ДОНЕСЕНИ 12 РЕШЕНИЈА И 12 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 185-та седница одржана на 04 октомври 2017 година, донесе 12 решенија и 12 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Балканска истражувачка репортерска мрежа-Скопје, поднесена преку полномошник Т.Ч. од Скопје против Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Балканска истражувачка репортерска мрежа-Скопје, поднесена преку полномошник Т.Ч. од Скопје против Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Договори склучени со надворешни продуцентски куќи во период од 2013 до јуни 2017 година.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-562 на 15.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Балканска истражувачка репортерска мрежа-Скопје, поднесена преку полномошник Т.Ч. од Скопје, против Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Балканска истражувачка репортерска мрежа-Скопје на 14.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје, со кое побарало препис или фотокопија од следната информација:
„Договори склучени со надворешни продуцентски куќи во период од 2013 до јуни 2017 година.“
Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-562 од 21.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје не одговори на Дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавното радиодифузно претпријатие Македонска Радио Телевизија-Скопје не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ни на Дописот на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-517 на 14.09.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошникот Д.А. од Скопје, на 09.05.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0801-1623/17-1 до ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, примено во Клиниката на 09.05.2017 година, со кое побарало по пошта да му достават препис од следната информација:
„Доставете ни копија од сите фактури кои Клиниката ги има доставено до Министерството за здравство за извршени услуги по Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во текот на 2016 година.“
ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 20.09.2017 година, преку е-маил, полномошникот на Здружението, Д.А. ја извести Комисијата дека “…информациите барани од Клиниката за детски болести се добиени на 30.05.3017 година по маил.“ со предлог да се запре жалбената постапка.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и во законски предвидениот рок ги доставила бараните информации до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-518 на 14.09.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошник Д.А. од Скопје, на 09.05.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0801-1623/17-2 до ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести – Скопје, примено во Клиниката на 09.05.2017 година, со кое побарало по пошта да му достават препис од следната информација:
„Доставете ни копија од сите извештаи кои Клиниката ги има доставено до Министерството за здравство во прилог на фактурата за извршени услуги по Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во текот на 2016 година.“
Универзитетската клиника за детски болести – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 20.09.2017 година, преку е-маил, полномошникот на Здружението, Д.А. ја извести Комисијата дека “…информациите барани од Клиниката за детски болести се добиени на 30.05.3017 година по маил.“ со предлог да се запре жалбената постапка.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и во законски предвидениот рок ги доставила бараните информации до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. д Скопје, против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер СЕ ОДБИВА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-519 на 14.09.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошник Д.А. од Скопје, на 09.05.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0801-1623/17-3 до ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести – Скопје, примено во Клиниката на 09.05.2017 година, со кое побарало по пошта да му достават препис од следната информација:
„Доставете ни копија од извод од сметката на Клиниката каде се евидентирани сите приливи на средства од Министерството за здравство по основ на извршени услуги од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата од 2016.“
Универзитетската клиника за детски болести – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 20.09.2017 година, преку е-маил, полномошникот на Здружението, Д.А. ја извести Комисијата дека “…информациите барани од Клиниката за детски болести се добиени на 30.05.3017 година по маил.“ со предлог да се запре жалбената постапка.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и во законски предвидениот рок ги доставила бараните информации до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Мислење во врска со примената на Законот за облигациони односи, од аспект на Законот за електронски комуникации. Дали рокот предвиден во членот 367 од Законот за облигациони односи се применува за фактури т.е. месечни сметки за користење јавни електронски комуникациски услуги, издадени од Операторот на јавна електронска комуникациска мрежа, врз основа на склучен договор за таа намена.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-470 на 13.09.2017 година, изјавена од В.Ј. од Скопје, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.Ј. од Скопје на 10.08.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда, со кое побарала препис или фотокопија од следната информација:
„Мислење во врска со примената на Законот за облигациони односи, од аспект на Законот за електронски комуникации. Дали рокот предвиден во членот 367 од Законот за облигациони односи се применува за фактури т.е. месечни сметки за користење јавни електронски комуникациски услуги, издадени од Операторот на јавна електронска комуникациска мрежа, врз основа на склучен договор за таа намена.“
Министерството за правда, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-470 од 14.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда не одговори на Дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за правда не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ни на Дописот на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Х.Е.Р.А.“ – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Скопје, поднесена против ЈЗУ Клиничка болница – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Х.Е.Р.А.“ – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Скопје, поднесена против ЈЗУ Клиничка болница – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Дали во одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Штип се вршат советувања на жени кои побарале прекинување на бременоста и кој ги врши советувањата?
