ДОНЕСЕНИ 9 РЕШЕНИЈА И 16 ЗАКЛУЧОЦИ

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на 178-та седница одржана на 21 јули 2017 година, донесе 9 решенија и 16 заклучоци.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенција за планирање на просторот на Република Македонија по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенција за планирање на просторот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молам да ми доставите електронски запис (цеде) од Генералниот урбанистички план на Скопје 2012-2020 и Урбанистички план за село Сопиште – Локалитет Сончев Град“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Агенција за планирање на просторот на Република Македонија на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-341 на 11.07.2017 година, изјавена од П.Б. од Скопје, поднесена против Агенција за планирање на просторот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Агенција за планирање на просторот, на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје истата ја поднесува против Одговорот на барање за пристап до информации од јавен карактер од Агенцијата за планирање на просторот бр.08-878/2 од 10.07.2017 година, со кој Агенцијата го упатува за бараната информација:
„Ве молам да ми доставите електронски запис (цеде) од Генералниот урбанистички план на Скопје 2012-2020 и Урбанистички план за село Сопиште – Локалитет Сончев Град“, да се обрати до Град Скопје и до Општина Сопиште.
Незадоволен од добиениот Одговор на барање, П.Б. од Скопје поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-341 од 12.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенција за планирање на просторот на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Агенција за планирање на просторот на Република Македонија на 17.07.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-878/4 од 14.07.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-341.
Во Одговорот на жалба е наведено: „Агенцијата за планирање на просторот согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање изработува: Просторен план на Републиката, урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации, чија изработка е утврдена во Годишната програма на Владата на Република Македонија…нарачатели на документите се: Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје и општините, кои се надлежни за водење на постапките, се иматели на документите и имаат сопственост на документите во оригинална форма…Агенцијата располага само со работни верзии на урбанистички планови/документации/проекти, кои не се официјализирани. Агенцијата е само изработувач и оттука нема никакво овластување за дистрибуирање на документите кои се сопственост на нарачателот. Со Генералниот урбанистички план на Скопје 2012-2020 располага Град Скопје…со Урбанистичкиот план за село Сопиште – локалитет Сончев Град располага Општина Сопиште…жалителот треба да се обрати до наведените органи/институции, со цел да му излезат во пресрет на Барањето“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Агенцијата за планирање на просторот на Република Македонија не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Агенцијата за планирање на просторот на Република Македонија била должна да постапи согласно член 20 и член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и на барателот на информации да му обезбеди целосен пристап до бараните информации, на начин и во форма наведени во Барањето за пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности“.
Агенцијата за планирање на просторот на Република Македонија, како што наведува во својот Одговор на Жалба „…изработува: Просторен план на Републиката, урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации, чија изработка е утврдена во Годишната програма на Владата на Република Македонија… “. Според наведеното, Агенција за планирање на просторот на Република Македонија ја создала и располага со бараната информација и истата треба да му ја достави на барателот во форма во која ја создала таквата информација. Во барањето од П.Б. од Скопје кое гласи:
„Ве молам да ми доставите електронски запис (цеде) од Генералниот урбанистички план на Скопје 2012-2020 и Урбанистички план за село Сопиште – Локалитет Сончев Град“, не е наведено дека бараните информации ги бара како работна верзија, или како „оригинален документ“.
Комисијата утврди дека, пред да му одговори на барателот на информации, Агенцијата за планирање на просторот на Република Македонија не утврдила дали бараните информации спаѓаат во редот информации од нејзина надлежност, наведени во член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Согласно член 42 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.199 од 30.12.2014 година) донесениот просторен план се заверува во пет примероци, од кои еден се доставува до Агенцијата за планирање на просторот, а донесениот урбанистички план и регулацискиот план стануваат составен дел на електронски регистар на донесени урбанистички планови во рамки на информацискиот систем е-урбанизам, до кој пристап има и Агенцијата за планирање на просторот.
Во конкретниот случај, земајќи предвид дека Агенцијата за планирање на просторот на Република Македонија е создавач на бараната информација, истата неосновано го упатува барателот да ги бара информациите од Град Скопје и од Општина Сопиште.
Право на барателот од кого ќе ја побара бараната информација кога повеќе иматели ја имаат бараната информација.
Во Законот е децидно наведено што е информација од јавен карактер, како се постапува по Барањето, како постапува имателот кога ја дава информацијата, кои се исклучоци согласно Законот. Должност на имателот е да постапи согласно Закон.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Е.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), а во врска со член 109 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Е.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“, СЕ ОТФРЛА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-323 на 10.07.2017 година, изјавена од Е.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Илинден, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ја ОТФРЛИ како недопуштена.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Е.Ј. од Скопје, на 23.05.2017 година до Општина Илинден, по е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое ги побарала следните информации:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“.
Општина Илинден, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата. Во прилог на Жалбата, до Комисијата не е доставен доказ од кој би било видно дека погоренаведеното барање за пристап до информации од јавен карактер е доставено до Општина Илинден и под кој архивски број е заведено во Општината.
Комисијата, со допис бр.08-323 од 11.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Илинден и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 17.07.2017 година Општина Илинден до Комисијата достави Одговор по жалба бр.09-1096/2 од 14.07.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-323.
Во Одговорот по жалба е наведено дека „…во електронскиот систем на Општина Илинден нема поднесено Барање по е-маил од 23.05.2017 год. од страна на физичкото лице Е.Ј. од Скопје. Доколку…достави барање во писмена или електронска форма…истото ќе се одговори во предвидениот законски рок“.
