот и државниот секретар од вашето министерство во период од 2011-та до 2017-та година“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-648 на 04.10.2017 година, изјавена од Б.С. од Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.С. од Скопје, на 29.08.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за животна средина и просторно планирање, со кое ја побарала следната информација:
„Ве молиме да ми доставите фотокопии од изводи од службени дебитни картици на министерот, заменик министерот и државниот секретар од вашето министерство во период од 2011-та до 2017-та година“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Министерството за животна средина и просторно планирање, на 22.09.2017 година, до барателот доставил Одговор на барање бр.05-4364/2 од 22.09.2017 година.
Незадоволна од добиениот Одговор од Министерството за животна средина и просторно планирање, Б.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-648 од 06.10.2017 година ја препрати Жалбата до Министерството за животна средина и просторно планирање и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 20.10.2017 година, Министерството за животна средина и просторно планирање до Комисијата достави Одговор на жалба бр.05-4364/4 од 19.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-648. Во Одговорот на жалба е наведено дека „…Министерството не е во можност во целост да ги достави бараните документи…од неколку причини: сметководството на Министерството го води Службата за општи и заеднички работи…се води на софтвер кој дозволува користење на податоци не постари од две години, така што периодот за кој барате информации потребно е целосно рачно да биде обработен; финансиската документација, која е постара од 5 години, согласно Планот и листите на архивски знаци…веќе е уништена; за пронаоѓање, селекција, фотокопирање на бараните документи потребни се човечки ресурси и финансиски средства…“. Во прилог на Одговорот на жалба, до Комисијата се доставени фотокопии од доставените одговори до Б.С. од Скопје.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за животна средина и просторно планирање не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
По Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да постапуваат согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како lex specialis во областа на пристапот до информации од јавен карактер.
Во конкретниот случај, доколку Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е наведено во Одговорот на жалба, тврди дека имател на информациите кои се однесуваат на делот од Барањето за „… изводи од службени дебитни картици на министерот, заменик министерот и државниот секретар од вашето министерство во период од 2011-та до 2017-та година“, е Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, која ги има создадено, или располага со истите информации, било должно да постапи согласно член 18 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и најдоцна во рок од три дена од приемот на Барањето, да го препрати истото „…до имателот на информации, кој според содржината на Барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот“.
Што се однесува до наводите во Одговорот на жалба дека „… финансиската документација, која е постара од 5 години, согласно Планот и листите на архивски знаци…веќе е уништена“, а за што не се доставени потребните докази до Комисијата, укажуваме дека е потребно Министерството за животна средина и просторно планирање до Комисијата да достави фотокопија од Согласноста за уништување на предложениот документарен материјал од Државниот архив на Република Македонија, со прилог Пописот на документарниот материјал за уништување, со кои се опфатени документите за кои Министерството за животна средина и просторно планирање наведува дека не е во можност да ги достави од причина што истите се поништуваат „согласно Планот и листите на архивски знаци“. Согласно Законот за архивски материјал и Упатството за начинот и техниката за постапување со архивскиот и документарен материјал во канцелариското и архивското работење (“Службен весник на РМ” бр.99/2014), Министерството за животна средина и просторно планирање, пред да уништи документарен материјал, потребно е да добие Согласност за уништување на предложениот документарен материјал од Државниот архив на Република Македонија. Имено, во точка 2.4.-Издвојување на документарен материјал за уништување, членот 30 од Упатството за начинот и техниката за постапување со архивскиот и документарен материјал во канцелариското и архивското работење, гласи: „Од страна на имателот се доставува барање до Државниот архив на Република Македонија за добивање Согласност за уништување на предложениот документарен материјал, а во прилог на барањето се доставува Пописот на документарниот материјал за уништување”.
Што се однесува, пак до наведената причина за недоставување на бараната информација поради тоа што „…за пронаоѓање, селекција, фотокопирање на бараните документи потребни се човечки ресурси и финансиски средства…“, Комисијата му укажува на Министерството за животна средина и просторно планирање дека, доколку смета дека бараната инфопрмација е од поголем обем, било должно да постапи согласно член 29 став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и од барателот на информации „…да бара барателот да го даде однапред надоместокот за покривање на трошоците за добивање на информацијата“, регулиран во ставовите 2 и 3 од истиот член од Законот, во врска со Одлуката на Владата на Република Македонија бр. 19-6310/1 од 24.12.2006 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.136/2006).
При повторното постапување по предметот, Министерството за животна средина и просторно планирање е должно да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Вредноста на буџетот на општината (основен) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
2. Вредноста на буџетот на општината (консолидиран) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
3. Вредноста на остварен буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
4. Вредноста на реализиран буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
5. Број на вработени во општината согласно со Законот за работни односи за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
6. Број на ангажирани лица со договор за привремено вработување во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
7. Број на ангажирани лица со договор за дело во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
8. Вкупна вредност на јавните набавки за сите видови на постапки за склучување на договори за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки на општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
9. Број на склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
10. Називи на субјекти со кои се склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
11. Висина на финансиски средства планирани во буџетот на општината за невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
12. Висина на финансиски средства доделени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
13. Висина на финансиски средства исплатени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
14. Број на издадени Б интегрирани еколошки дозволи за индустриски капацитет во општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Чучер Сандево на барателот да му ги достави бараните информации наведени во точките 5, 6, 7 и 8 од Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-651 на 05.10.2017 година, изјавена од ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Чучер Сандево на барателот да му ги достави бараните информации наведени во точките 5, 6, 7 и 8 од Барањето во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, на 11.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Чучер Сандево, заведено кај барателот под бр.03-45/2 на 11.07.2017 година, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следната информација:
„1. Вредноста на буџетот на општината (основен) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
2. Вредноста на буџетот на општината (консолидиран) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
3. Вредноста на остварен буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
4. Вредноста на реализиран буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
5. Број на вработени во општината согласно со Законот за работни односи за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
6. Број на ангажирани лица со договор за привремено вработување во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
7. Број на ангажирани лица со договор за дело во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
8. Вкупна вредност на јавните набавки за сите видови на постапки за склучување на договори за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки на општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
9. Број на склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
10. Називи на субјекти со кои се склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
11. Висина на финансиски средства планирани во буџетот на општината за невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
12. Висина на финансиски средства доделени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
13. Висина на финансиски средства исплатени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
14. Број на издадени Б интегрирани еколошки дозволи за индустриски капацитет во општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година“.
Постапувајќи по Барањето, Општина Чучер Сандево до барателот доставила одговор насловен „Достава на информација“ бр.03-675/3 од 27.07.2017 година.