2. Дали и на кој начин Клиничка болница Штип соработува со Центарот за советување и помош на жени „Лидија – срце што чука“? Која е целта и очекуваниот резултат од оваа соработка?
3. Дали лицата од Центарот за советување и помош на жени „Лидија – срце што чука“ вршат советувања на бремени жени во одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Штип? Доколку не, каде ги вршат советувањата и дали жените се препраќаат во Центарот за советување и помош на жени „Лидија – срце што чука“ од страна на Клиничката болница Штип?
4. Дали Клиничка болница Штип има склучено меморандум за соработка со Центарот за советување и помош на жени „Лидија – срце што чука“? Доколку да, ве молиме доставете ни копија од меморандумот за соработка.
5. Какви информации добиваат бремените жени од страна на Центарот за советување и помош на жени „Лидија – срце што чука“ во Одделот за гинекологија и акушерство при болницата во врска со прекинувањето на бременоста и која е целта на советувањето? Доколку имате други документи кои го уредуваат начинот и содржината на советувањето на жени и/или препраќањето до Центарот за советување и помош на жени „Лидија – срце што чука“ (протокол, упатство или слично) доставете ни копија од истите.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈЗУ Клиничка болница – Штип на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-468 на 07.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани „Х.Е.Р.А.“ – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Скопје, поднесена против ЈЗУ Клиничка болница – Штип, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ ЈЗУ Клиничка болница – Штип на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани „Х.Е.Р.А.“ – Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Скопје на 29.06.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до ЈЗУ Клиничка болница – Штип, заведено во Здружението под бр.0302-139/17, со кое побарало пристап до следните информации:
„1. Дали во одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Штип се вршат советувања на жени кои побарале прекинување на бременоста и кој ги врши советувањата?
2. Дали и на кој начин Клиничка болница Штип соработува со Центарот за советување и помош на жени „Лидија – срце што чука“? Која е целта и очекуваниот резултат од оваа соработка?
3. Дали лицата од Центарот за советување и помош на жени „Лидија – срце што чука“ вршат советувања на бремени жени во одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Штип? Доколку не, каде ги вршат советувањата и дали жените се препраќаат во Центарот за советување и помош на жени „Лидија – срце што чука“ од страна на Клиничката болница Штип?
4. Дали Клиничка болница Штип има склучено меморандум за соработка со Центарот за советување и помош на жени „Лидија – срце што чука“? Доколку да, ве молиме доставете ни копија од меморандумот за соработка.
5. Какви информации добиваат бремените жени од страна на Центарот за советување и помош на жени „Лидија – срце што чука“ во Одделот за гинекологија и акушерство при болницата во врска со прекинувањето на бременоста и која е целта на советувањето? Доколку имате други документи кои го уредуваат начинот и содржината на советувањето на жени и/или препраќањето до Центарот за советување и помош на жени „Лидија – срце што чука“ (протокол, упатство или слично) доставете ни копија од истите“.
ЈЗУ Клиничка болница – Штип, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-468 од 11.09.2017 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Клиничка болница – Штип и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈЗУ Клиничка болница – Штип не одговори на Дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈЗУ Клиничка болница – Штип не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ни на Дописот на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкави патни трошоци и по кој основ му се признаени и исплатени на секој член на ДИК од јануари 2016 па се до 30 јуни 2017 година“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државната изборна комисија на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-467 на 06.09.2017 година, изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Државната изборна комисија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Државна изборна комисија на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.С. од Скопје на 11.07.2017 година по е – маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државна изборна комисија, со кое побарала по е-маил електронски запис од следната информација:
„Колкави патни трошоци и по кој основ му се признаени и исплатени на секој член на ДИК од јануари 2016па се до 30 јуни 2017 година“.