Службеното лице во Комисијата, кое постапува по предметот, телефонски и преку е-маил, се обиде да го контактира барателот/жалител, со цел да обезбеди потребни докази заради постапување по предметот.
Барателот/жалител не му одговори на службеното лице во Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека барателот, односно жалителот Е.Ј. од Скопје, не доставила доказ дека до Општина Илинден доставила електронско Барање за пристап до информации од јавен карактер на 23.05.2017 година, а на 10.07.2017 година до Комисијата доставила Жалба против Општина Илинден за нејзино непостапување по истото.
Согласно член 27 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, право на правна заштита во согласност со овој Закон има барателот кој поднел Барање за пристап до информација на начин утврден во членот 12 став 1 од овој Закон.
Во конкретниот случај, барателот нема докази дека има поднесено Барање за пристап до информации од јавен карактер согласно член 16 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Поради погоре наведеното, а согласно член 109 од Законот за општата управна постапка, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од М.Ј. од Скопје, поднесени против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбите бр. 08-283 од 08.06.2017 година и бр. 08-283 од 30.06.2017 година, изјавени од М.Ј. од Скопје, поднесени против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“ СЕ УВАЖУВААТ и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под бр. 08-283 од 08.06.2017 година и бр. 08-283 од 30.06.2017 година, изјавени од М.Ј. од Скопје, поднесени против Министерството за правда, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ги УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за правда на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-283 на 08.06.2017 година, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Министерството за правда поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3-396/17-1, заведено во Министерството на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис, или фотокопија, од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во Министерството за 2016 година“.
Министерството за правда, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-283 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 21.06.2017 година Министерството за правда до Комисијата достави Одговор на жалба бр.19-1701/4 од 20.06.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-283.
Во Одговорот на жалба е наведено дека Министерството за правда со Известување бр.19-1701/3 од 19.06.2017 година ги достави бараните податоци.
Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата е доставена копија од наведеното Известување во кое на барателот му се одговара следното: „…во 2016 година од ставката за репрезентација и друго – за ресторански и угостителски услуги се потрошени 4.202.000 денари…информацијата што се бара во предметното Барање за пристап до информации од јавен карактер подразбира создавање на нова информација, која би била срочена ексклузивно за потребите на барателот…“.
Незадоволна од добиеното Известување, М.Ј. од Скопје на 30.06.2017 година до Комисијата поднесе нова Жалба против Министерството за правда, заведена под бр.08-283.
Комисијата, со допис бр.08-283 од 03.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за правда и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за правда не одговори на барањето од Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за правда не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата смета дека бараната информација е информација од јавен карактер. Во случајов, не станува збор за создавање нова информација, туку за побарани документи кои произлегуваат од организацијата и трошоците на работењето на Министерството за правда, односно за информации за кои согласно член 10 алинеја 7 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер имателот на информации е должен да ја информира јавноста.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.Т. од Кочани, поднесена против Општина Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Д.Т. од Кочани, поднесена против Општина Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Барам од насловот да ми издаде препис со „верно на оригиналот“ примерок од претходното мислење од единицата на локалната самоуправа на чие подрачје е изграден објектот во врска со Урбанистичка согласност Уп 1 број 22-1710 од 01.12.2011 година, која Урбанистичка согласност се однесува на бесправно изграден објект на КП 1068 КО Лешки, запишана во Имотен лист број 139 за КО Лешки, а кој бесправно изграден објект се води на мое име“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-300 на 30.06.2017 година, изјавена од Д.Т. од Кочани, поднесена против Општина Кочани, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Д.Т. од Кочани, на 25.04.2017 година до Општина Кочани поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.32-949/1, со кое побарал по пошта да му биде доставен препис од следната информација:
„Барам од насловот да ми издаде препис со „верно на оригиналот“ примерок од претходното мислење од единицата на локалната самоуправа на чие подрачје е изграден објектот во врска со Урбанистичка согласност Уп 1 број 22-1710 од 01.12.2011 година, која Урбанистичка согласност се однесува на бесправно изграден објект на КП 1068 КО Лешки, запишана во Имотен лист број 139 за КО Лешки, а кој бесправно изграден објект се води на мое име“.
Во Жалбата е наведено дека Општина Кочани на ова Барање не одговорила во „изминатите 60 дена“, односно дека „не е јасно зошто имателот на информацијата не ја издаде бараната информација онака како што е поставена во Барањето“.
Комисијата, со допис бр.08-300 од 30.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Кочани и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.07.2017 година Општина Кочани до Комисијата достави Одговор на жалба бр.32-949/4 од 11.07.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-300.
