ДОНЕСЕНИ 8 РЕШЕНИЈА И 3 ЗАКЛУЧОКА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 177-та седница одржана на 11 јули 2017 година, донесе 8 решенија и 3 заклучока.

* * * * *
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата бр.08-293 од 23.06.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Решението бр. бр.03-364/7 од 09.06.2017 година на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ни копија од извод од сметката на Центарот каде се евидентирани сите приливи на средства од Министерството за здравство по основ на извршени услуги од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата од 2016“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје бр.03-364/7 од 09.06.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-293 од 23.06.2017, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Решението бр. бр.03-364/7 од 09.06.2017 година на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје, на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје бр.03-364/7 од 09.06.2017 година ГО ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошник Д.А. од Скопје, на 07.04.2017 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0801-1625/17-3 до Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје, заведено во Друштвото на 11.05.2017 година, со кое побарало по пошта да му достават препис од следната информација:
„Доставете ни копија од извод од сметката на Центарот каде се евидентирани сите приливи на средства од Министерството за здравство по основ на извршени услуги од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата од 2016“.
Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје, како што е наведено во Жалбата, во врска со ова Барање донело Решение за одбивање на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер бр.03-364/7 од 09.06.2017 година.
Незадоволно од добиеното Решение, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-293 од 27.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.07.2017 година, Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен каректер достави Одговор на Жалба заведен под бр.03-364/12 од 06.07.2017 година, а во Комисијата под бр. 08-293.
Во Одговорот на Жалба е наведено: “Побараната информација од јавен карактер, согласно член 2 став 1 алинеја 2 и 6 и член 6 став 2 алинеја 3 од Правилникот за видот на документите и податоците кои се сметаат за деловна тајна на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје (арх. Бр.4/756-3708 од 10.12.2014 година) претставува деловна тајна при што „Деловна тајна на документите и податоците на Друштвото претставуваат: деловни информации кои спаѓаат во дејноста на работдавачот и значат или би можеле да заначат конкуренција на работодавачот (материјали, информации и податоци што се сметаат за деловна тајна и се од значење на Друштвото за изградба управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје) како документи и податоци за материјално финансиското работење и состојбата на имотот на друштвото и податоци за наши клиенти) односно што е предмет на деловно техничка соработка… Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје не подлежи на Законот за буџети од причина што средствата за своето тековно работење ги остварува преку самофинансирање а не од Буџетот на Република Македонија….сметаме дека Барањето за пристап до информации од јавен карактер, поднесено од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, треба да го достави до Министерството за здавство.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека, Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот не ја доставило бараната информација, одбивајќи го барањето со Решение бр.03-364/7 од 09.06.2017 година, без да го спроведе задолжителниот Тест на штетност.
Во диспозитивот на Решението бр.03-364/7 од 09.06.2017 година и во Одговорот на Жалба, имателот се повикува на член 26 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јуавен карактер: „Имателот може во целост или делумно да го одбие барањето, ако утврди дека бараната информација е информација од член 6 став 1“ како и на член 6 став 1 точка 3 од наведениот Закон, односно дека се работи за инфомација за архивското работење која е утврдена како доверлива.
Во врска со наведеното Комисијата укажува дека Законот за класифицирани информации (“Службен весник на РМ“ бр.9/2004,113/2007, 145/2010, 80/2012 и 41/2014) не познава степен-класификација „деловна тајна“, туку класификацијата на информациите се врши според нивната содржина.
Што се однесува до наводите во Жалбата „Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје не подлежи на Законот за буџети од причина што средствата за своето тековно работење ги остварува преку самофинансирање, а не од Буџетот на Република Македонија“, Комисијата укажува дека барателот не бара информација која се однесува на самофинансирањето на имателот, туку бара „Доставете ни копија од извод од сметката на Центарот каде се евидентирани сите приливи на средства од Министерството за здравство по основ на извршени услуги од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата од 2016“.
Согласно член 3 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер: „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информации согласно неговите надлежности“
Во конкретниот случај, имателот на информации е должен истата да ја посредува до барателот, а не да го упатува информацијата да ја бара од Министерството за здравство. Законско право на барателот е од кого ќе ја бара бараната информација.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ни линк од локацијата каде се објавени податоци за висината на државната помош за странски инвестиции по сите основи по кои истата е предвидена (активност 5.9.1. од Акцискиот План за Отворено Владино Партнерство 2016-2018 година)“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-296 на 23.06.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошник Д.А. од Скопје, на 13.04.2017 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0801-1639/17-1 до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, заведено во Агенцијата на 10.05.2017 година, со кое побарало по пошта да му достават препис од следната информација:
„Доставете ни линк од локацијата каде се објавени податоци за висината на државната помош за странски инвестиции по сите основи по кои истата е предвидена (активност 5.9.1. од Акцискиот План за Отворено Владино Партнерство 2016-2018 година)“.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање одговорила со Одговор бр. 03-854/2 од 08.06.2017 година, со кое го одбила пристапот до бараната информација, со образложение дека бараните податоци „…се класифицирани информации од доверлив карактер и истите имаат економска и пазарна вредност за компаниите…“.
Незадоволно од добиениот Одговор, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-296 од 27.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 07.07.2017 година, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија до Комисијата достави допис насловен Одговор на жалба бр.03-854/4 од 06.07.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-296. Во Одговорот на жалба Агенцијата останува на наводите во Одговорот на барање бр. 03-854/2 од 08.06.2017 година, со кое го одбило пристапот до бараната информација, додавајќи дека сите побарани податоци„…се класифицирани информации од доверлив карактер…податоците што барателот на информацијата ги навел во Барањето…не се јавно достапни“.