Државната изборна комисија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-467 од 06.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Државната изборна комисија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Државната изборна комисија не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државната изборна комисија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав број на новородени деца биле опфатени со тироиден скрининг во 2016 година согласно Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за 2016 година“, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-520 на 14.09.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, на 09.05.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0801-1623/17-4 до ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, со кое побарало по пошта да му достават препис од следната информација:
„Колкав број на новородени деца биле опфатени со тироиден скрининг во 2016 година согласно Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за 2016 година“
ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-520 од 15.09.2017 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 20.09.2017 година, преку е-маил, полномошникот на Здружението, Д. А. ја извести Комисијата дека “…информациите барани од Клиниката за детски болести се добиени на 30.05.3017 година по маил.“ со предлог да се запре жалбената постапка.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и во законски предвидениот рок ги доставила бараните информации до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, поднесена еманципација против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкав број на деца биле опфатени со селективен скрининг по индикација за детектирање на метаболни болести во 2016 година согласно Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за 2016 година“, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-521 на 14.09.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена против ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОДБИ како неоснована.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, на 09.05.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0801-1623/17-5 до ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, со кое побарало по пошта да му достават препис од следната информација:
„Колкав број на деца биле опфатени со селективен скрининг по индикација за детектирање на метаболни болести во 2016 година согласно Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата за 2016 година“
ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-521 од 15.09.2017 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 20.09.2017 година, преку е-маил, полномошникот на Здружението, Д.А. ја извести Комисијата дека “…информациите барани од Клиниката за детски болести се добиени на 30.05.3017 година по маил.“ со предлог да се запре жалбената постапка.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и во законски предвидениот рок ги доставила бараните информации до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од П.Б. од Скопје, поднесени против Основното јавно обвинителство Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите изјавени од П.Б. од Скопје, поднесени против Основното јавно обвинителство Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Да идентификувате за кој предмет во ОЈО се работи и да ме информирате дали оваа постапка против лицето Т.К. сеуште тече во Основното јавно обвинителство Скопје или е веќе завршена и проследена до Основен суд Скопје 1 Скопје. Доколку постапката во ОЈО е завршена, ве молам да ме известите под кој број и датум предметот е проследен до Основен суд Скопје 1 Скопје“ СЕ УВАЖУВААТ и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
Решението на Основното јавно обвинителство Скопје А.бр.03-713/2 од 31.08.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата бр.08-464 од 05.09.2017 година и бр.08-464 од 12.09.2017 година, изјавени од П.Б. од Скопје, поднесени против Основното јавно обвинителство Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ги УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
Решението на Основното јавно обвинителство Скопје А.бр.03-713/2 од 31.08.2017 година ГО ПОНИШТИ.
Како што се наведува во Жалбата, П.Б. на 26.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основното јавно обвинителство Скопје, заведено во Основното јавно обвинителство Скопје под А.бр.514/17 со кое побарал пристап до следната информација:
„Да идентификувате за кој предмет во ОЈО се работи и да ме информирате дали оваа постапка против лицето Т.К. се уште тече во Основното јавно обвинителство Скопје или е веќе завршена и проследена до Основен суд Скопје 1 Скопје. Доколку постапката во ОЈО е завршена, ве молам да ме известите под кој број и датум предметот е проследен до Основен суд Скопје 1 Скопје“.
Основното јавно обвинителство Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-464 од 05.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.09.2017 година П.Б. од Скопје до Комисијата поднесе Повторна жалба против Решението на Основното јавно обвинителство Скопје А бр.03-713/2 од 31.08.2017 година, со кое Барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер се одбива.