Незадоволен од наведениот Одговор поради, како што се наведува во Жалбата, недоставен одговор по точка 8 од Барањето и нецелосни одговори по точките 5, 6 и 7 од Барањето, ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-651 од 06.10.2017 година ја препрати Жалбата до Општина Чучер Сандево и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Чучер Сандево не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Чучер Сандево не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставила бараните информации до барателот во целост, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ни на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.П. од с.Ума, Гевгелија, поднесена против Основниот суд Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.П. од с.Ума, Гевгелија, поднесена против Основниот суд Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, „Увид на сработеното по приватна Тужба К-168/16 од 26.08.2016 година заснована по чл.247 од КЗ на РМ“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Основниот суд Гевгелија во рок од три дена од денот на доставувањето на Решението да го препрати Барањето до имателот кој располага со бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-577 на 25.09.2017 година, изјавена од А.П. од с.Ума, Гевгелија, поднесена против Основниот суд Гевгелија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ го ЗАДОЛЖИ Основниот суд Гевгелија во рок од три дена од денот на доставувањето на Решението да го препрати Барањето до имателот кој располага со бараните информации
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-577 на 25.09.2017 година, А.П. од с. Ума, Гевгелија, на 15.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Гевгелија со кое ја побарал следната информација:
„Увид на сработеното по приватна Тужба К-168/16 од 26.08.2016 година заснована по чл.247 од КЗ на РМ“.
Постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер, Основниот суд Гевгелија до барателот доставил Одговор заведен во судот под СПИ.бр.7/17 од 14.08.2017 година, примен од страна на барателот на 14.09.2017 година, видно од Побарувачен лист на Македонска пошта.
Незадоволен од добиениот Одговор, А.П. од с. Ума, Гевгелија поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-557 од 25.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Гевгелија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 04.10.2017 година, Основниот суд Гевгелија до Комисијата достави Одговор на жалба СПИ.бр.7/17-1 од 29.09.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-557. Во одговорот е наведено дека “…Имателот на информации Основниот суд Гевгелија не располага со други информации во врска со предметот, како имател на информации по предметот е Основното јавно обвинителство Гевгелија“. Во прилог ги достави списите во врска со предметот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека , Основниот суд Гевгелија не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Ако имателот на информации што го примил Барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот“.
Основниот суд Гевгелија бил должен во рок од три дена од приемот на Барањето да го препрати до институцијата која располага со бараните информации и за тоа да го извести барателот на информација.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: „Барам да ми ја доставите одлуката – решението во извршување на Пресудата на Управниот суд на Р.М. под У-4.бр.704/2016г. за кое Вие тврдите дека е донесено и е под бр.10-3998/2017г. од 03-07-2017г. согласно Вашиот одговор под Бр.10-2280/2014г. од 21-07-2017г.“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за труд и социјална политика во рок од три дена од денот на доставувањето на Решението да го препрати Барањето до имателот кој располага со бараните информации.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-657 на 09.10.2017 година, изјавена од В.У. од Скопје, поднесена против Министерството за труд и социјална политика, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за труд и социјална политика во рок од три дена од денот на доставувањето на Решението да го препрати Барањето до имателот кој располага со бараните информации.
Комисијата по разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-657 на 09.10.2017 година, В.У. од Скопје на 21.08.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјална политика, со кое побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:
„Барам да ми ја доставите одлуката – решението во извршување на Пресудата на Управниот суд на Р.М. под У-4.бр.704/2016г. за кое Вие тврдите дека е донесено и е под бр.10-3998/2017г. од 03-07-2017г. согласно Вашиот одговор под Бр.10-2280/2014г. од 21-07-2017г.“.
Постапувајќи по наведеното Барање, Министерството за труд и социјална политика до барателот доставило Допис-Известување, заведен под Бр.14-5978/4 од 26.09.2017 година.
Незадоволен од наведеното Известување В.У. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-657 од 12.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за труд и социјална политика и побара во рок од три дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за труд и социјална политика на 20.10.2017 година до Комисијата достави Известување бр.14-5978/6 од 19.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-657. Во Известувањето е наведено: „…Министерството за труд и социјална политика има доставено решение бр.10-3998/2017 од 03.07.2017 година, а истото е доставено до ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, од таа причина лицето го упативме да се обрати до надлежниот центар од каде моѓе да ги добие потребните списи“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за труд и социјална политика не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „Ако имателот на информации што го примил Барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот“.
Министерството за труд и социјална политика било должно во рок од три дена од приемот на Барањето да го препрати до институцијата која во тој момент располагала со бараните информации и за тоа да го извести барателот на информација.

Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д.Г. од Скопје, поднесена против Решение на Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 1 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.Д.Г.од Скопје, поднесена против Решение на Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Решението на Државната комисија за спречување на корупција бр.03-5135/2 од 26.09.2017 година, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-662 од 12.10.2017 година, изјавена од А.Д.Г.од Скопје, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-5135/2 од 26.09.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението бр.03-5135/2 од 26.09.2017 година на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Жалбата, изјавена од А.Д.Г. од Скопје, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-5135/2 од 26.09.2017 година е дозволена и е поднесена согласно закон.
Како што се наведува во Жалбата, А.Д.Г. од Скопје истата ја поднесува против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, бр.03-5135/2 од 26.09.2017 година, со кое е одбиено нејзиното Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-5135/1 од 17.08.2017 година, со кое ја побарала следната информација:
„Анкетен лист на поранешен амбасадор З.Ј. и сите промени за мандат 2007-2014.“
Комисијата, со допис бр.08-662 од 13.10.2017 година ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 20.10.2017 година, Државната комисија за спречување на корупцијата до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-5135/4 од 19.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-662. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Жалбата е ненавремена…жалителката ја има поднесено по истекот на рокот од 15 дена од приемот на оспореното решение…“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата се доставени фотокопии од списите по предметот, меѓу кои и фотокопија од оспореното Решение, каде на втора страна барателката А.Д.Г. од Скопје своерачно се потпишала и потврдила дека истото го примила лично на рака на 26.09.2017 година.
Согласно член 28 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „против Решението со кое имателот на информацијата го одбил Барањето, барателот има право на Жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението…“ Истото е регулирано и во член 106 став 1 од Законот за општата управна постапка.
Сметањето на роковите е прецизирано во член 45 од Законот за општата управна постапка, каде според став 2 „кога рокот е определен по денови, денот во кој паѓа настанот од кој треба да се смета траењето на рокот, не се засметува во рокот, а според ставот 6 од истиот член „ако последниот ден на рокот паѓа во неработен ден, или на државен празник, или во друг ден кога јавниот орган пред кого треба да се преземе дејствието не работи, рокот истекува на првиот работен ден.“
Во конкретниот случај, барателот на информацијата оспореното Решение го примил на 26.09.2017 година, а Жалбата ја поднел на 12.10.2017 година, што значи дека сметањето на рокот за поднесување Жалба почнува на 27.09.2017 година и трае до 12.10.2017 година, од причина што 11.10.2017 година е државен празник, односно Жалбата е навремена.
