ДОНЕСЕНИ 12 РЕШЕНИЈА И 6 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 183-та седница одржана на 13 септември 2017 година, донесе 12 решенија и 6 заклучоци.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од З.С. од Скопје, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата бр. 08-445 од 23.08.2017 година, изјавена од З.С. од Скопје, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Колку финансиски средства им исплатило Министерството за правда на секоја од политичките партии што ги исполниле условите предвидени со Законот за финансирање на политичките партии во 2015, 2016 и 2017 година?“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр. 08-445 од 23.08.2017 година, изјавена од З.С. од Скопје, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, З.С. од Скопје на 21.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следната информација:

„Колку финансиски средства им исплатило Министерството за правда на секоја од политичките партии што ги исполниле условите предвидени со Законот за финансирање на политичките партии во 2015, 2016 и 2017 година?“.

Министерството за правда, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-445 од 24.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за правда не одговори на барањето од Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за правда не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ни на барањето од Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје, поднесени против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбите изјавени од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје, поднесени против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„-       Копија од анализата на еколошкото влијание од проектот за уредување на плажата во Лагадин.

  • Во дописот бр.03-01/4 од 09.03.2017 година на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во РМ, бевме информирани за 5 локации на кои се иницирани постапки за урбанистичко планска документација за ТРЗ во Охридскиот регион и тоа: ТРЗ Љубаништа 1, ТРЗ Љубаништа 2, ТРЗ Калишта, ТРЗ Градиште и ТРЗ Треска. Од извештајот на УНЕСКО бевме информирани дека се подготвува урбанистичко планска документација за 7 туристичко развојни зони. Кои се останатите 2 туристичко развојни зони во Охридскиот регион за кои се подготвува урбанистичко планска документација?“ СЕ УВАЖУВААТ и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под број 08-364 на 21.07.2017 година и под број 08-364 на 11.08.2017 година, изјавени од Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје, поднесени против Министерство за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ги УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје, на 13.06.2017 година до Министерството за транспорт и врски поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарало, по пошта, да му биде доставена фотокопија од следната информација:

„-       Копија од анализата на еколошкото влијание од проектот за уредување на плажата во Лагадин.

–         Во дописот бр.03-01/4 од 09.03.2017 година на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во РМ, бевме информирани за 5 локации на кои се иницирани постапки за урбанистичко планска документација за ТРЗ во Охридскиот регион и тоа: ТРЗ Љубаништа 1, ТРЗ Љубаништа 2, ТРЗ Калишта, ТРЗ Градиште и ТРЗ Треска. Од извештајот на УНЕСКО бевме информирани дека се подготвува урбанистичко планска документација за 7 туристичко развојни зони. Кои се останатите 2 туристичко развојни зони во Охридскиот регион за кои се подготвува урбанистичко планска документација?“.

Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата со допис бр.08-364 од 24.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за транспорт и врски, на 09.08.2017 година до Комисијата достави Произнесување по жалба и доставување на списи бр.02-7173/2 од 04.08.2017 година, заведено во Комисијата под бр. 08-364. Во прилог достави Одговор на барање бр.02-5865/2 од 04.08.2017 година, насловен до барателот.

Во Произнесувањето е наведено дека: „…Ве известуваме дека Министерството за транспорт и врски одговори на барањето на барателот со доставување на информацијата…“.

Незадоволно од добиениот Одговор, на 11.08.2017 година Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ Скопје по е-маил достави Жалба до Комисијата.