Комисијата, со допис бр.08-464 од 14.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 26.09.2017 година Основното јавно обвинителство Скопје до Комисијата достави допис насловен „Одговор на жалба“ А.бр.03-713/4, заведен во Комисијата под бр.08-464. Во прилог на наведениот допис до Комисијата го достави Решението А.бр.03-713/2 од 31.08.2017 година со кое го одбило пристапот до бараната информација. Во Решението е наведено:„…Јавното обвинителство на Република Македонија постапувајќи по барањето утврди дека бараните информации се исклучок од слободен пристап до информации, во смисла на чл.6 ст.1 т.5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Имено, барањата се однесуваат на информација стекната и составена за истрага, односно кривична постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката. Доколку се даде бараната информација, истата може да предизвика штетни последици по органот кој ја води постапката и другите засегнати во предметната постапка, имајќи во предвид тајноста на предистражната постапка и презумпцијата на невиност, а исто така давањето на бараните информации може да доведе и до погрешно толкување во јавноста…“.
Во Образложението на Решението се интерпретира законската одредба од член 6 став 1 точка 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но не е наведено и дека Основното јавно обвинителство Скопје го спровело задолжителниот тест на штетност и што утврдило по неговото спроведување.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основното јавно обвинителство Скопје не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Комисијата на Основното јавно обвинителство Скопје му укажува дека, пред да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, должно е да утврди дали навистина бараната информација претставува исклучок од слободниот пристап до информации, согласно член 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи во случајов барателот бара: „Да идентификувате за кој предмет во ОЈО се работи и да ме информирате дали оваа постапка против лицето Т.К. сеуште тече во Основното јавно обвинителство Скопје, или е веќе завршена и проследена до Основен суд Скопје 1 Скопје. Доколку постапката во ОЈО е завршена, ве молам да ме известите под кој број и датум предметот е проследен до Основен суд Скопје 1 Скопје“, односно го бара само бројот и датумот на предметот во Основното јавно обвинителство Скопје, доколку истиот е проследен до Основен суд Скопје 1 Скопје.
Комисијата на Основното јавно обвинителство Скопје, исто така, му укажува дека доколку утврди дека бараната информација не претставува информација од јавен карактер, односно претставува исклучок согласно член 6 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должно е да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со Образложение за причините поради кои барањето е одбиено и да го спроведе тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува и ги образложува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
При повторното постапување по предметот, Основното јавно обвинителство Скопје е должно да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Б.П., поднесена против Општина Вевчани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Б.П., поднесена против Општина Вевчани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-635 од 26.09.2017 година, изјавена од Б.П., поднесена против Општина Вевчани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како предвремена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Б.П. на 11.09.2017 година по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Вевчани.
Општина Вевчани, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Барањето за пристап до информации од јавен карактер од Б.П. до Општина Вевчани е поднесено на 11.09.2017 година, а Жалбата е изјавена на 26.09.2017 година.
Согласно член 21 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателот на информацијата е должен веднаш да одговори на барањето на барателот, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на Барањето.
Во конкретниот случај, Жалбата по Барањето е поднесена пред истекот на законскиот рок за постапување по Барањето, односно Жалбата е предвремена.
Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбaтa изјавенa од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на изградба на крак од фекална канализациона мрежа за населено место Кучевиште број 04/2017 да ни ги доставите:
•Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
•извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
•одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
•извештај од спроведената е-аукција“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Чучер Сандево на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата бр.08-452 од 31.08.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението против Општина Чучер Сандево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Чучер Сандево на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје на 05.07.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-942/1 до Општина Чучер Сандево, со кое побарало по пошта или е-маил фотокопија од следните информации:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на изградба на крак од фекална канализациона мрежа за населено место Кучевиште број 04/2017 да ни ги доставите:
•Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
•извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
•одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
•извештај од спроведената е-аукција“.
На 09.08.2017 година, Општина Чучер Сандево до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје доставила Одговор бр.03-665/4 од 25.07.2017, заведен во Здружението под бр.0302-942/2.
