ДОНЕСЕНИ 5 РЕШЕНИЈА И 6 ЗАКЛУЧОЦИ
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 182 -та седница одржана на 30 август 2017 година, донесе 5 решенија и 6 заклучоци.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавното претпријатие за комунални работи „Комуналец“ – Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 30 август 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавното претпријатие за комунални работи „Комуналец“ – Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.21/2016:
. цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за набавка на 1 пар работно одело,
. од што се состои работното одело (панталони, јакна, кошула…) и дали е можеби специјализирано за лето или зима и
. во кои количини се купени работните одела согласно договорот“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Јавното претпријатие за комунални работи „Комуналец“ – Кавадарци на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-413 на 07.08.2017 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавното претпријатие за комунални работи „Комуналец“ – Кавадарци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Јавното претпријатие за комунални работи „Комуналец“ – Кавадарци на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 12.06.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-800/1 до Јавното претпријатие за комунални работи „Комуналец“ – Кавадарци, со кое побарал, по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.21/2016:
. цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за набавка на 1 пар работно одело,
. од што се состои работното одело (панталони, јакна, кошула…) и дали е можеби специјализирано за лето или зима и
. во кои количини се купени работните одела согласно договорот“.
Јавното претпријатие за комунални работи „Комуналец“ – Кавадарци, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-413 од 08.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Јавното претпријатие за комунални работи „Комуналец“ – Кавадарци и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавното претпријатие за комунални работи „Комуналец“ – Кавадарци не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавното претпријатие за комунални работи „Комуналец“ – Кавадарци не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈПКД “Брегалница“-Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 30 август 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈПКД “Брегалница“-Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.0507-16/7/2016:
. цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за набавка на 1 пар работно одело,
. од што се состои работното одело (панталони, јакна, кошула…) и дали е можеби специјализирано за лето или зима и
. во кои количини се купени работните одела согласно договорот“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА ЈПКД “Брегалница“-Делчево на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-414 на 07.08.2017 година, изјавена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против ЈПКД “Брегалница“-Делчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ ЈПКД “Брегалница“-Делчево на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 12.06.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-802/1 до ЈПКД “Брегалница“-Делчево, со кое побарал, преку пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.0507-16/7/2016:
. цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за набавка на 1 пар работно одело,
. од што се состои работното одело (панталони, јакна, кошула…) и дали е можеби специјализирано за лето или зима и
.во кои количини се купени работните одела согласно договорот.
ЈПКД “Брегалница“-Делчево, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-414 од 08.08.2017 година, ја препрати Жалбата до ЈПКД “Брегалница“-Делчево и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
ЈПКД “Брегалница“-Делчево не одговори на дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека ЈПКД “Брегалница“-Делчево не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 30 август 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Годишен план и програма за работата на општината за следниве години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017та година?
2. Кои проекти и инвестиции се реализирани во општината во годините: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
3. Буџетите на Вашата општина за следните години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
4. Колкав е моменталниот буџет со кој располага Вашата општина?“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општина Струмица на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-371 на 21.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Струмица, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општина Струмица на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.Р. од Скопје, на 06.06.2017 година, по е- маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Струмица, со кое ја побарал следната информација:
1. Годишен план и програма за работата на општината за следниве години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017та година?
2. Кои проекти и инвестиции се реализирани во општината во годините: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
3. Буџетите на Вашата општина за следните години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
4. Колкав е моменталниот буџет со кој располага Вашата општина?“
Општина Струмица, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-371 од 24.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Струмица и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 14.08.2017 година Општина Струмица до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.32-4961/2 од 11.08.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-371. Во Одговорот на Жалба е наведедено дека: „…Целосно непрецизирано е поставено барањето на жалителот, со барање на информации од широки размери, неконкретизирани и без наведување точно на кои податоци што ги бара истиот мисли. Општина Струмица нема годишен план и програма за работа, при што жалителот треба точно да наведе кои програми му требаат бидејќи покрај ненаведувањето на истите се работи и за барање со наведување на седум години. Истото се однесува и на наведувањето на проектите, бидејќи Општината има повеќе проекти па треба да наведете кои податоци за кои конретно проекти ги барате…Во однос на барањето за Буџетите на Општината за истите седум години од 2011 до 2017 година, се запрашуваме како е возможно да барате информации и да се повикувате на кршење на законските одредби за неостварувањето и неовозможувањето на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кога сите буџети наведени по години и објавени во Службен гласник на Општина Струмица ги имате објавено на нашата веб страна www.strumica.gov.mk, и со само еден клик и влез на истата ги имате сите барани информации…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Струмица не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
По Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да постапуваат согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како lex specialis во областа на пристапот до информации од јавен карактер.