Во Прилог на Произнесувањето по жалба, до Комисијата не е доставен доказ од кој би било видно дека бараната информација: „Доставете ни линк од локацијата каде се објавени податоци за висината на државната помош за странски инвестиции по сите основи по кои истата е предвидена (активност 5.9.1. од Акцискиот План за Отворено Владино Партнерство 2016-2018 година)“ е класифицирана, односно со каков степен на тајност истата е класифицирана.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот не ја доставила бараната информација, одбивајќи го барањето со Одговор на барање бр. 03-854/2 од 08.06.2017 година, кој не е поткрепен со доказ дека бараната информација навистина е класифицирана и за каков степен на класификација станува збор.
Комисијата на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и укажува на следното:
По Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да постапуваат согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како lex specialis во областа на пристапот до информации од јавен карактер.
Според член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „информација од јавен карактер“ е информација во било која форма што ја создал, или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности поради што, доколку имателот ја поседува бараната информација, е должен да ја достави до барателот.
Доколку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија сметала дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучок наведен во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должна била да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација.
Исто така Агенцијата, пред да го одбие пристапот, должна била да го спроведе Тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот Тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Во конкретниот случај, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, пред да го достави оспорениот Одговор на барање бр. 03-854/2 од 08.06.2017 година до барателот, требало да утврди дали навистина дел од бараните информации спаѓаат во редот исклучоци од слободниот пристап до информации од јавен карактер, или пак се од редот информации од нејзина надлежност, наведени во член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, земајќи ја предвид целта на законот, нормирана во член 2 од истиот Закон.
Доколку, пак, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Во случајов, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија е должна до Комисијата да достави фотокопии од првите страници на бараните документи, односно доказ од кој би било видно дека бараните информации се класифицирани, како што тврди во Одговорот на барање бр. 03-854/2 од 08.06.2017 година и во Одговорот на жалба бр.03-854/4 од 06.07.2017 година.
При повторното постапување по предметот, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата бр.08-295 од 23.06.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Решението бр.03-364/6 од 09.06.2017 година на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ни копија од сите извештаи кои Центарот ги има доставено до Министерството за здравство во прилог на фактурата за извршени услуги по Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во текот на 2016 година“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје бр.03-364/6 од 09.06.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-295 од 23.06.2017, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Решението бр. бр.03-364/4 од 09.06.2017 на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје, на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје бр.03-364/4 од 09.06.2017 година ГО ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, на 07.04.2017 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0801-1625/17-2 до Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје, заведено во Друштвото на 11.05.2017 година под бр.03, со кое побарало во препис, по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
“Доставете ни копија од сите извештаи кои Центарот ги има доставено до Министерството за здравство во прилог на фактурата за извршени услуги по Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во текот на 2016 година“.
Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје на 12.06.2017 година до барателот доставило Решение за одбивање на Барањето за пристап до информации од јавен карактер, заведено под бр.03-364/6 од 09.06.2017 година.
Незадоволно од доставеното Решение, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-295 од 27.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.07.2017 година, Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен каректер достави Одговор на жалба заведен под бр.03-364/14 од 06.07.2017 година, а во Комисијата под бр. 08-295.
Во Одговорот на Жалба е наведено: “Побараната информација од јавен карактер, согласно член 2 став 1 алинеја 2 и 6 и член 6 став 2 алинеја 3 од Правилникот за видот на документите и податоците кои се сметаат за деловна тајна на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје (арх. Бр.4/756-3708 од 10.12.2014 година) претставува деловна тајна при што “Деловна тајна на документите и податоците на Друштвото претставуваат: деловните информации кои спаѓаат во дејноста на работдавачот и значат или би можеле да значат конкуренција на работодавачот (материјали, информации и податоци што се сметаат за деловна тајна и се од значење на Друштвото за изградба управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје) како: документи и податоци за материјално финансиското работење и состојбата на имотот на друштвото и податоци за нашите клиенти односно што е предмет на деловно техничката соработка… Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје не подлежи на Законот за буџети од причина што средствата за своето тековно работење ги остварува преку самофинансирање а не од Буџетот на Република Македонија….сметаме дека Барањето за пристап до информации од јавен карактер, поднесено од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, треба да го достави до Министерството за здавство.“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека, Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот не ја доставило бараната информација, одбивајќи го барањето со Решение бр. 03-364/4 од 09.06.2017 година, без да го спроведе задолжителниот тест на штетност.
Во диспозитивот на Решението бр.03-364/6 од 09.06.2017 година и во Одговорот на жалба, имателот се повикува на член 26 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер: “Имателот може во целост или делумно да го одбие барањето, ако утврди дека бараната информација е информација од член 6 став 1“ како и на член 6 став 1 точка 3 од наведениот Закон, односно дека се работи за информација за архивското работење која е утврдена како доверлива.
Во врска со наведеното, Комисијата укажува дека Законот за класифицирани информации (“Службен весник на РМ“ бр.9/2004,113/2007, 145/2010, 80/2012 и 41/2014) не познава степен-класификација-“деловна тајна“, туку класификацијата на информациите се врши според нивната содржина.