Незадоволно од наведениот Одговор, поради тоа што, како што се наведува во Жалбата „…имателот на информацијата ги доставил бараните документи со скриени податоци…“, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-452 од 01.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Чучер Сандево и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 14.09.2017 година Општина Чучер Сандево до Комисијата достави допис насловен „Одговор на жалба“ бр.09-665/6 од 12.09.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-452. Во Одговорот е наведено:„…податоците се дадени прикриени затоа што, по наше мислење, истите согласно член 6 точка 2 од Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл.весник на РМ бр.13/06, 86/08, 6/10, 42/14, 148/15, 55/16) претставуваат личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци. Претходно наведеното го поврзуваме и со точка 6 од истиот член, која гласи „информација што се однесува на комерцијални и други економски интереси, вклучувајќи ги и интересите на монетарната и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остварување на функцијата“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Чучер Сандево не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од адвокат М.М. од Кавадраци, поднесена против Д.А., стечаен управник на Водна заедница “Летиште” с.Црвени брегови во стечај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од адвокат М.М. од Кавадраци, поднесена против Д.А., стечаен управник на Водна заедница “Летиште” с.Црвени брегови во стечај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Барам да ми се достави фактурата бр.32/14 од 05.11.2014 г. на износ од 2.500 д. доставена од Водната заедница “ЛЕТИШТЕ“ с.Црвени Брегови во стечај на име В.С.како обврзник да ја плати фактурата како и доказот дека платил дел од фактурата во износ од 9 денари.”, поради тоа што имателот одговорил на барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-469 на 13.09.2017 година, изјавена од адвокат М.М. од Кавадраци, поднесена против Д.А., стечаен управник на Водна заедница “Летиште” с.Црвени брегови во стечај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, адвокат М.М. на 03.08.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Д.А, стечаен управник на Водна заедница “Летиште” с.Црвени брегови во стечај, со кое побарал по пошта да му се достави препис од следната информација:
„Барам да ми се достави фактурата бр.32/14 од 05.11.2014 г. на износ од 2.500 д. доставена од Водната заедница “ЛЕТИШТЕ“ с.Црвени Брегови во стечај на име В.С. како обврзник да ја плати фактурата како и доказот дека платил дел од фактурата во износ од 9 денари.”
Д.А., стечаен управник на Водна заедница “Летиште” с.Црвени брегови во стечај, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-469 од 14.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Д.А., стечаен управник на Водна заедница “Летиште” с.Црвени брегови во стечај и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 22.09.2017 година, Д.А., стечаен управник на Водна заедница “Летиште” с.Црвени брегови во стечај до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.58/16 од 21.09.2017 година и во прилог ги достави бараните информации.
Службеното лице кое постапува по предметот, по телефон, му укажа на стечајниот управник дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е должен бараните информации да ги доставува до барателот, а до Комисијата само произнесување по жалба и побара до Комисијата да достави доказ дека барателот ги примил бараните информации.
На 02.10.2017 година, Д.А., стечаен управник на Водна заедница “Летиште” с.Црвени брегови во стечај до Комисијата достави допис-Достава од прием од Адвокат М.М. од Кавадарци, со бр.08-469 од 28.09.2017 година. Со дописот ја известува Комисијата дека Произнесувањето по жалбата е доставено до Адвокатот М.М. од Кавадарци на ден 27.09.2017 година и истиот лично го прими. Во прилог на наведениот допис, до Комисјата достави и Произнесување по жалба примено од Адвокат М.М. од Кавадарци.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Д.А., стечаен управник на Водна заедница “Летиште” с.Црвени брегови во стечај постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ш.М. од Скопје, поднесена против Основното јавно обвинителство – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Ш.М. од Скопје, поднесена против Основното јавно обвинителство – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Примерок-Фотокопија од Решението на Основното јавно обвинителство Скопје, заведено под арх.XVIII КОН бр.8986/13 од 06.03.2014 год.“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-456 на 31.08.2017 година, изјавена од Ш.М. од Скопје, поднесена против Основното јавно обвинителство – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ш.М. од Скопје, на 21.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основното јавно обвинителство – Скопје А.бр.503/17, со кое ги побарал по пошта да му се достави фотокопија од информацијата:
„Примерок-Фотокопија од Решението на Основното јавно обвинителство Скопје, заведено под арх.XVIII КОН бр.8986/13 од 06.03.2014 год.“
Основното јавно обвинителство – Скопје, како што е наведено во Жалбата, постапувајќи по Барањето до Ш.М. доставило Одговор на барање КОН бр.8986/13 од 30.05.2017 година. Незадоволен од наведениот Одговор, на 31.08.2017 година, Ш.М. поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-456 од 01.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 11.09.2017 година Јавното обвинителство на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на Жалба А.бр.03-668/5 од 07.09.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-456. Во Одговорот, Јавното обвинителство на РМ наведува дека од страна на Основното јавно обвинителство-Скопје е постапено по Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од Ш.М. и на барателот повторно му е доставено бараното решение со допис КОН бр.8986/2013 од 29.08.2017 година.