Во наведеното Решение, исто така, е наведено дека „Лицето за кое се бараат посочените документи, во моментот на поднесување на барањето не ја извршува функцијата посочена во барањето и во моментот на поднесување на барањето нема својство на избрано/именувано лице кое ја извршува посочената функција, во смисла на одредбите од Законот за спречување на корупцијата. Бараните информации-документи содржат лични податоци кои се заштитени со закон, односно бараните информации спаѓаат во редот на исклучоци од слободниот пристап до информации од јавен карактер. Откривањето или на друг начин правење на достапни на ваквите податоци значи повреда на заштитата на личните податоци. Согласно со член 2 став 1 т. 1 од Законот за заштита на личните податоци личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет. Согласно со член 6 ст.1 т.2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер …имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци. Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи во смисла на член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 3 став 1 алинеа 6 од истиот закон, ги разгледа последиците кои можат да настанат доколку позитивно одговори на Барањето и бараните информации-документи ги достави до барателот и тоа: повреда на заштита на личните податоци, како и повреда на гаранцијата за заштита на личните податоци на секое физичко лице без дискриминација, во однос на јавниот интерес кој би се постигнал со доставување на бараните документи и тоа: правото на пристап кон информациите, начелото на јавност и јавна контрола на вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и положба, како и работите од јавен интерес и сл. По разгледување на резултатите од спроведениот тест на штетност, односно по разгледување на последиците врз интересот кој се заштитува во однос на јавниот интерес што би се постигал со доставување на документите, Државната комисија смета дека доколку бараните документи се достават до барателот, штетните последици врз интересот кој се заштитува се поголеми во однос на јавниот интерес. Во прилог на спроведувањето на тестот на штетност во конкретниот случај, Државната комисија за спречување на корупцијата посебно ја разгледа можноста за овозможување на делумен пристап на барателот до бараните документи, во смисла на член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. При разгледување на таквата можност, Државната комисија, посебно имајќи ја предвид одредбата од член 2 став 1 т. 1 од Законот за заштита на личните податоци, со која се дефинира што се подразбира под личен податок, констатира дека информациите заштитени со закон содржани во бараните документи не можат да бидат одвоени од документите без при тоа да се загрози нивната безбедност, како и без да доведе до губење на смислата на истите што би довело до погрешно разбирање на содржината на истите.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела Решение со кое Барањето за пристап до информации се одбива. Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата е правилно и врз закон засновано.
Со оглед на наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Основниот суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 1 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Основниот суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Увид и препис од одредени документи од предмет воден во Основен суд Велес за Решение ППНИ бр.50/14 од 3-7-2014 година и тоа од целокупна документација, Решение: доставници и друго и дали Решението ППНИ бр.50/14 согласно Закон е испратено до лицата кој треба да го примат Решението, а исто така и пример од Решение за присилна наплата на такса и дали истото е доставено до должниците, со целокупна достава. Барам да ми се овозможи Увид и Препис во што пократок временски период.“ СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-575 на 22.09.2017 година, изјавена од Г.З. од Велес, поднесена против Основниот суд Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Г.З. од Велес поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Велес, примено во судот на 05.09.2017 година заведено под СПИ.бр.12/17 со кое побарал „Увид и препис од одредени документи од предмет воден во Основен суд Велес за Решение ППНИ бр.50/14 од 3-7-2014 година и тоа од целокупна документација, Решение: доставници и друго и дали Решението ППНИ бр.50/14 согласно Закон е испратено до лицата кој треба да го примат Решението, а исто така и пример од Решение за присилна наплата на такса и дали истото е доставено до должниците, со целокупна достава. Барам да ми се овозможи Увид и Препис во што пократок временски период.“
Постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер, Основниот суд Велес го повикал Г.З. да се јави во просториите на судот на ден 15.09.2017 година за да изврши увид во предметот, наведен во Барањето. За извршениот увид на ден 15.09.2017 година составен е Записник за овозможен пристап до информации од јавен карактер СПИ-12/17, потпишан од барателот Г.З. и службеното лице А.А.. Во Записникот се наведува: ”Барателот се јави на поканата на судот…изврши увид на предметот ППНИ.бр.50/14 …побара да му биде дадено фотокопие од: барање за присилна наплата на судска такса од 23.09.2017 година и доставница за лично доставување на барањето до УЈП Велес, примено на ден 25.09.2014 година. Со потпишување на записникот барателот потврдува дека ги прими од судот во фотокопие следните акти барање за присилна наплата на судска такса од 23.09.2017 година и доставница за лично доставување на барањето до УЈП Велес, примено на ден 25.09.2014 година. Барателот инсистира во записник да се констaтира дека не е задоволен што се врши присилна наплата на судската такса по овој предмет од причина што од страна на извршителот не му било уредно доставено ниту решението ниту налогот за извршување.”
Незадоволен од извршениот увид и Записникот СПИ-12/17, Г.З. поднесе Жалба до Комисијата. Во Жалбата, Г.З. наведува: “Ниту од страна на Основен суд Велес ниту од извршител Д.К…. не ми е дадена достава…Оваа Жалба ја давам поради неуредна достава до мене, скратено ми е правото да се жалам за таксата, а згора на тоа таксата ми е наплаќана додека бев на боледување од работа без добиен налог, без добиено Решение ППНИ 50/14, и без налог за плаќање такса.”
Комисијата со допис бр.08-575 од 25.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Основниот суд Велес и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 04.10.2017 година, Основниот суд Велес до Комисијата достави Произнесување по жалба СПИ. Бр.12/17 од 02.10.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-575. Во Произнесувањето по жалба, Основниот суд Велес наведува: “Постапувајќи по барањето Основниот суд Велес преку службеното лице задолжено за посредување со информации од јавен карактер, на ден 15.09.2017 година му овозможи на барателот увид на начин што барателот имаше доволно време да се запознае со содржината на информацијата, што е во согласност со чл.24 ст.2 од ЗСПИЈК. Потоа барателот побара да му бидат доставени во фотокопија неколку акти содржани во предметот, наведени во Записник за овозможен пристап до информации од јавен карактер СПИ.бр.12/17 од 15.09.2017 година, а од страна на службеното лице бараните акти веднаш беа фотокопирани и предадени на рака на барателот…Наводите во жалбата не упатуваат на незаконитост во постапувањето на службеното лице задолжено за посредување со информации од јавен карактер, туку за незаконитости во спроведување на постапката по предметот ППНИ бр.50/14 на овој суд, кои не можат да бидат предмет на одлучување, па предлагам Комисијата жалбата на барателот да ја одбие како неоснована.”