Што се однесува до наводите во Жалбата “Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје не подлежи на Законот за буџети од причина што средствата за своето тековно работење ги остварува преку самофинансирање а не од Буџетот на Република Македонија“, Комисијата укажува дека барателот не бара информација која се однесува на самофинансирањето на имателот, туку бара “Доставете ни копија од сите извештаи кои Центарот ги има доставено до Министерството за здравство во прилог на фактурата за извршени услуги по Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во текот на 2016 година“, односно ги бара Извештаите кои се испратени како прилог на фактурите кои Друштвото ги побарува од Министерството за здравство врз основа на извршените услуги по наведената Програма.
Согласно член 3 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер: “информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информации согласно неговите надлежности“
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка-Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка-Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Копии од: -1. Барањето за приватизација У.бр.26-1430, и
2.Одговорот од раководителот на одделението за урбанизам-Велес по повод на моето претходно наведено барање т.е. У.бр.26-1430 адресирано до Министерството за финансии-Велес“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка-Велес, на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-303 на 03.07.2017 година, изјавена од В.Ј. од Велес, поднесена против Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка -Велес, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка-Велес, на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, В.Ј. од Велес, на 22.05.2017 година до Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка-Велес, поднела Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарала лично, во Министерството за финансии-подрачна единица Велес да и биде доставена фотокопија, од следната информација:
„ Копии од: -1. Барањето за приватизација У.бр.26-1430, и
2.Одговорот од раководителот на одделението за урбанизам-Велес по повод на моето претходно наведено барање т.е. У.бр.26-1430 адресирано до Министерството за финансии-Велес.“
Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка-Велес, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-303 од 04.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка-Велес и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
Министерството за финасии, Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка-Велес на 10.07.2017 година до Комисијата достави Одговор на жалба бр.26-1/2/17 од 07.07.2017 година, а во Комисијата заведен под бр.08-303.
Во Одговорот на жалбата е наведено: “Ве известуваме дека на лицето В.Ј. и е овозможен увид во предметот на ден 07.10.2016 година и и се направени копии од сите списи во истиот. Направен е Записник кој лично таа го потпиша. И беше укажано дека се работи за колективна зграда и во тој случај Одделението ги прибира сите докази кои се потребни за сите станари кои поднеле барање и потоа се впушта во донесување решенија. И беше и понудено доколку хитно бара да се реши само нејзиниот дел да изработи Елаборат за нумерички податоци што таа го одби затоа што не сакала да плаќа за истиот.“
Во прилог достави копија од Записник заведен под бр.26-1/16 од 07.10.2016 година.
Во Записникот е наведено дека истиот е подготвен по Барање Убр.26-1/16 од 28.09.2016 година согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за извршен увид во барањето за приватизација на Убр.26-1430(485)-3 од 11.12.2014 година.
Записникот е потпишан од барателот В.Ј. и М.С., советник и М.О., записничар, вработени во Одделението за првостепена управна постапка во Велес, Управа за имотно правни работи, Министерство за финансии.
Во Записникот е наведено: “Органот по барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер ја повика барателката В.Ј. да дојде во органот на 07.10.2016 година, во 10.00 часот за да изврши увид во нејзиниот предмет за приватизација. Барателката дојде во Органот во определениот термин и нејзиниот предмет за приватизација и го даде за да изврши увид во присуство на службените лица. Странката при разгледување на предметот изјави: “Барам копија од изводот од деталниот план“ На странката и е даден копија од извод од урбанистички план. Странката изјави: “Не се откажувам од правото на приватизација на земјиштето на мое име бидејќи сум сосопственик на стан на ул.Прва Комуна бр.14/12 Велес“
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи-Подрачно одделение за првостепена постапка -Велес не постапило согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставила бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во Барањето.
Комисијата констатира дека Жалбата е поднесена поради непостапување на Барање од В.Ј. поднесено на 22.05.2017 година. Имателот требало да постапи по ова Барање а не во Одговорот на жалба да наведува како е постапено на 07.10.2016 година и дека тогаш на барателот му е овозможен увид во предметот.
Со оглед на тоа што Имателот, по Барање со иста содржина поднесено на 28.09.2016 година постапил по истото, а од наведеното Барање до Барањето поднесено на 22.05.2017 година поминати се повеќе од шест месеци, имателот требало повторно да постапи и до барателот да ја достави бараната информација бидејќи во меѓувреме може би се прибрале нови докази како што е наведено во Одговорот на жалбата.
Комисијата укажува дека согласно член 23 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, “Имателот на информацијата е должен да го извести барателот на информацијата во однос на барањето за пристап до информации од јавен карактер ако по барањето веќе одговорил позитивно на исто или слично барање на исто лице во рок од шест месеци пред денот на приемот на барањето.“
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„ Доставете ни листа на странски инвеститори на кои им е обезбедена државна помош во 2016 и 2017 година. (Напомена: Покрај секоја странска инвестиција наведете го износот на државна помош обезбеден на истата, видот на државна помош и периодот на почеток и крај на државната помош)“, СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-298 на 23.06.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошник Д.А. од Скопје, на 13.04.2017 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0801-1639/17-3 до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, заведено во Агенцијата на 10.05.2017 година, со кое побарало по пошта да му достават препис од следната информација:
„Доставете ни листа на странски инвеститори на кои им е обезбедена државна помош во 2016 и 2017 година. (Напомена: Покрај секоја странска инвестиција наведете го износот на државна помош обезбеден на истата, видот на државна помош и периодот на почеток и крај на државната помош)“,
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање одговорила со Одговор на барање бр. 03-856/2 од 08.06.2017 година, со кое го одбило пристапот до бараната информација, со образложение дека бараните податоци „…се класифицирани информации од доверлив карактер и истите имаат економска и пазарна вредност за компаниите…“.