Комисијата со допис бр.08-364 од 14.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за транспорт и врски, на 01.09.2017 година до Комисијата достави Произнесување по жалба и доставување на списи бр.02-7943/2 од 29.08.2017 година, заведено во Комисијата под бр. 08-364, во кое наведува дека: „…Министерството за транспорт и врски не располага со бараната информација кои се останатите 2 туристички развојни зони во Охридскиот регион за кои се подготвува урбанистичко планска документација покрај ТРЗ Љубаништа 1, ТРЗ Љубаништа 2, ТРЗ Калишта, ТРЗ Градиште и ТРЗ Треска, поради што согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, барањето го препрати на натамошна надлежност и постапување до Општина Охрид, Општина Струга и Општина Дебрца. Исто така, Министерството за транспорт и врски не располага со бараната информација за анализа на еколошкото влијание од проектот за уредување на плажата во Лагадин, поради што согласно член 18 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, барањето го препрати на понатамошна надлежност и постапување во Министерството за животна средина и просторно планирање…“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за транспорт и врски не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во конкретниот случај, како што се тврди во Произнесување по жалба и доставување на списи бр.02-7943/2 од 29.08.2017 година, доколку Министерството за транспорт и врски, не ја создало или не располага со бараната информација, должно е да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.

По наводите на Министерството за транспорт и врски дека барањето е препратено до имателите на информациите од јавен карактер, а истите не доставија доказ дека барањето е препратено, Комисијата му укажува дека согласно член 18 став 1 „Ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа ќе го извести барателот“.

При повторното постапување по предметот, Министерството за транспорт и врски е должно да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молам да ми ги доставите следниве документи:

1.Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за здравство на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-426 на 22.08.2017 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за здравство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за здравство на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. на 25.05.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за здравство, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следните информации:

„Ве молам да ми ги доставите следниве документи:

1.Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година“.

Министерството за здравство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-426 од 25.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за здравство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 13.09.2017 година Министерството за здравство до Кмисијата достави Одговор на Жалба на Г.Л. од Кочани бр. 22-5361/2, заведен во Комисијата под бр. 08-426. Во Одговорот е наведено: „…Укажуваме дека само во последните три години (2014, 2015 и 2016 година) се извршени околу 700 исплати од контото репрезентација, па оттаму може да се заклучи дека и бројот на фактури е идентично голем, што значи дека е потребен подолг временски период за обезбедување на овие документи. Имајќи го ова предвид, доколку е потребно освен книговодствените картици да бидат доставени и фактурите по кои се книжени промените на контото репрезентација од 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година, тогаш Министерството за здравство укажува дека по истото ќе биде во можност да постапи во рок од најмалку 30 дена…“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за здравство не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, односно до барателот доставила книговодствени картици а не фотокопии или електронски записи од фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка  („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на  13 септември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молам да ми ги доставите следниве документи:

1.Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година“, СЕ ОТФРЛА.

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-427 на 22.08.2017 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактери и ја ОТФРЛИ како недопуштена.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, од Г.Л. на 25.05.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следните информации:

„Ве молам да ми ги доставите следниве документи:

1.Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година“.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-427 од 25.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 11.09.2017 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до Комисијата достави Произнесување по жалба бр. 02-6396/2 од 06.09.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-427.

Во Произнесувањето е наведено: „…По добивање на жалбата извршена е проверка во службениот меил на службеното лице за посредување со информации од јавен карактер М.Т. и на службениот меил на министерството infomzsv.gov.mk, како и во архивата на ова министерство, но вакво барање не е пронајдено во меиловите ниту пак е заведено во архивата. На ден 01.09.2017 година е обавен телефонски разговор помеѓу службеното лице за пристап до информации од јавен карактер и жалителот во кој истиот беше известен дека не е пронајдено обжаленото барање. По обавениот телефонски разговор жалителот Г.Л. истиот ден на службениот меил на службеното лице М.Т. достави две барања за пристап до информации од јавен карактер…“.

По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека барателот, односно жалителот Г.Л. од Кочани не доставил доказ дека до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доставил електронско Барање за пристап до информации од јавен карактер на 25.05.2017 година, ниту доказ за заведено Барање во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а на 22.08.2017 година до Комисијата доставил Жалба против Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за негово непостапување по истото.

Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, право на правна заштита во согласност со овој Закон има барателот кој поднел Барање за пристап до информација на начин утврден во членот 12 став 1 од овој Закон.

Во конкретниот случај, барателот нема докази дека има поднесено Брање за пристап до информации од јавен карактер согласно член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Поради погоре наведеното, а согласно член 109 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбaтa изјавенa од С.Ј. од Стајковци, поднесена против Решението на Бирото за судски вештачења, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од С.Ј. од Стајковци, поднесена против Решението на Бирото за судски вештачења бр.03-179/5 од 20.07.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Да ми се достави фотокопија од записникот за проценка на штети од поплавите во Стајковци од VIII.2016 на ул.15 бр.8 на име П.Ј.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Бирото за судски вештачења на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

Решението на Бирото за судски вештачења бр.03-179/5 од 20.07.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата бр.08-435 од 23.08.2017 година, изјавена од С.Ј. од Стајковци, поднесена против Решението на Бирото за судски вештачења бр.03-179/5 од 20.07.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Бирото за судски вештачења на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

Решението на Бирото за судски вештачења бр.03-179/5 од 20.07.2017 година ГО ПОНИШТИ.

Како што се наведува во Жалбата, С.Ј. на 11.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Бирото за судски вештачења, заведено во Бирото под бр.03-179/3 со кое побарал по пошта да му се достави фотокопија од следната информација:

„Да ми се достави фотокопија од записникот за проценка на штети од поплавите во Стајковци од VIII.2016 на ул.15 бр.8 на име П.Ј.“.

Бирото за судски вештачења, на 20.07.2017 година до барателот доставило Решение бр.03-179/5 со кое го одбило барањето за пристап до информации од јавен карактер.

Незадоволен од наведеното Решение, С.Ј. од Стајковци поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-435 од 25.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Бирото за судски вештачења и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 05.09.2017 година Бирото за судски вештачења до Комисијата достави допис насловен „Одговор на жалба“ бр.03-179/7, заведен во Комисијата под бр.08-435. Во прилог на наведениот допис до Комисијата го достави Решението бр.03-179/5 од 20.07.2017 година со кое го одбило пристапот до бараната информација. Во Решението е наведено:„…Постапувајќи по Барањето за слободен пристап на информации од јавен карактер извршен е увид во предметот на П.Ј. лице кое претрпело штета од поплавите и невремето кое го зафати Скопскиот регион на ден 06.08.2016 година, при што утврди дека бараната информација се однесува на личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци…“.

Во прилог на наведениот допис до Комисијата е доставен и спроведениот тест на штетност бр.03-179/4 од 17.07.2017 година.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Бирото за судски вештачења не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Комисијата му укажува на Бирото за судски вештачења дека доколку смета дека бараниот документот, или негов дел, содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Воздух сега, Граѓанска иницијатива од Скопје, поднесена против Министерство за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка  („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на  13 септември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од Воздух сега, Граѓанска иницијатива од Скопје, поднесена против Министерство за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бараме достава на деталните распределби на средствата по функционалната категорија 705 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА и функционалните ставки 7050, 7052 и 7053 и по разните програми, потпрограми, категории, ставки за 12101 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ од Буџетот за 2017 и предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2017 од 7.7.2017.

Како на пр. за 4 МОНИТОРИНГ, 40 Мониторинг, 42 СТОКИ И УСЛУГИ, 425 Договорни услуги, како точно и за што се распределени 3 000 000 денари од Буџетот за 2017, односно 1 200 000 од ребалансот?

Или за што точно и како се распределени 152,150,000 денари од Буџетот за 2017 и 97,100,000 денари од ребалансот од функционалната ставка 7053 Намалување на загадувањето?“, СЕ ОТФРЛА.

