ДОНЕСЕНИ 10 РЕШЕНИЈА И 14 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 181-та седница одржана на 23 август 2017 година, донесе 10 решенија и 14 заклучоци.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од О.С. од Скопје, поднесена против СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од О.С. од Скопје, поднесена против СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Барам да извршам увид и да добијам фотокопија од Договорот за давање адвокатски услуги за 2017 година, што СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје го има склучено со адвокатката Б.Ј.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-340 на 10.07.2017 година, изјавена од О.С. од Скопје, поднесена против СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, О.С. од Скопје, на 30.05.2017 година до СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје поднела Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, заведено под бр.03-216/1, со кое ги побарала следните информации:

„Барам да извршам увид и да добијам фотокопија од Договорот за давање адвокатски услуги за 2017 година, што СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје го има склучено со адвокатката Б.Ј.“.

СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата со допис бр.08-340 од 12.07.2017 година, ја препрати Жалбата до СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје, на 21.07.2017 година, до Комисијата достави Одговор на жалба бр. 03-216/4 од 20.07.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-340.

Во Одговорот на жалба е наведено дека „Во конкретниот случај, станува збор за Договор кој е склучен со трето лице и барателот не е договорна странка во истиот, а воедно, договорот во кој бара увид и примерок во фотокопија не претставува информација од јавен карактер…правно дело склучено помеѓу две договорни страни, во кои барателот на информација од јавен карактер не е договорна страна, не подлежи на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…бараните информации не се составен дел на листата на информации на имателот на информации…“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.

По Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да постапуваат согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како lex specialis во областа на пристапот до информации од јавен карактер.

Согласно член 9 од наведениот Закон, „имателите на информации се должни редовно да водат и да ја ажурираат Листата на информации со кои тие располагаат и да ги објавуваат на начин достапен за јавноста (интернет страница, огласна табла и друго)“, што значи дека Листата на информации е од променлив карактер и дека имателот на информации не може да се повикува на околност за одбивање на пристап до некоја негова информација доколку истата не е поставена на неговата Листа во моментот на поднесување на Барањето за пристап до информации од јавен карактер.

Според член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „информација од јавен карактер“ е информација во било која форма што ја создал, или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности поради што, доколку имателот ја поседува бараната информација, е должен да ја достави до барателот.

Комисијата смета дека бараната информација е информација од јавен карактер. Во случајов, не станува збор за исклучок од слободниот пристап до информации, туку за побарани податоци од надлежностите на СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје утврдени со закон, како и за други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на наведениот имател на информации, односно за информации за кои согласно член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да ја информира јавноста.

Што се однесува на наводите во Одговор на жалба бр. 03-216/4 од 20.07.2017 година од СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје дека „…барателот не е договорна странка…“ во побараниот Договор, односно дека не покажува правен интерес за добивање на бараната информација, Комисијата укажува дека согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „барател на информација е секое правно и физичко лице, без дискриминација, по која било основа, на начин и под услови утврдени со овој и друг закон“, а согласно член 16 став 5 од истиот Закон „барателот не е должен да го образложи Барањето“, односно дека е потребно само да наведе дека се работи за Барање за пристап до информации.

Во конкретниот случај, СУГС Гимназија Јосип Броз Тито – Скопје била должна да постапи согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот на информации да му обезбеди целосен пристап до бараните информации, на начин и во форма наведени во Барањето.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Т.С.А. од Тетово, поднесена против Основното јавно обвинителство – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Т.С.А. од Тетово, поднесена против Основното јавно обвинителство – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Државниот управен инспекторат, со акт Ип1. Бр.09-97 од 09.03.2017 година во форма на Известување, ме извести дека Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка-Скопје-Центар со акт УПП.бр.26-1/17 од 28.02.2017 година, ги има доставено списите до Основното јавно обвинителство Скопје, на ден 20.01.2017 година, на нивно барање по поднесената кривична пријава од моја страна. Предметот во ОЈО-Скопје, се води ХХ РО бр.1002/15 кај Јавен обвинител М.Д.П. на 02 кат, канцеларија 19.

Прашањето гласи:

Дали се уште списите од предметот се наоѓаат во ОЈО-Скопје, а ако се вратени барам да бидам известена кој датум и месец истите се вратени во Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка-Скопје.“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Основното јавно обвинителство – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-343 на 12.07.2017 година, изјавена од Т.С.А. од Тетово, поднесена против Основното јавно обвинителство – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Основното јавно обвинителство – Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Т.С.А. од Тетово, на 06.06.2017 година, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основното јавно обвинителство – Скопје, со кое ја побарала следната информација:

„Државниот управен инспекторат, со акт Ип1. Бр.09-97 од 09.03.2017 година во форма на Известување, ме извести дека Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка-Скопје-Центар со акт УПП.бр.26-1/17 од 28.02.2017 година, ги има доставено списите до Основното јавно обвинителство Скопје, на ден 20.01.2017 година, на нивно барање по поднесената кривична пријава од моја страна. Предметот во ОЈО-Скопје, се води ХХ РО бр.1002/15 кај Јавен обвинител М.Д.П. на 02 кат, канцеларија 19.

Прашањето гласи:

Дали се уште списите од предметот се наоѓаат во ОЈО-Скопје, а ако се вратени барам да бидам известена кој датум и месец истите се вратени во Министерството за финансии-Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка-Скопје.“

Основното јавно обвинителство – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-343 од 13.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Основното јавно обвинителство – Скопје, и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Основното јавно обвинителство – Скопје,  не одговори на дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Основното јавно обвинителство – Скопје, не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставила бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ниту на дописот од Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани “Фронт 21/42“ – Скопје, застапувано од извршниот директор И.С., поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 23 август  2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани “Фронт 21/42“ – Скопје, застапувано од извршниот директор И.С., поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„- Копија од нацрт-Стратегијата за туристички развој на Охрид за период 2016-2020 година.

  • Копија од одлуката за спроведување на стратегиска оценка на влијание врз животната средина на Стратегија за туристички развој на Охрид за период 2016-2020 година, заедно со обемот на СОВЖС.
  • Копија од мислења од органите кои се засегнати од имплементацијата на стратегискиот документи.
  • Копија од мислењето на Министерството за животна средина и просторно планирање во врска со Стратегија за туристички развој на Охрид и Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за истиот.
  • Копија од Финалниот Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Стратегија за туристички развој на Охрид, по спроведени консултации со јавноста и ревидирање на истиот, заедно со Извештајот за консултации со јавноста“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за економија на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-363 на 21.07.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани “Фронт 21/42“ – Скопје, застапувано од извршниот директор И.С., поднесена против Министерството за економија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за економија на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.  

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани “Фронт 21/42“ – Скопје, на 13.06.2017 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за економија-Сектор за туризам  во врска со нацрт-Стратегијата за туристички развој на Охрид за период од 2016-2020 со кое побарало да му се достават следните информации:

„- Копија од нацрт-Стратегијата за туристички развој на Охрид за период 2016-2020 година.