Незадоволно од добиениот Одговор, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-298 од 27.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 07.07.2017 година, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија до Комисијата достави допис насловен Одговор на жалба бр.03-856/4 од 06.07.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-298. Во Одговорот на жалба Агенцијата останува на наводите во Одговорот на барање бр. 03-856/2 од 08.06.2017 година, со кое го одбила пристапот до бараната информација, додавајќи дека:“ листата на странски инвестиции на кои им е обезбедена државната помош, како и износот на државната помош, видот на државната помош и периодот на почетокот и крајот на исплатата на државната помош се информации од доверлив карактер и истите имаат економска и пазарна вредност за компаниите, затоа истите не сме во можност да ги објавиме“.
Во Прилог на Произнесувањето по жалба, до Комисијата не е доставен доказ од кој би било видно дека бараната информација: „Доставете ни листа на странски инвеститори на кои им е обезбедена државна помош во 2016 и 2017 година. (Напомена: Покрај секоја странска инвестиција наведете го износот на државна помош обезбеден од истата, видот на државна помоши периодот на почеток и крај на државната помош)“, е класифицирана, односно со каков степен на тајност истата е класифицирана.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија не постапила согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот не ја доставила бараната информација, одбивајќи го барањето со Одговор на барање бр.03-856/2 од 08.06.2017 година, кој не е поткрепен со доказ дека бараната информација навистина е класифицирана и за каков степен на класификација станува збор.
Комисијата на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и укажува на следното:
По Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да постапуваат согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како lex specialis во областа на пристапот до информации од јавен карактер.
Според член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „информација од јавен карактер“ е информација во било која форма што ја создал, или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности поради што, доколку имателот ја поседува бараната информација, е должен да ја достави до барателот.
Доколку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија сметала дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучок наведен во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должна била да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација.
Исто така Агенцијата, пред да го одбие пристапот, должна била да го спроведе Тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот Тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Во конкретниот случај, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, пред да го достави оспорениот Одговор на барање бр. 03-856/2 од 08.06.2017 година до барателот, требало да утврди дали навистина дел од бараните информации спаѓаат во редот исклучоци од слободниот пристап до информации од јавен карактер, или пак се од редот информации од нејзина надлежност, наведени во член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, земајќи ја предвид целта на законот, нормирана во член 2 од истиот Закон.
Доколку, пак, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Во случајов, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија е должна до Комисијата да достави фотокопии од првите страници на бараните документи, односно доказ од кој би било видно дека бараните информации се класифицирани, како што тврди во Одговорот на барање бр. 03-856/2 од 08.06.2017 година и во Одговорот на жалба бр.03-856/4 од 06.07.2017 година.
При повторното постапување по предметот, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена против Факултетот за правни науки-Струга, Меѓународен универзитет – Струга, по предметот дополнително Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена против Факултетот за правни науки-Струга, Меѓународен универзитет – Струга, по предметот дополнително Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„1.Доставете ни преглед на број на новозапишани студенти (вклучувајќи редовни и вонредни студенти и студенти од дисперзираните студии) во прва година на додипломски студии, насока – правни студии, за учебна 2012/2013 година.
2. Доставете ни преглед на број на студенти кои дипломирале (вклучувајќи редовни и вонредни студенти и студенти од дисперзираните студии), на додипломски студии, насока-правни студии, од основањето на факултетот заклучно со 2015/16 година, одделно за секоја година.
3. Доставете ни преглед на број на новозапишани студенти на правни постдипломски студии (мастер студии) за секоја насока одделно, од основањето на факултетот заклучно со 2015/16 година, одделно за секоја година.
4. Доставете ни преглед на број на студенти кои магистрирале на правни постдипломски студии за секоја насока одделно, од основањето на факултетот заклучно со 2015/16 година, одделно за секоја година
5. Доставете ни преглед на број на новозапишани студенти на правни докторски студии за секоја научна област одделно, за учебна 2011/12 и 2012/13.
6. Доставете ни преглед на број на студенти кои завршиле на правни докторски студии (докторирале) за секоја научна област одделно, од учебна 2011/12 заклучно со 2015/16, одделно за секоја година.“ СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Меѓународниот универзитет – Струга на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во дополнителното Барање.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-299 на 29.06.2017 година, изјавена Македонското здружение на млади правници-Скопје, поднесена против Факултетот за правни науки-Струга, Меѓународен универзитет – Струга, по предметот дополнително Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Меѓународниот универзитет – Струга на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во дополнителното Барање.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-299 на 29.06.2017 година, Македонското здружение на млади правници-Скопје на 20.03.2017 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0306-148/1 од 17.03.2017 година до Факултетот за правни науки-Струга, Меѓународен универзитет – Струга, примено на 22.03.2017 година со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„1.Доставете ни преглед на број на новозапишани студенти (вклучувајќи редовни и вонредни студенти и студенти од дисперзираните студии) во прва година на додипломски студии, насока – правни студии, од основањето на факултетот заклучно со 2015/16 година, одделно за секоја година.