На 20.10.2017 година Основниот суд Велес по е-маил достави до Комисијата допис-Достава на повратници од достава на решение И.бр.2550/12 и во прилог достави фотокопии од доставници за достава на Решение ППНИ.бр.50/14 од 03.07.2017 година на Основниот суд Велес за должникот Г.З. и Е.З. и двајцата од Велес и јавна објава за должникот В.Д. од Велес. Во доставницата адресирана до Г.З. од Велес, за достава на Решение ППНИ.бр.50/14 од 03.07.2014 година извршителот Д.К. од Велес забележал дека на 10.07.2017 година примачот одбива прием.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основниот суд Велес постапил во целост согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Основниот суд Велес му овозможил на барателот Г.З. целосен увид во списите на бараниот предмет и добил фотокопија од сите акти кои ги побарал по извршениот увид.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Д.Г.од Скопје, поднесена против Решение на Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.Д.Г.од Скопје, поднесена против Решение на Државната комисија за спречување на корупцијата, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОДБИВА.
Решението на Државната комисија за спречување на корупција бр.03-5136/2 од 26.09.2017 година, СЕ ПОТВРДУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-661 од 12.10.2017 година, изјавена од А.Д.Г. од Скопје, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр.03-5136/2 од 26.09.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА ОДБИ како неоснована и утврди дека Решението бр.03-5136/2 од 26.09.2017 година на првостепениот орган е правилно и врз закон засновано.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Жалбата, изјавена од А.Д.Г. од Скопје, поднесена против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата бр. 03-5136/2 од 26.09.2017 година е дозволена и е поднесена согласно закон.
Како што се наведува во Жалбата, А.Д.Г. од Скопје истата ја поднесува против Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата, бр.03-5136/2 од 26.09.2017 година, со кое е одбиено нејзиното Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-5136 од 17.08.2017 година, со кое ја побарала следната информација:
„Анкетен лист и сите промени за поранешен министер З.Ј. за мандат 2014-2017“.
Комисијата, со допис бр.08-661 од 13.10.2017 година ја препрати Жалбата до Државната комисија за спречување на корупцијата и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 20.10.2017 година, Државната комисија за спречување на корупцијата до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 03-5136/4 од 19.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-661. Во Одговорот на жалба е наведено дека „Жалбата е ненавремена…жалителката ја има поднесено по истекот на рокот од 15 дена од приемот на оспореното решение…“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата се доставени фотокопии од списите по предметот, меѓу кои и фотокопија од оспореното Решение, на чија втора страна барателката А.Д.Г. од Скопје своерачно се потпишала и потврдила дека истото го примила лично на рака на 26.09.2017 година.
Согласно член 28 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „против Решението со кое имателот на информацијата го одбил Барањето, барателот има право на Жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението…“. Истото е регулирано и во член 106 став 1 од Законот за општата управна постапка.
Сметањето на роковите е прецизирано во член 45 од Законот за општата управна постапка, според чиј став 2 „кога рокот е определен по денови, денот во кој паѓа настанот од кој треба да се смета траењето на рокот, не се засметува во рокот, а според ставот 6 од истиот член „ако последниот ден на рокот паѓа во неработен ден, или на државен празник, или во друг ден кога јавниот орган пред кого треба да се преземе дејствието не работи, рокот истекува на првиот работен ден“.
Во конкретниот случај, барателот на информацијата оспореното Решение го примил на 26.09.2017 година, а Жалбата ја поднел на 12.10.2017 година, што значи дека сметањето на рокот за поднесување Жалба почнува на 27.09.2017 година и трае до 12.10.2017 година, од причина што 11.10.2017 година е државен празник, односно Жалбата е навремена.
Во наведеното Решение, исто така, е наведено дека „Лицето за кое се бараат посочените документи во моментот на поднесување на Барањето не ја извршува посочената функција и во моментот на поднесување на Барањето нема својство на избрано/именувано лице во смисла на одредбите од Законот за спречување на корупцијата…Бараните информации-документи содржат лични податоци кои се заштитени со закон, односно бараните информации спаѓаат во редот на исклучоци од слободниот пристап до информации од јавен карактер.. Откривањето или на друг начин правење на достапни на ваквите податоци значи повреда на заштитата на личните податоци. Согласно со член 2 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет. Согласно со член 6 ст.1 т.2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер … имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци. Државната комисија за спречување на корупцијата, како имател на информации од јавен карактер, постапувајќи во смисла на член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а во врска со член 3 став 1 алинеа 6 од истиот Закон, ги разгледа последиците кои можат да настанат доколку позитивно се одговори на Барањето и бараните информации-документи ги достави до барателот и тоа: повреда на заштита на личните податоци, како и повреда на гаранцијата за заштита на личните податоци и приватноста на секое физичко лице без дискриминација, во однос на јавниот интерес кој би се постигнал со доставување на бараните документи и тоа: правото на слободен пристап кон информациите, начелото на јавност и јавна контрола на вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и положба, како и работите од јавен интерес и сл. По разгледување на резултатите од спроведениот тест на штетност, односно по разгледување на последиците врз интересот кој се заштитува во однос на јавниот интерес што би се постигал со доставување на документите, Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека доколку бараните документи бидат доставени до барателот, штетните последици врз интересот кој се заштитува се поголеми во однос на јавниот интерес. Во прилог на спроведувањето на тестот на штетност во конкретниот случај Државната комисија посебно ја разгледа можноста за овозможување на делумен пристап на барателот до бараните документи, во смисла на член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. При разгледување на таквата можност, Државната комисија, посебно имајќи ја предвид одредбата од член 2 став 1 точка 1 од Законот за заштита на личните податоци, со која се дефинира што се подразбира под личен податок, констатира дека информациите заштитени со закон содржани во бараните документи не можат да бидат одвоени од документите без при тоа да се загрози нивната безбедност, како и без да доведе до губење на смислата на истите, што би довело до погрешно разбирање на содржината на истите.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната комисија за спречување на корупцијата постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донела Решение со кое Барањето за пристап до информации се одбива. Решението на Државната комисија за спречување на корупцијата е правилно и врз закон засновано.
Со оглед на наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку постапки Општина Аеродром спровела за реконструкција и обнова на фасади на објекти во надлежност на Општината во периодот од 2009 до денес – 2017 година и за колку објекти станува збор? Колку средства општината потрошила за реконструкција и обнова на фасади во посочениот период, секоја година одделно? И, кои компании ги вршеле работите, односно која компанија колку фасади реконструирала, кога и колку средства инкасирала за секој објект посебно?“, СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-658 на 09.10.2017 година, изјавена од В.С. од Скопје, поднесена против Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
Како што се наведува во Жалбата, В.С. од Скопје на 01.09.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Аеродром, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија од следната информација:
„Колку постапки Општина Аеродром спровела за реконструкција и обнова на фасади на објекти во надлежност на Општината во периодот од 2009 до денес – 2017 година и за колку објекти станува збор? Колку средства општината потрошила за реконструкција и обнова на фасади во посочениот период, секоја година одделно? И, кои компании ги вршеле работите, односно која компанија колку фасади реконструирала, кога и колку средства инкасирала за секој објект посебно?“.