  • Копија од одлуката за спроведување на стратегиска оценка на влијание врз животната средина на Стратегија за туристички развој на Охрид за период 2016-2020 година, заедно со обемот на СОВЖС.
  • Копија од мислења од органите кои се засегнати од имплементацијата на стратегискиот документи.
  • Копија од мислењето на Министерството за животна средина и просторно планирање во врска со Стратегија за туристички развој на Охрид и Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за истиот.
  • Копија од Финалниот Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Стратегија за туристички развој на Охрид, по спроведени консултации со јавноста и ревидирање на истиот, заедно со Извештајот за консултации со јавноста“.

Министерството за економија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата со допис бр.08-363 од 25.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за економија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за економија не одговори ниту на Дописот на Комисијата.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за економија не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ни на Дописот на Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Заклучокот на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија бр.09-1168/2 од 19.07.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Доставете ми  го истражувањето за кое Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на РМ, Д.П. на 08.06.2015 година во Емисијата „24 Анализа“ на телевизијата 24 Вести, емисија која може да се најде на следната интернет страница –http?//vesti.mk/24-analiza-08-06-2015, од 32 минута и 17 секунди до 32 минута и 30 секунди, изјави дека е направено, односно дека Регулаторната комисија за енергетика има направено истражување, а во врска со легислативата во соседните земји, како и земјите од Југоисточна Европа, така и на европските земји, а во врска со фиксниот надоместок за снабдување со топлинска енергија утврден со член 53 став 2 од Правилникот за снабдување со топлинска енергија (Сл. Весник на РМ бр.97/12)”, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

Заклучокот на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија бр.09-1168/2 од 19.07.2017 година се поништува.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Регулаторната комисија за енергетика бр.09-1168/3 од 31.07.2017 година, а во Комисијата под бр.08-407 на 07.08.2017 година, изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена преку Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, против Заклучокот на Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија бр.09-1168/2 од 19.07.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и ЈА ЗАДОЛЖИ Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

Заклучокот на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија бр.09-1168/2 од 19.07.2017 година го поништи.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Д.Ј. од Скопје, на 05.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија заведено под бр.09-1168/1, со кое побарал да му ја достават следната информација:

„1. Доставете ми  го истражувањето за кое Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на РМ, Д.П. на 08.06.2015 година во Емисијата „24 Анализа“ на телевизијата 24 Вести, емисија која може да се најде на следната интернет страница –http?//vesti.mk/24-analiza-08-06-2015, од 32 минута и 17 секунди до 32 минута и 30 секунди, изјави дека е направено, односно дека Регулаторната комисија за енергетика има направено истражување, а во врска со легислативата во соседните земји, како и земјите од Југоисточна Европа, така и на европските земји, а во врска со фиксниот надоместок за снабдување со топлинска енергија утврден со член 53 став 2 од Правилникот за снабдување со топлинска енергија (Сл. Весник на РМ бр.97/12)”.

На 28.07.2017 година Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, до барателот доставила Заклучок бр.09-1168/2 од 19.07.2017 година, со кој ја прекинала постапката по Барањето од Д.Ј. од Скопје, со Образложение дека „…истражувањето кое Регулаторната комисија за енергетика го направила при донесувањето на Правилата за снабдување со топлинска енергија (Службен весник на Република Македонија бр.97/12, 109/13, 126/15 и 127/15) претставува неделив дел од анализата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија при носење на Правилата за снабдување со топлинска енергија и следењето на нивната примена и не може да биде доставено бидејќи не претставува посебен документ. Регулаторната комисија за енергетика утврди дека доколку достави до барателот целосна анализа на Правилата за снабдување со топлинска енергија и следењето на нивната примена, која претставува збир на информации…би предизвикало погрешно разбирање на содржината…ваквата анализа не претставува финален акт и истата служи единствено за интерна употреба, а податокот кој го бара барателот претставува неделив дел од оваа анализа…Регулаторната комисија за енергетика утврди дека информацијата побарана со Барањето бр.09-1168/1 од 05.07.2017 година се однесува на таква информација со која Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија не располага“.

Незадоволен од донесениот Заклучок, Д.Ј. од Скопје, преку Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на 07.08.2017 година поднесе Жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, заведена под бр.08-407. Во прилог на Жалбата, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ги достави: Барањето за пристап до информации од јавен карактер бр.09-1168/1 од 05.07.2017 година; Заклучокот со кој постапката се прекинува бр.09-1168/2 од 19.07.2017 година со доставно писмо; Жалбата против Заклучокот бр.09-1168/3 од 31.07.2017 година.

Заедно со наведената Жалба, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на 07.08.2017 година до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер достави и произнесување по истата, заведено под бр.09-1168/4 на 01.08.2017 година, а во Комисијата под бр.08-407. Во наведеното произнесување по жалбата, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија останува на наводите во оспорениот Заклучок за прекинување на постапката, дополнувајќи дека „…доколку достави до барателот целосна анализа на Правилата за снабдување со топлинска енергија и следењето на нивната примена…тоа би предизвикало погрешно разбирање на содржината“. Притоа се додава дека „Согласно член 30 став 12 алинеја 5 од Законот за енергетика, актите на Регулаторната комисија за енергетика се објавуваат во Службен Весник на Република Македонија, согласно алинеја 6 од истиот член истите се објавуваат на веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика…принципот на јавност е уреден во член 22 од Статутот на Регулаторната комисија за енергетика“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

По Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да постапуваат согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како lex specialis во областа на пристапот до информации од јавен карактер.

Комисијата смета дека бараната информација е информација од јавен карактер. Во случајов, не станува збор за исклучок од слободниот пристап до информации, туку за побарани податоци од надлежностите на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија утврдени со закон, како и за други информации кои произлегуваат од надлежноста и работата на наведениот имател на информации, односно за информации за кои согласно член 10 став 1 алинеја 4,6,8,9 и алинеја 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, за кои имателот на информации е должен да ја информира јавноста. Како начини за информирање на јавноста за својата работа, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија требало да постапи и согласно член 10 став 3 од истиот Закон.

Според член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „информација од јавен карактер“ е информација во било која форма што ја создал, или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности поради што, доколку имателот ја поседува бараната информација, е должен да ја достави до барателот.