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-450 на 29.08.2017 година, изјавена од Воздух сега, Граѓанска иницијатива од Скопје, поднесена против Министерство за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактери и ја ОТФРЛИ како недопуштена.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, од Воздух сега, Граѓанска иницијатива од Скопје на 28.07.2017 година, по е-маил поднелa Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за финансии, со кое побаралa пристап до следната информација:

„Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бараме достава на деталните распределби на средствата по функционалната категорија 705 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА и функционалните ставки 7050, 7052 и 7053 и по разните програми, потпрограми, категории, ставки за 12101 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ од Буџетот за 2017 и предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2017 од 7.7.2017.

Како на пр. за 4 МОНИТОРИНГ, 40 Мониторинг, 42 СТОКИ И УСЛУГИ, 425 Договорни услуги, како точно и за што се распределени 3 000 000 денари од Буџетот за 2017, односно 1 200 000 од ребалансот?

Или за што точно и како се распределени 152,150,000 денари од Буџетот за 2017 и 97,100,000 денари од ребалансот од функционалната ставка 7053 Намалување на загадувањето?“.

Министерството за финансии, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, односно барателот наведува дека: „…Ниту една од официјалните е маил адреси на Министерството за финансии, вклучивајќи ја и генералната за контакт finance@finance.gov.mk не се достапни поради некакво блокирање…“, по што поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-450 од 31.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 06.09.2017 година Министерството за финансии до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 5529/2 од 06.09.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-450.

Во Одговорот е наведено: „…По разгледување на доставената жалба се утврди дека сега жалителот воопшто нема поднесено барање до Министерството за финансии, во прилог на што говори и фактот што истиот во прилог на жалбата нема доставено доказ за уредно примено барање за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на министерството. Со оглед на наведеното, Министерството за финансии не ни можело да постапи во законски предвидениот рок по барање кое воопшто го нема добиено…“.

По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата констатира дека согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, право на правна заштита во согласност со овој Закон има барателот кој поднел Барање за пристап до информација на начин утврден во членот 12 став 1 од овој Закон.

Во конкретниот случај, барателот нема докази дека има поднесено Барање за пристап до информации од јавен карактер односно од доставениоте е-маил пораки од страна на барателот Комисијата неможе да утврди дали Министерството за финансии добило електронско Барање за пристап до информации од јавен карактер.

Поради погоре наведеното, а согласно член 109 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.З., адвокат од Скопје, поднесена против Основен суд Скопје 1, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 сепември  2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од П.З., адвокат од Скопје, поднесена против Известувањето на Основен суд Скопје 1 ПЈИ.бр.19/17 од 03.08.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„ Под точка 1. “Листа на адвокати по службена должност со која располага Вашиот Суд“ се ОДБИВА, а под точките 2.“Критериуми за избор на бранител од листата на адвокати по службена должност, врз основа на кои Претседателот на Судот врши назначување“, 3. “Бројот на предметот во кој бил ангажиран адвокат по службена должност; име и презиме на Претседателот на Советот и име и презиме на бранителот кој бил назначен. Податоците ни се потребни за предметите во кое се ангажирани адвокати по службена должност за период од 01.01.2016-30.06.2017 година“ и 4.“Решенија за исплата на адвокатски трошоци по адвокат, за период од 01.01.2016-30.06.2017 година“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е   

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-423 на 16.08.2017 година,  изјавена од П.З., адвокат од Скопје, поднесена против Известувањето на Основен суд Скопје 1 ПЈИ.бр.19/17 од 03.08.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, и „ Под точка 1. “Листа на адвокати по службена должност со која располага Вашиот Суд“ ја ОДБИ, а под точките 2.“Критериуми за избор на бранител од листата на адвокати по службена должност, врз основа на кои Претседателот на Судот врши назначување“, 3. “Бројот на предметот во кој бил ангажиран адвокат по службена должност; име и презиме на Претседателот на Советот и име и презиме на бранителот кој бил назначен. Податоците ни се потребни за предметите во кое се ангажирани адвокати по службена должност за период од 01.01.2016-30.06.2017 година“ и 4.“Решенија за исплата на адвокатски трошоци по адвокат, за период од 01.01.2016-30.06.2017 година“, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, П.З., адвокат од Скопје, на 11.07.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основен суд Скопје 1, со кое ја  побарала следната информација:

„ – Листа на адвокати по службена должност со која располага Вашиот Суд

– Критериуми за избор на бранител од листата на адвокати по службена должност, врз основа на кои Претседателот на Судот врши назначување

– Бројот на предметот во кој бил ангажиран адвокат по службена должност; име и презиме на Претседателот на Советот и име и презиме на бранителот кој бил назначен. Податоците ни се потребни за предметите во кое се ангажирани адвокати по службена должност за период од 01.01.2016-30.06.2017 година

– Решенија за исплата на адвокатски трошоци по адвокат, за период од 01.01.2016-30.06.2017 година“.

Основен суд Скопје 1 на 04.08.2017 година, до барателот доставил Известување ПЈИ.бр.19/17 од 03.08.2017 година. Во Известувањето е наведено: “…Судот постапувајќи по барањето, донесе одлука да Ви овозможи пристап до бараната информација, при што во прилог на овој допис Ви доставуваме листа на адвокати по службена должност со која располага овој суд, како и листа на адвокати кои биле поставени како бранители по службена должност за период од  01.01.2016-30.06.2017 година. По однос на Вашето барање, со кое барате да Ви биде доставена информација за бројот на предметот во кој биле ангажирани адвокатите како бранители по службена должност, името и презимето на претседателот на советот кој постапувал по предметот, како и достава на решенија за исплата на адвокатските трошоци по адвокат за период од 01.01.2016-30.06.2017 година, Ве известуваме дека не сме во можност да постапиме по вака поставеното Ваше барање, од причина што истото не претставува информација од јавен карактер“.

Незадоволна од наведеното Известување, П.З., адвокат од Скопје до Комисијата достави Жалба.

Комисијата, со допис бр.08-423 од 17.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Основен суд Скопје 1 и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 29.08.2017 година Основен суд Скопје 1 до Комисијата достави Допис „Достава на списи“ Пји.бр.19/17 од 29.08.2017 година. Во прилог ги достави во фотокопија сите списи во врска со предметот, на понатамошно постапување на Комисијата, без да се произнесе по Жалбата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавн карактер утврди дека Основен суд Скопје 1 не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Комисијата на Основен суд Скопје 1 му укажува дека доколку смета дека бараната информација под точките 2, 3 и 4 не претставува  информација од јавен карактер, односно претставува исклучок согласно член 6 од Законот за  слободен пристап до информации од јавен карактер, должен е да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение за  причините поради кои барањето е одбиено и да го спроведе тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.

При повторното постапување по предметот, Основен суд Скопје 1 е должен да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молам да ми ги доставите следниве документи:

1.Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за правда на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-430 на 22.08.2017 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за правда по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за правда на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. на 25.05.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следните информации:

„Ве молам да ми ги доставите следниве документи:

1.Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година.“

Министерството за правда, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-430 од 25.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за правда не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за правда не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за одбрана, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молам да ми ги доставите следниве документи:

1.Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за одбрана на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-431 на 22.08.2017 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за одбрана по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за одбрана на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.    

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. на 25.05.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за одбрана, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следните информации:

„Ве молам да ми ги доставите следниве документи:

1.Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година.“

Министерството за одбрана, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-431 од 25.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за одбрана и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за одбрана не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за одбрана не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за економија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молам да ми ги доставите следниве документи:

1.Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-433 на 22.08.2017 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за економија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.     

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. на 25.05.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следните информации:

„Ве молам да ми ги доставите следниве документи:

1.Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година.“

Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-433 од 25.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за економија  не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за информатичко општество и администрација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13  септември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за информатичко општество и администрација, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молам да ми ги доставите следниве документи:

1.Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за информатичко општество и администрација на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број 08-434 на 22.08.2017 година, изјавена од Г.Л. од Кочани, поднесена против Министерството за информатичко општество и администрација по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за информатичко општество и администрација на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.      