На 02.10.2017 година, службеното лице од Основното јавно обвинителство-Скопје по е-маил достави до Комисијата фотокопија од повратница за доставување на Решението, односно бараната информација, потпишана од примачот Ш.М., со која се потврдува дека приемот на писменото е извршен на 13.09.2017 година.
На 02.10.2017 година, Ш.М. од Скопје достави до Комисијата Известување, со кое наведува дека бараната информација ја добил на 18.09.2017 година.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Основното јавно обвинителство-Скопје постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Старо Нагоричане, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Старо Нагоричане, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„ Ве молиме за постапката за јавна набавка на Услуги од мобилна телефонија за 24 месеци број 1/2017 година да ни ги доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
. извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
. одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. извештај од спроведената е-аукција“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-566 на 20.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Старо Нагоричане, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, на 05.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-931/1 до Општина Старо Нагоричане, со кое побарал, по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
„ Ве молиме за постапката за јавна набавка на Услуги од мобилна телефонија за 24 месеци број 1/2017 година да ни ги доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
. извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
. одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. извештај од спроведената е-аукција“.
На 18.09.2017 година, Општината Старо Нагоричане до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје доставила Одговор бр.03-525/5 од 06.09.2017 година, заведен во Здружението под бр.0306-955/3.
Незадоволно од наведениот Одговор, поради тоа што, како што се наведува во Жалбата „…имателот на информацијата само делумно одговорил по барањето…“, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-566 од 21.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Старо Нагоричане и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 22.09.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Општина Старо Нагоричане.
На 27.09.2017 година Општина Старо Нагоричане до Комисијата достави Известување по жалба бр.03-525/8 од 22.09.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-566. Во прилог го достави Одговорот испратен до барателот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Старо Нагоричане постапила по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ни попис на сите движни и недвижни ствари во сопственост на Агенцијата за млади и спорт“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-567 на 20.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, на 09.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.07/407 до Агенцијата за млади и спорт, примено во Агенцијата на 09.08.2017 година, заведено под бр.12-993/1, со кое побарало во фотокопија или електронски запис, по пошта или е-маил да му ја достават следната информација:
“Доставете ни попис на сите движни и недвижни ствари во сопственост на Агенцијата за млади и спорт“.
Агенцијата за млади и спорт, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 25.09.2017 година Здружението на граѓани „Младински образовен форум“ Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Агенцијата за млади и спорт.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ни листа на подвижни и недвижни ствари и права кои АМС ги доделила на други ентитети/субјекти (организации, клубови, федерации, здруженија, физички лица и др). Наведете за кои ентитети/субјекти станува збор, за какви ствари (подвижни, недвижни) станува збор и за какво право врз стварите (закуп, послуга, користење и располагање, концесија и сл.) и доставете ни копија од актите (договори, одлуки и сл.) со кои институциите Ви ги доделуваат стварите на користење“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-568 на 20.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, на 09.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.07/303 до Агенцијата за млади и спорт, заведено под бр.12-993/69, со кое побарало во фотокопија или електронски запис, по пошта или е-маил да му ја достават следната информација:
„Доставете ни листа на подвижни и недвижни ствари и права кои АМС ги доделила на други ентитети/субјекти (организации, клубови, федерации, здруженија, физички лица и др). Наведете за кои ентитети/субјекти станува збор, за какви ствари (подвижни, недвижни) станува збор и за какво право врз стварите (закуп, послуга, користење и располагање, концесија и сл.) и доставете ни копија од актите (договори, одлуки и сл.) со кои институциите Ви ги доделуваат стварите на користење“.