Во конкретниот случај, од списите по предметот, поконкретно и од содржината на Образложението на оспорениот Заклучок, Комисијата може да утврди дека Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија располага со дел од барани информации, бидејќи и самата наведува дека „…истражувањето кое Регулаторната комисија за енергетика го направила при донесувањето на Правилата за снабдување со топлинска енергија (Службен весник на Република Македонија бр.97/12, 109/13, 126/15 и 127/15) претставува … дел од анализата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија при носење на Правилата за снабдување со топлинска енергија и следењето на нивната примена…“

Поради погоренаведеното, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија била должна да постапи согласно член 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот на информации да му обезбеди делумен пристап до бараните информации, на начин и во форма наведени во Барањето за пристап до информации од јавен карактер, со прекривање на останатиот дел од нејзината анализа на Правилата за снабдување со топлинска енергија и следењето на нивната примена, односно со доставување до барателот само на „…истражувањето за кое Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на РМ, Д.П. на 08.06.2015 година во Емисијата „24 Анализа“ на телевизијата 24 Вести…изјави дека е направено, односно дека Регулаторната комисија за енергетика има направено истражување, а во врска со легислативата во соседните земји, како и земјите од Југоисточна Европа, така и на европските земји, а во врска со фиксниот надоместок за снабдување со топлинска енергија утврден со член 53 став 2 од Правилникот за снабдување со топлинска енергија (Сл. Весник на РМ бр.97/12)“.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.А. од Кратово, поднесена против АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од М.А. од Кратово, поднесена против АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Решение за откажување на договор за закуп на стан согласно член 14 од договорот бр.10-3941/1 од 26.12.2007 г. склучен со М.А. ул. Гоце Делчев 55, Кратово. Во врска со стан А10 ул Гоце Делчев ББ, Кратово“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-347 на 13.07.2017 година, изјавена од М.А. од Кратово, поднесена против АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, М.А. од Кратово на 07.06.2017 година до АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, Подружница Куманово, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарала по пошта да и се достави фотокопија од следната информација:

„Решение за откажување на договор за закуп на стан согласно член 14 од договорот бр.10-3941/1 од 26.12.2007 г. склучен со М.А. ул. Гоце Делчев 55, Кратово. Во врска со стан А10 ул Гоце Делчев ББ, Кратово“.

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, Подружница Куманово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата со допис бр.08-347 од 13.07.2017 година, ја препрати Жалбата до АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, на 21.07.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.02-7152/2 од 19.07.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-347.

Во Одговорот на жалба е наведено дека „… Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката…до барателот достави Службена белешка бр.11-6071/4 од 06.07.2017 година, со прилог: Барање за извршување бр.03-2047/1 од 28.10.2010 година и Записник за испразнување и предавање на недвижност бр.03-1080/1 од 29.08.2013 година (И.бр.565/10). Во истата напоменавме дека во Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Подружница Куманово, не постои Решение за откажување на договор за закуп како акт“.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во конкретниот случај, како што се тврди во Одговор на жалба бр.02-7152/2 од 19.07.2017 година, доколку АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, согласно своите законски надлежности, не ја создало или не располага со бараната информација, а не знае кој друг имател на информации располага со истата, должно е да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.

При повторното постапување по предметот, АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје е должно да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.

Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од С.Ј.  од с.Ботун-Охрид, поднесена против Основен суд Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од С.Ј. од с. Ботун-Охрид Скопје, поднесена против Основен суд Охрид,, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„..податоци по однос на предметот ПРК-О-213/13 на Основниот суд Охрид по кој постапувала судијата З.Д.“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е   

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-402 на 27.07.2017 година,  изјавена од С.Ј. од с. Ботун- Охрид, поднесена против Основен суд Охрид, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ЈА УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го утврди следното:

С.Ј. од с.Ботун-Охрид на 09.05.2011 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Основниот суд Охрид, со кое  ја побарал  следната информација :

„…. податоци по однос на предметот ПРК-О-213/13 на Основниот суд Охрид по кој постапувала судијата З.Д.“

Постапувајќи по наведеното барање, Основниот суд Охрид до С.Ј. од с.Ботун-Охрид доставил Известување СУ.бр.03-102/2017-1 од 10.05.2017 година.

Во Известувањето е наведено:“..Постапувајќи по Вашето барање а по извршениот увид во нашата евиденција  во прекршочниот оддел при Основен суд Охрид, Ве известуваме за следното: Предметот ПРК-О-213/13 на Основниот суд Охрид формиран е против друго лице, односно во истиот Вие не се јавувате како странка, со оглед на тоа не сме во можност да Ви ја дадеме бараната информација.“

Незадоволен од добиеното Известување, С.Ј. од с.Ботун-Охрид поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-402 од 27.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Основен суд Охрид, и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 04.08.2017 година Основен суд Охрид, до Комисијата достави Допис-Известување Су.бр.03-102/17-3 од 31.07.2017 година, заведенo во Комисијата под бр.08-402.

Во Известувањето е наведено: “…Од страна на Претседателот на судот во повеќе наврати било одговорено на барањето на С.Ј. од с.Ботун при што му било одговорено дека предметот ПРК-О бр.213/13 на Основниот суд Охрид формиран е против друго лице односно истиот не е странка во постапката, не е оштетен ниту пак сведок па поради тоа не сме во можност да му ја дадеме бараната информација, бидејќи во тој случај би направиле повреда на законот односно би дале информации за лица кои можат да бидат злоупотребени….Вакви податоци судот нема да дава ниту на С.Ј. ниту на било каја старанка која не е учесник во постапката“.

Во прилог ги достави Известувањата до С.Ј. заведени под Су.бр.03-102/2017- од 11.04.2017 година, Су. Бр.03-102/2017-1 од 10.05.2017 година и Су. Бр.03-102/2017- 2 од 10.07.2017 година.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер утврди дека Основниот суд Охрид не постапил согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

По Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да постапуваат согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како lex specialis во областа на пристапот до информации од јавен карактер.

Комисијата му кажува на Основниот суд Охрид дека, доколку смета дека бараната информација не претставува  информација од јавен карактер, односно претставува исклучок од член 6 од Законот за  слободен пристап до информации од јавен карактер, требало да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација, со образложение за причините поради кои барањето е одбиено и да го спроведе тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата. Спроведениот тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.

Доколку, пак, Основниот суд Охрид утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.

При повторното постапување по предметот, Основниот суд Охрид е должен да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.

Од наведените причини одлучено е како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Е.Ј.  од Скопје, поднесена против Општина Старо Нагоричане, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка  („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на  23 август 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Е.Ј.  од Скопје, поднесена против Општина Старо Нагоричане, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?

  1. Дали општината има регистар на бездомни животни?
  2. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
  3. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
  4. Дали има општината стационар за бездомни животни?“,СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-315 на 21.07.2017 година, изјавена од Е.Ј.  од Скопје, поднесена против Општина Старо Нагоричане, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактери и ја ОТФРЛИ како недопуштена.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Е.Ј.  од Скопје, на 23.05.2017 година, преку е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Старо Нагоричане, со кое ги побарала следните информации:

„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?

  1. Дали општината има регистар на бездомни животни?
  2. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
  3. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
  4. Дали има општината стационар за бездомни животни?“.

Општина Старо Нагоричане, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-315 од 12.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Старо Нагоричане и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 17.07.2017 година Општина Старо Нагоричане до Комисијата достави допис- Произнесување по жалба бр. 03-527/1 од 13.07.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-315.