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Г.Л. на 25.05.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за информатичко општество и администрација, со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следните информации:

„Ве молам да ми ги доставите следниве документи:

1.Фактури по кои се книжени трошоците на контото репрезентација за 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година.“

Министерството за информатичко општество и администрација, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-434 од 25.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за информатичко општество и администрација и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за информатичко општество и администрација не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за информатичко општество и администрација не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставило бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација против Јавното комунално претпријатие “Сарај“ по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следното

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

Жалбата изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација против Јавното комунално претпријатие “Сарај“, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Износ на приходи на јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.

  1. Износ на расходи на јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.

3.Финансиски резултат на јавното претпријатие (износ на остварена добивка/загуба) за  2013, 2014, 2015 и 2016 година.

  1. Број на вработени во јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Јавното комунално претпријатие “Сарај“ на барателот да му ги  достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-444 на 23.08.2017 година, изјавена од ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација против Јавното комунално претпријатие “Сарај“ по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Јавното комунално претпријатие “Сарај“ на барателот да му ги достави бараните информации, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, ИСИЕ Институт за стратешки истражувања и едукација Скопје, поднесена преку полномошник д-р М.Д., претседател на Институтот за стратешки истражувања и едукација на 11.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Јавното комунално претпријатие “Сарај“, заведено во Институтот под бр.03-52/2 со кое побарал по пошта или е-маил да му се достави фотокопија или електронски запис од следната информација:

„1. Износ на приходи на јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.

  1. Износ на расходи на јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.

3.Финансиски резултат на јавното претпријатие (износ на остварена добивка/загуба) за  2013, 2014, 2015 и 2016 година.

  1. Број на вработени во јавното претпријатие за 2013, 2014, 2015 и 2016 година.“

Јавното комунално претпријатие “Сарај“, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-444 од 25.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Јавното комунално претпријатие “Сарај“ и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Јавното комунално претпријатие “Сарај“ не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Јавното комунално претпријатие “Сарај“ не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставила бараните информации во целост до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следниот

 

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

                                                                                                    

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Со вашиот допис бр.09упп-103 од 07.07.2017 г. ме известувате дека, постапувајќи по моја претставка, сте извршиле увид на лице место во врска со изградбата на Антенски столб на Водно, за што бил составен Записник бр.09 ип1-61 од 07.07.2017 г. Ве молам да ми доставите фото-копија од тој Записник“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-449 на 24.08.2017 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, П.Б. на 14.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија, со кое ја побарал следната информацја:

„Со вашиот допис бр.09упп-103 од 07.07.2017 г. ме известувате дека, постапувајќи по моја претставка, сте извршиле увид на лице место во врска со изградбата на Антенски столб на Водно, за што бил составен Записник бр.09 ип1-61 од 07.07.2017 г. Ве молам да ми доставите фото-копија од тој Записник “.

Постапувајќи по наведеното Барање, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на 24.08.2017 година до барателот доставил Одговор на барање од 16.08.2017 година.

Во Одговорот на барање е наведено: „Од причина дека не сте странка во постапката, фотокопија од Записникот не сме во можност да Ви доставиме, меѓутоа Ве известуваме дека на ден 25.08.2017 година, имате можност во 10 часот да извршите увид во предметот“.

Незадоволен од добиениот Одговор, П.Б. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-449 од 29.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 06.09.2017 година, Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија до Комисијата достави Одговор по доставување на жалба во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, без архивски број, датиран од 05.09.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-449. Во Одговорот е наведено дека „ Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам…по однос на Барањето постапи и за истото го извести подносителот на Барањето и му овозможи увид во списите, кој за време на увидот подигна копија од Записникот бр.09-ип1-61 од 07.07.2017 година“.