2. Доставете ни преглед на број на студенти кои дипломирале (вклучувајќи редовни и вонредни студенти и студенти од дисперзираните студии), на додипломски студии, насока-правни студии, од основањето на факултетот заклучно со 2015/16 година, одделно за секоја година.
3. Доставете ни преглед на број на новозапишани студенти на правни постдипломски студии за секоја насока одделно, од основањето на факултетот заклучно со 2015/16 година, одделно за секоја година.
4. Доставете ни преглед на број на студенти кои завршиле (магистрирале) на правни постдипломски студии за секоја насока одделно, од основањето на факултетот заклучно со 2015/16 година, одделно за секоја година.“
Факултетот за правни науки-Струга, Меѓународен универзитет – Струга како што е наведено во Жалбата, на ова Барање до барателот доставило делумен одговор-допис заведен под бр.03-114/2 од 14.04.2017 година.
Незадоволно од добиениот одговор Македонското здружение на млади правници – Скопје, на 10.05.2017 година поднело дополнително Барање за пристап до информации од јавен карактер до Факултетот за правни науки-Струга, Меѓународен универзитет – Струга бр.0306-269/1 примено на 25.05.2017 година со кое побарало по пошта или е-маил да му достават фотокопија од следната информација:
„1.Доставете ни преглед на број на новозапишани студенти (вклучувајќи редовни и вонредни студенти и студенти од дисперзираните студии) во прва година на додипломски студии, насока – правни студии, за учебна 2012/2013 година.
2. Доставете ни преглед на број на студенти кои дипломирале (вклучувајќи редовни и вонредни студенти и студенти од дисперзираните студии), на додипломски студии, насока-правни студии, од основањето на факултетот заклучно со 2015/16 година, одделно за секоја година.
3. Доставете ни преглед на број на новозапишани студенти на правни постдипломски студии (мастер студии) за секоја насока одделно, од основањето на факултетот заклучно со 2015/16 година, одделно за секоја година.
4. Доставете ни преглед на број на студенти кои магистрирале на правни постдипломски студии за секоја насока одделно, од основањето на факултетот заклучно со 2015/16 година, одделно за секоја година.
5. Доставете ни преглед на број на новозапишани студенти на правни докторски студии за секоја научна област одделно, за учебна 2011/12 и 2012/13.
6. Доставете ни преглед на број на студенти кои завршиле на правни докторски студии (докторирале) за секоја научна област одделно, од учебна 2011/12 заклучно со 2015/16, одделно за секоја година.“
Како појаснување во дополнувањето на Барањето наведува: “Доколку во некој од горе наведените циклуси, нема запишано студенти, за конкретна учебна година, во периодот од основањето на факуллтетот до 2015/16 година, наведете дека во конкретната година нема запишано нови студенти.“
Факултетот за правни науки-Струга, Меѓународен универзитет – Струга како што е наведено во Жалбата, на ова дополнително Барање не одговорил во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата со допис бр.08-299 од 30.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Факултетот за правни науки-Струга, Меѓународен универзитет – Струга и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 07.07.2017 година, Меѓународниот универзитет – Струга достави до Комисијата Одговор на Жалба бр.03-18/3 од 05.07.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-299. Во Одговорот се наведува дека Меѓународниот универзитет во Струга постапил по двете барања доставени од Македонското здружение на млади правници-Скопје и им доставил соодветни линкови каде се достапни информациите кои ги бара Здружението. Во прилог на Одговорот на Жалбата, Универзитетот ги достави до Комисијата дописите бр.03-114/2 од 14.04.2017 година и бр. 03-144/4 од 19.06.2017 година, со кои одговара на барањата, адресирани до Македонското здружение на млади правници-Скопје. И во дописот бр.03-144/4 од 19.06.2017 година кој се однесува на дополнителното Барање, Меѓународниот универзитет во Струга го упатува Здружението, бараните информации да ги најде на посочената веб страна-“…www.eust.edu.mk, во делот кој се однесува на конкурсите за запишување на студенти за секоја академска година, одделно.”
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер утврди дека Меѓународниот универзитет – Струга не постапил согласно одредбите од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и не ја доставил бараната информација до барателот, на начин и во форма наведени во дополнителното Барањето.
Членот 21 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер гласи: ”Имателот на информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување.” Со оглед на тоа што Меѓународниот универзитет-Струга не ја образложи причината за доставување на бараните информации во форма различна од наведената во дополнителното Барање – со упатување на веб страна без конкретни линкови, Комисијата утврди дека согласно погоре цитираниот член, Меѓународниот универзитет – Струга е должен на Македонското здружение на млади правници-Скопје да му ги достави бараните информации во форма и начин наведени во дополнителното Барање, односно во фотокопија по пошта или е-маил.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата бр.08-294 од 23.06.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Решението бр. бр.03-364/5 од 09.06.2017 година на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Доставете ни копија од сите фактури кои Центарот ги има доставено до Министерството за здравство за извршени услуги по Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во текот на 2016“, СЕ УВАЖУВА и СЕ ЗАДОЛЖУВА Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ- Скопје на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ – Скопје бр.03-364/5 од 09.06.2017 година СЕ ПОНИШТУВА.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата бр.08-294 од 23.06.2017, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Решението бр. бр.03-364/5 од 09.06.2017 на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ – Скопје, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и го ЗАДОЛЖИ Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ – Скопје, на барателот да му ја достави бараната информација во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решението, на начин и во форма наведени во Барањето.