Во Одговорот на жалба, Општина Кочани наведува дека „…Оштина Кочани има постапено по поднесеното Барање за пристап до информации од јавен карактер (наш бр.32-949/1 од 25.04.2017 година) и во законски определениот рок му има одговорено на барателот…со Одговор на барање бр.32-949/2 од 18.05.2017 година…жалителот Д.Т. од Кочани лично го има примено одговорот…за што е доказ и повратницата за уредна достава лично потпишана од самиот жалител, а кое нешто може да се утврди со споредба на потписот на повратницата со потписот на жалителот на Жалбата, потписот на Барањето…и потписот на неговата лична карта, која ја доставуваме во прилог…за преземените дејствија е составен Записник од службеното лице за посредување со информации од јавен карактер на Општина Кочани…сакаме да потенцираме дека и покрај писмениот одговор доставен до барателот на информацијата по пошта, од страна на службите при Општина Кочани…му е дадено и детално усмено образложение на неговото Барање…овде во предметот (Уп1 22-1710 од 19.08.2011 година) што го води Општина Кочани за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект…не се работи за постапување на органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредување на просторот кој според Законот урбанистичката согласност ја издава по претходно мислење од единицата на локалната самоуправа…туку по наведениот предмет…постапува и решава со Решение Градоначалникот на Општина Кочани и затоа такво мислење не му е доставено, но му е доставен писмен одговор…Градоначалникот…нема законска обврска (сам на себе) да издава/донесува претходно мислење…само донесува Урбанистичка согласност за бесправниот објект…примена од Д.Т. “.
Во прилог на Одговорот на жалба до Комисијата се доставени фотокопии од Одговорот на барање бр.32-945/2 од 18.05.2017 година, од Записникот за позитивен одговор до барателот, како и фотокопија од поштенска доставница, од која е видно дека на 19.05.2017 година барателот го добил одговорот од имателот на информации и уредно го потпишал.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Општина Кочани не одговорила на Барањето во формата наведена во истото, односно не донело Заклучок за прекинување на постапката.
Во конкретниот случај, Комисијата на Општина Кочани и укажува на следното:
Доколку Општина Кочани согласно своите законски надлежности, не ја создало или не располага со бараната информација, а не знае кој друг имател на информации располага со истата, должна е да постапи согласно член 26 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, според кој „ако Барањето се однесува на информација со која не располага имателот, или ако бараната информација веќе е објавена во согласност со членовите 18 и 23 од овој закон, имателот на информацијата со Заклучок ќе ја прекине постапката“.
При повторното постапување по предметот, Општина Кочани е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од проф. д-р Б.И. од Скопје, поднесена против Државниот универзитет во Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од проф. д-р Б.И. од Скопје, поднесена против Државниот универзитет во Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„-Записникот од состанокот на Ректорската управа одржан на ден 15.06.2016 година и
-Решението бр. 02-2094/1 од 22.06.2016 година, на албански јазик“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Државниот универзитет во Тетово на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-304 на 03.07.2017 година, изјавена од проф. д-р Б.И. од Скопје, поднесена против Државниот универзитет во Тетово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Државниот универзитет во Тетово на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, проф. д-р Б.И. од Скопје, на 08.07.2016 година до Државниот универзитет во Тетово поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал по пошта, или преку е-маил, да му биде доставен препис од следната информација:
„-Записникот од состанокот на Ректорската управа одржан на ден 15.06.2016 година и
-Решението бр. 02-2094/1 од 22.06.2016 година, на албански јазик“.
Државниот универзитет во Тетово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-304 од 04.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Државниот универзитет во Тетово и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 10.07.2017 година Државниот универзитет во Тетово до Комисијата достави Информација бр.02-2148/1 од 07.07.2017 година, заведено во Комисијата под бр.08-304.
Во Информацијата Државниот универзитет во Тетово наведува дека „…на именуваното лице д-р Б.И. му се доставени предметните барани информации…“.
На 11.07.2017 година, на барање од службеното лице во Комисијата кое постапува по предметот, д-р Б.И. од Скопје до Комисијата преку е-маил се произнесе по добиениот одговор, наведувајќи дека „Записникот од состанокот на Ректорската управа на 15.06.2016 година и Решението бр.02-2094/1 од 22.06.2016 година на АЛБАНСКИ јазик НЕ МИ СЕ ДОСТАВЕНИ. Решението…на МАКЕДОНСКИ јазик ми е доставено…“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Државниот универзитет во Тетово не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ги доставил бараните информации до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од М.Ј. од Скопје, поднесени против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е
Жалбите бр.08-273 од 08.06.2017 година и бр.08-273 од 03.07.2017 година, изјавени од М.Ј. од Скопје, поднесени против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во министерството за 2016 година.“ СЕ УВАЖУВААТ и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за локална самоуправа на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите бр.08-273 од 08.06.2017 година и бр.08-273 од 03.07.2017 година, изјавени од М.Ј. од Скопје, поднесени против Министерството за локална самоуправа, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ги УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за локална самоуправа на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-273 на 08.06.2017 година, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Министерството за локална самоуправа поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3-402/17-1, примено во Министерството на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис или фотокопија, од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на министерот и останатите службени лица во министерството за 2016 година.“
Министерството за локална самоуправа, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-273 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за локална самоуправа и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 19.06.2017 година, Министерството за локална самоуправа до Комисијата достави Одговор по жалба бр.03-1059/7 од 16.06.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-273. Во Одговорот Министерството наведува дека “По обезбедување на информацијата на 12.06.2017 година, Министерството ја достави до барателот М.Ј..” Во прилог на наведениот допис Министерството за локална самоуправа до Комисијата го достави Одговорот на барањето бр.03-1059/5 од 12.06.2017 година во кој се наведува “…од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Одделение за сметководство и плаќања, ни испрати податоци каде што вкупната вредност на потрошената репрезентација во Министерството за локална самоуправа 1.016.358,00 денари во 2015 година, а во 2016 година вкупно за репрезентација се потрошени 979.280,00 денари.”