Комисијата смета дека бараната информација е информација од јавен карактер. Во случајов станува збор за побарани податоци од надлежностите на Општина Струмица утврдени со закон, како и за други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на наведениот имател на информации, односно за информации за кои согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да ја информира јавноста.
Во однос на наводите во Одговор на жалба бр. бр.32-4961/2 од 11.08.2017 година од Општина Струмица дека „…Целосно непрецизирано е поставено барањето на жалителот, со барање на информации од широки размери, неконкретизирани и без наведување точно на кои податоци што ги бара истиот мисли…“, Комисијата укажува дека се работи за конкретни податоци, односно информации кои се наведени во барањето (годишен план, проекти, буџети…).
Доколку Општината сметала дека Барањето е непотполно и непрецизно, требала да постапи согласно чл.17 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Што се однесува на наводите во Одговор на жалба бр. бр.32-4961/2 од 11.08.2017 година од Општина Струмица дека „…Во однос на барањето за Буџетите на Општината за истите седум години од 2011 до 2017 година, се запрашуваме како е возможно да барате информации и да се повикувате на кршење на законските одредби за неостварувањето и неовозможувањето на физичките и правните лица да го остваруваат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кога сите буџети наведени по години и објавени во Службен гласник на Општина Струмица ги имате објавено на нашата веб страна www.strumica.gov.mk, и со само еден клик и влез на истата ги имате сите барани информации…“, Општина Струмица е должна да постапи согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот на информации да му обезбеди целосен пристап до бараните информации, на начин и во форма наведени во Барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Државна видеолотарија на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 30 август 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Државна видеолотарија на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на реперезентативни материјали за маркетинг цели бр.3/2017 да ни доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
. извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
. одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. извештај од спроведената е-аукција “, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),ја разгледа Жалбата бр.08-419 од 07.08 .2017 година, изјавена од изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Државна видеолотарија на Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.
Комисијата ја разгледа Жалбата и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Согласно член 3 став 1 алинеја 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „иматели на информации“ се органите на државната власт и други органи и организации утврдени со закон, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица кои вршат јавни овластувања, утврдени со закон“.
Државна видеолотарија на Македонија е трговско друштвото со ограничена одговорност за приредување на игри на среќа, во заедничка сопственост на Државна лотарија на Македонија и Касинос Аустрија Интернационал Македонија и на кое, согласно закон, не му се пренесени јавни овластувања.
Од тоа произлегува дека Државна видеолотарија на Македонија не е имател на информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Од тие причини и постапката по Жалбата не може да се спроведе по наведениот Закон.
Поради ова, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место на жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, поднесена против ДСУ Спортска aкадемија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 30 август 2017 година, го донесе следнот
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф. вработена во ЦГК, поднесена против ДСУ Спортска aкадемија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на услуга бр.09/2017 да ни доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
. извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
. одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. извештај од спроведената е-аукција.?“, СЕ ОТФРЛА.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-421 на 07.08.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, поднесена против ДСУ Спортска aкадемија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактери и ја ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, на 20.06.2017 година, по пошта поднел Барање за пристап до информации од јавен карактербр.0302-872/1 до ДСУ Спортска aкадемија, со кое ги побарало следните информации:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на услуга бр.09/2017 да ни доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
. извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
. одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. извештај од спроведената е-аукција
ДСУ Спортска aкадемија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-421 од 08.08.2017 година, ја препрати Жалбата до ДСУ Спортска aкадемија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 21.08.2017 година ДСУ Спортска aкадемија до Комисијата достави Допис бр. 03-1210/1 од 21.08.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-421.
Во Дописот е наведено:“… Воедно напоменуваме дека ДСУ Спортска Академија на 20.06.2017 година нема примено допис односно Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на Центар за граѓански комуникации, Скопје“.
На 23.08.2017 година службеното лице што постапува по предметот од страна ЦГК телефонски беше известено дека Барањето е доставено со обична пошта, но не достави доказ дека имателот го примил Барањето.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, право на правна заштита во согласност со овој Закон има барателот кој поднел Барање за пристап до информација на начин утврден во членот 12 став 1 од овој Закон.