Општина Аеродром, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-658 од 12.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Аеродром и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 27.10.2017 година, Општина Аеродром до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-5530/6 од 17.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-658. Во Одговорот е наведено: „…Постапувајќи по барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер со број 03-5530/1 од 05.09.2017 година, поднесено од барателот В.С. од Скопје, Општина Аеродром на ден 18.09.2017 година со допис број 03-5530/4 достави Известување во врска со барање за пристап до информации од јавен карактер до барателот на информацијата. По однос на наводите во жалбата дека имателот на информацијата, Општина Аеродром, по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер со број 03-5530/1 од 05.09.2017 година, имателот на информацијата не му ја доставил на барателот бараната информација, ниту пак донел и доставил решение до барателот со кое делумно или целосно го одбива барањето, Ве известуваме дека Општина Аеродром има доставено Известување во врска со барање за пристап до информации од јавен карактер до барателот на информацијата со број 03-5530/4 од 18.09.2017 година, за што има уредно заверена и потпишана Повратница и извештај за исплата/книжење“.
Во прилог на Одговорот на жалба, Општина Аеродром достави фотокопии од: Известување бр.03-5530/4 од 18.09.2017 година, Повратница и извештај за исплата/книжење со потпис на примачот на 02.10.2017 и датум на приемна пошта од 28.09.2017 година.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Аеродром постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Повратницата доставена од страна на Општина Аеродром докажува дека барателот го примил Известувањето на 02.10.2017 година.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.П. од с.Ума, Гевгелија поднесена против Министерство за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од А.П. од с.Ума, Гевгелија, поднесена против Министерство за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Незадоволен од одговорот на Министерството за правда бр.19-2432/2 од 08.08.17.г. ја поднесувам жалбата со единствен разлог што јас сум незаштитен од фелата на правото. Од тоа што на судот му е познато дека јас неможам да добијам адвокатска услуга, си зима за право и да одлучува како сам смета дека е единствена истина. Сметам дека има шуплина во законодавството (како во мојот случај) се формираат предмети (мои предмети вкупно шест) а само во првиот бев повикан и учествував но не и во саопштувањето на одлуката, во сите останати не се ни видов со судија“ СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-641 на 02.10.2017 година, изјавена од А.П. од с. Ума, Гевгелија, поднесена против Министерство за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Барањето наведено во Жалбата изјавена А.П. од с. Ума, Гевгелија не претставува Барање за пристап до информации од јавен карактер. Ова од причини што Барањето не ги содржи сите елементи наведени во член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно според предметот на Барањето произлегува дека не се работи за Барање за пристап до информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, право на правна заштита во согласност со овој Закон има барателот кој поднел Барање за пристап до информација на начин утврден во членот 12 став 1 од овој Закон.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место на жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесени преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбите заведени во Комисијата под бр. 08-436 од 23.08.2017 година и бр.08-436 од 12.10.2017 година изјавени од ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесени преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Вредноста на буџетот на општината (основен) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
2. Вредноста на буџетот на општината (консолидиран) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
3. Вредноста на остварен буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
4. Вредноста на реализиран буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
5. Број на вработени во општината согласно со Законот за работни односи за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
6. Број на ангажирани лица со договор за привремено вработување во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
7. Број на ангажирани лица со договор за дело во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
8. Вкупна вредност на јавните набавки за сите видови на постапки за склучување на договори за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки на општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
9. Број на склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
10. Називи на субјекти со кои се склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
11. Висина на финансиски средства планирани во буџетот на општината за невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
12. Висина на финансиски средства доделени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
13. Висина на финансиски средства исплатени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
14. Број на издадени Б интегрирани еколошки дозволи за индустриски капацитет во општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година“, СЕ УВАЖУВААТ и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Аеродром на барателот да му ја достави бараната информација од точка 8 од Барањето во форма во која што располага во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Заклучокот на Општина Аеродром бр.03-4582/8 од 25.09.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во бр.08-436 од 23.08.2017 година и бр.08-436 од 12.10.2017 година, изјавени од ИСИЕ – Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесени преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Општина Аеродром, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ги УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Аеродром на барателот да му ја достави бараната информација од точка 8 од Барањето во форма во која што располага во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Заклучокот на Општина Аеродром бр.03-4582/8 од 25.09.2017 година го ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата бр.08-436 од 23.08.2017 година, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, на 11.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Аеродром, заведено во Општината под бр.03-29/1, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следната информација:
„1. Вредноста на буџетот на општината (основен) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
2. Вредноста на буџетот на општината (консолидиран) за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
3. Вредноста на остварен буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
4. Вредноста на реализиран буџет согласно завршната сметка за основен и консолидиран буџет за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
5. Број на вработени во општината согласно со Законот за работни односи за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
6. Број на ангажирани лица со договор за привремено вработување во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
7. Број на ангажирани лица со договор за дело во општината за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година.
8. Вкупна вредност на јавните набавки за сите видови на постапки за склучување на договори за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки на општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
9. Број на склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
10. Називи на субјекти со кои се склучени договори за јавно-приватно партнерство со општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
11. Висина на финансиски средства планирани во буџетот на општината за невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
12. Висина на финансиски средства доделени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
13. Висина на финансиски средства исплатени на невладини организации во 2013, 2014, 2015 и 2016 година (цела буџетска линија 463).
14. Број на издадени Б интегрирани еколошки дозволи за индустриски капацитет во општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година“.
Општина Аеродром, како што е наведено во Жалбата, до барателот по е-маил доставила Одговор, во кој покрај другото е наведено дека: „…Општината не води евиденција за вкупната вредност на договори за јавни набавки, а во врска со нашето прашање под реден број 8 – Вкупна вредност на доделени јавни набавки за сите видови на постапки за склучување на договори за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки на општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година…“.
Со овој одговор, како што е наведено во Жалбата „имателот на информацијата не одговара воопшто на прашање број 8 од барањето на Институтот за стратешки истражувања и едукација. Имено, Општина Аеродром и покрај тоа што е имател на информацијата, тврди дека не поседува евиденција за збирна бројка а во врска со содржината на прашањето со реден број 8“.