Незадоволна од добиениот одговор по Барањето, на 03.07.2017 година М.Ј. поднесе нова Жалба, заведена во Комисијата под бр.08-273. Во Жалбата, М.Ј. наведува “Во одговорот што го добивме наведена е само вкупната сума на потрошени средства за оваа намена за 2016 година, а не ни се доставени фактурите и фискалните сметки за секој трошок одделно, со што одговорот го сметаме за нецелосен и Ве замолуваме да постапите по жалбата.”
Комисијата со допис бр.08-273 од 04.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за локална самоуправа и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за локална самоуправа на 19.07.2017 година до Комисијата достави допис-Постапување по известување за поднесена Жалба бр.18-1427/1 од 17.07.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-273. Со наведениот допис, Министерството ја известува Комисијата дека ги доставило бараните информации “…фотокопии од 43 документи/фактури за угостителски услуги во 2016 година.” до барателот, но не достави доказ за уредна достава, односно дека истите се примени од барателот.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за локална самоуправа не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставило бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, односно во прилог на произнесувањето од 17.07.2017 година нема доказ за уредна достава на бараните информации.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Општината Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Општината Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали општината има имплементирано и до колку има кои проекти и со која сума ги има имплементирано во текот на 2014 година, 2015 година и 2016 година преку јавно приватно партнерство.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Општината Куманово на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-311 на 05.07.2017 година, изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Општината Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и ја ЗАДОЛЖИ Општината Куманово на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, на 30.05.2017 година до Општината Куманово поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-38/2, со кое побарало, по пошта, да му биде доставена фотокопија од договор од следната информација:
„Дали општината има имплементирано и до колку има кои проекти и со која сума ги има имплементирано во текот на 2014 година, 2015 година и 2016 година преку јавно приватно партнерство.“
Општината Куманово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-311 од 06.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општината Куманово и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општината Куманово не одговори на Дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општината Куманово не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ни на Дописот на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението на граѓани “Фронт 21/42“ – Скопје, застапувано од извршниот директор И.С., поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението на граѓани “Фронт 21/42“ – Скопје, застапувано од извршниот директор И.С., поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Во избраните архитектонско-урбанистичко идејни решенија за уредување на плажите „Даљан“, „Извиднички камп“, „Лагадин“, „Љубаништа“, „Студенчишко блато“ и плажата во атарот на селото Оровник во непосредна близина на аеродромот Свети Апостол Павле:
– Колкава е платформата над водната површина во “ха“ и
– Какви се содржини има на неа?
– До каде е постапката за реализација на овие архитектонско-урбанистички проекти?
2. Доколку има и други локации на Охридското езеро за кои се избрани архитектонско-урбанистичко идејни решенија за уредување на плажи, Ве молиме да ни ги доставите информациите од точка 1 за истите.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за транспорт и врски на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-302 на 30.06.2017 година, изјавена од Здружението на граѓани “Фронт 21/42“ – Скопје, застапувано од извршниот директор И.С., поднесена против Министерството за транспорт и врски, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за транспорт и врски на барателот да му ги достави бараните информации во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението на граѓани “Фронт 21/42“ – Скопје, на 07.04.2017 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општините Охрид, Струга и Дебарца, во врска со архитектонско-урбанистички идејни решенија за уредување на плажи на Охридското Езеро со кое побарало по пошта или е маил да му се достават следните информации:
„1. Во избраните архитектонско-урбанистичко идејни решенија за уредување на плажите „Даљан“, „Извиднички камп“, „Лагадин“, „Љубаништа“, „Студенчишко блато“ и плажата во атарот на селото Оровник во непосредна близина на аеродромот Свети Апостол Павле:
– Колкава е платформата над водната површина во “ха“ и
– Какви се содржини има на неа?
– До каде е постапката за реализација на овие архитектонско-урбанистички проекти?
2. Доколку има и други локации на Охридското езеро за кои се избрани архитектонско-урбанистичко идејни решенија за уредување на плажи, Ве молиме да ни ги доставите информациите од точка 1 за истите.“
На 10.05.2017 година Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, преку Секторот за поддршка на градоначалникот, Одделение за односи со јавност на Општина Охрид, на ова Барање до барателот доставила Информација бр.85-5215/3 каде е наведено дека: “…за сите информации во врска со избраните архитектонско-урбанистички идејни решенија за уредување на плажите посочени во дописот потребно е да се обратите до Министерството за транспорт и врски Скопје.“
Поради наведеното, Здружението на граѓани “Фронт 21/42“ – Скопје, застапувано од извршниот директор И.С., на 15.05.2017 година, го поднело Барањето за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за транспорт и врски.
Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-302 од 30.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за транспорт и врски и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за транспорт и врски не одговори ниту на Дописот на Комисијата.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за транспорт и врски не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето, а не одговори ни на Дописот на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Е.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Свети Николе, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е
Жалбата изјавена од Е.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Свети Николе, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“, СЕ ОДБИВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/15 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.08-314 на 10.07.2017 година, изјавена од Е.Ј. од Скопје, поднесена против Општина Свети Николе, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и ја ОДБИ како неоснована.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Е.Ј. од Скопје, на 23.05.2017 година до Општина Свети Николе, по е-маил поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое ги побарала следните информации:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“.