На 06.09.2017 година, преку е-маил, П.Б. од Скопје, ја извести Комисијата дека добил фотокопија од бараниот Записник и дека поради тоа „предметот може да се затвори“.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Основното јавно обвинителство Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следниот

 

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

                                                                                                    

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Основното јавно обвинителство Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молам да ми доставите фотокопија од интерен акт на Основното јавно обвинителство Скопје со кој се одредува дека Архивата (или Писарницата) прима поднесоци до 14:30 часот“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-451 на 29.08.2017 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Основното јавно обвинителство Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, П.Б. на 25.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основното јавно обвинителство Скопје, со кое побарал пристап до следната информација:

„Ве молам да ми доставите фотокопија од интерен акт на Основното јавно обвинителство Скопје со кој се одредува дека Архивата (или Писарницата) прима поднесоци до 14:30 часот“.

Основното јавно обвинителство Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата со допис бр.08-451 од 30.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 11.09.2017 година, Основното јавно обвинителство Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба А бр.03-669/4 од 07.09.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-451. Во Одговорот на жалба е наведено дека „на подносителот на барањето му е одговорено со допис на Јавното обвинителство на Република Македонија А бр.03-669/2 од 01.09.2017 година“. Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена фотокопија од наведениот Одговор на барање, со кој барателот се известува дека „…таков интерен акт не е донесен“.

На 11.09.2017 година, преку е-маил, П.Б. од Скопје ја извести Комисијата дека ја добил бараната информација и дека поради тоа „предметот може да се затвори“.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Основното јавно обвинителство Скопје постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена против Општина Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следниот

 

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

                                                                                                    

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена против Општина Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Колкава е пазарната вредност на 1 м/2 (квадратен метар) земјоделско земјиште за 2015-та и за 2016 година на територијата на Општина Прилеп утврдена согласно Методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот (Сл.весник на РМ бр. 50/05, 40/10, 46/10 и 183/11), а врз основа на Законот за даноците на имот (Сл.весник на РМ 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/11, 53/11, 84/12,188/13, 154/15 и 192/15 и 23/16)?“, поради тоа што имателот одговорил на Барањето.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број  08-424 на 21.08.2017 година, изјавена од А.Т. од Скопје, поднесена против Општина Прилеп, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, А.Т. на 23.06.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Прилеп, со кое побарала писмено известување по пошта од следните информации:

„Колкава е пазарната вредност на 1 м/2 (квадратен метар) земјоделско земјиште за 2015-та и за 2016 година на територијата на Општина Прилеп утврдена согласно Методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот (Сл.весник на РМ бр. 50/05, 40/10, 46/10 и 183/11), а врз основа на Законот за даноците на имот (Сл.весник на РМ 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/11, 53/11, 84/12,188/13, 154/15 и 192/15 и 23/16)?“

Општина Прилеп, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-424 од 22.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Прилеп и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 31.08.2017 година, Општина Прилеп до Комисијата достави Одговор на жалба бр.33-15/5 од 30.08.2017 година во кој е наведено: „…Барањето не пристигна до нас како службени лица за слободен пристап до информации од јавен карактер се до жалбата од Комисијата. Јас денес го примив барањето и се потрудив да обезбедам брз одговор на него…“. Во прилог на Одговорот на жалба го достави и Одговорот до барателот бр.33-15/2 од 30.08.2017 година.