Во Произнесувањето по жалба е наведено дека „…Ве известуваме дека до Општина Старо Нагоричане на службената електронска адреса staro nagoricane@yahoo.com, ниту на електронската адреса на службеното лице g._d.@yahoo.com, а кои се објавени на веб страницата и ажурирани после Вашата ургенција….по писмен или електронски пат такво барање не е пристигнато од страна на подносителот на жалбата. Во списите од предметот по жалбата воопшто не е приложен како доказ дека барањето е доставено на наведените електронски адреси кои се ажурирани на веб страната на Комисијата“

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека барателот, односно жалителот Е.Ј.  од Скопје, не доставил доказ дека до Општина Старо Нагоричане доставил електронско Барање за пристап до информации од јавен карактер на 23.05.2017 година, а на 10.07.2017 година до Комисијата доставил Жалба против Општина Старо Нагоричане за нејзино непостапување по истото.

Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, право на правна заштита во согласност со овој Закон има барателот кој поднел Барање за пристап до информација на начин утврден во членот 12 став 1 од овој Закон.

Во конкретниот случај, барателот нема докази дека има поднесено Барање за пристап до информации од јавен карактер согласно член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Поради погоре наведеното, а согласно член 109 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенција за катастар на недвижности, Центар за катастарна недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 38, 39 и 109 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на РМ“ бр.124 од 23.07.2015) на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенција за катастар на недвижности, Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер: “Од вас го имам добиено документот бр.1107-3942/2017 од 16.06.2017 г., кој претставува Уверение за историски преглед на извршените запишувања за КП бр.13078 при КО Центар 1. Во првата реченица од овој документ се наведува дека „со излагањето на јавен увид на податоците од премерот извршен во 1929/1931 год. за КО Скопје (на начин и постапка регулирани со Закон), КП 10570 земјиште под зграда од 77 м2 и двор од 72 м2 била евидентирана во ПЛ 2052 на И.П.С.“. Ве молам да ми дозволите увид во оригиналните документи од каде биле преземени овие податоци и евентуално фотокопирање на некои од нив“, СЕ ОТФРЛА.                          

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-403 од 27.07.2017 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенција за катастар на недвижности, Центар за катастар на недвижности-Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и  ЈА ОТФРЛИ како недопуштена.

Комисијата ја разгледа Жалбата и го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје на 27.06.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенција за катастар на недвижности, Центар за катастар на недвижности-Скопје, со кое побарал увид во следната информација:

„Од вас го имам добиено документот бр.1107-3942/2017 од 16.06.2017 г., кој претставува Уверение за историски преглед на извршените запишувања за КП бр.13078 при КО Центар 1. Во првата реченица од овој документ се наведува дека „со излагањето на јавен увид на податоците од премерот извршен во 1929/1931 год. за КО Скопје (на начин и постапка регулирани со Закон), КП 10570 земјиште под зграда од 77 м2 и двор од 72 м2 била евидентирана во ПЛ 2052 на И.П.С.“. Ве молам да ми дозволите увид во оригиналните документи од каде биле преземени овие податоци и евентуално фотокопирање на некои од нив“.

Агенцијата за катастар на недвижности, Центар за катастар на недвижности-Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

По разгледување на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Жалбата од П.Б. од Скопје е поднесена без своерачен потпис, што е спротивно на член 38 од Законот за општата управна постапка.

Службеното лице што постапува по предметот на 27.07.2017 година по е-маил го извести П.Б. дека Комисијата, за да постапи по Жалбата истата треба да се уреди односно да достави своерачно потпишана жалба по пошта или истата скенирана да ја испрати по меил, во спротивно Комисијата ќе ја отфрли Жалбата.

Жалителот не постапи во определениот рок наведен во доставениот е-маил.

Поради погоре изложеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следното

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Годишен план и програма за работата на општината за следниве години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017та година?

  1. Кои проекти и инвестиции се реализирани во општината во годините: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  2. Буџетите на Вашата општина за следните години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  3. Колкав е моменталниот буџет со кој располага Вашата општина?“ СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-389 на 21.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Град Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и ја ОДБИ како неоснована.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното.

Како што се наведува во Жалбата, Н.Р. од Скопје, на 06.06.2017 година, по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Град Скопје, заведено во Град Скопје на 13.06.2017 година под бр.21-4422/1, со кое ги побарал следните информации:

„1. Годишен план и програма за работата на општината за следниве години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017та година?

  1. Кои проекти и инвестиции се реализирани во општината во годините: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  2. Буџетите на Вашата општина за следните години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  3. Колкав е моменталниот буџет со кој располага Вашата општина?“.

Град Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-389 од 24.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Град Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 04.08.2017 година Град Скопје до Комисијата достави Одговор на жалба бр.21-4422/2 од 28.07.2017 година, а во Комисијата заведено под бр.08-389.

Во Одговорот на жалба е наведено: “Наводите во жалбата се неосновани, од причина што Град Скопје достави Одговор-по Барање за пристап до информации од јавен карактер, кој е доставен до  Н.Р..

Во прилог на Одговорот на жалба е доставена доставница до Н.Р. со датум и потпис на примачот на 19.06.2017 година.

На 14.08.2017 година Н.Р. по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Град Скопје..

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Град Скопје постапил по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација во законски предвидениот рок за што како доказ ја достави доставницата до барателот.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Овa Решение е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Т. од Кочани, поднесена против Заклучокот на Општина Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Д.Т. од Кочани, поднесена против Заклучокот на Општина Кочани бр.32-949/6 од 27.07.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Барам од насловот да ми издаде препис со „верно на оригиналот“ примерок од претходното мислење од единицата на локалната самоуправа на чие подрачје е изграден објектот во врска со Урбанистичка согласност Уп 1 број 22-1710 од 01.12.2011 година, која Урбанистичка согласност се однесува на бесправно изграден објект на КП 1068 КО Лешки, запишана во Имотен лист број 139 за КО Лешки, а кој бесправно изграден објект се води на мое име“ СЕ ОДБИВА.

Се потврдува Заклучокот на Општина Кочани бр.32-949/6 од 27.07.2017 година.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-300 на 04.08.2017 година, изјавена од Д.Т. од Кочани, поднесена против Заклучокот на Општина Кочани бр.32-949/6 од 27.07.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја ОДБИ како неоснована и утврди дека Заклучокот на првостепениот орган бр.32-949/6 од 27.07.2017 година е правилен и врз закон заснован.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:

Како што се наведува во Жалбата, Д.Т. од Кочани, на 25.04.2017 година до Општина Кочани поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.32-949/1, со кое побарал по пошта да му биде доставен препис од следната информација:

„Барам од насловот да ми издаде препис со „верно на оригиналот“ примерок од претходното мислење од единицата на локалната самоуправа на чие подрачје е изграден објектот во врска со Урбанистичка согласност Уп 1 број 22-1710 од 01.12.2011 година, која Урбанистичка согласност се однесува на бесправно изграден објект на КП 1068 КО Лешки, запишана во Имотен лист број 139 за КО Лешки, а кој бесправно изграден објект се води на мое име“.