Општина Свети Николе, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-314 од 12.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Свети Николе и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 13.07.2017 година, Е.Ј. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека: „…Поради проблеми во електронската кореспонденција не успеавме да го најдеме на време одговорот, но тој бил испратен во законски предвидениот рок. Сакам да ја повлечам жалбата, задоволна сум од одговорот“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Општина Свети Николе постапила согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот ги доставила бараните информации во законски предвидениот рок.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молам да ми доставите фотокопии од Одлуките (актите) донесени од вашата институција за користење средства од страна на здруженија и фондации од вашата институција од буџетската ставка 463 – „трансфери до невладини организации“, поделени по подставките од Буџетот на РМ : 463110, 463140, 463160, 463190, а со кои сте располагале, одделно за 2012 година, 2013 година, 2014 година, 2015 година и 2016 година“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-309 на 05.07.2017 година, изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за култура, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, на 30.05.2017 година до Министерството за култура поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарало, по пошта, да му биде доставена фотокопија од следната информација:
„Ве молам да ми доставите фотокопии од Одлуките (актите) донесени од вашата институција за користење средства од страна на здруженија и фондации од вашата институција од буџетската ставка 463 – „трансфери до невладини организации“, поделени по подставките од Буџетот на РМ : 463110, 463140, 463160, 463190, а со кои сте располагале, одделно за 2012 година, 2013 година, 2014 година, 2015 година и 2016 година“.
Министерството за култура, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-309 од 06.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за култура и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за култура не одговори на Дописот на Комисијата.
На 20.07.2017 година Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, по е-маил ја извести Комисијата дека „Жалбата поднесена на барање до Министерството за култура, заведена кај вас под реден број 08-309 и со наш реден број 0302-34/3 од 30.05.2017 година ја повлекуваме поради техничка грешка. Истата треба да биде со наш број 0302-33/3 од 30.05.2017 година. Се извинуваме за направениот пропуст“.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Врапчиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Врапчиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-329 на 10.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Врапчиште, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.Р. од Скопје, на 23.05.2017 година, по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Врапчиште, со кое ги побарал следните информации:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“.
Општина Врапчиште, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-329 од 11.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Врапчиште и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 17.07.2017 година Општина Врапчиште до Комисијата достави Известување бр.08-973/2 од 14.07.2017 година, заведено во Комисијата под бр. 08-329. Во Известувањето е наведено дека „…не се работи за одбивање на Барањето на лицето Н.Р. од страна на Општината, па му ја доставивме информацијата по предметното Барање на 14.07.2017 година“.
На 18.07.2017 година Н.Р. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека добил одговор од Општина Врапчиште и дека поради тоа ја повлекува Жалбата.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Врапчиште постапила по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, поднесена против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, поднесена против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку средства има добиено Општина Куманово во тек на 2014, 2015 и 2016 година од Европските и други меѓународни фондови по основ на имплементација на проекти“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-310 на 05.07.2017 година, изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, поднесена против Општина Куманово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, на 30.05.2017 година до Општина Куманово поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарало, по пошта, да му биде доставена фотокопија од следната информација:
„Колку средства има добиено Општина Куманово во тек на 2014, 2015 и 2016 година од Европските и други меѓународни фондови по основ на имплементација на проекти“.
Општина Куманово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорилa во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-310 од 06.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Куманово и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Куманово не одговори на барањето од Комисијата.
На 17.07.2017 година Б.М. од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, по е-маил ја извести Комисијата дека добиле одговор по поднесеното Барање.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Куманово постапила по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Маврово и Ростуше, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Маврово и Ростуше, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-327 на 10.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Маврово и Ростуше, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.Р. од Скопје, на 23.05.2017 година, по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Маврово и Ростуше, со кое ги побарал следните информации:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“.
Општина Маврово и Ростуше, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-327 од 11.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Маврово и Ростуше и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Маврово и Ростуше не одговори на барањето од Комисијата.
На 16.07.2017 година Н.Р. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека „…неколку дена по поднесувањето на Жалбата добив одговор од општината…“, дека ја повлекува Жалбата бидејќи добил одговор од Општина Маврово и Ростуше и дека е задоволен од истиот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Маврово и Ростуше постапила по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Босилово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Босилово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-328 на 10.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општина Босилово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.Р. од Скопје, на 23.05.2017 година, по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општина Босилово, со кое ги побарал следните информации:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“.
Општина Босилово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.

Комисијата, со допис бр.08-328 од 11.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Босилово и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Општина Босилово не одговори на барањето од Комисијата.
На 16.07.2017 година Н.Р. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека „…неколку дена по поднесувањето на Жалбата добив одговор од општината…“, дека ја повлекува Жалбата бидејќи добил одговор од Општина Босилово и дека е задоволен од истиот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Босилово постапила по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација, со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Пехчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Пехчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-331 на 10.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Пехчево, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.Р: од Скопје, на 23.05.2017 година по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општината Пехчево, со кое побарал пристап до следните информации:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“
Општината Пехчево, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-331 од 12.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општината Пехчево и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 17.07.2017 година Н.Р., по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Општината Пехчево бидејќи Општината одговорила на Барањето и е задоволен до одговорот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општината Пехчево постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Желино, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Желино, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-333 на 10.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Желино, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.Р. од Скопје, на 23.05.2017 година по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општината Желино, со кое побарал пристап до следните информации:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“
Општината Желино, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-333 од 12.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општината Желино и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 18.07.2017 година Н.Р., по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Општината Желино бидејќи Општината одговорила на Барањето и е задоволен од одговорот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општината Желино постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Конче, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Конче, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-334 на 10.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Конче, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.Р. од Скопје, на 23.05.2017 година по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општината Конче, со кое побарал пристап до следните информации:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“
Општината Конче, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-334 од 12.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општината Конче и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 17.07.2017 година Н.Р., по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Општината Конче бидејќи Општината одговорила на Барањето и е задоволен до одговорот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општината Конче постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-336 на 10.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.Р. од Скопје, на 23.05.2017 година по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општината Велес, со кое побарал пристап до следните информации:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“
Општината Велес, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-336 од 12.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општината Велес и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 19.07.2017 година, Општината Велес до Комисијата достави Известување бр.23-3093/4 од 18.07.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-336. Во прилог на Известувањето, Општината Велес го достави дописот-Одговор на барање, бр.23-3093/3 од 18.07.2017 година, адресиран до Никола Радулов.