Во конкретниот случај, барателот нема докази дека има поднесено Барање за пристап до информации од јавен карактер согласно член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради погоре наведеното, а согласно член 109 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф. вработена во Здружението, против Општина Валандово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 30 август 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите изјавени од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Валандово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка Асфалтирање на улици во Валандово број 01/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под бр.08-353 на 20.07.2017 година и бр.08-353 на 14.08.2017 година, изјавени од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, поднесени преку полномошник С.Ф., вработена во Здружението, против Општина Валандово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата бр.08-353 од 20.07.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје на 05.07.2017 година поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-927/1 до Општина Валандово, со кое побарало по пошта или е-маил фотокопија од следните информации:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка Асфалтирање на улици во Валандово број 01/2017 да ни ги доставите:
• Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
• извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
• одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
• извештај од спроведената е-аукција“.
На 19.07.2017 година, Општина Валандово до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје по е-маил доставила Одговор на ваше Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.10-550/2.
Незадоволно од наведениот Одговор, поради тоа што, како што се наведува во Жалбата „…имателот на информацијата само делумно одговорил по барањето на барателот…“, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-353 од 21.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Валандово и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 31.07.2017 година Општина Валандово до Комисијата достави Одговор на жалба бр.10-556/4 25.07.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-353. Во прилог ги достави бараните информации.
На 14.08.2017 година, незадоволно од наведениот Одговор, поради тоа што, како што се наведува во Жалбата „…имателот на информацијата само делумно одговорил по барањето на барателот…“, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје повторно поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-353 од 15.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Валандово и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 23.08.2016 година Општина Валандово до Комисијата достави Одговор на жалба бр.10-556/7 од 21.08.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-353. Во прилог на Одговорот доставени се фотокопија од допис „Извештај од спроведена е-аукција“ бр.10-556/5 од 07.08.2017 година насловен до Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје, Извештај за текот на е-Аукцијата на Асфалтирање на улици во Валандово и копија од достава на дописот.
На 23.08.2017 година службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, по е-маил до барателот го препрати дописот од Општина Валандово насловен до барателот.
На 23.08.2017 година Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Општина Валандово.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Валандово постапила по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавната установа за деца – Детска градинка „Буба Мара“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на РМ бр.124/2015) на седницата одржана на 30 август 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавната установа за деца – Детска градинка „Буба Мара“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.20-1/2016 и бр.20-2/2017:
. за цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за набавка на 1 пар работни обувки (кломпи),
. бројот на купени работни обувки (кломпи) согласно договорот“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-408 на 07.08.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавната установа за деца – Детска градинка „Буба Мара“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 12.06.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-844/1 до Јавната установа за деца – Детска градинка „Буба Мара“ – Скопје, со кое побарал, пo пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.20-1/2016 и бр.20-2/2017:
. за цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за набавка на 1 пар работни обувки (кломпи),
. бројот на купени работни обувки (кломпи) согласно договорот“.
Јавната установа за деца – Детска градинка „Буба Мара“ – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-408 од 08.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Јавната установа за деца – Детска градинка „Буба Мара“ – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Јавната установа за деца – Детска градинка „Буба Мара“ – Скопје, на 25.08.2017 година, до Комисијата достави Произнесување бр.05-430 од 23.08.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-408. Произнесувањето го содржи одговорот на Барањето од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје.
Службеното лице во Комисијата, кое постапува по предметот, скенираниот одговор го достави до барателот на информацијата.
На 29.08.2017 година Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје достави до Комисијата електронски допис во кој наведува дека го добиле одговорот, со посредство на Комисијата и дека поради тоа ја повлекуваат Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Јавната установа за деца – Детска градинка „Буба Мара“ – Скопје постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавната детска градинка „Весели Цветови“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на РМ бр.124/2015) на седницата одржана на 30 август 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавната детска градинка „Весели Цветови“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.05/2016:
. за цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за набавка на 1 пар работни обувки (кломпи),
. бројот на купени работни обувки (кломпи) согласно договорот“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-410 на 07.08.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Јавната детска градинка „Весели Цветови“ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 12.06.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-837/1 до Јавната детска градинка „Весели Цветови“ – Скопје, со кое побарал, пo пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.05/2016:
. за цената (со или без ДДВ) која ја плаќате за набавка на 1 пар работни обувки (кломпи),
. бројот на купени работни обувки (кломпи) согласно договорот“.