Незадоволен од наведениот Одговор, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-436 од 25.08.2017 година, ја препрати Жалбата бр.08-436 од 23.08.2017 година до Општина Аеродром и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 15.09.2017 година, Општина Аеродром до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-5418/2 од 05.09.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-436. Во одговорот е наведено: „…Општина Аеродром навистина не располага со информацијата во бараната форма, но не и дека истата не е доставена. Во одговорот заведен под број 03-4582/8 од 08.08.2017 година, доставени се податоци за Службените гласници на Општина Аеродром во кои се објавени сите јавни набавки по години, а согласно годишните планови за јавни набавки, додека пак бараната вкупна вредност на јавните набавки за сите видови на постапки за склучување на договори за јавни набавки согласно Законот за јавни набавки на општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година се добива со собирање на вредностите дадени во Плановите за јавни набавки. Исто така посочуваме дека согласно Законот за јавни набавки, одделението за јавни набавки нема обврска да води евиденција за вкупната вредност на јавните набавки за сите видови на постапки за склучување на договори за јавни набавки по години…“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер донесе Решение бр.08-436 од 19.09.2017 година, со кое Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Постапувајќи по наведеното Решение, Општина Аеродром на 25.09.2017 година донела Заклучок бр.03-4582/8 со кој ја прекинува постапката по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Незадоволен од наведениот Заклучок, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација на 12.10.2017 година поднесе Жалба бр.08-436 до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-436 од 13.10.2017 година, ја препрати Жалбата бр.08-436 од 12.10.2017 година до Општина Аеродром и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 27.10.2017 година, Општина Аеродром до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-4582/10 од 19.09.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-436. Во одговорот е наведено: „…постапувајќи по Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер со број 03-4582/1 од 13.07.2017 година, поднесено од барателот Институтот за стратешки истражувања и едукација ИСИЕ, поточно за прашањето под број 8, а кое гласи „Вкупна вредност на јавните набавки за сите видови на постапки за склучување на договори за јавни набавки согласно Законот за јавните набавки на општината за 2013, 2014, 2015 и 2016 година“, повторно Ве известуваме дека: Општина Аеродром навистина не располага со информацијата во бараната (сублимирана) форма, но не и дека истата не е доставена. Бидејќи Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер не создава обврска за имателот на информации, врз основа на барањето на барателот, да приготви нова информација врз основа на веќе постојни информации, туку во него станува збор за информација „која ја создал или со која располага имателот на информацијата“ (член 3 алинеја 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер), односно за информација која веќе постои, па затоа Општина Аеродром донесе Заклучок за прекин на постапката…“.
Во прилог, Општина Аеродром достави фотокопија од Заклучокот бр.03-4582/8 од 25.09.2017 година.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Аеродром не постапила целосно согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата и укажува на Општина Аеродром на следното. Доколку не располага со информацијата во бараната форма била должна истата да ја достави до барателот во форма со која што располага, односно до барателот да ги достави Службените гласници во кои се објавени бараните информации.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од И.Ј. од Скопје, поднесена против Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од И.Ј. од Скопје, поднесена против Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Решение одлука за ставање помошник на директорот“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-576 на 25.09.2017 година, изјавена од И.Ј. од Скопје, поднесена против Известувањето бр.03-2624/1 од 26.06.2017 година од Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Како што се наведува во Жалбата, И.Ј. од Скопје, на 30.08.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје со кое побарала по е-маил да и се достави електронски запис од следната информација:
„Решение одлука за ставање помошник на директорот“.
Постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер, Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје до барателот по е-маил доставила Известување.
Незадоволна од добиеното Известување, Ирена Јанакиевска од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-576 од 25.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 29.09.2017 година, Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-2655/1 од 28.09.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-576. Во Одговорот е наведено: „…Врз основа на член 16 став 1 алинеа 1 од Статутот на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, член 30 и 31 од Деловодникот за работа на Управен одбор, согласно Статутот член 39 став 1, Управниот одбор на домот на седницата одржана на 24.09.2008 год., донесе Одлука за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места. Во Одлуката, во Листата на систематизирани работни места и бројот на нивни извршители се брише точката 2 – „Помошник на Директорот“. Во новиот Правилник за систематизација на работните места во ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, не е предвидено работното место – „Помошник на Директорот“.
Во прилог на Одговорот на жалба, Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје достави фотокопии од: Известувањето бр.03-2624/1 од 26.06.2017 година од Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје насловено до И.Ј. и Одлука за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во конкретниот случај, како што се тврди во Одговорот на жалба од Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, доколку во Јавната здравствена установа – „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје не е предвидено работното место – „Помошник на Директорот“, односно не располага со бараната информација должна е да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.П. од Скопје, поднесена против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од А.П. од Скопје, поднесена против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молам да ми испратите фотокопии од изводи службени кредитни картички на вработените во вашето Министерство за период од 2011 до 2017“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-665 на 20.10.2017 година, изјавена од А.П. од Скопје, поднесена против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, А.П. од Скопје, на 22.08.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за одбрана, заведено во Министерството под бр. 09-4481/1, со кое ја побарала следната информација:
„Ве молам да ми испратите фотокопии од изводи службени кредитни картички на вработените во вашето Министерство за период од 2011 до 2017“.
Министерството за одбрана, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-665 од 24.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за одбрана и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 31.10.2017 година А.П. од Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата бр.08-665 од 20.10.2017 година поднесена против Министерството за одбрана.
Врз основа на наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Јавното комунално претпријатие Петровец, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, поднесена против Јавното комунално претпријатие „Петровец“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1. Износ на приходи на јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
2. Износ на расходи на јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
3. Финансиски резултат на јавното претпријатие (износ на остварена добивка / загуба) за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
4. Број на вработени во јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
5. Број на ангажирани лица со договор за дело и привремено вработување за
2013, 2014, 2015 и 2016 година“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-649 на 05.10.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, поднесена против Јавното комунално претпријатие „Петровец“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, на 24.08.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното комунално претпријатие Петровец, заведено кај подносителот под бр.03-73/1 од 24.08.2017 година, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следната информација:
“1.Износ на приходи на јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
2.Износ на расходи на јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
3. Финансиски резултат на јавното претпријатие (износ на остварена добивка / загуба) за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
4. Број на вработени во јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
5. Број на ангажирани лица со договор за дело и привремено вработување за
2013, 2014, 2015 и 2016 година“.
Јавното комунално претпријатие „Петровец“, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-649 од 06.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Јавното комунално претпријатие „Петровец“ и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 24.10.2017 година, преку е-маил ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, ја извести Комисијата дека “одговорено е во целост по барањето и Жалбата поднесена до Комисијата се повлекува“.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација против Јавното комунално претпријатие Водовод-Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Јавното комунално претпријатие Водовод-Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“1. Износ на приходи на јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
2. Износ на расходи на јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
3. Финансиски резултат на јавното претпријатие (износ на остварена добивка / загуба) за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
4. Број на вработени во јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
5. Број на ангажирани лица со договор за дело и привремено вработување за
2013, 2014, 2015 и 2016 година“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-652 на 05.10.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација, против Јавното комунално претпријатие Водовод-Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, на 24.08.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-77/1 до Јавното комунално претпријатие Водовод-Илинден, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следната информација:
“1. Износ на приходи на јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
2. Износ на расходи на јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
3. Финансиски резултат на јавното претпријатие (износ на остварена добивка / загуба) за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
4. Број на вработени во јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
5. Број на ангажирани лица со договор за дело и привремено вработување за
2013, 2014, 2015 и 2016 година“.