Во интерес на економичност и ефикасност на постапката по Жалба, службеното лице кое постапува по предметот, на 19.07.2017 година, по е-маил го препрати Одговорот на барање бр.23-3093/3 од 18.07.2017 година на Општината Велес до Н.Р..
На 19.07.2017 година Н.Р., по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Општината Велес, бидејќи е задоволен од добиениот одговор.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општината Велес постапила по Барањето, но со задоцнување, а барателот ги добил бараните информации, но со посредство на Комисијата. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Зрновци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Зрновци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“ поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-337 на 10.07.2017 година, изјавена од Н.Р. од Скопје, поднесена против Општината Зрновци, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Н.Р. од Скопје, на 23.05.2017 година по е-маил поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер до Општината Зрновци, со кое побарал пристап до следните информации:
„1. Кои мерки ги превзема општината за да го намали бројот на бездомни животни?
2. Дали општината има регистар на бездомни животни?
3. Со кои шинтерски служби општината има соработка?
4. Колку често се на терен шинтерските служби во општината?
5. Дали има општината стационар за бездомни животни?“
Општината Зрновци, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-337 од 12.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општината Зрновци и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 17.07.2017 година Н.Р., по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Општината Зрновци бидејќи Општината одговорила на Барањето и е задоволен до одговорот.
Општината Зрновци, на 19.07.2017 година, до Комисијата достави Одговор на Жалба бр.09-403/2 од 17.07.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-337. Во прилог на наведениот Одговор, Општината Зрновци го достави дописот-Достава на информација бр.09-403/3 од 17.07.2017 година, адресиран до Н. Р., со кој одговара на Барањето за пристап до информации од јавен карактер.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општината Зрновци постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Известувањето на Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат бр.49-2054/1 од 05.05.2017 година, примено во Здружението на 09.05.2017 година, заведено под бр.891, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010, 42/2014, поднесена 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-299 од 01.06.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Известувањето на Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат бр.49-2054/1 од 05.05.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот го утврди следното.
Постапувајќи по Пресуда на Вишиот Управен суд УЖ-3.бр.194/2016 од 06.07.2016 година, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации на 21.09.2016 година, донесе Решение бр.07-299 со кое Жалбата ја уважи и ја задолжи Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат до барателот да ја достави бараната информација:
„Доставете ни фотокопии од примероци од медија планот и закупот на медиумски простор во електронските и печатени медиуми за потребите на кампањата на Владата на РМ за објаснување на последиците од абортусот – “Избери живот – имаш право на избор” во 2011 година“ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Владата на Република Македонија -Генерален секретаријат на 09.05.2017 година до барателот Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје доставила Известување заведено под бр. 49-2054/1 од 05.05.2017 година, заведено во Здружението под бр.891.
Во Известувањето, покрај другото е наведено: “Во однос на барањата, во делот “Фотокопии од примероци од медија планот и закупот на медиумски простор во електронските и печатени медиуми за потребите на кампањата на Владата на Република Македонија за објаснување на последиците од абортусот – Избери живот – имаш право на избор во 2010, 2011 и 2012 година“, Генералниот секретаријат повторно ги разгледа и во однос на истите постапи согласно член 24 став (1) а во врска со член 21 став (1) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), односно со дописи бр.47-7357/4 од 07.10.2016 година и бр.47-7357/6 од 07.10.2016 година сметаме дека позитивно одговоривме на вашите барања“.
Незадоволно од доставеното Известување, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошникот Д.А. од Скопје, поднесе Жалба поради нецелосен одговор до Комисијата, заведена под бр.07-299 на 01.06.2017 година.
Комисијата со допис бр.07-299 од 06.06.2017 година ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат на 29.06.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.49-2054/7 од 28.06.2017 година, заведен во Комисијата под бр.07-299.
Во Одговорот на жалбата е наведено: “Во однос на предметните барања, во делот “Фотокопии од примероци од медија планот и закупот на медиумски простор во електронските и печатени медиуми за потребите на кампањата на Владата на РМ за објаснување на последиците од абортусот -Избери живот – имаш право на избор во 2010, 2011 и 2012 година, Генералниот секретаријат повторно ги разгледа и во однос на истите постапи согласно член 24 став (1) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), односно ги достави бараните информации.“
Во прилог на Одговорот на жалбата го достави и Одговорот до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, заведен во Генералниот секретаријат под бр.49-2054/5 од 28.06.2017 година.
Во Одговорот до барателот покрај другото е наведено и “….во прилог ви ги доставуваме бараните информации, со појаснување дека кампањата не е реализирана во 2010 година и од тие причини, во нашиот одговор се опфатени податоци кои се однесуваат на 2011 и 2012 година.