Во Жалбата е наведено дека Општина Кочани на ова Барање не одговорила во „изминатите 60 дена“, односно дека „не е јасно зошто имателот на информацијата не ја издаде бараната информација онака како што е поставена во Барањето“.

Комисијата, со допис бр.08-300 од 30.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Кочани и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 12.07.2017 година Општина Кочани до Комисијата достави Одговор на жалба бр.32-949/4 од 11.07.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-300.

Во Одговорот на жалба, Општина Кочани наведува дека „…Оштина Кочани има постапено по поднесеното Барање за пристап до информации од јавен карактер (наш бр.32-949/1 од 25.04.2017 година) и во законски определениот рок му има одговорено на барателот…со Одговор на барање бр.32-949/2 од 18.05.2017 година…жалителот Д.Т. од Кочани лично го има примено одговорот…за што е доказ и повратницата за уредна достава лично потпишана од самиот жалител, а кое нешто може да се утврди со споредба на потписот на повратницата со потписот на жалителот на Жалбата, потписот на Барањето…и потписот на неговата лична карта, која ја доставуваме во прилог…за преземените дејствија е составен Записник од службеното лице за посредување со информации од јавен карактер на Општина Кочани…сакаме да потенцираме дека и покрај писмениот одговор доставен до барателот на информацијата по пошта, од страна на службите при Општина Кочани…му е дадено и детално усмено образложение на неговото Барање…овде во предметот (Уп1 22-1710 од 19.08.2011 година) што го води Општина Кочани за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект…не се работи за постапување на органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредување на просторот кој според Законот урбанистичката согласност ја издава по претходно мислење од единицата на локалната самоуправа…туку по наведениот предмет…постапува и решава со Решение Градоначалникот на Општина Кочани и затоа такво мислење не му е доставено, но му е доставен писмен одговор…Градоначалникот…нема законска обврска (сам на себе) да издава/донесува претходно мислење…само донесува Урбанистичка согласност за бесправниот објект…примена од Д.Т.“.

Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата се доставени фотокопии од Одговорот на барање бр.32-945/2 од 18.05.2017 година, од Записникот за позитивен одговор до барателот, како и фотокопија од поштенска доставница, од која е видно дека на 19.05.2017 година барателот го добил одговорот од имателот на информации и уредно го потпишал.

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата донесе Решение бр.08-300 од 21.07.2017 година, со кое Жалбата ја уважи и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган, утврдувајќи дека Општина Кочани не одговорила на Барањето во формата наведена во Барањето, односно не донела Заклучок за прекинување на постапката.

Во конкретниот случај, Комисијата на Општина Кочани и укажа дека, доколку согласно своите законски надлежности, не ја создало или не располага со бараната информација, а не знае кој друг имател на информации располага со истата, должна е да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.

При повторното постапување по предметот, Општина Кочани донела Заклучок бр.32-949/6 од 27.07.2017 година, со кој ја запрела, односно ја прекинала постапката по Барањето од Д.Т. од Кочани, со образложение дека „…Општина Кочани не располага и не знае кој друг имател располага со бараната информација“.

Незадоволен од добиениот Заклучок,  Д.Т. од Кочани поднесе Жалба до Комисијата, заведена под бр. 08-300 на 04.08.2017 година.

Комисијата, со допис бр.08-300 од 08.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Кочани и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 11.08.2017 година, Општина Кочани до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.32-949/9 од 09.08.2017 година, заведен во Комисијата под бр. 08-300.

Во Одговорот на Жалба е наведено дека „…во предметот (Уп1 22-1710 од 19.08.2011 година) што го води Општина Кочани за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект по поднесено барање на Д.Т. од Кочани не се работи за постапување на органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредувањето на просторот кој според Законот урбанистичката согласност ја издава по претходно мислење од единицата на локалната самоуправа…туку по наведениот предмет…постапува и решава со Решение Градоначалникот на Општина Кочани и затоа такво претходно мислење не му е доставено…Градоначалникот…нема законска обврска (сам на себе) да издава/донесува претходно мислење, туку…само донесува Урбанистичка согласност за бесправниот објект, како што е донесена и во предметот (Уп1 22-1710 од 19.08.2011 година                

По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Кочани постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и донело правилен и врз закон заснован Заклучок, со кој ја прекинало постапката по Барањето, повикувајќи се на член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Овa Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Граѓанска иницијатива “Воздух сега“, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),  на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Граѓанска иницијатива “Воздух сега“, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„ – Која компанија увезува отпадни гуми и отпадни акумулатори? Која количина годишно? За што се користат?

  • Каков се вид на отпад се увезува во Република Македонија?
  • Која компанија, индустрија го увезува соодветниот отпад?
  • Која е количината на увезениот отпад годишно, по тип? За период од последните 5 години.
  • За што го користат? Ако се преработува, кој е крајниот продукт од таа преработка?
  • Дали овие компании имаат А или Б интегрирани еколошки дозволи?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-404 на 31.07.2017 година, изјавена од Воздух сега, граѓанска иницијатива – Скопје, поднесена против Министерството за животна средина и просторно планирање, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:  

Како што се наведува во Жалбата, Граѓанска иницијатива “Воздух сега“, на 20.04.2017 година до Министерството за животна средина и просторно планирање поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер по е-маил, со кое побарало пристап до следните информации:

„ – Која компанија увезува отпадни гуми и отпадни акумулатори? Која количина годишно? За што се користат?

  • Каков се вид на отпад се увезува во Република Македонија?
  • Која компанија, индустрија го увезува соодветниот отпад?
  • Која е количината на увезениот отпад годишно, по тип? За период од последните 5 години.
  • За што го користат? Ако се преработува, кој е крајниот продукт од таа преработка?

Дали овие компании имаат А или Б интегрирани еколошки дозволи?“.

Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорилa во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата со допис бр.08-404 од 31.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за животна средина и просторно планирање и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 15.08.2017 година Министерството за животна средина и просторно планирање до Комисијата достави Допис по е маил заведен во Комисијата под бр.08-404. Во Дописот е наведено: “Согласно доставената жалба во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со ваш бр.08-404 од 31.07.2017 година, Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија Ве информира дека истата е добиен денес на 15.08.2017 година и во интерес на времето испраќаме електонска пошта (дополнително ќе следи одговор и на хартија потпишан од министерот…). Најпрво да појасниме дека одговорот не е пристигнат до граѓанската иницијатива “Воздух сега“ од причина што е-адресата a.m.@moepp.gov.mk не постои“. Во продолжение на дописот Министерството за животна средина и просторно планирање не информира во врска со  барањето на Воздух сега, граѓанска иницијатива – Скопје.