Решението на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ – Скопје бр.03-364/5 од 09.06.2017 година ГО ПОНИШТИ.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, заведена во Комисијата под бр.08-294 на 23.06.2017 година, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, на 07.04.2017 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0801-1625/17-1 до Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски„ ДООЕЛ- Скопје, заведено во Друштвото на 11.05.2017 година под бр.03, со кое побарало во препис, по пошта да му достават фотокопија од следната информација:
„Доставете ни копија од сите фактури кои Центарот ги има доставено до Министерството за здравство за извршени услуги по Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во текот на 2016“.
Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ – Скопје на 12.06.2017 година до барателот доставило Решение за одбивање на Барањето запристап до информации од јавен карактер, заведено под бр.03-364/5 од 09.06.2017 година.
Незадоволно од доставеното Решение, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје на 23.06.2017 година, преку Марија Гелевска, заменик извршен директор на Здружението, до Комисијата достави Жалба заведена под бр.08-294.
Комисијата, со допис бр.08-294 од 27.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ – Скопје и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.07.2017 година, Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ – Скопје до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен каректер достави Одговор на жалба заведен под бр.03-364/13 од 06.07.2017 година, а во Комисијата под бр. 08-294.
Во Одговорот на жалба е наведено: „Побараната информација од јавен карактер, согласно член 2 став 1 алинеја 2 и 6 и член 6 став 2 алинеја 3 од Правилникот за видот на документите и податоците кои се сметаат за деловна тајна на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје (арх. Бр.4/756-3708 од 10.12.2014 година) претставува деловна тајна при што “Деловна тајна на документите и податоците на Друштвото претставуваат: деловни информации кои спаѓаат во дејноста на работадавачот и значат или би можеле да значат конкуренција на работодавачот (материјали, информации и податоци што се сметаат за деловна тајна и се од значење на Друштвото за изградба управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје) како: документи и податоци за материјално финансиското работење и состојбата на имотот на друштвото и податоци за нашите клиенти) односно што е предмет на деловно техничка соработка… Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не подлежи на Законот за буџети од причина што средствата за своето тековно работење ги остварува преку самофинансирање а не од Буџетот на Република Македонија….сметаме дека Барањето за пристап до информации од јавен карактер, поднесено од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, треба да го достави до Министерството за здравство“.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ – Скопје не постапило согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот не ја доставило бараната информација, одбивајќи го барањето со Решение бр.03-364/5 од 09.06.2017 година, без да го спроведе задолжителниот тест на штетност.
Во диспозитивот на Решението бр.03-364/5 од 09.06.2017 година и во Одговорот на жалба, имателот се повикува на член 26 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер: „Имателот може во целост или делумно да го одбие барањето, ако утврди дека бараната информација е информација од член 6 став 1“ како и на член 6 став 1 точка 3 од наведениот Закон, односно дека се работи за информација за архивското работење која е утврдена како доверлива.
Во врска со наведеното, Комисијата укажува дека Законот за класифицирани информации (“Службен весник на РМ“ бр.9/2004,113/2007, 145/2010, 80/2012 и 41/2014) не познава степен-класификација -„деловна тајна“, туку класификацијата на информациите се врши според нивната содржина.
Што се однесува до наводите во Жалбата „Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала „Борис Трајковски“ ДООЕЛ – Скопје не подлежи на Законот за буџети од причина што средствата за своето тековно работење ги остварува преку самофинансирање а не од Буџетот на Република Македонија“, Комисијата укажува дека барателот не бара информација која се однесува на самофинансирањето на имателот туку бара „Доставете ни копија од сите фактури кои Центарот ги има доставено до Министерството за здравство за извршени услуги по Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во текот на 2016“.
Согласно член 3 став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер: „информација од јавен карактер е информација во која било форма што ја создал или со која располага имателот на информации согласно неговите надлежности“.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јули 2017 година, го донесе следното

Р Е Ш Е Н И Е

Жалбата изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Колкава е висината на државна помош за странски инвестиции која ја обезбедила РМ во 2016 и 2017 година?“ СЕ УВАЖУВА и предметот се враќа на повторно постапување пред првостепениот орган.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер постапувајќи согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под бр. 08-297 на 23.06.2017 година, изјавена од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, поднесена преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, против Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, ја УВАЖИ и предметот го врати на повторно постапување пред првостепениот орган.
По разгледувањето на Жалбите и другите списи во врска со предметот, Комисијата го констатира следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку полномошник Д.А. од Скопје, на 13.04.2017 година, поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр. 0801-1639/17-2 до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, со кое побарало по пошта да му достават препис од следната информација:
„Колкава е висината на државна помош за странски инвестиции која ја обезбедила РМ во 2016 и 2017 година?“.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање одговорила со Одговор на Барање бр. 03-855/2 од 08.06.2017 година, со кое го одбила пристапот до бараната информација, со образложение дека бараните податоци „…се класифицирани информации од доверлив карактер и истите имаат економска и пазарна вредност за компаниите…“.
Незадоволно од добиениот Одговор, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, преку М.Г., заменик извршен директор на Здружението, поднесе Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-297 од 27.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 07.07.2017 година, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија до Комисијата достави допис насловен Одговор на жалба бр.03-855/4 од 06.07.2017 година, заведен во Комисијата под бр.08-297. Во Одговорот на жалба Агенцијата останува на наводите во Одговорот на барање бр. 03-855/2 од 08.06.2017 година, со кое го одбило пристапот до бараната информација, додавајќи дека: „листата на странски инвестиции на кои им е обезбедена државната помош, како и износот на државната помош, видот на државната помош и периодот на почетокот и крајот на исплатата на државната помош се информации од доверлив карактер и истите имаат економска и пазарна вредност за компаниите, затоа истите не сме во можност да ги објавиме“.