Јавната детска градинка „Весели Цветови“ – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-410 од 08.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Јавната детска градинка „Весели Цветови“ – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 22.08.2017 година, Јавната детска градинка „Весели Цветови“ – Скопје до Комисијата достави Известување бр.03-2066/2 од 21.08.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-410. Во Известувањето е наведено дека „…Установата се обрати писмено до Центарот за граѓански комуникации дека од нивна страна немаме добиено писмено барање или барање по е-маил за информација од јавен карактер, односно информации за спроведената постапка за јавна набавка на работни обувки (кломпи) оглас бр.05/2016. Во прилог Ви го доставуваме Известувањето до ЦГК“. И покрај наведеното, во прилог на Известувањето до Комисијата, не е доставена фотокопија од Известувањето до Центарот за граѓански комуникации ЦГК – Скопје.
На 22.08.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, преку е-маил, ја извести Комисијата дека на 22.08.2017 година ја добиле бараната информација и дека ја повлекуваат Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Јавната детска градинка „Весели Цветови“ – Скопје постапила по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф. вработена во ЦГК, против Министерство за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на РМ бр.124/2015) на седницата одржана на 30 август 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерство за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка на Порцелански комплети бр.18/3-30/19/17 да ни доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
. извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
. одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. извештај од спроведената е-аукција“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-416 на 07.08.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерство за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 10.05.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-739/1 до Министерство за одбрана-Сектор за логистика, со кое побарал, по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
“Ве молиме за постапката за јавна набавка на Порцелански комплети бр.18/3-30/19/17 да ни доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
. извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
. одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. извештај од спроведената е-аукција“.
Министерството за одбрана, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-416 од 08.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерство за одбрана и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 25.08.2017 година, Министерството за одбрана до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.15/1-4302/2 од 18.08.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-416.
Во Одговорот е наведено дека „…Во врска со поднесената жалба, Министерството за одбрана, Ве известува дека ја достави бараната информација со акт бр.15/1-2776/8 од 17.08.2017 година.“
На 25.08.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, преку е-маил, ја извести Комисијата дека ја добиле бараната информација и дека ја повлекуваат Жалбата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерство за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на РМ бр.124/2015) на седницата одржана на 30 август 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерство за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молиме за постапката за јавна набавка за канцелариски материјал за потребите на Министерството за транспорт и врски за период од една година број 06/2017 да ни доставите:
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
. извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
. одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. извештај од спроведената е-аукција“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-417 на 07.08.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Министерство за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 20.06.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-851/1 до Министерство за транспорт и врски, со кое побарал, по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:
“Ве молиме за постапката за јавна набавка за канцелариски материјал за потребите на Министерството за транспорт и врски за период од една година број 06/2017 да ни доставите :
. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки
. извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка
. одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката
. извештај од спроведената е-аукција“.
Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-417 од 08.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерство за транспорт и врски и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 30.08.2017 година, Министерството за транспорт и врски до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.02-7600/2 од 24.08.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-417. Во Произнесувањето по жалба е наведено дека Министерството за транспорт и врски одговорило на Барањето и до барателот ја доставило бараната информација.
На 25.08.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, преку е-маил, ја извести Комисијата дека ја добиле бараната информација и дека ја повлекуваат Жалбата.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 30 август 2017 година, го донесе следниот
З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Годишен план и програма за работата на општината за следниве години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017та година?
2. Кои проекти и инвестиции се реализирани во општината во годините: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
3. Буџетите на Вашата општина за следните години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
4. Колкав е моменталниот буџет со кој располага Вашата општина?“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-368 на 21.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Никола Радулов од Скопје, на 06.06.2017 година, по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Тетово, со кое ги побарал следните информации:
„1. Годишен план и програма за работата на општината за следниве години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017та година?
2. Кои проекти и инвестиции се реализирани во општината во годините: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
3. Буџетите на Вашата општина за следните години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
4. Колкав е моменталниот буџет со кој располага Вашата општина?“.
Општина Тетово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-368 од 24.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Тетово и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 18.08.2016 година Општина Тетово до Комисијата достави Известување на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-7115/2 од 16.08.207 година, а во Комисијата заведен под бр.08-368. Во прилог на Известувањето доставен е Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-6802/9 од 14.08.2017 година и Дополнување на Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.03-680211 од 15.08.2017 година во кои се содржани бараните информации до Н.Р..
На 21.08.2017 година Н.Р. по е-маил ја извести Комисијата дека нема добиено одговор од Општина Тетово.
На 22.08.2017 година службеното лице од Комисијата кое постапува по предметот, по е-маил до барателот го препрати Одговорот од Општина Тетово.
На 22.08.2017 година Н.Р. по е-маил ја извести Комисијата дека го добил Одговорот и задоволен е од истиот, поради што ја повлекува Жалбата изјавена против Општина Тетово.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Тетово постапила по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.