На 22.08.2017 година Граѓанска иницијатива “Воздух сега“по е-маил ја извести Комисијата дека:“Приложениот одговор од раководителот на секторот со отпад при МЖСПП, е задоволителен и за деталните информации кои не се наведени во овој одговор, а беа побарани, ќе се обратиме на лицата кои се посочени во одговорот“.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека, Барањето од Граѓанска иницијатива “Воздух сега“до Министерството за животна средина и просторно планирање било поднесено во погрешна е маил адреса, но со посредство на Комисијата, Министерството  постапило и одговорило по Барањето. Во конкретниот случај, барателот во поднесената Жалба до Комисијата  треба  да постапи согласно член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и да ги наведе сите информации согласно овој член.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.С. од Скопје, поднесена против Лекарската комора на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.С. од Скопје, поднесена против Лекарската комора на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Правилник за начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценца за работа согласно член 135 од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Република Македонија бр.43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16 и 37/16)“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-350 на 17.07.2017 година, изјавена од М.С. од Скопје, поднесена против Лекарската комора на Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, М.С. од Скопје на 17.05.2017 година поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер до Лекарската комора на Македонија, заведено во Лекарската комора под бр.10-2761/1, со кое побарала по пошта да и се достави препис или фотокопија од следната информација:

„Правилник за начинот на издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценца за работа согласно член 135 од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Република Македонија бр.43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16 и 37/16)“.

Лекарската комора на Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-350 од 18.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Лекарската комора на Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Лекарската комора на Македонија, на 31.07.2017 година, до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-3272/2 од 25.07.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-350.

Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена и бараната информација наведена во Барањето за пристап до информации од јавен карактер од М.С. од Скопје.

Службеното лице во Комисијата, кое постапува по предметот, на 14.08.2017 година, наведениот одговор на Барање му го достави на барателот на информацијата.

На 14.08.2017 година М.С. од Скопје достави до Комисијата допис во кој наведува дека го добила одговорот, со посредство на Комисијата.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Лекарската комора на Македонија постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Ве молам да ми дозволите разгледување на списите од предметот бр.1109/983 од 2006г. и предметот УП.1108/55 од 2007 и евентуално фотокопирање на некои од списите“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-422 на 08.08.2017 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, П.Б. на 23.06.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, со кое побарал пристап до следните информации:

„Врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Ве молам да ми дозволите разгледување на списите од предметот бр.1109/983 од 2006г. и предметот УП.1108/55 од 2007 и евентуално фотокопирање на некои од списите.“

Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-422 од 08.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 18.08.2017 година, Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје до Комисијата достави Известување бр.1123-2670/3 од 17.08.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-422. Во Известувањето е наведено дека „на ден 15.08.2017 година странката е повикана во просториите на Агенцијата и извршен е увид во бараните списи“.

На 18.08.2017 година, преку е-маил, П.Б. од Скопје, ја извести Комисијата дека, по повик од Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, на 16.08.2017 година извршил увид во бараните документи и дека „немам забелешки на постапувањето на АКН“.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„За документите што граѓаните можат да ги добијат од Агенцијата за катастар на наедвижности, Центар за катастар на недвижности Скопје (имотен лист, копија од катастарски план, движење на парцела итн.) треба да се плати одредена сума како надомест за добивањето на документот. Плаќањето може да се изврши преку банка или на самиот шалтер на Центарот за катастар на недвижности Скопје. Бидејќи плаќањето на шалтер се врши преку пос-терминали на UNI Bank, Ве молам да ми доставите фото-копија од актот во кој е одредено колку изнесува банкарската провизија за користењето на пос-терминалите и кој ја плаќа таа провизија“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-405 на 01.08.2017 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, П.Б. на 20.07.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, со кое ја побарал следната информацја:

„За документите што граѓаните можат да ги добијат од Агенцијата за катастар на наедвижности, Центар за катастар на недвижности Скопје (имотен лист, копија од катастарски план, движење на парцела итн.) треба да се плати одредена сума како надомест за добивањето на документот. Плаќањето може да се изврши преку банка или на самиот шалтер на Центарот за катастар на недвижности Скопје. Бидејќи плаќањето на шалтер се врши преку пос-терминали на UNI Bank, Ве молам да ми доставите фото-копија од актот во кој е одредено колку изнесува банкарската провизија за користењето на пос-терминалите и кој ја плаќа таа провизија“.

Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, како што е наведено во Жалбата на 29.07.2017 година до барателот доставилa Известување бр.1123-3075/2 од 24.07.2017 година.

Во Известувањето е наведено: “…За информацијата која ја барате обратете се до Агенцијата за катастар на недвижности-Генерална дирекција-Сектор за координација на меѓународни и национални активности (кај раководител Б.А.) од причина што Центарот за катастар на недвижности Скопје нема ингеренции за давање на вакви информации“.

Незадоволен од Известувањето, П.Б. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-405 од 04.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 16.08.2017 година, Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје до Комисијата достави Доставување на одговор на жалба во функција на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.09017-20751/5 од 16.08.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-405. Во Одговорот е наведено: „…Постапувајќи по жалбата од лицето П.Б., Агенцијата за катастар на недвижности со допис бр.0917-20751/4 од 16.08.2017 година ги достави бараните податоци…“. Во прилог ги достави сите списи во врска со предметот.

На 18.08.2017 година, преку е-маил, П.Б. од Скопје, ја извести Комисијата дека “предметот може да се затвори“.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Барам увид во дел од оригиналните документи врз база на кои ми е издадено Уверението за историски преглед на извршените запишувања бр.1107-3942/2017 од 16.06.2017 г.“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-406 на 04.08.2017 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, П.Б. на 27.06.2017 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, со кое побарал пристап до следните информации:

„Барам увид во дел од оригиналните документи врз база на кои ми е издадено Уверението за историски преглед на извршените запишувања бр.1107-3942/2017 од 16.06.2017 г.“.

Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-406 од 08.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 18.08.2017 година, Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје до Комисијата достави Известување бр.1123-2681/3 од 17.08.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-406. Во Известувањето е наведено дека „на ден 15.08.2017 година странката е повикана во просториите на Агенцијата и извршен е увид во бараните списи“.

На 18.08.2017 година, преку е-маил, П.Б. од Скопје, ја извести Комисијата дека, по повик од Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје, на 16.08.2017 година извршил увид во бараните документи и дека „немам забелешки на постапувањето на АКН“.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности – Скопје постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Државниот испитен центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на РМ бр.124/2015) на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Државниот испитен центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.04/2016 и бр.12/2017:

. цената (со или без ДДВ) која сте ја платиле за одржување на хигиена по метар квадратен месечно или годишно на површини во рамките на објектот – внатрешни работни површини (доколку немате таков податок испратете ја површина што се одржува и цената за месечно или годишно одржување),

.  вкупните работни површини предмет на одржување согласно договорот“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-412 на 07.08.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Државниот испитен центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 12.06.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-814/1 до Државниот испитен центар, со кое побарал, по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:

„Ве молиме да ни ги доставите следните информации од спроведената постапка за јавна набавка бр.04/2016 и бр.12/2017:

. цената (со или без ДДВ) која сте ја платиле за одржување на хигиена по метар квадратен месечно или годишно на површини во рамките на објектот – внатрешни работни површини (доколку немате таков податок испратете ја површина што се одржува и цената за месечно или годишно одржување),

.  вкупните работни површини предмет на одржување согласно договорот“.