Јавното комунално претпријатие Водовод-Илинден, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-652 од 06.10.2017 година, ја препрати Жалбата до Јавното комунално претпријатие Водовод-Илинден и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 17.10.2017 година, Јавното комунално претпријатие Водовод-Илинден преку е-маил до Комисијата го достави Одговорот на барањето.
На 19.10.2017 година, преку е-маил ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, ја извести Комисијата дека “Жалбата против ЈКП Водовод се повлекува“.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Јавното комунално претпријатие Водовод-Илинден постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали Министерството за економија го објавило Законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема (изгласан на 22.06.2016) на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)? Доставете ни фотокопија од сите коментари доставени по тој закон согласно извештајот за проценка на влијание на регулатива подготвен за овој закон“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-582 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија, со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„Дали Министерството за економија го објавило Законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема (изгласан на 22.06.2016) на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР)? Доставете ни фотокопија од сите коментари доставени по тој закон согласно извештајот за проценка на влијание на регулатива подготвен за овој закон“.
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-582 од 27.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.10.2017 година, Министерството за економија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.11-4608/2 од 09.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-582. Во Одговорот е наведено: „…Министерството за економија до подносителот на барањето „ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје достави писмен одговор број 11-3665/2 од 30.08.2017 година. Видно од жалбата, подносителот на барањето наведува дека до 19.09.2017 година, датумот на доставување на истата, не добил одговор од Министерството за економија. Имајќи го предвид горенаведеното, Министерството за економија по добивањето на информацијата дека подносителот на барањето не го добил одговорот, на ден 29.09.2017 година по електронски пат го достави одговорот во скенирана форма до барателот на E-mail: d.z.@eurothink.mk“. Во прилог гo достави Одговорот на барање број11-3665/2 од 30.08.2017 година, насловен до Евротинк – Центар за Европски стратегии Скопје. Имателот не достави доказ дека барателот го примил одговорот
Во интерес на економичност и ефикасност на постапката, службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, на 20.10.2017 година и на 27.10.2017 година во телефонски разговор го извести барателот за наведениот одговор кој беше доставен до Комисијата. На 30.10.2017 година, претставник од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје го подигна Одговорот во просториите на Комисијата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за економија постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата му укажува на Министерството за економија дека во иднина е должно, бараните информации да ги доставува до барателот на информации, а до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да достави произнесување по жалба и списите во врска со предметот. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето со посредство на Комисијата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали Министерството за економија има подготвено извештај за проценка на влијание на регулатива за Закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини гласано во Собрание на 22.02.2016? Доставете ни фотокопија од извештајот за проценката на влијание на регулативата на овој закон“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-583 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија, со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„Дали Министерството за економија има подготвено извештај за проценка на влијание на регулатива за Закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини гласано во Собрание на 22.02.2016? Доставете ни фотокопија од извештајот за проценката на влијание на регулативата на овој закон“.
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-583 од 27.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.10.2017 година, Министерството за економија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.24-4592/2 од 09.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-583. Во Одговорот е наведено: „…Предметното барање на информација од јавен карактер е заведено со архивски број на Министерството за економија 24-3826/1 од 16.08.2017 година. Имајќи во предвид дека во Барањето е наведено одговорот да се достави по електронски пат на наведена електронска адреса, на тој начин е и доставен Одговор на 16.08.2017 година“. Во прилог достави фотокопија од електронски доставениот Одговор.
Во интерес на економичност и ефикасност на постапката, службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, на 20.10.2017 година и на 27.10.2017 година во телефонски разговор го извести барателот за наведениот одговор кој беше доставен до Комисијата. На 30.10.2017 година, претставник од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје го подигна Одговорот во просториите на Комисијата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за економија постапило по Барањето. Комисијата му укажува на Министерството за економија дека во иднина е должно, бараните информации да ги доставува до барателот на информации, а до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да достави произнесување по жалба и списите во врска со предметот. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето со посредство на Комисијата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали Министерството за економија на Единствениот национален регистар на прописи го има објавено Извештајот за проценка на влијанието на Законот за изменување и дополнување на Законот за производство и вооружување и воена опрема, гласано во Собрание на 22.02.2016. Доставете ни информација каде е извршена оваа објава“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-587 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, преку полномошник Д.Ж., на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија, со кое побароло да му се достави следната информација:
„Дали Министерството за економија на Единствениот национален регистар на прописи го има објавено Извештајот за проценка на влијанието на Законот за изменување и дополнување на Законот за производство и вооружување и воена опрема, гласано во Собрание на 22.02.2016. Доставете ни информација каде е извршена оваа објава“.
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-587 од 28.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.10.2017 година, Министерството за економија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.11-4807/2 од 09.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-587. Во Одговорот е наведено: „…Министерството за економија до подносителот на барањето „ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје достави писмен одговор број 11-3728/2 од 30.08.2017 година. Видно од жалбата, подносителот на барањето наведува дека до 19.09.2017 година, датумот на доставување на истата, не добил одговор од Министерството за економија. Имајќи го предвид горенаведеното, Министерството за економија по добивањето на информацијата дека подносителот на барањето не го добил одговорот, на ден 29.09.2017 година по електронски пат го достави одговорот во скенирана форма до барателот на E-mail: d.z. @eurothink.mk“. Во прилог гo достави Одговорот на барање број11-3728/2 од 30.08.2017 година, насловен до Евротинк – Центар за Европски стратегии Скопје. Имателот не достави доказ дека барателот го примил одговорот.
Во интерес на економичност и ефикасност на постапката, службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, на 20.10.2017 година и на 27.10.2017 година во телефонски разговор го извести барателот за наведениот одговор кој беше доставен до Комисијата. На 30.10.2017 година, претставник од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје го подигна Одговорот во просториите на Комисијата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за економија постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата му укажува на Министерството за економија дека во иднина е должно, бараните информации да ги доставува до барателот на информации, а до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да достави произнесување по жалба и списите во врска со предметот. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето со посредство на Комисијата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали Министерството за економија има подготвено детален план за спроведување, следење и евалуација на Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини (изгласан на 22.02.2016) по неговото донесување во Собранието на Република Македонија? Доставете ни фотокопија од деталниот план за спроведување на овој закон, како и фотокопија од сите извештаи/известувања за сите активности досега спроведени за спроведување, следење и евалуација на законот“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-589 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, преку полномошник Д.Ж., на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија, со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„Дали Министерството за економија има подготвено детален план за спроведување, следење и евалуација на Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини (изгласан на 22.02.2016) по неговото донесување во Собранието на Република Македонија? Доставете ни фотокопија од деталниот план за спроведување на овој закон, како и фотокопија од сите извештаи/известувања за сите активности досега спроведени за спроведување, следење и евалуација на законот“.