Во Прилог на Произнесувањето по жалба, до Комисијата не е доставен доказ од кој би било видно дека бараната информација: „Колкава е висината на државна помош за странски инвестиции која ја обезбедила РМ во 2016 и 2017 година?“ е од доверлив карактер и дали и со кој степен на тајност истата е класифицирана.
По разгледувањето на Жалбата и другите списи во врска со предметот, Комисијата утврди дека Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија не постапила согласно одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и до барателот не ја доставила бараната информација, одбивајќи го барањето со Одговор на барање бр. 03-855/2 од 08.06.2017 година, кој не е поткрепен со доказ дека бараната информација навистина е класифицирана и за каков степен на класификација станува збор.
Комисијата на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и укажува на следното:
По Барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите на информации се должни да постапуваат согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како lex specialis во областа на пристапот до информации од јавен карактер.
Според член 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, „информација од јавен карактер“ е информација во било која форма што ја создал, или со која располага имателот на информацијата согласно неговите надлежности поради што, доколку имателот ја поседува бараната информација, е должен да ја достави до барателот.
Доколку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија сметала дека одредени информации од Барањето претставуваат исклучок наведен во член 6 став 1 точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, должна била да донесе Решение за одбивање на пристапот до бараната информација.
Исто така Агенцијата, пред да го одбие пристапот, должна била да го спроведе Тестот на штетност, што согласно член 6 став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е задолжителна постапка која ја спроведува имателот, со која ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавувањето на информацијата“. Спроведениот Тест на штетност се наведува во образложението на Решението за одбивање на пристапот до бараната информација.
Во конкретниот случај, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, пред да го достави оспорениот Одговор на барање бр. 03-855/2 од 08.06.2017 година до барателот, требало да утврди дали навистина дел од бараните информации спаѓаат во редот исклучоци од слободниот пристап до информации од јавен карактер, или пак се од редот информации од нејзина надлежност, наведени во член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, земајќи ја предвид целта на законот, нормирана во член 2 од истиот Закон.
Доколку, пак, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија утврди дека документот или негов дел содржи информации од членот 6 став 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер што можат да се одвојат од документот, без притоа да се загрози неговата безбедност, согласно член 7 од истиот Закон, треба да ги одвои тие информации од документот и да го извести барателот за содржината на останатиот дел од документот, односно на барателот да му овозможи делумен пристап до бараната информација.
Во случајов, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија е должна до Комисијата да достави фотокопии од првите страници на бараните документи, односно доказ од кој би било видно дека бараните информации се класифицирани, како што тврди во Одговорот на барање бр. 03-855/2 од 08.06.2017 година и во Одговорот на жалба бр.03-855/4 од 06.07.2017 година.
При повторното постапување по предметот, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија е должна да постапи согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и укажувањата на Комисијата.
Поради погоре наведеното, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
Ова Решение е конечно во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова Решение може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 11 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молам да ми доставите фотокопии од Договорите потпишани со здруженија и/или фондации кои користеле средства од вашата институција од буџетската ставка 463-“трансфери до невладини организации”, поделени по подставките од Буџетот на РМ: 463110, 463140, 463160, 463190 а со кои сте располагале, одделно за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година. Исто така, барам да ми доставите фотокопии од доставените наративни и финансиски извештаи од корисниците (здруженијата и/или фондациите) на буџетските средства во врска со Договорите од буџетската ставка 463 – “трансфери до невладини организации”.“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-312 на 05.07.2017 година, изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, на 30.05.2017 година до Министерството за финансии поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер бр.0302-34/2, со кое побарало, по пошта, да му биде доставена фотокопија од следната информација:
„Ве молам да ми доставите фотокопии од Договорите потпишани со здруженија и/или фондации кои користеле средства од вашата институција од буџетската ставка 463-“трансфери до невладини организации”, поделени по подставките од Буџетот на РМ: 463110, 463140, 463160, 463190 а со кои сте располагале, одделно за 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година. Исто така, барам да ми доставите фотокопии од доставените наративни и финансиски извештаи од корисниците (здруженијата и/или фондациите) на буџетските средства во врска со Договорите од буџетската ставка 463 – “трансфери до невладини организации”.“
Министерството за финансии, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-312 од 06.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 07.07.2017 година Б.М. од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој„ Кратово, по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Министерството за финансии бидејќи добиле одговор по поднесеното Барање.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за финансии постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

***********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), а во врска со член 106 став 2 и став 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), на седницата одржана на 11 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбата изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молам да ми доставите фотокопии од објавените повици (јавни повици или објави на друг начин спроведени) за доделување средства од вашата институција од буџетската ставка 463 –„трансфери до невладини организации“, специфично за подставките од Буџетот на РМ: 463110, 463140, 463160, 463190 а со кои сте располагале, одделно за 2012 година, 2013 година, 2014 година, 2015 година и 2016 година“, поради тоа што барателот ја повлекува Жалбата.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ја разгледа Жалбата заведена во Комисијата под број 08-308 на 05.07.2017 година, изјавена од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, поднесена против Министерството за финансии, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, на 30.05.2017 година до Министерството за финансии поднело Барање за пристап до информации од јавен карактер, со кое побарало, по пошта, да му биде доставена фотокопија од следната информација:
„Ве молам да ми доставите фотокопии од објавените повици (јавни повици или објави на друг начин спроведени) за доделување средства од вашата институција од буџетската ставка 463 –„трансфери до невладини организации“, специфично за подставките од Буџетот на РМ: 463110, 463140, 463160, 463190 а со кои сте располагале, одделно за 2012 година, 2013 година, 2014 година, 2015 година и 2016 година“.