Државниот испитен центар, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-412 од 08.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Државниот испитен центар и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 16.08.2017 година, Државниот испитен центар до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-44/2 од 15.08.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-412. Во Одговорот е наведено дека „…по е-маил на неколку наврати се обидовме да го испратиме…но маилот не функционираше…не бевме во можност веднаш да одговориме затоа што во овој период имавме смена на директори и немавме потписник“.

На 18.08.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, преку е-маил, ја извести Комисијата дека ја добиле бараната информација и дека ја повлекуваат Жалбата.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Државниот испитен центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на РМ бр.124/2015) на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Државниот испитен центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молиме за постапката за јавна набавка на услуга за дистрибуција на испитен материјал за Државната матура 2016/2017 бр.13/2017 да ни доставите:

. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки

. извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка

. одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

. извештај од спроведената е-аукција“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-420 на 07.08.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, поднесена преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, против Државниот испитен центар, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) Скопје, преку полномошник С.Ф., вработена во ЦГК, на 20.06.2017 година, поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-870/1 до Државниот испитен центар, со кое побарал, по пошта, или преку е-маил, да му се достави фотокопија од следните информации:

„Ве молиме за постапката за јавна набавка на услуга за дистрибуција на испитен материјал за  Државната матура 2016/2017 бр.13/2017 да ни доставите:

. Дали е спроведено истражување на пазарот и по кој основ или е побарана согласност/и од Советот за јавни набавки

. извештајот за спроведената постапка за доделување на договор за јавна набавка

. одлуката за избор на најповолна понуда или поништување на постапката која одговорното лице ја донесе во врска со постапката

. извештај од спроведената е-аукција“.

Државниот испитен центар, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-420 од 08.08.2017 година, ја препрати Жалбата до Државниот испитен центар и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 16.08.2017 година, Државниот испитен центар до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-44/2 од 15.08.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-420. Во Одговорот е наведено дека „…по е-маил на неколку наврати се обидовме да го испратиме…но маилот не функционираше…не бевме во можност веднаш да одговориме затоа што во овој период имавме смена на директори и немавме потписник“.

На 18.08.2017 година, Здружението на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК – Скопје, преку е-маил, ја извести Комисијата дека ја добиле бараната информација и дека ја повлекуваат Жалбата.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Сарај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Сарај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Годишен план и програма за работата на општината за следниве години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017та година?

  1. Кои проекти и инвестиции се реализирани во општината во годините: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  2. Буџетите на Вашата општина за следните години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  3. Колкав е моменталниот буџет со кој располага Вашата општина?“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-375 на 21.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Сарај, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Н.Р. од Скопје, на 06.06.2017 година, по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Сарај, со кое ги побарал следните информации:

„1. Годишен план и програма за работата на општината за следниве години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017та година?

  1. Кои проекти и инвестиции се реализирани во општината во годините: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  2. Буџетите на Вашата општина за следните години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  3. Колкав е моменталниот буџет со кој располага Вашата општина?“.

Општина Сарај, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-375 од 24.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Сарај и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 04.08.2017 година Општина Сарај до Комисијата достави Известие бр.08-1060/2 од 03.08.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-375. Во Известието е наведено:“…Ве известуваме дека со подносителот на барањето, односно жалбата, е стапено во контакт и истиот е известен дека е-маил адресата во кое е поднесено барањето е вон функција и истиот е упатен, бараната информација од јавен карактер да ја достави на друга функционална е-маил адреса“.

На 14.08.2017 година Н.Р. по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Општина  Сарај.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Сарај  постапила по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Карпош , по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Годишен план и програма за работата на општината за следниве години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017та година?

  1. Кои проекти и инвестиции се реализирани во општината во годините: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  2. Буџетите на Вашата општина за следните години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  3. Колкав е моменталниот буџет со кој располага Вашата општина?“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-397 на 21.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Карпош, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Н.Р. од Скопје на 06.06.2017 година, по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Карпош, со кое ги побарал следните информации:

„1. Годишен план и програма за работата на општината за следниве години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017та година?

  1. Кои проекти и инвестиции се реализирани во општината во годините: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  2. Буџетите на Вашата општина за следните години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  3. Колкав е моменталниот буџет со кој располага Вашата општина?“.

Општина Карпош, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-397 од 24.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Карпош и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 09.08.2016 година Општина Карпош до Комисијата достави Одговор на барање бр.12-5963/3 од 04.08.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-397. Во Одговорот на барањето е наведено“..Лицето подносител на Жалба Н.Р. на 17.07.2017 година по електронски пат во 8.57 часот е известено дека неговото барање е проследено веднаш до Секторите но поради инспекциска ревизија не ги добивме информациите за да може да ги проследиме. Повратните информации кои ги добивме од Секторите ги проследивме до странката. Во прилог на овој одговор на увид Ви го доставуваме и одговорот на барањето доставено до странката.“

На 14.08.2017 година Н.Р. по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Општина  Карпош.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Карпош  постапила по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Старо Нагоричане, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Старо Нагоричане, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Годишен план и програма за работата на општината за следниве години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017та година?

  1. Кои проекти и инвестиции се реализирани во општината во годините: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  2. Буџетите на Вашата општина за следните години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  3. Колкав е моменталниот буџет со кој располага Вашата општина?“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-373 на 21.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Старо Нагоричане, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Н.Р. од Скопје, на 06.06.2017 година, по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Старо Нагоричане, со кое ги побарал следните информации:

„1. Годишен план и програма за работата на општината за следниве години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017та година?

  1. Кои проекти и инвестиции се реализирани во општината во годините: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  2. Буџетите на Вашата општина за следните години: 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017та година?
  3. Колкав е моменталниот буџет со кој располага Вашата општина?“.

Општина Старо Нагоричане, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-373 од 24.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Старо Нагоричане и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

На 07.08.2016 година Општина Старо Нагоричане до Комисијата достави Произнесување по жалба бр.30-440/3 од 01.08.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-373. Во прилог на Произнесувањето по жалба доставен е Одговорот до барателот бр.03-440/1 од 07.07.2017 година во кој се содржани бараните информации.

На 14.08.2017 година Н.Р. по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Општина  Старо Нагоричане.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Старо Нагоричане  постапила по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Е.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Зелениково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016),  на седницата одржана на 23.август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Е.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Зелениково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?