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-589 од 27.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.10.2017 година, Министерството за економија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.24-4591/2 од 09.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-589. Во Одговорот е наведено: „…Предметното барање на информација од јавен карактер е заведено со архивски број на Министерството за економија 24-3742/1 од 15.08.2017 година. Имајќи во предвид дека во Барањето е наведено одговорот да се достави по електронски пат на наведена електронска адреса, на тој начин е и доставен Одговор на 16.08.2017 година“. Во прилог достави фотокопија од електронски доставениот Одговор.
Во интерес на економичност и ефикасност на постапката, службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, на 20.10.2017 година и на 27.10.2017 година во телефонски разговор го извести барателот за наведениот одговор кој беше доставен до Комисијата. На 30.10.2017 година, претставник од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје го подигна Одговорот во просториите на Комисијата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за економија постапило по Барањето. Комисијата му укажува на Министерството за економија дека во иднина е должно, бараните информации да ги доставува до барателот на информации, а до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да достави произнесување по жалба и списите во врска со предметот. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето со посредство на Комисијата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали Министерството за економија има подготвено детален план за спроведување, следење и евалуација на Законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, (изгласан на 22.02.2016) по неговото донесување во Собранието на Република Македонија? Доставете ни фотокопија од деталниот план за спроведување на овој закон, како и фотокопија од сите извештаи/известувања за сите активности досега спроведени за спроведување, следење и евалуација на законот“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-588 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, преку полномошник Д.Ж., на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија, со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„Дали Министерството за економија има подготвено детален план за спроведување, следење и евалуација на Законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, (изгласан на 22.02.2016) по неговото донесување во Собранието на Република Македонија? Доставете ни фотокопија од деталниот план за спроведување на овој закон, како и фотокопија од сите извештаи/известувања за сите активности досега спроведени за спроведување, следење и евалуација на законот“.
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-588 од 27.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.10.2017 година, Министерството за економија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.11-4607/2 од 09.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-588. Во Одговорот е наведено: „…Министерството за економија до подносителот на барањето „ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје достави писмен одговор број 11-3740/2 од 30.08.2017 година. Видно од жалбата, подносителот на барањето наведува дека до 19.09.2017 година, датумот на доставување на истата, не добил одговор од Министерството за економија. Имајќи го предвид горенаведеното, Министерството за економија по добивањето на информацијата дека подносителот на барањето не го добил одговорот, на ден 29.09.2017 година по електронски пат го достави одговорот во скенирана форма до барателот на E-mail: d.z. @eurothink.mk“. Во прилог гo достави Одговорот на барање број11-3740/2 од 30.08.2017 година, насловен до Евротинк – Центар за Европски стратегии Скопје. Имателот не достави доказ дека барателот го примил одговорот.
Во интерес на економичност и ефикасност на постапката, службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, на 20.10.2017 година и на 27.10.2017 година во телефонски разговор го извести барателот за наведениот одговор кој беше доставен до Комисијата. На 30.10.2017 година, претставник од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје го подигна Одговорот во просториите на Комисијата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за економија постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата му укажува на Министерството за економија дека во иднина е должно, бараните информации да ги доставува до барателот на информации, а до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да достави произнесување по жалба и списите во врска со предметот. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето со посредство на Комисијата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали Министерството за економија на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) го објавил Извештајот за проценка на влијанието на регулативата со прегледот на добиените мислења во кој се наведени причините поради кои забелешките и предлозите не се прифатени за Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, гласан во Собрание на 22.02.2016? Доставете ни информација каде е извршена оваа објава“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-591 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, преку полномошник Д.Ж., на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија, заведено во Министерството под бр.24-3722/1 од 15.08.2017 година, со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„Дали Министерството за економија на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) го објавил Извештајот за проценка на влијанието на регулативата со прегледот на добиените мислења во кој се наведени причините поради кои забелешките и предлозите не се прифатени за Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, гласан во Собрание на 22.02.2016? Доставете ни информација каде е извршена оваа објава“.
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-591 од 28.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.10.2017 година, Министерството за економија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.24-4648/2 од 09.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-591. Во Одговорот е наведено: „…Предметното барање на информација од јавен карактер е заведено со архивски број на Министерството за економија 24-3722/1 од 15.08.2017 година. Имајќи во предвид дека во Барањето е наведено одговорот да се достави по електронски пат на наведена електронска адреса, на тој начин е и доставен Одговор на 16.08.2017 година“. Во прилог достави фотокопија од електронски доставениот Одговор.
Во интерес на економичност и ефикасност на постапката, службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, на 20.10.2017 година и на 27.10.2017 година во телефонски разговор го извести барателот за наведениот одговор кој беше доставен до Комисијата. На 30.10.2017 година, претставник од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје го подигна Одговорот во просториите на Комисијата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за економија постапило по Барањето. Комисијата му укажува на Министерството за економија дека во иднина е должно, бараните информации да ги доставува до барателот на информации, а до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер да достави произнесување по жалба и списите во врска со предметот. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето со посредство на Комисијата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 01 ноември 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали Министерството за економија има подготвено извештај за проценка на влијание на регулатива за Закон за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, гласано во Собрание на 22.02.2016 година? Доставете ни фотокопија од извештајот за проценката на влијание на регулативата на овој закон“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-580 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“ Скопје, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики “ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје, преку полномошник Д.Ж., на ден 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија, со кое побароло по е–маил да му се достави електронски запис од следната информација:
„Дали Министерството за економија има подготвено извештај за проценка на влијание на регулатива за Закон за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, гласано во Собрание на 22.02.2016 година? Доставете ни фотокопија од извештајот за проценката на влијание на регулативата на овој закон“.
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-580 од 27.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.10.2017 година, Министерството за економија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.11-4601/3 од 09.10.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-580. Во Одговорот е наведено: „…Министерството за економија до подносителот на барањето „ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“ Скопје достави писмен одговор број 11-3827/2 од 30.08.2017 година. Видно од жалбата, подносителот на барањето наведува дека до 19.09.2017 година, датумот на доставување на истата, не добил одговор од Министерството за економија. Имајќи го предвид горенаведеното, Министерството за економија по добивањето на информацијата дека подносителот на барањето не го добил одговорот, на ден 29.09.2017 година по електронски пат го достави одговорот во скенирана форма до барателот на E-mail: d.z.@eurothink.mk“. Во прилог гo достави Одговорот на барање број11-3827/2 од 30.08.2017 година, насловен до Евротинк – Центар за Европски стратегии Скопје. Имателот не достави доказ дека барателот го примил одговорот.