На 07.09.2017 година, Општина Прилеп по е-маил до Комисијата прати скенирана доставница од која е видно дека барателот на 04.09.2017 година го примил одговорот од Општина Прилеп.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Прилеп постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следниот

 

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

                                                                                                    

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Кој медиум, невладина организација или граѓанин има побарано од Собранието согласно Закон за пристап до информации од јавен карактер податоци за исплатен надоместок за патни трошоци по месеци за 2017 година и на кој датум е испратено таквото барање?“ поради тоа што барателот ги добил бараните информации.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-454 на 31.08.2017 година, изјавена од Н.С. од Скопје, поднесена против Собранието на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Н.С. од Скопје на 11.07.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Собрание на Република Македонија, со кое побарала по е-маил електронски запис од следната информација:

„Кој медиум, невладина организација или граѓанин има побарано од Собранието согласно Закон за пристап до информации од јавен карактер податоци за исплатен надоместок за патни трошоци по месеци за 2017 година и на кој датум е испратено таквото барање?“.

На 22.08.2017 година, Собранието на Република Македонија до Н.С. од Скопје по е-маил доставила Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер бр.2467/3 од 22.08.2017 година.

Незадоволна од наведениот Одговор, поради тоа што, како што се наведува во Жалбата „…одговорот содржи само информација, кога Собранието доставило Одговор на барањата, а не и кога ги примило барањата…“, Н.С. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-454 од 01.09.2017 година, ја препрати Жалбата до Собранието на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 13.09.2017 година Н.С. од Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека ги добила дополнителните информации од Собранието на Република Македонија.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Собрание на Република Македонија постапило по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од А.К. од Куманово, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,  („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 17 став 3 од наведениот Закон, на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следниот

 

                                                 З А К Л У Ч О К

 

          Постапката по Барањето за пристап до информации од јавен карактер заведено во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер под бр.08-28 на 22.08.2017 година, поднесено од А.К. од Куманово кое гласи:

„Ваше посредување на актите кои објавените Куновска и Чуноски кај Комисијата(http://komspi.mk/ државна-комисија-за одлучување-во вто/) ги овластува за службени лица на имател за Р.М од закон: „Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“,  СЕ ПРЕКИНУВА.

 

                                                               О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

А.К. од Куманово, до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер поднесе Барање за пристап до информации од јавен карактер заведено под бр.08-28 на 22.08.2017 година, со кое бара по електронска  пошта да му се достави електронски запис од  следната информација:

„Ваше посредување на актите кои објавените К. и Ч. кај Комисијата(http://komspi.mk/ државна-комисија-за одлучување-во вто/) ги овластува за службени лица на имател за Р.М од закон: „Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка“.

Комисијата, со допис бр.08-28 од 31.08.2017 година, го извести А.К. од Куманово,  да го дополни Барањето, односно да го прецизира во рок од 3 дена од добивањето на ова Известување, како би можеле да постапиме по истото.

А.К. од Куманово, не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Барањето, Комисијата утврди дека А.К. од Куманово го примил Известувањето од Комисијата на 02.09.2017 година што е видно од  поштенската доставница, и по приемот на истото не го прецизирал барањето.

Поради наведеното, а согласно член став 17 став 3 од   Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер,  Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок, односно констатира дека Барањето е повлечено.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во рок од 15 дена од денот на неговото доставување.

 

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 13 септември 2017 година, го донесе следниот

 

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

                                                                                                    

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Во записникот од 105-тата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 12.06.2006 г. стои дека, во рамките на точка 6 од дневниот ред, била усвоена Информација во врска со реализацијата на Проектот „Градот на сонцето“ со барање, за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ. Врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Ве молам да ми доставите фотокопија од таа информација“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

 

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-466 на 06.09.2017 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, П.Б. на 31.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата на Република Македонија, со кое ја побарал следната информацја:

„Во записникот од 105-тата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 12.06.2006 г. стои дека, во рамките на точка 6 од дневниот ред, била усвоена Информација во врска со реализацијата на Проектот „Градот на сонцето“ со барање на отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ. Врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Ве молам да ми доставите фотокопија од таа информација“.

Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

На 07.09.2017 година, преку е-маил, П.Б. од Скопје, ја извести Комисијата дека ја добил бараната информација и од истата е задоволен и дека поради тоа „предметот може да се затвори“.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

 

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.