  1. Дали општината има регистар на бездомни животни?
  2. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
  3. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
  4. Дали има општината стационар за бездомни животни?“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето..

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена  во Комисијата под број  08-320 на 10.07.2017 година, изјавена од Е.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Зелениково, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:  

Како што се наведува во Жалбата, Е.Ј. од Скопје, на 23.05.2017 година до Општина Зелениково  поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер по е-маил, со кое побарала да и биде доставена фотокопија од следната информација:

„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?

  1. Дали општината има регистар на бездомни животни?
  2. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
  3. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
  4. Дали има општината стационар за бездомни животни

Општина Зелениково, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорилa во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата со допис бр.08-320 од 12.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Зелениково и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Општина Зелениково на 26.07.2017 година до Комисијата достави Одговор по жалба бр.08-259/2 од 19.07.207 година заведен во Комисијата под бр.08-320.

Во Одговорот на жалба е содржан одговорот по бараните информации.

Во Одговорот на жалба е наведено: “…ве известуваме дека на територија на Општина Зелениково многу ретко се сретнуваат бездомни животни и поради тоа општината нема потреба да презема конкретни активности за намалување на бројот на бездомни животни, а поради недостиг на финансиски средства не е во можност да обезбеди стационар за бездомни животни.“

На 11.08.2017 година Е.Ј. од Скопје по е-маил ја извести Комисијата дека ги добила бараните информации од Општина Зелениково и дека е задоволна од истите.

Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Зелениково постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на  23 август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молам да ми доставите фотокопии од објавените повици (јавни повици или објави на друг начин спроведени) за доделување средства од вашата институција од буџетската ставка 463-“трансфери до невладини организации”, специфично за подставките од Буџетот на РМ: 463110, 463140, 463160, 463190, а со кои средства сте располагале, одделно за 2012 година, 2013 година, 2014 година, 2015 година и 2016 година.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-354 на 20.07.2017 година, изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, на 30.05.2017 година до Министерството за култура поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-33/1, со кое побарало, по пошта, да му биде доставена фотокопија од следната информација:

„Ве молам да ми доставите фотокопии од објавените повици (јавни повици или објави на друг начин спроведени) за доделување средства од вашата институција од буџетската ставка 463-“трансфери до невладини организации”, специфично за подставките од Буџетот на РМ: 463110, 463140, 463160, 463190, а со кои средства сте располагале, одделно за 2012 година, 2013 година, 2014 година, 2015 година и 2016 година.“

Министерството за култура, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата со допис бр.08-354 од 24.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за култура на 14.08.2017 година до Комисијата достави Произнесување по Жалба бр. УП1 52-414,УП1 52-415 и УП1 52-416 од 11.08.2017 година, кое се однесува на  три жалби на Комисјата-08-354,08-355 и 08-356, заведено во Комисијата под бр.08-354, во кое наведува дека Министерството за култура до барателот ги доставило бараните информации.

Во прилог на Произнесувањето доставен е Одговорот до Здружението “Регионален центар за одржлив развој“ Кратово заведен под бр. УП1 52-414,УП1 52-415 и УП1 52-416 од 11.08.2017.

На 17.08.2017 година Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, по е-маил ја извести Комисијата дека „се задоволни по однос на добиените одговори од страна на  Министерството за култура.“

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на  23 август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

„Ве молам да ми доставите фотокопии од Договорите потпишани со здруженија и/или фондации кои користеле средства од вашата институција од буџетската ставка 463-“трансфери до невладини организации”, поделени по подставките од Буџетот на РМ: 463110, 463140, 463160, 463190, а со кои сте располагале, одделно за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година. Исто така, барам да ми доставите фотокопии од доставените наративни и финансиски извештаи од корисниците (здруженијата и/или фондациите) на буџетските средства во врска со Договорите од буџетската ставка 463-“трансфери до невладини организации”, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-355 на 20.07.2017 година, изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, на 30.05.2017 година до Министерството за култура поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-33/2, со кое побарало, по пошта, да му биде доставена фотокопија од следната информација:

„Ве молам да ми доставите фотокопии од Договорите потпишани со здруженија и/или фондации кои користеле средства од вашата институција од буџетската ставка 463-“трансфери до невладини организации”, поделени по подставките од Буџетот на РМ: 463110, 463140, 463160, 463190, а со кои сте располагале, одделно за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година. Исто така, барам да ми доставите фотокопии од доставените наративни и финансиски извештаи од корисниците (здруженијата и/или фондациите) на буџетските средства во врска со Договорите од буџетската ставка 463-“трансфери до невладини организации”.“

Министерството за култура, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата со допис бр.08-355 од 24.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за култура на 14.08.2017 година до Комисијата достави Произнесување по Жалба бр.УП1 52-414,УП1 52-415 и УП1 52-416 од 11.08.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-355, кое се однесува на  три жалби на Комисјата-08-354,08-355 и 08-356, во кое наведува дека Министерството за култура до барателот ги доставило бараните информации.

Во прилог на Произнесувањето доставен е Одговорот до Здружението“Регионален центар за одржлив развој“ Кратово заведен под бр. УП1 52-414,УП1 52-415 и УП1 52-416 од 11.08.2017.

На 17.08.2017 година Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, по е-маил ја извести Комисијата дека „се задоволни по однос на добиените одговори од страна на  Министерството за култура.

Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.

Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 23 август 2017 година, го донесе следниот

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:

“Ве молам да ми доставите фотокопии од Одлуките (актите) донесени од вашата институција за користење средства од страна на здруженија и фондации од вашата институција од буџетската ставка 463-“трансфери до невладини организации”, поделени по подставките од Буџетот на РМ: 463110, 463140, 463160, 463190, а со кои сте располагале, одделно за 2012 година, 2013 година, 2014 година, 2015 година и 2016 година“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-356 на 20.07.2017 година, изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:

Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, на 30.05.2017 година до Министерството за култура поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-33/3, со кое побарало, по пошта, да му биде доставена фотокопија од следната информација:

„Ве молам да ми доставите фотокопии од Одлуките (актите) донесени од вашата институција за користење средства од страна на здруженија и фондации од вашата институција од буџетската ставка 463-“трансфери до невладини организации”, поделени по подставките од Буџетот на РМ: 463110, 463140, 463160, 463190, а со кои сте располагале, одделно за 2012 година, 2013 година, 2014 година, 2015 година и 2016 година.“

Министерството за култура, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата со допис бр.08-356 од 24.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.

Министерството за култура на 14.08.2017 година до Комисијата достави Произнесување по Жалба бр. УП1 52-414,УП1 52-415 и УП1 52-416 од 11.08.2017 година, заведено во Комисијата  под бр.08-356, кое се однесува на  три жалби на Комисјата-08-354,08-355 и 08-356, во кое наведува дека Министерството за култура до барателот ги доставило бараните информации, заведено во Комисијата под бр.08-356.