Агенцијата за млади и спорт, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 25.09.2017 година Здружението на граѓани „Младински образовен форум“ Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Агенцијата за млади и спорт.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Колку настани и од каков тип се организирани за мобилизирање на млади на годишно ниво? Доставете ни листа на настани и кои организации и млади биле вклучени во 2017, 2016 и 2015, 2014“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-569 на 20.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани „Младински образовен форум“ на 09.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.07/399 до Агенцијата за млади и спорт, примено во Агенцијата на 09.08.2017 година, заведено под бр.12-993/9, со кое побарало во фотокопија или електронски запис, по пошта или е-маил да му ја достават следната информација:
“Колку настани и од каков тип се организирани за мобилизирање на млади на годишно ниво? Доставете ни листа на настани и кои организации и млади биле вклучени во 2017, 2016 и 2015, 2014“.
Агенцијата за млади и спорт, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 25.09.2017 година Здружението на граѓани „Младински образовен форум“ Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Агенцијата за млади и спорт.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Доставете ни листа на организации и институции со кои Агенцијата за млади и спорт заеднички реализирала активности и проекти во изминатите 5 години, односно од 2012 година до денес, како и опис на активностите, односно проектите кои биле реализирани“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-570 на 20.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани „Младински образовен форум“ на 09.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.07/297 до Агенцијата за млади и спорт, примено во Агенцијата на 09.08.2017 година, заведено под бр.12-993/63, со кое побарало во фотокопија или електронски запис, по пошта или е-маил да му ја достават следната информација:
“Доставете ни листа на организации и институции со кои Агенцијата за млади и спорт заеднички реализирала активности и проекти во изминатите 5 години, односно од 2012 година до денес, како и опис на активностите, односно проектите кои биле реализирани“.
Агенцијата за млади и спорт, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 25.09.2017 година Здружението на граѓани „Младински образовен форум“ Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Агенцијата за млади и спорт.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Кои активности предвидени во Националната стратегија за млади 2016-2025 се досега реализирани од страна на АМC? “, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-571 на 20.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани „Младински образовен форум“, поднесена преку Д.К., извршен директор на Здружението, против Агенцијата за млади и спорт, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани „Младински образовен форум“ на 09.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.07/317 до Агенцијата за млади и спорт, примено во Агенцијата на 09.08.2017 година, заведено под бр.12-993/45, со кое побарало во фотокопија или електронски запис, по пошта или е-маил да му ја достават следната информација:
“Кои активности предвидени во Националната стратегија за млади 2016-2025 се досега реализирани од страна на АМC? “.
Агенцијата за млади и спорт, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 25.09.2017 година Здружението на граѓани „Младински образовен форум“ Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Агенцијата за млади и спорт.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Ј.М. од Скопје, поднесена против Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Ј.М. од Скопје, поднесена против Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
“Месечен износ што ПИОМ го исплаќа за покривање на разликата од оствареното право на пензија до износот на минимална пензија“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-565 на 19.09.2017 година, изјавена од Ј.М. од Скопје, поднесена против Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Ј.М. од Скопје на 15.08.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, со кое побарала да и се достави следната информација:
“Месечен износ што ПИОМ го исплаќа за покривање на разликата од оствареното право на пензија до износот на минимална пензија“
Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 04.09.2017 година доставил Одговор на барање до барателот, но не на бараната информација, туку за тоа како се определува најнизок износ на пензија. Незадоволна од добиениот Одговор, Ј.М. од Скопје на 05.09.2017 година по е-маил поднела повторно Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, со кое побарала да ја добие бараната информација.
На 14.09.2017 година Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија доставил Одговор на барање до барателот.
Незадоволна од добиениот Одговор, Ј.М. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-565 од 21.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 28.09.2017 година Ј.М. од Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека ја добила бараната информација од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и ја повлекува Жалбата.