Министерството за финансии, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорило во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-308 од 06.07.2017 година, ја препрати Жалбата до Министерството за финансии и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 07.07.2017 година Б.М. од Здружението „Регионален Центар за одржлив развој“ Кратово, по е-маил ја извести Комисијата дека ја повлекува Жалбата изјавена против Министерството за финансии бидејќи добиле одговор по поднесеното Барање.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Министерството за финансии постапило по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот добил одговор на Барањето.
Поради горенаведеното, Комисијата одлучи како во диспозитивот на овој Заклучок.
Овој Заклучок е конечен во управната постапка и против него нема место за жалба.

ПРАВНА ПОУКА: Против овој Заклучок може да се поведе управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.

**********
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, постапувајќи по Жалбите изјавени од П.Б. од Скопје, поднесени против Агенција за планирање на просторот, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер, врз основа на член 32 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), на седницата одржана на 11 јули 2017 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

СЕ ЗАПИРА постапката по Жалбите изјавени од П.Б. од Скопје, поднесени против Агенција за планирање на просторот, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер:
„Ве молам да ми доставите 1 фото-копија од договорот меѓу Агенција за планирање на просторот и Општина Сопиште за изработка на Услови за планирање на просторот за изработка на Урбанистички план за село Сопиште – разработка на блок 1. Овој документ во Агенција за планирање на просторот се води под бр.0307-2100 од 2012 г.“, поради тоа што барателот ја добил бараната информација.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно член 28 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015 и 55/2016), ги разгледа Жалбите заведени во Комисијата под број 08-288 на 12.06.2017 година и под број 08-288 на 22.06.2017 година, изјавени од П.Б. од Скопје, поднесени против Агенција за планирање на просторот, по предметот Барање за пристап до информации од јавен карактер и другите списи во врска со предметот и го утврди следното:
Како што се наведува во Жалбата, П.Б. од Скопје, на 26.04.2017 година до Агенцијата за планирање на просторот поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер, заведен во Агенцијата под бр.08-607/3, со кое побарал да му биде доставена фотокопија од следната информација:
„Ве молам да ми доставите 1 фото-копија од договорот меѓу Агенција за планирање на просторот и Општина Сопиште за изработка на Услови за планирање на просторот за изработка на Урбанистички план за село Сопиште – разработка на блок 1. Овој документ во Агенција за планирање на просторот се води под бр.0307-2100 од 2012 г.“.
Агенцијата за планирање на просторот, како што е наведено во Жалбата, на ова Барање не одговорила во законски предвидениот рок, по што се смета дека Барањето е одбиено и е поднесена Жалба до Комисијата.
Комисијата, со допис бр.08-288 од 14.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за планирање на просторот и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 21.06.2017 година, Агенцијата за планирање на просторот до барателот доставила допис „Достава на протокол“ бр.607/12 од 21.06.2017 година.
На 22.06.2017 година, по е-маил, П.Б. од Скопје, незадоволен од добиениот Одговор, поднесе Повторна Жалба до Комисијата. Во прилог достави скен од Достава на протокол бр.607/12 од 21.06.2017 година.
На 23.06.2017 година, Агенцијата за планирање на просторот до Комисијата достави Одговор на жалба бр.03-607/13 од 21.06.2017 година во кој е наведено: „…на 21.06.2017 год. на г-дин П.Б. му достави копија од Протокол помеѓу Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за планирање на просторот (наш бр. 0307-338/19 од 19.12.2012 год.) со кој, како задача од Годишната програма на Владата на РМ за изработка на урбанистички планови во 2012 (точка 1.12.) е уредено финансирањето на условите за планирање на просторот кои се предмет на барањето“. Во прилог на Одговорот до Комисијата е доставена копија од достава на Протокол бр.607/12 од 21.06.2017 година и Протокол бр.0307-338/19 од 19.12.2012 година.
Комисијата, со допис бр.08-288 од 27.06.2017 година, ја препрати Жалбата до Агенцијата за планирање на просторот и побара во рок од 7 дена да се произнесе по истата и до Комисијата да ги достави сите списи во врска со предметот.
На 06.07.2017 година, Агенцијата за планирање на просторот до Комисијата достави Известување за предадена информација од јавен карактер бр.08-607/17. Во прилог на Известувањето до Комисијата е доставена копија од Записник за примопредавање бр. 08-607/16 од 06.07.2017 година.
На 07.07.2017 година, П.Б. од Скопје, по е-маил ја извести Комисијата дека „…добив копија од документот 0307-2100 од 16.10.2012 и дека, што се однесува до мене, предметот кој кај вас се води под бр.08-288 од 2017 г. може да се затвори“.
Врз основа на наведеното, Комисијата утврди дека Агенцијата за планирање на просторот постапила по Барањето, но со задоцнување. Комисијата констатира дека во конкретниот случај имателот постапил по Барањето, а барателот ја добил бараната информација.