На 17.07.2017 година, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошникот Д.А. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека ги добиле бараните информации.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овoj Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Известувањето на Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат бр.49-2054/1 од 05.05.2017 година, примено во Здружението на 09.05.2017 година, заведено под бр.891, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, поради тоа што барателот ја добил бараната информација .

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на РМ“ бр.13/2006, 86/2008 и 6/2010, 42/2014, поднесена 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр.07-300 од 01.06.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку полномошникот Д.А. од Скопје, против Известувањето на Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат бр.49-2054/1 од 05.05.2017 година, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот го утврди следното.
Постапувајќи по Пресуда на Вишиот Управен суд УЖ-3.бр.460/2016 од 16.08.2016 година, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации на 05.10.2016 година донесе Решение бр.07-300 со кое Жалбата ја уважи и ја задолжи Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат до барателот да ја достави бараната информација:
„Доставете ни фотокопии од примероци од медија планот и закупот на медиумски простор во електронските и печатени медиуми за потребите на кампањата на Владата на РМ за објаснување на последиците од абортусот – “Избери живот – имаш право на избор” во 2012 година“ во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението.
Владата на Република Македонија -Генерален секретаријат на 09.05.2017 година до барателот Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје доставила Известување заведено под бр. 49-2054/1 од 05.05.2017 година, заведено во Здружението под бр.891.
Во Известувањето, покрај другото е наведено: “Во однос на барањата, во делот “Фотокопии од примероци од медија планот и закупот на медиумски простор во електронските и печатени медиуми за потребите на кампањата на Владата на Република Македонија за објаснување на последиците од абортусот – Избери живот – имаш право на избор во 2010, 2011 и 2012 година“, Генералниот секретаријат повторно ги разгледа и во однос на истите постапи согласно член 24 став (1) а во врска со член 21 став (1) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), односно со дописи бр.47-7357/4 од 07.10.2016 година и бр.47-7357/6 од 07.10.2016 година сметаме дека позитивно одговоривме на вашите барања“.
Незадоволно од доставеното Известување, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошникот Д.А. од Скопје, поднесе Жалба поради нецелосен одговор до Комисијата, заведена под бр.07-300 на 01.06.2017 година.
Комисијата со допис бр.07-300 од 06.06.2017 година ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Владата на Република Македонија-Генерален секретаријат на 29.06.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.49-2054/7 од 28.06.2017 година, заведен во Комисијата под бр.07-300.
Во Одговорот на жалбата е наведено: “Во однос на предметните барања, во делот “Фотокопии од примероци од медија планот и закупот на медиумски простор во електронските и печатени медиуми за потребите на кампањата на Владата на РМ за објаснување на последиците од абортусот – Избери живот – имаш право на избор во 2010, 2011 и 2012 година“, Генералниот секретаријат повторно ги разгледа и во однос на истите постапи согласно член 24 став (1) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), односно ги достави бараните информации.“
Во прилог на Одговорот на жалбата го достави и Одговорот до Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, заведен во Генералниот секретаријат под бр.49-2054/5 од 28.06.2017 година.
Во Одговорот до барателот покрај другото е наведено и “….во прилог ви ги доставуваме бараните информации, со појаснување дека кампањата не е реализирана во 2010 година и од тие причини, во нашиот одговор се опфатени податоци кои се однесуваат на 2011 и 2012 година.
На 17.07.2017 година, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошникот Д.А. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека ги добиле бараните информации.
Поради наведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечeн во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од М.Ј. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка, на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од М.J. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на претседателот на Владата за 2016 година.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-277 на 08.06.2017 година, изјавена од М. Ј. од Скопје, поднесена против Владата на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, М.Ј. од Скопје, на 05.05.2017 година до Владата на Република Македонија поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.3-387/17-1, заведено во Владата на 08.05.2017 година, со кое побарала по пошта да и биде доставен препис или фотокопија, од следната информација:
„Фактури и фискални сметки за ресторански и угостителски услуги на претседателот на Владата за 2016 година.“
Владата на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорилa во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-277 од 09.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Владата на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.07.2017 година Владата на Република Македонија до Комисијата достави Одговор на жалба бр.49-2816/5 од 11.07.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-277.
Во Одговорот на жалбата е наведено: “Од Ваша страна до Канцеларијата на председателот на Владата доставена е Жалба поради недоставување на одговор за бараната информација, под горенаведениот број и датум, која од нивна страна беше поднесена на наша понатамошна надлежност и постапување, за да се произнесеме по наводите во жалбата на жалителот….Во однос на предметното барање…Генералниот секретаријат го разгледа и во однос на истото постапи согласно член 24 став (1) од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер…односно ги достави бараните информации.“
Од списите на предметот, Комисијата утврди дека на 16.06.2017 година Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија со допис “Проследување на жалба за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.08-107/1, заведен под бр.08-107/2, ја препратила доставената Жалба од Комисијата до Генералниот секретаријат при Владата на Република Македонија-Генерален секретар, заведена во Владата на Република Македонија на 21.06.2017 година под бр.49-2816/1.
Владата на Република Македонија постапила по доставената Жалба и по однос предметното барање во законски утврдениот рок ја доставила бараната информација до барателот.