На 29.09.2017 година Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија до Комисијата достави Одговор по доставена жалба по барање за слободен пристап до информаии од јавен карактер бр.02-4224/3 од 26.09.2017 година, во Комисијата заведен под бр.08-565.
Во Одговорот е наведено: “…Податокот кој беше побаран од страна на Ј.М. од Скопје, а се однесува за месечниот износ што Фондот на ПИОМ го исплаќа за покривање на разликата од оствареното право на пензија до износот на минимална пензија, дополнително е изготвен од страна на ИТ Службата на Фондот“.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија постапил по Барањето и до барателот ја доставил бараната информација. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали Министерството за економија на Единствениот национален регистар на прописи го има објавено Извештај за проценка на влијанието за Законот за изменување и дополнување на законот за производство и вооружување и воена опрема гласано во Собрание на 22.02.2016. Доставете ни информација каде е извршена оваа објава“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-592 на 26.09.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“, поднесена преку полномошник Д.Ж., против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“, на 04.08.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија, со кое побарал да му ја достават следната информација:
„Дали Министерството за економија на Единствениот национален регистар на прописи го има објавено Извештај за проценка на влијанието за Законот за изменување и дополнување на законот за производство и вооружување и воена опрема гласано во Собрание на 22.02.2016. Доставете ни информација каде е извршена оваа објава“.
Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
На 28.09.2017 година Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк – Центар за Европски стратегии“по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата заведена во Центарот под бр.0305-135 изјавена против Министерството за економија.
Врз основа на наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.З., адвокат од Скопје, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016) на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.З., адвокат од Скопје, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1.Колку деца барале лекување (здравствени услуги) во странство, за период од 2014, 2015 и 2016 година
2. За колку деца ФЗО дозволил лекување во странство, за период од 2014, 2015 и 2016 година
3. За колку деца ФЗО не дозволил лекување во странство, за период од 2014, 2015 и 2016 година“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-462 на 04.09.2017 година, изјавена од П.З., адвокат од Скопје, поднесена против Фондот за здравствено осигурување на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, П.З., адвокат од Скопје, на 19.07.2017 година, преку е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Фондот за здравствено осигурување на Македонија, со кое побарала, пo пошта, или преку е-маил, да и се достави фотокопија, или електронски запис од следните информации:
„1.Колку деца барале лекување (здравствени услуги) во странство, за период од 2014, 2015 и 2016 година
2. За колку деца ФЗО дозволил лекување во странство, за период од 2014, 2015 и 2016 година
3. За колку деца ФЗО не дозволил лекување во странство, за период од 2014, 2015 и 2016 година“.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-462 од 05.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Фондот за здравствено осигурување на Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 18.09.2017 година Фондот за здравствено осигурување на Македонија до Комисијата достави Известување во врска со поднесена жалба бр.03-10871/2 од 15.09.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-462. Во прилог го достави Одговорот пратен до барателот.
На 02.10.2017 година П.З., адвокат од Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека по бараната информација добила Одговор од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Фондот за здравствено осигурување на Македонија постапил по Барањето и до барателот ја доставил бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена против ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 04 октомври 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена против ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку деца Роми надвор од образовниот систем се откриени преку теренски посети на патронажна служба и РЗМ во текот на 2016 година согласно Програмата за систематски прегледи на студенти и ученици“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-544 на 14.09.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена против ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје на 04.05.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0801-1667/17-7 до ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци, со кое побарало по пошта да му достават препис од следната информација:
„Колку деца Роми надвор од образовниот систем се откриени преку теренски посети на патронажна служба и РЗМ во текот на 2016 година согласно Програмата за систематски прегледи на студенти и ученици“.
ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-544 од 20.09.2017 година, ја препрати Жалбата до ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 25.09.2017 година, ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци до Комисијата достави Допис бр.03-216/2 од 22.09.2017 година, во кој е содржан Одговорот на барањето.
На 27.09.2017 година службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, по е-маил до барателот го препрати Дописот од ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци насловен до барателот.
На 27.09.2017 година, преку е-маил, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија – ЕСЕ Скопје, ја извести Комисијата дека ја добило бараната информација.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци постапила по Барањето, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.