На 14.07.2017 година М.Ј. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата бидејќи добила одговор од Кабинетот на претседателот на Владата односно од Генералниот секретаријат.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Владата на Република Македонија постапила по Барањето и до барателот ја доставила бараната информација. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Д.J. од Скопје, поднесена против Министерство за образование и наука – Државниот просветен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Министерство за образование и наука – Државниот просветен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ми копија од дописот доставен до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување евентуална одговорност кај вработените во ДЈЗ М.Каменица, а во врска со Записникот од извршен Вонреден инспекциски надзор заведен во архивата на Државниот просветен инспекторат под број Ип1 бр. 09-151 од 02.12.2016 – Делчево, како и копија од евентуален добиен одговор по истиот. Доколку постои понатамошна кореспонденција од истото, исто така, доставете ми копија од истата“, поради тоа што имателот ги доставил бараните информации.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-301 на 30.06.2017 година, изјавена од Д.Ј. од Скопје, поднесена против Министерство за образование и наука – Државниот просветен инспекторат, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Д.Ј. од Скопје на 26.05.2017 година, по електронски пат, до Министерство за образование и наука – Државниот просветен инспекторат поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарал да му биде доставена по пошта или е-маил следната информација:
„Доставете ми копија од дописот доставен до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување евентуална одговорност кај вработените во ДЈЗ М. Каменица, а во врска со Записникот од извршен Вонреден инспекциски надзор заведен во архивата на Државниот просветен инспекторат под број Ип1 бр. 09-151 од 02.12.2016 – Делчево, како и копија од евентуален добиен одговор по истиот. Доколку постои понатамошна кореспонденција од истото, исто така, доставете ми копија од истата“.
Министерство за образование и наука – Државниот просветен инспекторат, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-301 од 30.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерство за образование и наука – Државниот просветен инспекторат и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 14.07.2017 година, Државниот просветен инспекторат до Комисијата достави Известување бр.09-588/2 од 07.07.2017 година во кој е наведено: „…во прилог Ви доставуваме копии од бараните информации со кои располагаме и тоа:
– Записник од извршен инспекциски надзор ИП1 бр.09-151 од 02.12.2016 година;
– Решение ИП1 бр.09-151 од 02.12.2016 година и
– Известување до Државен санитарен и здравствен инспекторат ИП1 бр.09-151 од 02.12.2016 година…“.
На 20.07.2017 година, Државниот просветен инспекторат по е-маил до Комисијата го препрати е-маилот од 19.07.2017 година, испратен до барателот во прилог на кој ги доставил бараните информации до барателот.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерство за образование и наука – Државниот просветен инспекторат постапил по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, поднесена против Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, поднесена против Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колку средства има добиено Општина Кратово во тек на 2014, 2015 и 2016 година од Европските и други меѓународни фондови по основ на имплементација на проекти“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-306 на 05.07.2017 година, изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, поднесена против Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, на 30.05.2017 година до Општина Кратово поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-37/1, заведено во општината под бр.15-807/2 на 31.05.2017 година, со кое побарало, по пошта, да му биде доставена фотокопија од следната информација:
„Колку средства има добиено Општина Кратово во тек на 2014, 2015 и 2016 година од Европските и други меѓународни фондови по основ на имплементација на проекти“.
Општина Кратово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-306 од 06.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Кратово и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.07.2017 година Општина Кратово до Комисијата достави Одговор по жалба бр.15-807/8 од 10.07.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-306, во кој е наведено дека: „…Ве известуваме дека во законскиот рок е изготвен одговор од општината (Ви се доставува во прилог Одговор бр.15-807/3 од 15.06.2017 година), но по се изгледа доставната служба на општината го нема доставено на барателот на време, за што се извинуваме и истиот заедно со ова писмо ќе им биде доставен…“.
Видно од Доставницата, барателот на 10.07.2017 година го примил и потпишал Одговорот по барање бр.15-807/3 од 15.06.2017 година. Во прилог на Одговор по жалба до Комисијата доставени се и Одговор по барање бр.15-807/3 од 15.06.2017 година и Договор за ИПА ГРАНТ бр. МСИП/ИПА/01.
На 17.07.2017 година Б.М. од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, по е-маил ја извести Комисијата дека добиле одговор по поднесеното Барање.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Општина Кратово постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.
ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, поднесена против Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 21 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К
СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, поднесена против Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Дали општината има имплементирано и до колку има кои проекти и со која сума ги има имплементирано во текот на 2014 година, 2015 година и 2016 година преку јавно приватно партнерство“, поради тоа што барателот добил одговор на Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-307 на 05.07.2017 година, изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, поднесена против Општина Кратово, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, на 30.05.2017 година до Општина Кратово поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-37/2, заведено во општината под бр.15-807/1 на 31.05.2017 година, со кое побарало, по пошта, да му биде доставена фотокопија од следната информација:
„Дали општината има имплементирано и до колку има кои проекти и со која сума ги има имплементирано во текот на 2014 година, 2015 година и 2016 година преку јавно приватно партнерство“.
Општина Кратово, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-307 од 06.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Општина Кратово и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 12.07.2017 година Општина Кратово до Комисијата достави Одговор по жалба бр.15-807/7 од 10.07.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-307, во кој е наведено дека: „…Ве известуваме дека во законскиот рок е изготвен одговор од општината (Ви се доставува во прилог Одговор бр.15-807/4 од 15.06.2017 година), но по се изгледа доставната служба на општината го нема доставено на барателот на време, за што се извинуваме и истиот заедно со ова писмо ќе им биде доставен…“.
Видно од Доставницата, барателот на 10.07.2017 година го примил и потпишал Одговорот по барање бр.15-807/4 од 15.06.2017 година. Во прилог на Одговор по жалба до Комисијата доставен е и Одговор по барање бр.15-807/4 од 15.06.2017 година.